1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ваши искуства со Инет

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 23 Мај 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Бидејќи не најдов ваква тема и подфорум за ИНЕТ се надевам Админите/Модераторите ќе креираат подфорум и ќе ја сместат темава во него.

    Овде да споделуваме искуства со ИНЕТ кои се застапници на Леново брендот и овластен сервисер во МК за истите.

    Корисно да се знае за сите кои имаат Леново (IdeaPad, ThinkPad...) лаптопи кои подложат на локална или интернационална гаранција.

    Веб Страница: INet » Excellence in technology
     
    На draganamon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Еве ќе споделам мое искуство:

    До сега имам однесено 3 модели на ThinkPad кои биле под гаранција на сервис, и секогаш се биле професионални и брзи.

    Само во еден случај лаптопот повторно го појави проблемот во рок од недела откако беше однесен на сервис, и секако повторно го примија и брзо го средија проблемот.

    У најголем дел од случаите директно мењаат делови со нови ако е уредот под гаранција, и истите ги добиваат ептен брзо (по DHL од официјални канали) и со тоа самиот сервис е брз.

    Техничарите и сервисерите, како и персоналот кој работи на рецепција секогаш биле учтиви.

    Последна случка беше оставањето на мојот X1 Yoga 3-та генерација, купен пред помалку од година дена. Ради некоја причина ми откажа SSD (лаптопот заглавуваше на лого при бутирање, и после 20 минути појавуваше M.2 грешка). Пошо веќе го оставив на сервис се пожалив и на тракпоинтот на мојот модел кој често знаеше да мрда сам од себе повеќе од шо треба при рекалибрација, и при секое менување од таблет мод во десктоп мод мрдаше као луд. Го траев ова ама веќе коа го оставам на сервис лаптопот (кој е под интернационална accidental damage гаранција) им напоменав дека сакам и тоа да се среди.

    Лаптопот го оставив претходниот четврток, у меѓувреме си добивам мејлови со апдејти за акции кои ги превземаат ИНЕТ (нарачка на ССД, тастатура) и за ете само недела дена јас го добив мојот лаптоп со пременети тастатура (со тракпоинт), цела маска околу тастатурата (имаше дури и заштитна пластична фолија - техничарот рече дека веројатно немале на лагер само тастатури па пратиле цела горна маска заедно со тастатури), со променето ССД и реинсталиран оперативен систем.

    Тракпоинтот видно подобро се понаша сега, ССД-то е ист NVME модел као и претходниот, со ист капацитет. Лаптопот нема додатни оштетувања као гребаници или било шо шо би укажало на невнимавање при сервисирање.

    Се на се како и секогаш чиста 10ка.

    Сите мои искуства се биле до сега со лаптопи кои се под гаранција, така што не можам да коментирам за сега за сервис и цени кога не е лаптопот под гаранција. Mојот најдобар другар ги пофали за средување на лаптоп кој е вон гаранција, но тоа не е мое искуство така што нека споделат други членови ако имале лично такво. Ова се мои искуства па не можам да гарантирам и зборам за туѓите.

    За сите лаптопи до сега (а и за овој планирам) имам надоградувано гаранција пред да ми истече првичната, и тој процес секогаш бил без проблеми.
     
    The-spiki, null_ptr и на draganamon им се допаѓа ова.
  3. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Јас ThinkPad-от го земав од кај нив, до сега супер задоволен, се на време и како што треба. Единствено е што паркинг тешко се наоѓа на тол дел.
     
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Промена на нова матична плоча за 7 работни дена. Целосен сервисен налог со сите можни детали, кога е дијагностициран проблемот, кога е нарачана плочата, кога е стигната, кога е монтирана, кога е тестирано и како е тестирано. До секунда.
     
  5. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    163
    129
    20 Јуни 2009
    Имам чувство дека темата ќе остане на малце мислења и ќе се пишуваат чат-пат позитивни искуства.

    За разлика од темата за сет :)
     

Сподели

Вчитување...