Ваши искуства со Сетек

ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,164
9,815
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Ама не, до вас е.

1635540756356.png


Јас викам во сетек рузвелтова пред едно 6-7 месеци, дајте ми B450 Gaming Plus, немаме господине таква плоча. Абе му викам ене ја гледам на тој и тој рафт. Само кутија може да е, ја немаме одавна. Ама на лагер листа стои рузвелтова... ама значи нема господине!

Ме едуцираа да не им идам веќе. Фала ви многу.

пс. поправете ја лагер листата ПИ*ДА ВИ МАТЕРИНА НЕСПОСОБНА! Колку ли пати ме имате заебано. Никад веќе.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,799
14,989
Да не испаднам непотребно контраш и хејтер.

За вработените во Прилеп имам само пофални зборови.
Сите се услужливи и им фаќа кликерот кога се во прашање компјутерите.
Особено еден момак кој уште ги „владее“ телевизорите, рутерите..

Битно, знаат што е OLED, LCD, IPS, VA.. Разликуваат што е 802.11 b/g/n/ac..
Знаат да насочат човек да не прави глупости и имаат слични надреални особини кои, еве гледам, Скопските продавачи ги немаат.
 

Multipass

Gaining Experience
1 ноември 2015
194
330
Јас викам во сетек рузвелтова пред едно 6-7 месеци, дајте ми B450 Gaming Plus, немаме господине таква плоча. Абе му викам ене ја гледам на тој и тој рафт. Само кутија може да е, ја немаме одавна. Ама на лагер листа стои рузвелтова... ама значи нема господине!

Леле и тебе ли така ти направиле. :LOL: Во мој случај беше за глушец.

Идам во салонот во City Mall знаејќи исто дека го има производот на залиха, но прво сакав и другите да ги разгледам. И им викам дајте да видам што понуда имате од безжични ASUS глувци над 3.000 денари, ми викаат немаме такви само некои поефтини до 500-700 денари. Се чудам сеа како така кога убаво не само што видов дека го имаат точниот модел што го сакав, туку имаше и слични од ASUS што сакав да ги разгледам и им го кажувам тоа, они упорно не не господине само поефтини глувци имаме од таа марка.

На крај земав отворив од својот мобилен телефон се уклучив на страната им покажувам дека ги имаат, и они целите зачудени, ааа мислите на ROG глувци. :LOL:
Па што ви зборев до сега бе им велам, ROG се ASUS бе луѓе нивна гејмерска под-дивизија. :ROFLMAO: Ајде нема везе тоа што не ги знаат брендовите.

Убаво ќе беше тоа да беше крајот има уште.

И конечно се разбравме го носат mouse-от на каса, го скенираат со баркод уредот, им ја давам безконтактната кредитната картичка, трансакцијата успешна, супер. Ми ја даваат сметката гледам цената 2290 ден. наместо 3990 ден. се чудам сега од каде поефтин, ги прашувам зар попуст некој да не имате што не го знам, они ми велат не таа е регуларната цена. Кога гледам кутијата ми ја дале верзијата со жица, а ја специфично им напоменав дека сакам безжичен глушец, не ни знаев и дека има жичана верзија.

И нема везе, ми прават реверс на средства во ист момент притоа едвај го наоѓаат тој што го барав, го наплаќаат од поново и тоа е тоа. :D

Закон фирма се.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,488
6,089
Мелмак
Имам кажано сто пати - од кај нив само нешто шо не може да се расипе зимам, ако им е океј понудата.

Пример, последните 3-4 држачи за телевизор ги иам земено од таму. Железа тешки и робустни шо тешко дека ќе треба да ги рекламирам.

Вработените во рузвелтова исто мислам дека се крајно незаинтересирани, освен во ептен исклучителни околности кога им е денот или нешто.

Не судам зошто и како ама тоа е гледам иста импресија кај многумина, така шо сигурно не е дека јас сум нешто посебно антипатичен 90% од времето.

