1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

VDSL @Телеком МК

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од shifty, 6 oктомври 2017.

  1. shifty

    shifty
    Модератор

    984
    1,281
    5 Септември 2009
    Само како инфо во помалите градови каде има само ADSL пристап, очекувајте vDSL2 100/100Mbits+. Не сум сигурен до која фаза каде се стигнати ама знам дека треба од 01.01.2018 веќе да има минимална понуда од 30Mbits на интернет пристап на целото подрачје на РМ.

    *Нека остане ова како шпекулација ама 90% сум сигурен дека ќе бидам во право :)

    IP CORE I VDSL PROJEKTA ZA MAKEDONSKI TELEKOM
    KODAR inženering DOOEL, Skopje je uspešno završio pregovore sa Huawei Tecnologies Macedonia DOOEL i u Maju 2016. godine, potpisao ugovor koji obuhvata usluge koje se tiču IP CORE i VDSL projekta za Makedonski Telekom.

    Obim i sadržaj posla obuhvata rad na više od 140 lokacija u periodu od 18 meseci.

    Sadržaj posla:

    Obilazak lokacije i pripremu izveštaja
    Transport opreme
    Instalacija opreme - Optical/Datacom/Access
    “Commissioning” softverskih aplikacija
    Migracija podataka
    - линк
     
    На vladealfagv, Draynor, goran_oh и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    416
    313
    11 Декември 2009
    Pa ova vcera go imase na vesti, ne e spekulacija
     
  3. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,693
    1,140
    16 Јуни 2010
    Машко
    Link
    Да еве некое инфо, изгледа оваа од поодамна го имаат спремано.
     
    shifty, goran_oh и на Dave1 им се допаѓа ова.
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,956
    3,297
    18 Април 2007
    Ako za mesec dena ne si ja opraat adsl ponudata za koja + fixna IP adresa plakam okolu 1000 denari mesecno otidov na telekabel kabel/optika za 850/1000 den.
     
    На Astraion му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    798
    718
    27 Април 2010
    Машко
    @smole не очекувај дека ќе ја оправат :) ти предложувам транзицијата да си ја почнеш на телекабел дур да дојдат да ти наместат оптика и после само раскинување одма договор со телеком ако си на бакар :) на бакарот нема ЛЕБ мртов е скоро секаде ептен е оптеретен
     
    На Sukhoi и smole им се допаѓа ова.
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Гигабитна понуда до 300мбпс. Им се расипал дигитронот
     
    На HardCorec и smole им се допаѓа ова.
  7. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    986
    598
    8 Август 2017
    Машко
    Мислам дека Телеком после 7-8 години поставување оптика (бар според некои постари постови на членови) видоа дека не се кадарни да ја покријат 90% цела држава со оптика, па се решија да одат на ВДСЛ кој веќе подолго време функционира во Хрватска. Мислам дека е срамота толку време да поставуваш оптика во мала држава како нашата, и да ги немаш покриено сите градови и поголеми села. Целиот пристап им е погрешен, да убедуваш станари во зграда да ти се потпишат за да се приклучат, и да ти кажат нема интерес, срамота. Значи земи постави секаде па кој сака нека се приклучи. Неозбилна фирма.
     
    На Zippo, HoLfElDeR, prichina и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    958
    563
    3 Јули 2007
    Ако е до телеком тие ќе постават во секоја зграда, но проблемот е до куќниот совет на зградите. Несмеат да поставуваат кабли без одобрение на куќен совет.
     
    DennyMK, Psycore и на smole им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,385
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Што корисничка опрема е потребно за VDSL?
     
  10. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    бакар и модем, адсл на стероиди, ако се нема друго решение е ок , али со оптика не се споредува.
     
