• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Ваши искуства со праќање пратки во странство

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
720
615
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Бидејќи не најдов слична тема, или посебна тема за review-а на приватните пошти кај нас во МК, ја отварам оваа.

Сакам да споделам лошо искуство со една од нашите приватни пошти - Брза Пратка. Колку што можев да најдам, тие се единствените budget доставувачи на пратки во странство, па бидејќи не ми се даваа 30 евра на ДХЛ за обично писмо до Грција, се одлучив да го пратам преку Брза Пратка.

За пратки до Грција, добив цена од 11 евра до 1кг и време на достава 2-3 работини дена. Вака звучи екстра, НО, после цела недела, писмото не стигна. Се јавив да прашам до каде е, и добив одговор „Ќе стигне утре.“. Во ред, супер...

Им дадов 2 дена, писмото сеуште не е појавено на финалната дестинација. Ѕвонам пак, „Газдата се занимава со ова, ќе го прашаме него, во Бугарија е тој, од таму се праќаат писамата.“

После неколку минути ми ѕвонат тие, погрешна адреса имате дадено, пратите адреса преку СМС, имејл, тел број, веб страна ако има. 100% бев сигурен дека адресата не е погрешна, локацијата излегува на Гугл Мапс, ама ајде им пратив тоа што бараа.

Поминаа уште 4 дена, сеуште нема никаков апдејт од нивна страна. Ѕвонам пак, се жалам дека писмото сеуште никаде го нема. „Сеуште не е стигнато? Не знам што да ви речам. Да ви дадам број од газдата да му пишите на Вибер.“

Wut? Сега до толку и е здосадено на женскава, сака јас да и ги бркам нејзините работи. Одбив и побарав тие да го решат проблемот, веќе потрошив куп време секој втор ден да прашувам дали стигна пратката или не стигна.

Помина уште еден ден, пак ѕвонам и овој пат добивам одговор, „На тракинг покажува погрешна адреса.“ ОК им викам, дајте ми контакт број од канцеларијата каде што е моментално заглавено писмото. „Не може, немаме контакт број.“ Добро што сега? Ќе го вратат писмото, што ќе се случи? „Не знам, би требало да го вратат.“ БИ ТРЕБАЛО? Уште тоа фали да го загинат писмото... Добро и викам, дајте ми тракинг број, ве молам пратете го по смс.

Добивам тракинг број, без никаков линнк каде да се провери... Пробав на неколку универзални тракери, шипинки варени... ПАК им ѕвонам (веќе престанав да бројам по којо пат). Ми кажаа дека сервисот е Speedy во бугарија. ОК, супер, фала... Го пишам бројчето, нема никаква пратка со тоа бројче. For fuck's sake! ПАК ѕвонам, се жалам дека бројчето не е точно “Ах, има уште едно бројче, ај запишете.“

Писмото јас од дома го пратив на 14ти ноември, тракинг вика од бугарија е испратено на 20ти ноември („Стигнува за 2-3 дена“ my ass), и заглавило во грција на 22ри ноември. А денот кога ги гледав овие детали, 29ти ноември. Значи 1 недела веќе писмото си дреми во некоја канцеларија во Грција. Им пишав мејл на Speedy.bg да ми пратат телефонски број од канцеларијата каде што е писмото моментално. За 15тина минути добив одговор со телефонски број. Ви текнува кога ги прашав Брза Пратка за тел. број? „Немаме контакт број“. Мене ми требаа вкупно 17 минути (2 мин да напишам мејл, и 15 минути чекање да стигне одговор) за да дојдам до оваа информација.

Телефонскиот број го пратив до човекот што треба да ја прими пратката, тој стапи во контакт со нив и го подигна писмото. Но, сега мора да провериме дали адресата беше погрешна... Turns out, една цифра на телефонскиот број бил погрешно ПРЕПИШАН од Speedy.bg (на писмото стојат два телефонски броја кои не се идентични, бројот кој го има напишано Брза Пратка е точен, а Speedy.bg има утнато една цифра). Грциве ѕвонале на погрешниот број, си маркирале WRONG ADDRESS на тракинг и чао пријатно. Не се ни потрудиле да го однесат писмото на дадената адреса. (за инфо, фирмата во грција се вика Speedex).