Друго не ми текнува да сум купил во последно време од кај нив. Електроника не ми паѓа на памет да купам од Сетек.
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,162
3,401
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-10100F + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
Sapphire RX580 Nitro+ 4GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
X7 XL-750BH
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Ја по нешто месечно си купувам од кај нив и освен залихата што им е катастрофа, што не се знае во кој продажен салон што имаат, за другите работи немам замерка.

Сум резервирал нешто и по телефон па ќе отидам ќе си купам, повелете господине да ве услужиме као.
Па имајте убав ден.
Персоналот по мене е ок.
Еве денес и од Нептун нешто земав и пак ми вика девојчето хев а најс деј, абе кај да оди човек секаде услужливи.
На моменти мислам и дека сум којзнае каде, онака насмеани лица, абе да му е мерак на човек да купува. :cool:
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,276
4,655
Ethermine
www.facebook.com
Еве денес и од Нептун нешто земав и пак ми вика девојчето хев а најс деј, абе кај да оди човек секаде услужливи.
Ти каде и да одеш ширеш позитивна енергија. Тие што шираат негативна енергија ништо не му е тамам.. Сетек тука ги брукаат , Анхоч у другана тема , мене у мој оглас со контра коментари исто така ме брукаа. Тоа се тие типци што слабо клецаат и нема што да праваат па тука ги истураат фрустрациите :)
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,032
5,308
Да не испаднам непотребно контраш и хејтер.

За вработените во Прилеп имам само пофални зборови.
Сите се услужливи и им фаќа кликерот кога се во прашање компјутерите.
Особено еден момак кој уште ги „владее“ телевизорите, рутерите..

Битно, знаат што е OLED, LCD, IPS, VA.. Разликуваат што е 802.11 b/g/n/ac..
Знаат да насочат човек да не прави глупости и имаат слични надреални особини кои, еве гледам, Скопските продавачи ги немаат.

Види, јас одамна се имам простено дека вработените ќе знаат термини/технологии, бидејќи за жал продавач на овие позиции е минлива категорија, веројатно не се плаќа добро и поретко се нафаќаат кандидати. Мене ми е важно да има заинтересиран однос да помогне.

Пример пред 10-тина дена барав Apple Watch 7 во Нептун Сити мол, имаше на лагер на сајт. Дечкото фин, ми вика имаме без гајле, 44мм. Му вика 45мм е новиот, ама тој е ваљда. Ми вади Apple Watch SE, не ги знаеше точните разлики. Но, заради тоа бидејќи таму немаше на лагер, спринт до каса, го резервираа последниот во Аеродром, чекаа 10 минути да се префрли лагерот и да се наплати.

Во Аеродром исто не ги знаеја спецификите, ама кога влегов одма ме пречекаа, беа запознаени со ситуацијата и веднаш го извадија саатот.

Ако гледам лично, од нив не ми треба некоја којзнае каква поддршка за технологијата. Само да има услужливост е доволно.
Мислењето е автоматски споено:

Еве денес и од Нептун нешто земав и пак ми вика девојчето хев а најс деј, абе кај да оди човек секаде услужливи.
На моменти мислам и дека сум којзнае каде, онака насмеани лица, абе да му е мерак на човек да купува. :cool:

Да не претеруваме, не се дотолку фини, флертува со тебе...побарај и број следен пат! :sneaky:
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,414
1,511
Страв ми е да пишам позитивно искуство за Сетек да не ме банираат :)

Но да не должам со многу текст, по цело Скопје барав (Видео Дата, Сервис Македонија ...) и не најдов и конечно во сервисот нивен имаше грејач за DeLonghi кафемат.

Апаратот не беше купен кај нив, но посекако ми го дадоа делот и што е најјако бидејќи беше користен т.е. од некоја расходувана машина не ми наплатија.
 

