• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

VDSL @Телеком МК

VerGer

On your way to fame
9 ноември 2016
1,030
931
Скопје
Дали доколку се прејде од М на Л пакет на Телеком значи дека ќе има брзина 80/45 како што пишува на сликата, или телеком ќе ја ограничи брзината?
можеш да префрлиш и да се вратиш нареден месец ако не ти е по кејф .. иначе не би требало да ти скратат со оглед дека ќе плаќаш за 100/100. Ако нема проблеми со стабилност мислам дека нема да ти скратат.

п.с. лепенка си до централа? :D
 
Enquito

On your way to fame
8 август 2017
1,426
850
Не е мој од пријател ми е, кој ме прашува за миграција, јас го советував да не оде на Л додека не добие оптика,пошто бенефитот е минорен.
 
The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
932
364
Ако тебе ти пишува дека толку треба да ти достават толку и ќе треба, ама само господ знае реално дали толкава брзина ќе ти достават.
Ако веќе имаш можност за оптика тогаш не ни размислувај за ништо што го има зборот DSL. Не се знае дали може или не може да ти се достави таа брзина. По други форуми читав на некои што плаќале за повисоки брзини не ги добивале а од Телеком не сакале ништо да направат, а има и такви случаеви каде што на некои им ставале засилувачи во мрежата за да добијат подобра брзина.

Јас до пред година ипол си бев на Телеком оптика, и барем за тоа знам дека овој вид на интернет ги дозволува тие брзини па така да тука нема што. Плаќаш 50/50, добиваш 50/50.
После се префрлив на Неотел оптика и еве пре задоволен сум, а и башка на 300 метри од главна централа сум па интернетот уште подобар.
 
vlatkomld

Intern
16 мај 2020
3
0
користам вдсл од телеком 1,5 години само на интернет л
прво на пакет 50/10 а потоа и на 60/10 профил
инаку сум блиску до централа и линијата е перфектна.
од нивна страна ми беше кажано дека линијата подржува поголема брзина
со упорно јавување во контакт центарот успеав да добијам профил 90/10 кој работеше перфектно една година.
пред неколку месеци после некој проблем со линијата ме вратија на 60/10 и пак по упорно барање на 70/10

не сакаат да ме вратат на стариот профил 90/10 иако линијата е супер
се вадат на тоа дека гарантирана ми е 60/10 брзина

го прочитав постот претходно тука и го проверив модемот која брзина поддржува и дојдов до следниот податок

Attainable Rate(Up/Down) 25396/127470 kbps

што мислите дали имам шанси да го вратам мојот претходен профил
90/10 затоа што испаѓа дека се е на добра воља на телеком
затоа што линијата тоа го поддржува
 
vlatkomld

Intern
16 мај 2020
3
0
Attainable Rate(Up/Down) 25396/127470 kbps

што мислите телеком до колку би пуштил профил на овие мои мерења
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
6,665
6,663
www.mikrotikmacedonia.net
Дечки дали ви покажува реална бројка на потрошен интернет сообраќај? Кај мене стои иста бројка веќе 10-тина дена. Магетна1 М 2019.
 
Weeaboo

Gaining Experience
23 февруари 2020
412
389
Струга
Decki koga koristia VDSL dali ima razlika vo televizijata ili samo internetot e podobar?
Тоа во исто пакетче оди. Со VDSL можеш да гледаш HD канали и да имаш доволно брз за останати работи, додека со ADSL, да земам за пример 12 mbps линија, со HD ќе ти се скрати на 6-7 mbps.
Доколку имаш можност за VDSL, минималната линија треба да ти биде 30/5 mbps на M пакетот, и за пример, со HD канали ќе имаш 25 mbps, доколку се крати воопшто, ако грешам нека ме корегира некој.
 
milesp

Intern
21 октомври 2020
3
0
se izvinuvam sto ke prasam uste nesto a na VDSL moze da se gledaat dva HD kanali bez eve da si na internet samo televizijata ti e dali ima nekoi probano ili ne dva HD na razlicni televizori isto vreme
 
VerGer

On your way to fame
9 ноември 2016
1,030
931
Скопје
se izvinuvam sto ke prasam uste nesto a na VDSL moze da se gledaat dva HD kanali bez eve da si na internet samo televizijata ti e dali ima nekoi probano ili ne dva HD na razlicni televizori isto vreme
може нема да имаш проблем. Нормално ако има капацитет линијата и си доволно блиску за да ти пуштат брзина. Треба да ти измерат колку држи линијата.
 
