• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Веб/е-маил хостинг и домаин

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
141
52
Не најдов општа тема за дискусија околу веб хостинг/е-маил хостинг и домаин и затоа отворам нова тема.

Во мојот случај имам статичка страна во React, засега немаме план да се врзува со база туку е чисто портфолио и опис на фирмата, сервиси и контакт.

Во моментот е-маил фирмата користи од gmail, но би сакале откако ќе се купи domain да се префрлат и е-маил адресите на тој domain.

Се работи за мала фирма, со предикција за зголемување до 10 вработени во следните 2-3 години.

Domain би бирале што е слободно, од тоа што пребарав со ситна модификација (од таа на името на фирмата) има со .com 9 долари годишно и на namecheap можност да се откупи за следни 10 години или на hostinger да се откупи за следни 3 години (не ми е јасно зошто не нудат подолго, се сомневам да не има замки за кога ќе дојде ре-обнова) и со .dev (ИТ е фирмата) околу 15 долари годишно исто на Namecheap може да се земе до 10 години, а на хостингер до 3.

Хостинг од тоа што пребарував по гугл ги препорачуваат Namecheap и Hostinger, е сега не знам дали на Namecheap се допплаќа за SSL во најефтиниот пакет и колку би ми менувало ако одберам дата центарот да е во US, а не во UK?
Хостингер гледам нудат и бесплатен SSL, само не пишува за колкав период (пример ако земам 48 месечен план дали важи за цело време)?

Малку ме буни делот со е-маил и тоа:

За почеток користевме gmail + на лаптопите имавме Open Source OS и софвер(linux + libre office), но планираме да се префрлиме на Windows + Office (имаме огромни xlsx документи на кои либре не се покажа баш најдобро, плус ни требаат и Power BI и Visio). Од тоа што гледам на понудите од Офис365 има пишано дека со лиценцата за офис добиваме и бесплатен простор за mailbox и плус можност за користење на custom domain. Дали морам да купувам плус хостинг за маил (пример на Namecheap) или може тој дел да ми биде покриен преку офис365?
ofis.JPG

Ако имате некоја друга идеја за хостинг + домаин ве молам споделете, не сум многу запознаен како одат овие работи.

И нешто оф-топик: дали има некакви пооптимални понуди за фирми за Windows 10, или само овие пакети тука (најефтин гледам е 139$ Home и 199$ Pro)? Или попаметно ми е да земаме лаптопи кои одат со Windows 10 за да не фрламе по плус 200 долари за секој лаптоп.
 
MartinPP

Intern
26 јуни 2017
46
39
/root
Како прво би ти препорачал да се држиш понастрана од поголемите хостинг компани само ради тоа што супортот им е катастрофа и ќе имаш мака доколку ти се јави проблем со хостингот.За локацијата најмногу засвиси кои корисници ти се таргет, пример доколку клиентите / трафикот ти е претежно од US тогаш поубаво би било и хостингот да е со тамошна локација, иначе нема некоја голема разлика дали би бил хостингот во UK ili US.

За домен можеш да купиш било каде а бесплатниот SSL доколку е преку LetsEncrypt би требало да е Lifetime без разлика на колку време го купуваш хостингот али сепак можеш да прашаш таму каде што го купуваш хостингот.

За емаилот немаш потреба да купуваш никаков додатен хостинг - туку го користиш веќе постоечкиот домен, само ќе треба да го додадеш и верицираш ( TXT Records ) на Office.
Повеќе инфо : How to Set Up Email Hosting with Microsoft Office 365 | HostAdvice

Голем број на македонски компании користат сервери кои што се во US или UK и нудат .com регистраци и по многу пристапни цени, па моја препорака е да користиш домашна компанија однего да одиш со некој од поголемите хостинг компании, чисто ради достапноста - брза подршка, локално плаќање и тн.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Компаниска страна е ова, а корисниците потенцијални клиенти, т.е нема да има многу голем трафик ниту пак знам од каде би биле (најголем дел Европа, можно е UAE, и Австралија).

Во Македонија која компанија би ја препорачал за хостинг?