Avid

Guru
21 јануари 2009
6,009
9,759
Скопје
Дрско ја под-тресна кутијата на земја со мониторот Вика „Кој ве научи ова да испробувате у продавница !„
па вика „Извинете малку сум нервозен денеска гужва распродажба...„
Мој чоек.
Добар сајт. Ми се отвори за кукис, и имаше 3-4 за штиклирање од кои едното „неопходно“ било.
Го отштиклирав, зачував, и ме пушти на сајтот.
Добро неопходно, хахахаха.
Јас викам во сетек рузвелтова пред едно 6-7 месеци, дајте ми B450 Gaming Plus, немаме господине таква плоча. Абе му викам ене ја гледам на тој и тој рафт. Само кутија може да е, ја немаме одавна. Ама на лагер листа стои рузвелтова... ама значи нема господине!
Го мрзело да ти објаснува дека тоа на сајтот за лагер им е за украс и релевантно колку неопходниве колачиња горе :D
Знаел чоекот и сакал да ти скрати време...
од кај нив само нешто шо не може да се расипе зимам, ако им е океј понудата.
Не постои продукт што не може да се расипе а е купен од Сетек.
 
Последна промена:

Astro

Epic
20 јуни 2012
8,035
11,485
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
пс. поправете ја лагер листата ПИ*ДА ВИ МАТЕРИНА НЕСПОСОБНА! Колку ли пати ме имате заебано. Никад веќе.

Што да средат кога не им се даваат ни 25к евра за најсовремен ERP систем што ќе им користи 10 години. Менаџментот им е група дибеци со 4-то одделение, така делуваат.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,032
5,308
Страв ми е да пишам позитивно искуство за Сетек да не ме банираат :)

Но да не должам со многу текст, по цело Скопје барав (Видео Дата, Сервис Македонија ...) и не најдов и конечно во сервисот нивен имаше грејач за DeLonghi кафемат.

Апаратот не беше купен кај нив, но посекако ми го дадоа делот и што е најјако бидејќи беше користен т.е. од некоја расходувана машина не ми наплатија.

Ќе биде многу јако ако за 10-15 дена се појави нов лик на темава како купил DeLonghi кафемат без одреден дел, наводно нов, а користен... :ROFLMAO:
 

Mikaxsus

Gaining Experience
19 јануари 2016
276
208
@Home
Mikaxsus's setup  
Processor & Cooler
„Шарени“ R7 1700 @3.8Ghz w/ DeepCool Captain 240EX
Motherboard
Gigabyte AX370 Gaming K5 v1.0
Storage
WDBlue/Samsung SpinPoint 1TB/EVO-850 SSD 120GB
PSU
DA700 DeepCool Aurora
RAM
2 x 8GB GSkill TridentZ RGB @ 3000Mhz
Video card
Gigabyte GTX 1080 AORUS OC EDGE EDITION
Case
Sama TITAN (каквое љубав)
Mouse
Rival 300
Keyboard
Asus Echelon Mechanical w/ CherryMX Black
Audio
AKG K272-HD/Marantz SR4600 w/ Infinity TSS-750
Monitor
27' + 24' Шамсунг + 27' Делче УлтраОштро
OS
Њиндос 10 (згрешив али ај)
Ми се свиѓа моментот каде што барам нов лаптоп на нивниот сајт од 1989, го има на „„„„„попуст““““““ за Црни Петок, али го нема на залиха како и 99% од асортиманот.
 

