• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

VB.NET / MS Access db

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
И ете ме мене, да почнам да замарам со моите Ај-Ти, А-ја проблеми. Вака сега: треба да правиме проект за на факултет у VB.NET, али професорот пола од часовите не ни беше тука, така да, колку сме научиле, може да претпоставите :p
Инаку треба да се направи логин форма со username и password, коишто информации ќе ги зема и споредува од некоја база (во случајов сакам да употребам MS Access, но ние сме работеле во SQL Server и не знам како оди синтаксата за Access во VB). Исто, за конекциите со база сум тапа (нешто ни објаснуваа дека треба dataAdapter, connection, dataSet итн) и тоа знам некако да го средам, али пожелно би било да ми дадете некој линк или ако може некој поубаво тоа да ми го објасни - уште подобро. Кога зборам за линк, гледајте да биде нешто стварно јасно и прецизно поврзано со тоа како да црпам податоци од Access база во VB.NET.
Тоа би било се у глобала. Чекам одговори (што поскоро зашто проектот ми е за наредна недела!!:rolleyes:).
Исто треба да вметнам и CrystalReport, али за тоа на крај ќе дискутираме.

Па, навали народе :D
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Не се разбирам во вб.нет ,ама еве најдов нешто на гугл.Се надевам дека ке ти помогне.

Function GetData() As System.Data.DataSet

Dim connectionString As String = "Provider=Microsoft.Jet.OLEDB.4.0; Ole DB Services=-4; Data Source=D:\Tecnical Stu"& _
"dy\Complete_Code\Ch08\data\NorthWind.mdb"
Dim dbConnection As System.Data.IDbConnection = New System.Data.OleDb.OleDbConnection(connectionString)

Dim queryString As String = "SELECT [Employees].* FROM [Employees]"
Dim dbCommand As System.Data.IDbCommand = New System.Data.OleDb.OleDbCommand
dbCommand.CommandText = queryString
dbCommand.Connection = dbConnection

Dim dataAdapter As System.Data.IDbDataAdapter = New System.Data.OleDb.OleDbDataAdapter
dataAdapter.SelectCommand = dbCommand
Dim dataSet As System.Data.DataSet = New System.Data.DataSet
dataAdapter.Fill(dataSet)

Return dataSet
End Function

Еве ти и видео:

[ame]http://youtube.com/watch?v=5nu6X3rGoc8&feature=related[/ame]
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Епа вака колешке, да ти објаснам за конектирањето со базата, па потоа мислам дека ќе ти биде полесно. Значи, доколку работиш со SQL база најпрво треба да направиш конекција со базата, SqlConnetion. Connection string можеш да креираш со помош на wizard за да не се мачиш многу. Потоа ќе направиш SqlDataAdapter. DataAdapterot служи како мост помеѓу конекцијата и дата-сетот. Со помош на DataAdapterot и SQL наредбите го полниш дата сетот со податоци. Треба и да креираш DataSet. DataSet е множество од табели со податоци кои ги добиваш од базата и се чуваат во меморијата за време на извршување на апликацијата. Откако ќе го наполниш DataSet-от со податоци, се дисконектираш од базата и си работиш. Повторно конектирање следува кога правиш некоја измена на податоците. Доколку сакаш да работиш со Access база, наместо SqlConnection и SqlDataAdapter ќе користиш ODBCConnection и ODBCDataAdapter. SQL наредбите кои ќе ги користиш за земање на податоци се исти така да нема да имаш никакви други проблеми.
Тоа е најпросто кажано. Ако некаде заглавиш прашај. :)
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Хаха, само што го учевне ова во Семос.
Не е толку тешко, ако имаш спремна база, за 2 минути се прави конекција. Ќе се убијам зошто не ги зачував работните фајлови, али одприлика иде така како што кажа alektandat_te. А за да извадиш податок од Датасетот во некој текст бокс, види во Data Bindings делот (најгоре со +), мислам дека треба во Data Source да го селектираш редот од табелата што претходно ја внесе во Дата Сетот.
После имаш и копчиња за бришење, освежување, лево и десно низ табелата, али тоа е тешкиот дел, бидејќи МС се фалеа дека се е автоматски, али ние се измачивме 45мин да ги направиме овие прости команди.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
Еве го кодот што го креирав за логин формата:


Код:
    Private Sub btnOK_Click(ByVal sender As System.Object, ByVal e As System.EventArgs) Handles btnOK.Click

        Dim user As String
        Dim pass As String

        user = Me.txtUsername.Text
        pass = Me.txtPassword.Text

        If user = "" Or pass = "" Then
            MsgBox("Внесете корисничко име и лозинка.", MsgBoxStyle.OKOnly, "Празни полиња")
            Me.txtUsername.Focus()

        Else
            Dim con As New SqlConnection
            Dim cmd As New SqlCommand
            Dim dtr As SqlDataReader
            con.ConnectionString = connString

            Dim strSQL As String = "SELECT * FROM tblPerson where Name='" & user & "'and Password='" & pass & "'"
            cmd.CommandText = strSQL
            cmd.Connection = con
            con.Open()

            dtr = cmd.ExecuteReader

            If dtr.HasRows Then

                Dim f2 As New Form2
                f2.Show()
                Me.Hide()

            Else
                MsgBox("Погрешно корисничко име или лозинка!", MsgBoxStyle.OKOnly, "Грешка во логирање")
                Me.txtUsername.Focus()

            End If

            con.Close()

        End If
Но ми функционира само за првиот ред од табелата. Како да направам да ги проверува сите редици? (делот if dtr.HasRows .... треба нешто да прави, пред да ја отвори новата форма. Помоооош!! :p
 

W1ndows

Intern
29 јули 2008
33
5
www.bujarademi.com
Zdravo, pozdravete go Lavdrim od mene, stvarno ne znae nisto covekot, ne ni znam kako predava tamu. Sepak jas napraiv edna mala aplikacija na db vo access, na bin folderot e bazata.
I source codot e tamu slobodno mozes da razgledas, ne mora da koristis DataReader koga znaes deka na logiranje ima samo eden user so Username i password. Jas koristev Dataset, lesno e, so pomos na OleDbDataAdapter si go punis datasetot i posle samo testiras dali vo datasetot ima samo eden user, ako ima ides na drugata forma ako ne error.
Ok na attachment ke go staam proektot.
Pozdrav koleske.
 

Атачменти

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Друже,чабе сеа,и поминало времето за проектот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
Anyway, tnx на сите, ја веќе си направив мн добар проект (иако не ми беше целосно завршен поради краткото време) и си ќарив 10 :D:D:D:p
CONGRATS 2 ME, HA? :p
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,605
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно