• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Ваши предлози за IT.mk/market

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Согласно на темава - http://forum.it.com.mk/threads/shto-e-ideata-so-it-mk-market.54318/ - каде што објаснуваме што е идејата со ИТ маркет, ве покануваме да дадете предлози за производи кои треба да се најдат во таа секција.

Доколку има постоечки рецензии за производот на форумот, или веќе сте објавиле мислење само споделете го линкот во темава.

Ајде сите заедно да си ја подобриме ИТ понудата во земјава. :)

п.с. секако дека при прегледување на препораката ќе биде земен во предвид статусот на членот и неговата историја и активности на форумов.
 
Последна промена:

Teget

Gaining Experience
18 март 2015
135
82
Chicago, Illinois
Линк до рецензија на некој продукт што се наоѓа некаде до сликата (може и на сликата?)... Пример нешто во овај фазон:

Screenshot_1.png

Може да се болдира името на членот кој ја пишувал рецензијата, да се смени фонтот на текстот што го додадов, и да се намали spacing-от помеѓу цената и линиите. (На последната слика сум ставил две линии по грешка)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
  • Ја почнал/а темата
  • #3

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Линк до рецензија на некој продукт што се наоѓа некаде до сликата (може и на сликата?)... Пример нешто во овај фазон:

Погледнете го атачментот 35388

Може да се болдира името на членот кој ја пишувал рецензијата, да се смени фонтот на текстот што го додадов, и да се намали spacing-от помеѓу цената и линиите. (На последната слика сум ставил две линии по грешка)
Засега за рецензии ги проверуваме странските сајтови за истите производи и нивните оценки, бидејќи кај нас културата на рецензии со производи од фирми сеуште ја чекаме да се развие. Но супер ти е идејата, ова е само првична верзија на ИТ Маркет и секако дека имаме планови за понатамошен развој, во кој ќе ги земеме и овие твои препораки во обзир. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Bump... ги очекуваме вашите предлози за добри производи кои ги има на нашиов пазар, производите доколку заслужуваат нели, би се нашле во ИТ Маркет секцијата: http://it.mk/market
 
bokiscout

Unstoppable
17 март 2011
1,720
2,001
Скопје
bokiscout's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 2500 // CM Hyper T4 // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 1
Motherboard
Gigabyte P67 A UD3 B3
Storage
Samsung 840 EVO 120 GB // Kingston A400 480GB // WD 5000AZRX 500 GB // Toshiba L200 1 TB
PSU
EVGA B3 750W
RAM
Kingston HyperX Blu 2 GB x 2 // Kingston HyperX Blu 4 GB x 2
Video card
Assus Strix RX 570
Case
Sharkoon AM5 Silent // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 3
Mouse
Logitech M590 // SteelSeries QCK mini
Keyboard
Logitech K380
Audio
Realtek ALC889 // Aiwa NSX BL-24
Monitor
BenQ GW 2470 ML 24"
OS
Windows 10 // kUbunutu 18.04
Ергономски тастатури - ендемичен вид во нашите продавници:

1. Microsoft Comfort Curve 3000 - 690 мкд (Анхоч)
2. Logitech Comfotw Wave 450 - 1 800 мкд (Мебиус)

- Не се нови модели (2010 - 2012).
- Немаат пренагласена грпка на средиа (како повекето ергонмски), кај овие е таман, разумно, лесно да се навикнеш а сепак да бидат по комфорни за куцање.
- Logitech-от има многу удобен wrist rest.
- Двете имаат пристапни цени, особено првата.

Да треба да менувам тастатурата би земал една од овие две.
 
Последна промена:
E

emet_

Гостин
Patriot Blaze 120GB - Mebius - 3,570 ден.

мала исправка треба на слика на која го има во позадина 240gb, а огласот е за 120.
башка што Kingston на форумов не е многу популарен во споредба со другите.
не знам зошто воопшто сте го ставиле кога има уште поефтин или подобар диск од него.

