1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ваши предлози - компании и идеи за остварување соработка?

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 10 Декември 2017.

Тагови:
  1. D

    D
    Администратор

    3,247
    1,703
    31 Март 2007
    Побудени од муабетите во темава - Водич за новогодишни подароци за гикови, инспирирани сме да го поставиме ова прашање. :)

    IT.mk засега живее од маркетинг, повеќе приходи значат поголеми вложувања во текстови, рецензии, сервери, лиценци, системски подобрувања, оддржувања и сл.

    Кои се според вас *добри* фирми со кои би сакале да оствариме соработка ако ете Grouper не е? Предложете компанија, предложете идеја и ќе дадеме се од себе да пристапиме кон тие компании и да се обидеме да оствариме соработка.
     
    На NecrotoX, smole, Daniel86 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,068
    1,178
    11 Март 2011
    Бидејќи повеќето фирми имаат онлајн продавници, мене идеални кандидати ми се гледаат Нексио. Добри дечки, а после веројатно 2 години (колку и да помина), според пазарна логика, време е да излезат малку од својот затворен систем. Немаат веб страна (т.е. имаат само домен и прва страна), немаат веб продавница и рекламирање од некој посериозен вид. Да не навлегуваме во причините, ми се гледаат како идеален кандидат за да им бидете „лице“, со своите 18.000 членови. Бидејќи го читаат форумот, ги охрабрувам да ве контактираат.
     
    На P.Overdrive, mkd, smole и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,391
    2,484
    9 Февруари 2011
    Ја искрено неам проблем со тоа да плаќам месечна/годишна членарина, ако тоа значи подигање на квалитетот на it.com.mk (а сигурно ќе значи). Пример 200-300 денари месечно или 2000-3000 годишно.
     
    На gremlin, AleksandarCaki, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,706
    7,063
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ниту пак јас :)
     
    AleksandarCaki, Gaston, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,304
    6,427
    27 Март 2014
    Побарајте од Анхоч истотака соработка. Верувам дека ке ви излезат во пресрет.
     
    На bxxxn и smole им се допаѓа ова.
  6. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,514
    11 Декември 2008
    Машко
    Анхоч - хардвер, разни тракатанци, дронови, смартфони, имаат разна роба. Сигурно ќе прифатат било каква соработка. Порано без проблем даваа за рецензии разни дрангулии. И имаат некое позитивно мислење за ИТ форумов.

    LEDLight.mk - за осветлување и сијалици.

    Со поголемиве не се исплати замарање, а и они исто нема да прифатат, Нептун, Сетек.

    Од други помали фирми сигурно ќе се најде уште некоја, ете Нексио и на нив ќе им одговара да прошират продажба малку и да се чуе повеќе за нив.
     
  7. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    613
    343
    9 Февруари 2008
    AliExpress ima affiliate programa i mnogu Makedonci kupuvaat od tamu. Posebno IT oprema i razni "sitni raboti". Otvorete nova tema za Predlozi za raboti od AliExpress ili prelistajte ja ovaa:
    Ситни интересни работи од AliExpress,Ebay...
    I dodadete gi predlozite na portalot so affiliate link do aliexpress
     
  8. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,445
    10,309
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас мислам дека плаќањето чланарина е глупост и значително би ја намалила базата на корисници/посетители. Исто и донациите.
     
    На olikomerc, drifter, yasho и уште 5 други им се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,995
    26,699
    4 Септември 2008
    Како ќе намали било што, кога би било опционално?
     
    yasho, Banjifiko и на Oktar им се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,445
    10,309
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ако е опционо, ке бидат не повеќе од десетина кои би платиле, ако е задолжително, ке бидат 12. Да бидеме реални, на форумов нема ништо ново што неможе да се најде со гугл. Не е дека ако платиш чланарина ти ке имаш некаков си супорт за инсталација на виндовс или било што. Форум е, не е фабрика па да нуди некој производ.
    Единствено што вреди е познанствата, контактите и дружбата... ама за тоа не би требало да плаќам.
    Форум ко форум треба да привлекува членови, да овозможува квалитетна и модерирана дискусија и со тоа да создаде некоја база на знаење а потоа и да привлече спонзори и реклами и слично. На крај краева треба да одлучат, или ке живееш од реклами и спонзорства а корисниците ке мора да живеат со тоа или ке им наплажаш на корисниците пристап и нема да има ни реклами ни спонзори, пошто кога плаќам апликација од стор, плаќам за да не гледам реклами на неа.
    Муабетов скроз не е за во темава, темава е за новогодишни поклони. @psyside како модератор би требало овие муабети да ги префлиш во соодветна тема инаку вака прашање на време е уште колку поста ке поминат пред да се префрли на самсунг вс ајфон препукување.
     
    На Zippo, Luidgi, mdeni и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,995
    26,699
    4 Септември 2008
    Да де не би требало, ако сакаш плаќаш, ако не не плаќаш лесно е. А иначе од спонзорства и реклами, можеш да прочиташ на темава колку фајде имало.

    Исто така не се согласувам дека треба да одлучат, јас решението го гледам на средина, т.е. и спонзорство и донации.
     
    На Krkac и Oktar им се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,445
    10,309
    23 oктомври 2012
    Машко
    Cool, ајде пушти трансакциска и да видиме колкумина ке уплатат и колку ке се собере. Инаку сметам дека несоодветно се префрлени тука моите и твоите постови. Од нигде никаде после анхоч и али експрес ја и ти збориме за донации. А @Daniel86, @DrMTR и @Gaston останаа во таа тема каде го почнуваат муабетот со членоство и донации.
     