Ти благодарам за останатите информации и совети.
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
686
432
Моите совети се да не купуваш ништо од Хостингер. Shady компанија се и повеќето reviews им се платени и фејк Hostinger Review - 0 Stars for Lack of Ethics | Review Signal Blog затоа се често на прво место и секаде препорачани. Други што треба да се избегаваш се EIG: Bluehost, HostGator и сличните. Ќе видиш на гугл зошто. Моја лична препорака е да ги избегаваш македонските хостинг компании зашто се...македонски, со македончиња вработени во нив :D

Namecheap се ок. Други добри домен провајдери се Namesilo и Porkbun. За домен не треба многу да се замараш зашто нема ни да ти треба посебен или достапен support. Работата е set and forget. Хостингот и доменот не ги земај од ист провајдер, препорачано е од различни за во случај да испадне проблем со едното, да не си „заглавен“ кај нив со другото

За хостинг како што препорачаа, не големи компании туку помали за да добиеш подобар support. За статична страна можеш и најобичен и најевтин shared хостинг да купиш, дури и бесплатно ќе поминеш со нешто како github pages. За статичната страна не ни ти треба support, и таа е pretty much set and forget

Неколку рандом помали добри хостинг компании се iWebFusion, NixiHost, SolaDrive, Hawk Host, Scala Hosting

Избегавај да хостираш твој маил сервер. Не се исплати, посебно за мали компании. Треба многу труд и работа и мониторинг. Да го направиш безбеден, да се замараш за delivery, па често пати ќе имаш проблеми со маилови во спам итн. Најдобро е да користиш G Suite (google) со твој домен. Дури и евтини се, мислам дека беа околу $5 од акаунт и плус добиваш Про акаунт за другите сервиси нивни. Поевтини алтернативи се Mailcheap и MXRoute
 
MartinPP

Intern
26 јуни 2017
46
39
/root
Моја лична препорака е да ги избегаваш македонските хостинг компании зашто се...македонски, со македончиња вработени во нив :D
Ова е една од поглупите изјави што ги имам прочитано. Сам се навердуваш себеси - "со македончиња вработени во нив", претпоставувам и ти си некаде вработен ?

Познавам и многу добри хостинг компании во Македонија кои имаат повеќе од добар квалитетен технички кадар и имаат одлична поддршка, пример МКХост е на македонскиот пазар од 2006 година - сигурно не опстојале 15+ години со неквалитетни услуги. Неможам да гарантирам за сите или да препорачувам единично но да викаш дека нечинат македонските компании само дека "македончина работат во нив" е глупост.
 
Последна промена:

Имам искуство и со македонски компании и со амерички и англиски. Затоа реков да избегава македонски. Знам која е разликата. Да не навлегуваме за навреди и вработувања. Тоа е мојот совет и искуство, а дали некој ќе послуша или не е негова работа. Ете специфично без мешање македонски или не: iWebFusion, NixiHost, SolaDrive, Hawk Host, Scala Hosting се подобри од Ухост, МКХост со поквалитетен хардвер, подобри цени, и најбитно подобар support. Лично за мене нема поента да се користат македонски провајдери освен ако не ти треба сервер лоциран во македонија, заради фактури или поради некоја причина ако ти треба support на македонски јазик. Глупост е да препорачуваш баш македонска компанија заради која причина, патриотизам?

Инаку HostGator и Bluehost опстојуваат повеќе од 15 години со неквалитенти услуги. Уствари тие се топ2 најнеквалитетни хостинг провајдери а се топ2 најпопуларните
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,698
1,089

Твојот совет беше не купувај македонски пошто е македонско... Влезе главачи во навреда.

Ти не даде причина или искуство, ти напиша навреда.

Иначе до некаде се согласувам, освен ако не ти е потребен север во Македонија, не гледам зошто би се приморал да користиш хостинг од тука.

Испратено од HD1910 преку IT.mk форум апликација
 
MartinPP

Intern
26 јуни 2017
46
39
/root
Лично за мене нема поента да се користат македонски провајдери освен ако не ти треба сервер лоциран во македонија, заради фактури или поради некоја причина ако ти треба support на македонски јазик. Глупост е да препорачуваш баш македонска компанија заради која причина, патриотизам?
па моја препорака е да користиш домашна компанија однего да одиш со некој од поголемите хостинг компании, чисто ради достапноста - брза подршка, локално плаќање и тн.
Секој си бира спрема своите потреби, и не викам дека нашите македонски компании се сјајни, баш пред некој ден имаше дечко на форумов каде што имаше проблеми со SSLот па од македонскиот хостинг му рекле дека "нема потреба од SSL пошто и секако не продава ништо на страната", така да свашта има. Но исто така познавам и мн споспобни и технички спремни дечки така што муабетов ми е што неможеш сите да ги ставиш во ист кош ради тоа што се "македончиња" :)

Иначе да се согласувам Hostgator / Bluehost / GoDaddy спрема мене се едни од поголемите тапа провајдери, затоа мој предлог подалеку од поголемите компании ( можеби Namecheap е исклучок ) ако сакаш подобра и побрза подршка и помалце главоболки.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
141
52
Дечки муабетот ви држи и на двајцата, ама секој има различни потреби.
Целта ми е со советите од темава секој да може да си одлучи што му е најдобра опција и повеќе да биде како насока да ги избегне несериозните компании со лош хостинг.