  • Ми се допаѓа
Реакции: D
  • Ја почнал/а темата
  • #7

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Patriot Blaze 120GB - Mebius - 3,570 ден.

мала исправка треба на слика на која го има во позадина 240gb, а огласот е за 120.
башка што Kingston на форумов не е многу популарен во споредба со другите.
не знам зошто воопшто сте го ставиле кога има уште поефтин или подобар диск од него.

Корегирано. Tnx!
А за SSD-то, воопшто не е лошо за таа цена/перформанси склоп, секако дека има и други и подобри и поскапи. Ќе бидат истакнати во ИТ маркет соодветно...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Некако слабо идат предлози у темава... :)
Има некој идеја зошто?

Од статистика гледаме дека луѓе кликаат на производите што ги ставаме во ИТ Маркет, ама некако и од компаниите слабо се препорачуваат производи (иако е бесплатно) и од членовите на форумот слабо доаѓаат препораки за добри ИТ производи достапни кај нас.
 
SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,731
4,622
У строК центар!
Супер е идејата, но кај нас пазарот е мал, па така сите веќе си знаеме што е квалитетно и кои ИТ продавници се достојни(ова се однесува до активните членови на форумов) . Ова би требало да се рекламира на социјалните мрежи за да им се овозможи на луѓето кои што се помалку едуцирани за технологија да го направат правилниот избор. Можеби и вие како ИТ портал/сајт би требало да се активирате малку на социјалните мрежи и да “давате“ бесплатни совети за одредено парче технологија, спецификација на одредени производи, предлог за конфигурации, да ги препраќате на форумов за совети и слично.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
Идејата зад ИТ маркет е објаснета подетално тука.

За пазарот, секако дека е мал, но доста често се случува некој новитет или квалитетен производ кој ќе се донесе да остане затрупан од понудата на глупости воглавно no-brand или whitelabel ствари од Кина. Тоа прави и тој што го донел да се обезхрабри да донесе пак нешто саглам.

Идејата е да поттикнеме поквалитетна понуда кај локалните ИТ продавници, а ИТ маркетот да служи како енџин за препорака на добри производи.

Тука ни ја треба заедницата да ни предлага квалитетни и нови производи за ИТ маркет, ама некако слабо идеше темава. :)
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,411
2,038
Скопје
www.rop.mk
Обратно сте тргнале.
Бизнисмен ќе донесе одлука да увезе производ и ние треба да го препорачаме.
НЕ.
Ние ќе донесеме одлука, Вие ќе направите услуга како тоа да се реализира во групна пред-нарачка и ќе му кажете на бизнисменот да го увезе тој производ.
Треба да има потенцијален интерес за производ, за кој ќе се отвори страна за пред-нарачка со намалена цена доколку е пријават повеќе
луѓе. Да не биде на жими мајка ќе купам, него со учество или плаќање на цела сума.
Пример. SSD ако е во продавница 100, ќе се донесе за 80 доколку се пријават Х души.
Значи за почеток генерална листа на производи, потоа по специфична со конкретни модели и тн.
Се надевам дека е јасно а и веќе познато.

Edit: Заборавив да кажам, обавезно да се ставите во пресметката 5-10% од целата сума, за да имате интерес и да ја буткате работата. Иначе ништо не бива..
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Многу погрешно си ја сфатил работава. :)
Ние не продаваме, нити договараме што да донесат бизнисмени, нити пак им се мешаме у одлуките. Едноставно, сакаме да направиме ИТ маркет да стане место кое ќе препорачува добри и квалитетни производи на локалниот пазар, а со популаризација на тие производи и нивна поголема побарувачка, природно ке си дојде да се смени размислувањето на некои од бизнисмените.