    На Astraion и Sukhoi им се допаѓа ова.
  11. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    986
    598
    8 Август 2017
    Машко
    Брзините можат да одат до 50Мб/с даунлоад и 10Мб/с уплоад, според Хрватски Телеком за најголемиот пакет, покрај основниот од 20Мб/с
    MAXadsl brzine - surfajte internetom do 20 Mbit/s | Hrvatski Telekom
    Се сложувам неспоредливо е со оптика, но со ова ќе имаат изговор да ги одржуваат цените на оптичките пакети на високо ниво и нема да има зголемување на брзината над 100Мб, ќе си поставуваат оптика во наредните 10 години и ќе си бидат раат.
     
    Shutter, prichina и на kirev им се допаѓа ова.
  12. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Во право е @undergrounde во пост #2, Кодар Инженеринг соработуваат со Македонски Телеком со години, а пред година дена имаше момци од Кодар Инженеринг на обука во Македонски Телеком за работење и со бакарната и со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

    Од последните 3 месеци на 2016 година па наваму, секој нов корисник на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е опремен со еден од новите DSL рутери на Македонски Телеком кои поддржуваат ADSL и VDSL Интернет.

    За да бидат постоечките корисници подготвени за VDSL Интернет, Македонски Телеком и кај нив поставуваше од новите DSL рутери кои поддржуваат ADSL и VDSL Интернет. Се разбира, ова важи кај корисниците кои пријавиле проблеми со сигналот, Интернетот, телевизијата, па иако проблемот можеби бил во кабелот или внатрешната инсталација, за секој случај им поставуваат од новите DSL рутери.

    Поконкретно, овој е тој модел на нов рутер кој го даваат на користење кај новите корисници, како и кај постоечките корисници на Македонски Телеком кои пријавиле проблеми со сигналот, Интернетот или телевизијата.

    https://www.amazon.de/Telekom-Speedport-Entry-WLAN-Router-Weiß/dp/B00XIPHZ8Y

    [​IMG]

    Бидејќи руралните средини ќе мораат да почекаат за оптички кабли од Македонски Телеком, во меѓувреме постоечките и новите корисници ќе се задоволат со VDSL Интернетот кој овозможува брзини до 52 мегабита (5.2 мегабајти) во секунда брзина на симнување (примање) на податоци, и брзини до 16 мегабита (1.6 мегабајти) во секунда брзина на качување (праќање) на податоци.

    Има и малку понови DSL рутери од Македонски Телеком кои ги даваат исклучиво на нови корисници, но малку ги имаат на залиха, разликата помеѓу тие малку понови и овие другиве нови кои им ги даваат на новите и на постоечките корисници на Македонски Телеком, е мрежната WAN порта кај тие малку понови DSL рутери, преку која може рутерот да се поврзи со кабелски модем.

    Поконкретно, овој е тој малку понов модел кој малку го има на залиха, поради што го даваат на користење исклучиво на нови корисници.

    ZXDSL 931VII - ZTE Corporation

    [​IMG]

    Па така, ако корисникот во иднина одлучи да го исклучи DSL Интернетот од Македонски Телеком и да користи само фиксен телефон од кај нив - само теоретски е изводливо, во пракса тешко дека некој би одлучил да користи само фиксен телефон од Македонски Телеком, а истовремено корисникот одлучи да се префрли на кабелски Интернет, ако му дадат на користење само кабелски модем без рутер, ќе може преку мрежен кабел да го поврзи кабелскиот модем со WAN портата на малку поновиот DSL рутер од Македонски Телеком за да може мрежно да го користи кабелскиот Интернет жично или безжично на повеќе компјутери или безжични уреди - лаптоп, мобилен телефон, таблет компјутер итн.
     
    Последна промена: 7 oктомври 2017
    На HoLfElDeR, NikacXMKD, Oktar и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
    Добро е за нас што сме на бакар што поскоро да почнат да ги даваат новите модеми.
    Со 10 Мбпс моментално едвај се издржува.
     