Пример мене ми е битно:
  • domain (по можност на подолг период за да не ме заколат со цена кога ќе го реобновувам (пример од старт 5-10 години без разлика дали ќе постои фирмата или не (не ми менуваат + 50 евра ако ги вложам сега)).

  • Хостинг и негова цена (и нормално да немаат тиња услуга да ги барам за ситници по 2 недели по маил) - не ми треба кој знае колку простор, странава тешко да порасне со сите пакети над 1гб, нема да имам ни кој знае колку посети (се работи на долгорочни проекти со под 10 клиенти истовремено ( поентата е фирмава покрај facebook, linkedin да има и веб страна). Дури и договарање со нови клиенти оди долг период со презентации и состаноци, битно е на старт да ми пратат маил дека сакаат да им одржиме презентација/пратиме понудат и толку). Клиентите ми се исклучиво од надвор, така да не ми е толку битно да е хостингот од мкд.

  • Да ги има сертификатите вклучени или да ги купам еднаш на старт за да не се замарам понатаму (немам време да му ја мислам за ситници).

  • Да имам можност е-маил адресите во фирмата да ми се со мојот домаин.

За некој што има на пример e-commerce страна можеби е битно да добива и брз риспоунс од страна на хостингот бидејќи ќе има и чести промени, ама кај мене би биле таквите промени многу ретки.
 
Последна промена:

vladimir171

Gaining Experience
15 ноември 2007
382
190
Фирмата во која работам ги користи услугите на Dreamhost веќе 6 години, си имаат привремено проблеми ама имаат страна кај што ставаат објави доколку некој сервис не им работи во моментот и најчесто е среден за некој саат. Подршката враќа со одговор меѓу 6ч и 48ч од момент на отварање на тикет зависи од проблемот. Цените за мејл услуги се едни од поевтините но не ги нудат сите фенси услуги и користат Roundcube. И ние ги гледавме Hostinger како опција за да ги замениме Dreamhost ама сумата за тоа што ние го имаме и користиме не ни одговараше. Повеќето нудат мејл хостинг заедно со веб хостингот а мал е бројот на компании што нема да те заколат по корисник ако користиш само мејл услуга од нив.

Од нареден месец во план ни е да префрлиме еден домен на Hostinger и да видиме како ќе им се услугите и брзината и кои проблеми ќе излезат во периодот на користење, па ќе знаеме како да продолжиме понатаму. GoDaddy и Hostgator, проблемот е со цената после првата година што секогаш е дупла, и ако земаш домен од кај нив што доаѓа "бесплатен" со пакетот знаат да не ти го дадат за мигрирање отпосле (во зависи од земениот пакет). Вториот проблем со нив е брзината на хостингот знае да е многу тиња поголемиот дел од времето, се освен тоа немав некои замерки ама ги откачив после првата обнова со дупла цена.

Си имаме и наши мејл сервери со Roundcube кои ги користиме за наши клиенти, проблем е најчесто Outlook убива со ставање на црна листа и бар една недела труд и мејлови препукавање е дур те одблокираат иако се ти е по порписи. Ова неможеш баш да го избегнеш бидејќи секогаш клиентот е тој што ќе зафркне, меѓусебе се имаа ставено како спам, пуштаат мејлови без наслов, сорджина, пуштаат пораки на непостоечки сметки, прават гурпно препраќање на над 500 адреси, логираат приватни мејлови на сајтови за запознавање ... :D Ова не е толку проблем кај поголемите компании бидејќи секогаш ќе имаат подобра историја и не ги блокираат само ги препраќаат нивните пораки во спам.

Ако ти требаат услугите на Office 365 заедно со емаил тогаш и нивниот бизнис стандард вклучува бизнис емаил со 50гб по корисник што е сосема доволно, имаат шит подршка како и секој нивен сервис ама се проверена компанија останатото е само дали ти одговара цената.
 
metahuman

Intern
23 септември 2019
40
22
И јас би ти препорачал Namecheap за хостинг, а за домен Dynadot - едни од најефтините се, со free privacy, плус имаат можност да го закупиш доменот на 10 години.

Ако сакаш може да ти пратам реферал линк, за да добиеш $5 кои потоа може да ги искористиш на сајтот, како попуст ќе ти дојде. Мислам дека двајцата по $5 добиваме. Не сум го користел досега ова, ама ако сакаш, можам да ти пратам, ако ти бркаат нешто работа тие пари.
 
Последна промена:

Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,698
1,089
И јас би ти препорачал Namecheap за хостинг, а за домен Dynadot - едни од најефтините се, со free privacy, плус имаат можност да го закупиш доменот на 10 години.