TLDR: Меѓународниот сервис на Брза Пратка е голема лепешка. Ако не сакате сами да се мачите да дојдете до информации каде е точно вашата пратка и како може да стапите во контакт со местото каде што сега се наоѓа пратката, AVOID.
 

Luca Toni

Gaining Experience
18 септември 2015
211
404
Luca Toni's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600, NZXT X62
Motherboard
ASUS TUF B450-M Plus Gaming
PSU
Riotoro 750w Gold Modular
RAM
16 GB DDR 4 3200 Hyper X Predator
Video card
AMD Sapphire RX 5700 XT Nitro+
Case
NZXT 510i
Mouse
Razer Viper mini
Keyboard
Razer Ornata v2
Audio
Razer Kraken X
Monitor
Gigabyte 27"QHD 1ms, 165Hz, HDR, Curved
Многу големи далаверџики се тие тетките што работат на пратки. 3 пати праќам во Канада иста работа 3 различни цени.. викам како може минатиот пат 280ден сега 350.. јаки одговори имаат цело време нешто различно

Инаку дум пратил преку 10 пати за Канада, се стигра релативно брзо 15-20дена


Sent from iPhone 7
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
28,792
29,774
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
20 дена брза пошта?
 

Luca Toni

Gaining Experience
18 септември 2015
211
404
Luca Toni's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600, NZXT X62
Motherboard
ASUS TUF B450-M Plus Gaming
PSU
Riotoro 750w Gold Modular
RAM
16 GB DDR 4 3200 Hyper X Predator
Video card
AMD Sapphire RX 5700 XT Nitro+
Case
NZXT 510i
Mouse
Razer Viper mini
Keyboard
Razer Ornata v2
Audio
Razer Kraken X
Monitor
Gigabyte 27"QHD 1ms, 165Hz, HDR, Curved
Стигнало и за 10 дена.. што не е брзо.. канада е 10000км


Sent from my iPhone 7
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
340
400
Еднаш имав потреба да пратам пратка во САД (stick за GoPro, ми се сјеба нешто, а имаше доживотна гаранција) преку нашава пошта, и за мое огромно изненадување во New York стигна за 7 календарски дена, т.е. за 7 дена веќе имав одговор од компанијата дека одобрена ми е гаранцијата и ќе ми пратат нов стап, што го чекав 2 недели.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,579
3,324
Многу големи далаверџики се тие тетките што работат на пратки. 3 пати праќам во Канада иста работа 3 различни цени.. викам како може минатиот пат 280ден сега 350.. јаки одговори имаат цело време нешто различно

Инаку дум пратил преку 10 пати за Канада, се стигра релативно брзо 15-20дена


Sent from iPhone 7

Доколку се работи за Македонска пошта тогаш е различна сума поради грамажата. До 99 грама е една цена, над тоа е друга цена.
 

џонидерп

Gaining Experience
16 јуни 2019
93
60
Преку која пошто во мк е најбезбедно и најефтино да праќам пратки до 1кг во Словенија (љубљана)? Пред малку пратив преку хисар преку шоферот, но идењето до автобуска и назад и 10 евра што му дадов (обично толку земаат) му доаѓа негде ~700-800 ден вкупно што мислам за тие пари побрзо и директно до одредена адреса би се решило преку пошта. Предлог?
 

Skior

Intern
1 април 2021
12
1
Во принцип пратките пратени од Македонија во странство, врзо стигнуваат. Само не знам зошто тракингот е ограничен само за во Мк и не може да се следат пратките до крај.
А баш ме интересира кои компании се користат за експорт на пратки
 

mile66

Intern
12 јануари 2022
2
0
Здраво дечки, сакам да пратам подарок парфем пакет до Германија до пријател, па која пошта би можела да заврши работа?
Прашав во DHL но тмау ми рекоа дека не пренесуваат такви продукти бидејќи ги сметаат за опасни.
 

gamon

Practice makes perfect
15 септември 2014
832
1,034
orgrimar
легално е забрането по 2 основа, запаливо и акцизна стока , можеш да пробаш преку пошта.ако направат проверка ќе биде запленет и можни се казни
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,099
Мислења
877,645
Членови
30,697
Најнов член
ANGEL2828
На врв Дно