    На hayamoto, zirkach, HoLfElDeR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Не знам во која тема да ја објавам оваа вест за хибриден Интернет од Македонски Телеком, па ако има соодветна тема, администраторите/модераторите нека ја преместат таму.

    Според слична слика од таа објавена на Интернет страницата кон која води линкот кој го има објавено @Sukhoi во пост #3, само од друг агол, се гледа дека покриеноста со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком низ Македонија е 30%.

    Македонски Телеком воведува поголеми брзини на Интернетот и безбедна мрежа

    [​IMG]

    Истовремено се гледа дека Македонски Телеком нуди или ќе почне наскоро да нуди хибриден Интернет, односно комбиниран Интернет од постоечкиот ADSL или VDSL Интернет, во комбинација со LTE, односно 4G LTE Интернетот.

    Не се гледа целосно бројката на хибридна покриеност, но јасно се гледа дека Интернет брзината на хибридниот Интернет е 100 мегабита (10 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци.

    Со оглед на фактот дека хибридниот Интернет е комбинација од постоечкиот ADSL или VDSL Интернет со 4G LTE Интернетот, земајќи ја во предвид мапата на 4G LTE покриеност објавена на официјалниот веб сајт на Македонски Телеком, би рекол дека хибридната покриеност е помеѓу 80% и 90%.

    Makedonski Telekom

    [​IMG]

    За хибридниот Интернет потребен е тој поновиот рутер за кој објавив линк и слика подолу во пост #12, а за кој спомнав дека го даваат на користење исклучиво на нови корисници.
     
    hayamoto, smole, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    949
    381
    17 Јуни 2008
    Дали ова значи и дека на оптика ќе ги покачат брзините?!
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    VDSL = гачки за раја. Само за да не ставаат барем FTTP... Се тргна надолу кога почнаа да штедат на техника.
     
    Astraion, SmartGuru и на Sukhoi им се допаѓа ова.
  17. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,828
    4,367
    20 Февруари 2011
    Машко
    Ima info koga ke bide pusteno VDSL ? Gledam na sajtot uste stoi starata ponuda 8/1
     
  18. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Додека да се изгради експресниот автопат (оптичката телекомуникациска мрежа), ќе се оди по споредниот пат (бакарната телекомуникациска мрежа).

    Секако дека преку експресниот автопат е побрзо и полесно, но затоа па неговата изградба е побавна и потешка.

    За тоа ќе прашаш во најблискиот салон на Македонски Телеком, бидејќи засега VDSL покриеноста изнесува само 20%.

    Мрежата на Македонски Телеком е најбрза и најсигурна

    [​IMG]

    По логика на нештата, би требало Internet L пакетот кој е достапен преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а достигнува Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, да биде достапен преку VDSL во подрачјата каде што сеуште не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Но ова е само мое мислење, што не значи дека сум во право.

    Мислам дека поизводливо би било да ставиш хибриден Интернет - комбинација од ADSL и LTE 4G, бидејќи ADSL веќе има 100% покриеност, а како што може да се види погоре во пост #14 на мапата на LTE 4G покриеност објавена на официјалниот веб сајт на Македонски Телеком, LTE 4G покриеноста изнесува некаде помеѓу 80% и 90%, а со тоа и хибридниот Интернет има исто толкава покриеност. А исто така е` и многу побрз од VDSL Интернетот, достигнува Интернет брзина и до 100 мегабита (10 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, додека максимумот на VDSL Интернетот е 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци.
     
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Wow, раскажувај ми со примери за автопати, веднаш ми е сѐ појасно... Како да сум на форумот на Фемина.
     
    На The-spiki, DrMTR, yasho и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    И таму дежураш, а ? :)

    Како и да е, тоа со автопатот е наједноставно објаснување, мило ми е бидејќи веднаш ти е сѐ појасно.
     