    На Krkac и NecrotoX им се допаѓа ова.
  13. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    605
    18 Август 2016
    Машко
    • Ставете Patreon линк, ништо не губите. Дури и најголемите Јутуб канали имаат линкови за Patreon или слични страници поддржка на нивните креации.
    • Пожелно е доколку остварите договори за соработка со Анхоч, Нексио и Логинг. Сметам дека трите имаат позитивни впечатоци кај поголем дел од членовите. Склучувате договор за продажба на одредени продукти на неделна/месечна база и ги обновувате линковите во ваша тема сместена во под-форумот „Продавам“ со наслов „IT-MK промоции и попусти“. Примери нема да давам, ваше е да ја развиете идејата доколку сметате дека е во ред.
    • Имајте право да земате одреден процент од продадените работи што се огласуваат овде преку обнова на правилата.
     
  14. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,304
    6,427
    27 Март 2014
    Paypal каква трансакциска. 21 век сме. ;)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,445
    10,309
    23 oктомври 2012
    Машко
    Пејпал е за вулви! Дај биткоини нека уплаќаат луѓево! Ја немам круптовалути, само хартија поштувам од платежни средства :(
     
    The-spiki, goce03 и на Banjifiko им се допаѓа ова.
  16. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,304
    6,427
    27 Март 2014
    Кој што има. Битно нека се донира. ;)
     
  17. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,980
    4,217
    28 oктомври 2008
    Донациите се супер идеја. Нека се изнајде опција за едно пробно донирање, барем ќе видиме како ќе реагираат членовите.
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    903
    1,550
    20 Јануари 2015
    Машко
    Може членарина на доброволна основа, ама да се се врзе со некакви бенефиции на пример попуст по ИТ продавници а форумов може да ги рекламира производите и услугите од истите, активни членови и заслужни да имаат гратиси, да се мотивира и активност и членарина.
     
    Последна промена: 10 Декември 2017
    На AleksandarCaki и Banjifiko им се допаѓа ова.
  19. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Да платам пари за тепање на време по интернет, по форуми? Ем интернет плаќам, ем струја плаќам :)
    Да, не сум некој ултра познавач на ИТ трендовите што дневно остава мислења на 45 теми, ама па не сум ни турбофолкер :)
    Форумите постојат заради нас форумџиите, наместо нас да ни биди платено ние треба да плаќаме? :)
    Ај малку посериозно, не сме сите тинејџери или некои што си прават купопродажни договори за половен хардвер, или пак сервисери кои се рекламираат :)
     
    На Krkac, mdeni, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,995
    26,699
    4 Септември 2008
    Класика, се спомнат ли пари готово катаклизма и припрема за крај на светот, спремајте скривниците
     
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,503
    25,564
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Како прво јас сум голем противник за плаќање за користење на форум, освен во случај ако има уникатна и премиум материјал (читај нулд материјал).
    Ако баш мораме да наплатиме нешто тоа би било членарина за огласи и ништо друго... али викам АКО БАШ МОРА!...а не мора

    П.С идеата со маркетот е бизинис, а не начин за преживување...
     
    На Krkac, igor_igor, igor_xxxx и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,304
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    А зошто да не воведете нешто што би имале придобивка и ние и вие?

    И онака пишувате статии/колумни, сигурен сум дека би имале и поддршка од нас членовите во врска со дизајн/промоции/рецензии, распрашајте се убаво колку би ве чинело да издадете ваше списание.

    1. Македонија нема видено списание во врска со технологија од кога умре Ентер.
    2. Има одлични членови што се упатени многу добро во своите научни сфери.
    3. Кога фирмите ќе видат висок степен на сериозност од ваша страна сигурен сум дека ќе ја искористат. Тука не се само фирмите за хардвер, сигурен сум дека фирми како Семос/Сивус ќе ви излезат во пресрет за купони со попуст што би ги имале само во вашето списание.
    4. Наплатете си го вашето списание 100/150 денари верувам дека еднаш во месецот сите од нас би ги дале наместо едно кафе.

    Но тоа се вика взаемна поддршка. Вака ем вие сте направиле нешто за нас ем ние за вас. Win-Win ситуација. Потоа во тоа списание верувам дека ќе има и големи играчи што ќе сакаат да си се рекламираат. Размислете убаво иако сме 2017 да не речам 2018 мислам дека сеуште нема изумрено хартијата.
     
    На draganamon и bxxxn им се допаѓа ова.
  23. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,068
    1,178
    11 Март 2011
    Со најдобра намера кажувам, но мислам дека магазинот не би генерирал некој приход. Се сеќавам кога последен пат се отпечати еден од поголемите магазини

    PCWorld Exits Print, and the Era of Computer Magazines Ends
    The last of the big general-interest PC magazines is no longer a magazine.

    Ова беше 2013, веројатно е уште потешко за хартиен магазин од тогаш (секако друг пазар и сл. но очигледно е дека печатените медии мака мачат кај нас)
     
    На Gaston, Krkac, iTechnique и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,503
    25,564
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @bxxxn го делам твоето мислење во целост!
     
    Gaston, Oktar и на bxxxn им се допаѓа ова.
  25. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    А кога сме кај плаќањето, да не бидам тотален стипса (како Кирил Стипсата од Ракуните), би се сложил да платам некоја сума, ама со таа сума да си обезбедам некоја членска карта која ќе ми обезбеди екстра попуст во некоја коперација за хардвер (пошто и онака можам да издејствувам попуст, нека има екстра за членови на ИТ заедницата која деноноќно чкрапа и си ја троши тастатурата давајќи предлози за купување на хардвер од истата коперација од каде што е купена тастатурата...) пример велиме, зошто да не...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. waRp_
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,228
  2. D
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    2,860
  3. Pulse
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    624
Вчитување...

Сподели

Вчитување...