Мој личен став е дека она што го имаме како ИТ продавници, со исклучок на 1-2, се само обични трговци и се едно им се фаќа дали е ИТ производ или чаша или привезок. Тоа си е нивно право и можеби им е супер така, но идејата зад IT.mk и зад ИТ Маркет е да се покаже дека има заедница која ги следи трендовите, која почитува кога ќе се направи некој дополнителен труд од страна на локален бизнис да овозможи нешто асално на овој пазар, колку и да е малечок.
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,411
2,038
Скопје
www.rop.mk
оф мори мајко... па какви квалитетни производи очекуваш кога носат глупости?
за да не носат глупост, треба да им се каже, и помогне со делумно пронаоѓање на пазар.
не треба да продавате, треба да организирате продажба и да наплатите. Толку.
Вака треба некој да го купи едниот квалитетен производ кој го донеле, да направи рецензија, за сите останати да не можат да го купат, пошто донеле еден.
Ај да не биде дека ја се правам паметен, еве еден цитат што го кажува истото ама се прави наудрен.

...Мој личен став е дека она што го имаме како ИТ продавници, со исклучок на 1-2, се само обични трговци и се едно им се фаќа дали е ИТ производ или чаша или привезок. Тоа си е нивно право и можеби им е супер така, но идејата зад IT.mk и зад ИТ Маркет е да се покаже дека има заедница која ги следи трендовите, која почитува кога ќе се направи некој дополнителен труд од страна на локален бизнис да овозможи нешто асално на овој пазар, колку и да е малечок.
Вие не сте локален бизнис?
Зошто?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,014
www.iwmnetwork.com
оф мори мајко... па какви квалитетни производи очекуваш кога носат глупости?
за да не носат глупост, треба да им се каже, и помогне со делумно пронаоѓање на пазар. Вака треба некој да го купи едниот квалитетен производ кој го донеле, да направи рецензија, за сите останати да не можат да го купат, пошто донеле еден.
Тоа и го зборам. Носат глупости, со кажување едноставно не бива, е сега, ти земи во предвид дека донеле графичка картичка од 45к денари и донеле една, колку да се пофалат. Со тоа што преку ИТ маркет и други канали се промовира картичката, можеби 1 ке ја купи, ама уште 10 луѓе ќе им дојдат и ќе им ја побараат, а они ќе кажат дека немаат и можеби тогаш ако се паметни ќе размислат дека има пазар и дека треба да се понашаат така. :)

не треба да продавате, треба да организирате продажба и да наплатите. Толку.
Не си свесен колку е незрел пазарот, сеуште, и после 8+ години за еден специјализиран медиум како IT.mk. Наплата? Ти погледни дека со години ниту еден од локалните ИТ продавници не се рекламира на ИТ, а да бидам искрен и нема баш некој интерес од нивна страна да го направат тоа. Засега. :)

Вие не сте локален бизнис?
Зошто?
Ние сме локален бизнис, конкретно IT.mk е локален медиум за ИТ, ама сеуште не сме влегле ние да препродаваме работи бидејќи работиме со информации. :)
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,411
2,038
Скопје
www.rop.mk
и сега истото го збориме ама?
Излага ново куќиште, рецензии на youtube колку сакаш, сите се попалени, никој не го носи.
Отвараш тема со предлог за набавка на минимум 10 такви куќишта, чекаш да се пријават заинтересирани луѓе.
Ако се исполни квотата, прашуваш по IT компаниите кој сака или може да го донесе.
Ако се нафати, според првичната анализа, ќе ти каже цена, за 10 толку пари парче, за 20 толку и тн.
Отвораш званична страна за пријавување со конкретна цена.
Дел заинтересирани бегаат, дел се прават наудрени и останатите чекаш да ја исполнат квотата во зададениот рок.
Тие останатите треба да уплатат цела сума или да остават капар, зависи како ќе се договориш со фирмата увозник.
Ако се исполни квотата, фирмата си носи минимум уште 5-6 парчиња за во дуќан.