Andrea1811996

Intern
25 октомври 2017
6
2
На Рузвелтова . Пред тоа имав купено ТВ , лаптоп и тестираат секогаш (ако побараш- прво ќе пробаат да те убедат „нема проблем ако има нешто има сервис одзади - ќе си го донесеш ќе си рекламираш и ќе ти признаеме„ ) ама за да се избегне малтретирање нормално полесно е да пробаш -тоа не одзема многу време.
Во истиот тој Сетек влегов да барам термална паста Cooler Master, го прашав дечкото да види дали ја имаат на залиха, му требаше 10 мин дур да се снајде на страната каде им се пастите, бараше на места каде тотално нема смисла да стојат термални пасти, гледам и се чудам, за на крај да ми каже немаме. Инаку во ГТЦ сум поминал супер до сега
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
659
504
Skopje
Во истиот тој Сетек влегов да барам термална паста Cooler Master, го прашав дечкото да види дали ја имаат на залиха, му требаше 10 мин дур да се снајде на страната каде им се пастите, бараше на места каде тотално нема смисла да стојат термални пасти, гледам и се чудам, за на крај да ми каже немаме. Инаку во ГТЦ сум поминал супер до сега
Незнам што е работата - дали вработените (најчесто студенти), напуштаат па се на некој нов налетуваме што не си ја знае работата и незнае ништо кај стои - или стварно газдата или шефот не се залага да ги научи како треба да работат. :rolleyes:
 

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,115
1,935
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
Ми се свиѓа моментот каде што барам нов лаптоп на нивниот сајт од 1989, го има на „„„„„попуст““““““ за Црни Петок, али го нема на залиха како и 99% од асортиманот.
Стандард деловна политика е тоа на Сетек.
Само не се залетувај одма по овој попуст, почекај да видиш колкав ќе биде новогодишниот, па божиќниот, па велегденскиот попуст на истите производи кои сега ги нема на лагер и нема да ги има за сите наредни попусти.
Традиционално колку подолго го нема производот на лагер толку поголем е попустот.
 

Mikaxsus

Gaining Experience
19 јануари 2016
276
208
@Home
Mikaxsus's setup  
Processor & Cooler
„Шарени“ R7 1700 @3.8Ghz w/ DeepCool Captain 240EX
Motherboard
Gigabyte AX370 Gaming K5 v1.0
Storage
WDBlue/Samsung SpinPoint 1TB/EVO-850 SSD 120GB
PSU
DA700 DeepCool Aurora
RAM
2 x 8GB GSkill TridentZ RGB @ 3000Mhz
Video card
Gigabyte GTX 1080 AORUS OC EDGE EDITION
Case
Sama TITAN (каквое љубав)
Mouse
Rival 300
Keyboard
Asus Echelon Mechanical w/ CherryMX Black
Audio
AKG K272-HD/Marantz SR4600 w/ Infinity TSS-750
Monitor
27' + 24' Шамсунг + 27' Делче УлтраОштро
OS
Њиндос 10 (згрешив али ај)
Стандард деловна политика е тоа на Сетек.
Само не се залетувај одма по овој попуст, почекај да видиш колкав ќе биде новогодишниот, па божиќниот, па велегденскиот попуст на истите производи кои сега ги нема на лагер и нема да ги има за сите наредни попусти.
Традиционално колку подолго го нема производот на лагер толку поголем е попустот.

Нормално, доволно години имам пројдено со локалниве „продавници“. Останува планот за од странство другар да донесе за поевтино со TaxFree

Едит: се деси и денес момент од Србија да гледам али цените исти мање више
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,356
16,441
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Типот ми носи онака ладно усб јас викам не знам дали ме слушна добро
Мене секад ми носеле топли усба или во најлош случај барем млаки, ладно никад не ми донеле.
 

Brendog

Gaining Experience
18 септември 2016
63
57
И јас имам фино искуство со нив. Пред месец отидов на Рузвелтова да се подновам со маус и да разгледам тастатури. Дечкото беше ептен расположен за помош и муабет и останавме цел саат да разглабаме која тастатура и кој буџет би ми одговарал за потребите. Ме изненади ептен. Во глобала сите се услужливи и фер. Не сакам да бидам шовиниста, ама жените на каса некад знаат да фрлат језив "аман веќе" поглед.
Не навлагам во коректност со гаранции, секој има различно искуство. Не знам и каде се фер во овој поглед, баш ме интересира.
 