DemoUser

On your way to fame
27 април 2010
920
831
Скопје / Автокоманда
DemoUser's setup  
Mouse
Logitech G305
Keyboard
Logitech MX Keys
Monitor
ASUS ROG PG258Q 24" 240hz
OS
Windows 10 Pro
На VDSL може и 3 телевизори со ХД да се гледа проблемот е се мери колку е далеку од централа до кај корисникот првин си има точна мерка си кажуе алат и после се гледа колку ќе закачи линијата и потоа се гледа што може да трпи и колку трпи уреди и кои брзини и се.
Се си има свое вие не можете сами да одредите тоа си има техничари кои идат на терен за тоа.
 
Aowek

Gaining Experience
14 април 2012
640
324

На вдсл само 1 хд стрим има, само на оптика може да пуштат 2 хд стрима.
 
olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4,656
3,550
На VDSL само на еден ресивер може во HD да се гледа, на 2 или повеќе само на оптика. Има техничка можност све тоа, ама несакаат да овозможат, ради оптеретување.
Јас со комшијата пробавме кога и тој пушта во HD и јас исто, интернетот не качува брзина повеќе од 10 Mbps, толку им е капацитетот изгледа. А и пингот одма ќе рипне на 60-70ms.
Онака си е ок, кога го нема комшијата дома, брзина 30/5 и 13-14ms пинг.
Пријавував 5-6 пати, ништо, доаѓаа проверуваа, менуваа приклучок во централата, линијата има можност за 100/30 брзини (на 250 метри сум од централа) ама џабе.
 
Weeaboo

Gaining Experience
23 февруари 2020
412
389
Струга
Дали некој има претстава зошто брзината ми се заклучува на 1.1 MB/s download (или околу 12 mbps) се додека не рестартирам рутер? Немам утврдено патерн за тоа колку често се случува, но, еве во рок од изминативе 30 дена, два пати ми се има случено, и знае да ме изнервира.
Последниов пат (вчера) симнував торент преку ноќ, и кога се разбудив, торентот си мекнееше на 1.1 MB/s и содржината не беше доспуштена.
Користам 30/5 (М) VDSL пакет, линијата ми е одлична, ~130 mbps Download, ~30 mbps Upload.
 
dextermkd

Intern
30 март 2019
18
8

Како 130/30 брзина мислиш на макс брзина на линијата ?
Колку ти е реалната брзина на 30/5 вдсл пакетот?
 
olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4,656
3,550
Како 130/30 брзина мислиш на макс брзина на линијата ?
Колку ти е реалната брзина на 30/5 вдсл пакетот?
Мисли на достапна брзина Attainable Data Rate, толку има можност максимум линијата.
 
Weeaboo

Gaining Experience
23 февруари 2020
412
389
Струга
Како 130/30 брзина мислиш на макс брзина на линијата ?
Колку ти е реалната брзина на 30/5 вдсл пакетот?
Да, како што кажа членот над мене.

Сакав да потенцирам дека не е проблем до линијата. Пробав до контакт центaр, но само ми ресетираја рутер, претпоставувам не знаеа од каде произлегува проблемот, и не е некој проблем за да се креира налог, повеќе доаѓа како annoyance, затоа и се обратив тука.
Ме интересира дали некој член заприметил да се случува истиов проблем кај него, или доколку некој се разбира, дали знае од каде произлегува проблемот, дали е до опремата, firmware, од централа, и дали може нешто да се направи во врска со ова.
 