    Последна промена: 7 oктомври 2017
    На goran_oh му/ѝ се допаѓа ова.
  21. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Види, да си нов овде и да не го знаеш нивото на дискусија па да разберам. Ама автопат, поголем автопат, најголем автопат, „Автостоперски водич низ галаксијата“ автопат... Не личи. Во најмала рака е потценувачки за колегите членови накај безбразно. Да напишев во мојата порака „само за да не стават голем автопат“ па да те разберам. Јас убаво си пишав техничка кратенка FTTP = fiber to the premises.

    Поголем автопат за да ви биде јасно на вас неупатените што не знаете да го цените големиот напор на Македонски Телеком да стави поише мегабајти на старите жици што вие сами си ги плаќавте по илјада марки“.

    А башка ич к*р да не те боли каде дежурам јас. Ако веќе го рекламираш некогаш најдобриот телеком оператор во Македонија, прилагоди си го речникот на публиката. Безобразлуци од типот „поголем автопат“ чувај си ги за по фирма. Деновиве толку ви е нивото изгледа.
     
    На hayamoto и yasho им се допаѓа ова.
  22. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Се до последните 3 реченици те сфаќав сериозно, бидејќи очигледно е дека воопшто не ме познаваш.

    Јас ниту работам за Македонски Телеком, ниту работам за некоја фирма која соработува со нив.

    Истовремено, многу ретко им правам ваков бесплатен маркетинг - кој воопшто не го заслужуваат, но бидејќи станува збор за вистински новитет на старите жици, мислев дека заслужува малку поголема изложеност на форумов.

    Сличен бесплатен маркетинг им правам и на Вип, но само кога нудат нешто ептен ново, еве на пример, јас го имам истиот коаксијален кабел веќе 15 години од кабелската телевизија, а преку истиот коаксијален кабел денес користам кабелски Интернет со брзина од 5 мегабајти во секунда наспроти пред 12 години кога за прв пат пуштија кабелски Интернет преку тогашен Мол и тогашен Он Нет со брзина од 50 килобајти во секунда. Така да, многу ретко им правам ваков бесплатен маркетинг за нови брзини на старите жици - и тоа само бидејќи станува збор за нешто ново, а не бидејќи профитирам на некаков начин од тоа - а не профитирам на никаков начин, верувај ми.

    Кога сме кај тоа каде дежураш, ти ги спомна Фемина, јас пред тоа воопшто не се замарав со тоа каде и на што дежураш, ниту па планирам да се замарам со тоа.
     
    На zirkach и Oktar им се допаѓа ова.
  23. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Уште полошо... За без пари не третираш како Фемина.
    А ако си сериозен, преземањето од страна на Маѓар Телеком беше условено со многу технички иновации И пораст на бројот на претплатници. 20г. подоцна не е ни првото ни второто.
     
    На Dexter26 му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Воопшто не ни планирам да го оспорувам тоа, приватизацијата на Македонски Телеком е една од најголемите криминални зделки од осамостојувањето на Македонија, исто како што и спојувањето на Вип и Оне е спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, ама Иво Ивановски си направи добра зделка за себеси - нелегално спојување на два телекомуникациски оператора во замена за директорска фотеља за него во Вип во Бугарија. Сакаше да кажеш 16 години подоцна, компанијата е приватизирана во јануари 2001.

    И сега швабите ни` фрлаат коска, бидејќи треба да се изначекаме за да ја раскопаат цела држава и да ги пуштат оптичките кабли, како утешна награда ете ни VDSL Интернет, и тоа оној според технички спецификации од 2001 година - со брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда. А најновите технички спецификации за VDSL2-Vplus се од 2015 година, со брзина до 300 мегабита (30 мегабајти) во секунда, што говори дека швабите навистина ни` фрлаат коска наместо да инвестираат во најнова DSL технологија додека оптичката телекомуникациска мрежа сеуште дреме на 30% покриеност.
     
    shifty, Oktar и на kirev им се допаѓа ова.
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ете се разбравме
     
    На Dexter26 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...