NightfurY

Gaining Experience
16 февруари 2018
66
67
Skopje
Кога сите споделувате ајде и јас да кажам збор два , користик сум долго време на Анхоч па се решив да пробам и од дотичните да порачам некои делови за нов билд , нормално како секој купувач пребаруваш на нивниот сајт и гледам куќиште супер со бела боја Коллер Мастер и се одлучувам јас да го земам (пошто ке правам бел билд ) го купувам куќиштето и идам после работа дома хајпнат леле бело куќиште ауууу , и кога отварам разочарување од старт на нарачката со големи букви пишува БЕЛОООО а внатре црно како судбината куќиште темници . Нормално разочарување и звонам во техничка служба прво чекам 30 мин таму си прават муабет и се смеат јас наапан двеста и чекам и слушам муабет ке ви цитирам ( Ај нека не паламуди тој таму на телефон бело кој ке бара во магацин сега бело речи му нема бело и откачи го ) значи го слушам муабетот и ја чекам да ми каже , госпоѓата се извинува ми вика господине немале во магацин и никогаш не сме носеле бели куќишта , а на сајтот значи го има истиов модел и бел и црн , им го кажувам муабетов и ми вика грешка е .
По некој ден се јавив и за АИО куллер од кулер мастер и тој бел истиот одговор го добив .
Заклучок (нормално од моја страна )
По лош феедбек никогаш од никоја фирма не сум имал , сајтот очигледно не го упдејтираат и не знаат што има на лагер или не му се работи на магационерите и шиткаат порачки како ке им дојде од ракав .

Наравоучение НАРАЧУВАЈ ОД АНХОЧ додека постојат.
 

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
543
483
Skopje
За новиот Сетек кај Мајчин дом, тие што ми се погодија на смена искрено топ се. Еден „постар“ (50ка макс) чоек, и еден млад дечко со наочари.

По телевизори отидовме, како рекламни дисплеи да ги користиме. Тоа што го прашувавме искрено не беа запознаени дали е така или не, али нормално е, можеби и никој до сега да не го прашувал такви работи. Тестиравме 6 различни модели, сите ни ги тестираа посебно, тие што ни фаќаа око инсталиравме апликација за аутостарт (куцаа буква по буква на далечинско башка логин бара на плејстор емаил + пас, цела вечност), тестиравме вертикално прикажување и остали глупости со плеери. Тестиравме и андроид боксот како реагира со различни апликации за аутостарт. 2 саати ги замаравме, мислам дека притисок им дигнавме ама се беше ок, услужливи беа.

Све што побаравме направија. Да не е за џабе муката, купивме тоа што ни требаше.
 

Ребро

Gaining Experience
18 ноември 2016
47
70
Ама не, до вас е.

Погледнете го атачментот 105657


Јас викам во сетек рузвелтова пред едно 6-7 месеци, дајте ми B450 Gaming Plus, немаме господине таква плоча. Абе му викам ене ја гледам на тој и тој рафт. Само кутија може да е, ја немаме одавна. Ама на лагер листа стои рузвелтова... ама значи нема господине!

Ме едуцираа да не им идам веќе. Фала ви многу.

пс. поправете ја лагер листата ПИ*ДА ВИ МАТЕРИНА НЕСПОСОБНА! Колку ли пати ме имате заебано. Никад веќе.
Два пати ми се има случено истава ситуација со Сетек.
Еднаш на Рузвелтова, еднаш во Сити Мол.
Дел кој е на залиха, одиш, прашуваш и ти викаат, резервиран е за конфигурација.

Сега прво вртам на телефон, прашувам дали тоа што ми треба е на залиха, резервирам, одам и купувам.
Знам дека е екстра напор, ама од друга страна знаат да имаат супер попусти, пример 1TB Samsunг 970 NVMe за 6700.00 мкд пред некое време.
И да, дечките од ГТЦ се доста спремни.
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,846
12,279
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,028
Мислења
870,496
Членови
30,365
Најнов член
Meri2310
На врв Дно