Ако сакаш може да ти пратам реферал линк, за да добиеш $5 кои потоа може да ги искористиш на сајтот, како попуст ќе ти дојде. Мислам дека двајцата по $5 добиваме. Не сум го користел досега ова, ама ако сакаш, можам да ти пратам, ако ти бркаат нешто работа тие пари.
Па веќе реферал ти е линкот

Испратено од HD1910 преку IT.mk форум апликација
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,698
1,089
Не е со реферал код во линкот, не зезај. Обичен линк е. xD

Не зезам, али изгледа Тапаток сам си додава свои реферал линкови. Сеа коа го отварам преку веб, чист е. Иам приметено и други пати преку некој си виглинк ги пренасочува...
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
127
237
Скопје
davorminchorov.com
Digital Ocean, Heroku, Vercel, Netify ми доаѓаат на памет.

За домаини можеш од било кое место да земеш и да го префрлиш преку Cloudflare да менаџираш се што ти треба. Нудат бесплатен SSL сертификат.

Емаил адресите можеш да ги врзеш со доменот преку GSuite или Microsoft Exchange.
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,467
1,086
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Јас за хостинг само a2hosting го препорачувам, како скапи и совршено добри хостинг „провајдер“.

Имам клиент од UK со кој работам и тој има 2 reseller пакети на Reseller Hosting - Unlimited Reseller Hosting with cPanel и морам да ги пофалам дека се супер како хостинг, односно дека страните кои патем се крш со милијарда плагини, си фураат без проблем.

Па така да јас месецов купив хостинг од кај овие и полека ќе прфрлам некои страни од a2hosting (кои ми се на еден акаунт повеќето) на bixly хостингов. Цената мислам дека испадна околу 100 фунти за цела годиниа за reseller хостинг што е топ цена.

За E-mail некоја по евтина варијанта е Zoho кој патем се ок: Zoho Mail Pricing & Editions - Free for 5 Users
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,698
1,089
Не ми се јасни реселер плановите на Brixly. cPanel акаунтите коштаат по $0.30 по акаунт, и незнам веќе дали има реселерски попусти, стави ги $0.175 нека се по партнерски цени.

$3.5 само за акаунти на најефтиниот пакет имаат, на најскапиот имаат $43.75. Серверски трошкови? Litespeed Enterprise? Customer Support? Добра зделка е.
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,467
1,086
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Не ми се јасни реселер плановите на Brixly. cPanel акаунтите коштаат по $0.30 по акаунт, и незнам веќе дали има реселерски попусти, стави ги $0.175 нека се по партнерски цени.

$3.5 само за акаунти на најефтиниот пакет имаат, на најскапиот имаат $43.75. Серверски трошкови? Litespeed Enterprise? Customer Support? Добра зделка е.
Она што е добро со reseller е што имам неколку страни од мали фирмичиња на a2hosting и тие се тотално outdated и еднаш се случи една страна да биде целосно заразена. Вака ќе ги поделам по акаунти и ќе им дадам пристап па нема да ме замараат со „абе види странава нешто не работи“.

Поддршката им е лудница, помагаат на тикет за се. Имаат некои интересни „технологии“ што сметам дека допридонесуваат за подобри перформанси.

Можеби има и поевтини, но со оглед на тоа што овие ете веќе ги знам (преку клиентов) не ми се експериментираше со други...
 
bugggg

Intern
21 јуни 2017
18
17
Namecheap хостингот го користам со години и можам да ви го препорачам имам и регуларен Shared но им имам неколку од VPS-овите се работи без грешка support-от е изненадувачки добар и дури прават доста отстапки за да задоволат клиент. Не сум соработувал со подобри од нив до сега.
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,698
1,089
Она што е добро со reseller е што имам неколку страни од мали фирмичиња на a2hosting и тие се тотално outdated и еднаш се случи една страна да биде целосно заразена. Вака ќе ги поделам по акаунти и ќе им дадам пристап па нема да ме замараат со „абе види странава нешто не работи“.

Поддршката им е лудница, помагаат на тикет за се. Имаат некои интересни „технологии“ што сметам дека допридонесуваат за подобри перформанси.

Можеби има и поевтини, но со оглед на тоа што овие ете веќе ги знам (преку клиентов) не ми се експериментираше со други...
Поефтино ако сакаш со кракнат цПанел или со cPanel X :D
 
HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,355
4,836
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Можеби има и поевтини, но со оглед на тоа што овие ете веќе ги знам (преку клиентов) не ми се експериментираше со други...
Нај евтино, aaPanel на твој хардвер (статичка адреса и добар интернет) :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,087
Мислења
838,208
Членови
29,009
Најнов член
frameofmind
На врв Дно