Е сега.. треба да се размисли, дали уплатата да иде кај вас, па вие да гарантирате дека парите ќе се вратат доколку не се исполни квотата, или во фирмата која ја носи робата. Кај некој фирми воопшто не е проблем ама има и проблематични па затоа вие би требало да се поставите како посредници.
Прашајте ги групер како работат или сличните фирми.

Тебе ти се плаќа дел за услугата, луѓето имаат што да рецензираат, фирмата има загарантирана продажба и потенцијал за поголем ќар со парчињата во дуќан. И компири да се, трговец за загарантиран ќар ќе ги донесе.
Ја ставаш рецензијата на сајтот и отвараш тема за предлози за нова нарачка.
Фирмата ги гледа конкретние свои потрошувачи, се рекламира и конечно почнува да слуша.

Видете со овие новиве... Нексио, Нексико.. како и да се викаат... разоварајте на темава... пренеси што ќе одговорат. Иако секоја компанија ќе се нафати на ова.

Проста е логиката, и во дуќан 10 парчиња да купиш ќе ти дадат попуст. Луѓево нема каде да се организиррат за да купат 10 од еднаш. секој сам си купува и плаќа повеќе. Направите им платформа на која ќе се организираат, привлечете ги.
Од кој телефон е подобар муабети, фајде нема да видите ни вие ни ИТ секторот нешто ќе процвета.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,770
11,075
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
и сега истото го збориме ама?
Излага ново куќиште, рецензии на youtube колку сакаш, сите се попалени, никој не го носи.
Отвараш тема со предлог за набавка на минимум 10 такви куќишта, чекаш да се пријават заинтересирани луѓе.
Ако се исполни квотата, прашуваш по IT компаниите кој сака или може да го донесе.
Ако се нафати, според првичната анализа, ќе ти каже цена, за 10 толку пари парче, за 20 толку и тн.
Отвораш званична страна за пријавување со конкретна цена.
Дел заинтересирани бегаат, дел се прават наудрени и останатите чекаш да ја исполнат квотата во зададениот рок.
Тие останатите треба да уплатат цела сума или да остават капар, зависи како ќе се договориш со фирмата увозник.
Ако се исполни квотата, фирмата си носи минимум уште 5-6 парчиња за во дуќан.

Е сега.. треба да се размисли, дали уплатата да иде кај вас, па вие да гарантирате дека парите ќе се вратат доколку не се исполни квотата, или во фирмата која ја носи робата. Кај некој фирми воопшто не е проблем ама има и проблематични па затоа вие би требало да се поставите како посредници.
Прашајте ги групер како работат или сличните фирми.

Тебе ти се плаќа дел за услугата, луѓето имаат што да рецензираат, фирмата има загарантирана продажба и потенцијал за поголем ќар со парчињата во дуќан. И компири да се, трговец за загарантиран ќар ќе ги донесе.
Ја ставаш рецензијата на сајтот и отвараш тема за предлози за нова нарачка.
Фирмата ги гледа конкретние свои потрошувачи, се рекламира и конечно почнува да слуша.

Видете со овие новиве... Нексио, Нексико.. како и да се викаат... разоварајте на темава... пренеси што ќе одговорат. Иако секоја компанија ќе се нафати на ова.

Проста е логиката, и во дуќан 10 парчиња да купиш ќе ти дадат попуст. Луѓево нема каде да се организиррат за да купат 10 од еднаш. секој сам си купува и плаќа повеќе. Направите им платформа на која ќе се организираат, привлечете ги.
Од кој телефон е подобар муабети, фајде нема да видите ни вие ни ИТ секторот нешто ќе процвета.
Епа така е кога ИТ трговците немаат муда да продаваат. Они би радо да трошат пари на Ауди наместо на унапредување на својот бизнис кој им го куоил аудито in rhe first place. А ваму ми се ценкаат за 500 мизерни евра да заштедат на ERP кое им е најважното нешто во животот и за бизнисот.

Знам дека читате.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,701
Мислења
855,887
Членови
29,736
Најнов член
pavlo.maznevski
На врв Дно