Dejan007

Gaining Experience
15 март 2019
51
73
Дали некој има претстава зошто брзината ми се заклучува на 1.1 MB/s download (или околу 12 mbps) се додека не рестартирам рутер? Немам утврдено патерн за тоа колку често се случува, но, еве во рок од изминативе 30 дена, два пати ми се има случено, и знае да ме изнервира.
Последниов пат (вчера) симнував торент преку ноќ, и кога се разбудив, торентот си мекнееше на 1.1 MB/s и содржината не беше доспуштена.
Користам 30/5 (М) VDSL пакет, линијата ми е одлична, ~130 mbps Download, ~30 mbps Upload.
Телеком и Македонија се е можно... се дур не ја прекопаат цела мк за оптика.. ништо
 
TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
311
229
Телеком и Македонија се е можно... се дур не ја прекопаат цела мк за оптика.. ништо
А со брзината на ширење на нивнава оптика... Среќа нивна, штета наша конкуренција не е воопшто подобра и на тоа поле.
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
122
188
Мисли на достапна брзина Attainable Data Rate, толку има можност максимум линијата.
А дали во ваков случај кај што има 130/30 максимум, ако побарам од Телеком да се свичнам на Л пакет кој што е маркетиншки 100/100 (у ВДСЛ варијанта 60/10) ќе бидат фер и ќе ми го дадат можниот максимум од 100/30... или ќе се направат наудрени и ќе стават лимит на 60/10 ?
Има некој вакво искуство ?

Се мислам за ова пошто 30/5 е ниска брзина за денешно време. А преку 2000 ден. сметка за пакет со ВДСЛ интернет е слаб bang for the buck.
 
Weeaboo

Gaining Experience
23 февруари 2020
412
389
Струга
А дали во ваков случај кај што има 130/30 максимум, ако побарам од Телеком да се свичнам на Л пакет кој што е маркетиншки 100/100 (у ВДСЛ варијанта 60/10) ќе бидат фер и ќе ми го дадат можниот максимум од 100/30... или ќе се направат наудрени и ќе стават лимит на 60/10 ?
Има некој вакво искуство ?

Се мислам за ова пошто 30/5 е ниска брзина за денешно време. А преку 2000 ден. сметка за пакет со ВДСЛ интернет е слаб bang for the buck.
Јас си прашав, ми рекоја 60/10 максимално што подржува линијата.
 
olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4,656
3,550
А дали во ваков случај кај што има 130/30 максимум, ако побарам од Телеком да се свичнам на Л пакет кој што е маркетиншки 100/100 (у ВДСЛ варијанта 60/10) ќе бидат фер и ќе ми го дадат можниот максимум од 100/30... или ќе се направат наудрени и ќе стават лимит на 60/10 ?
Има некој вакво искуство ?

Се мислам за ова пошто 30/5 е ниска брзина за денешно време. А преку 2000 ден. сметка за пакет со ВДСЛ интернет е слаб bang for the buck.
Не се сигурни уопште, не се залетувај. Мене ме издриблаа за М и со пуштени ресивери се намалува брзината на 15-18 мегабити, несакаат да пуштат грам повеќе, а линијата држи до кај 100 мегабити.

Па уште ми нудат на Л да сум се префрлел, да бе еве одма потпишуем.
За да после може им текне да ми лупнат ваков одговор како и сега:

"Ако не може да се постигне линиската брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком АД – Скопје се обврзува да ја испорача највисоката можна брзина, при што минималната брзина на проток на податоци (download/upload) нема да биде помала од 5 Mbps / 512 Kbps (за Internet S); 7,5 Mbps / 512 Kbps (за Internet M); 30 Mbps / 5 Mbps (за Internet L) во 95% од времето во текот на еден месец, во случај кога не е надминат вклучениот интернет сообраќај."

Така да после може да те прават будала и на Л да имаш брзина 30/5, иако се контрадикторни, кај мене можат да постигнат брзина и сега на М ама ич не им чуе.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,652
Мислења
822,537
Членови
28,294
Најнов член
silverCM
На врв Дно