• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Вадење поголема сума на пари од интернет

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Sokolot

Intern
4 јуни 2012
6
1
Прв пост :)

Сепак мора да прашам дали некој до сега успеал да извади поголема сума на пари преку интернет да кажеме 1000+ евра/долари итн... Теоретски да се земе дека ја имам таа сума интернет, и дека таа сума за да направам whitdraw ги имам следниве опции:

1.Bank Wire Transfer
2.Webmoney
3.Netteler
4.Moneybookers
5.Visa i MasterCard( проблемот е што имам Visa Internet која што ми зададе доволно проблеми при верификација и колку што знам неможам да правам whitdraw туку само да депозирам)

Ако ја искористам услугата на Netteler да ги префрлам парите таму плакам провизија од 15$, која е провизијата што ке ја платам за да ги префрлам од Netteler на девизна сметка моментално имам во Стопанска Банка,

Истото прашање се однесува и за moneybookers

Webmoney немам користено никогаш

Ban wire transfer исто и тоа немам користено никогаш но пишува дека feeе 25$ + зависност од fee на банката каде што правиш whitdraw.

Згора на се имам и информација дека тие пари од кога теоретски ке ги префрлам на моја сметка тука во Македонија бидејки да кажеме е поголема количина ке мора да ги пријавам во УЈП и да ги оданочам 18% што во овој случај мене префрлањето на пари би ме коштало грубо сметано околу 200 евра/долари. Дали некој на форумов досега има некое искуство да ме упати .

Neteller ми е фулл верифициран
Moneybookers само кредитната,(Visa Internet од стопанска) за банк трансфер верификација треба да депозирам минимална сума од 5 евра на нивна банка

Поздрав
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,428
1,184
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Ми праќале поголема количина пари, директно на девизна сметка.
УЈП ги оданочува 10%, ама ако кажиш(доволно е со збор) дека имаш трошоци тогаш е 5%.
А ако ги пријавиш како поколон, тогаш не се оданочуваат :)
 

stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
596
macedonius.com
Е вака, ако се сеќавам неможеш да повлекуваш од нетелер, само да плаќаш(не сум сигурен).
Ако ти праи проблем Visa од Стопанска(овие имаат некои кои не се стандардни, ги викаат Visa Internet), земи си од Тутунска(отвори сметка и ќе ти дадат Visa Electronic) на која сум повлекол ~50.000 ден.
Moneybookers одлично работи во Македонија. Сум добил на Moneybookers ~ 550 евра.
Webmoney не работи во Македонија(Ова е само за Источна Еврапа, Русија, Украина итн).
Со Bank Wire Сум повлекол ~ 200 евра на два пати(еднаш 100 и нешто, вторпат 70 и нешто). Bank Wire-от ти е најдобар за големи суми(Најмалку провизија).
Со Bank Wire-от платив(ми одбија) само 1.8 евра, а парите ми стигнаа цели(Зборам на тутунска). Ама пази треба се точно да пополниш. Тоа $25 e 100% за страната од кај повлекуваш. Најмногу пари за Bank Wire трансфер да дадеш се $40, а во споредба со другиве е далеку најмала за големи трансфери.
Данок си плаќаш на крајот од годината, колку и да е.
 

goranmitev

Intern
27 август 2010
75
45
goo.gl
Најдобра опција според мене ти е Moneybookers (Skrill). Можеш дирекно на Visa Electron (ограничување на максимум 500 евра по трансакција) да ги повлечеш или дирекно на трансакциона (Bank Wire, не се сеќавам дали имаше лимит). Провизијата е иста во двата случаи мислам (1.8 евра). Ако ги повлечеш на Visa Electron, во НЛБ Тутунска, не те викаат да потпишуваш ништо. Ако ги повлечеш дирекно на сметка (трансакциона), ќе те викнат да дојдеш да потпишеш еден документ од што ти се парите. И да пишеш поклон, и да пишеш од работа (извршена услуга), секако после нова година треба да пополниш пријава за во УЈП, и да чекаш да ти стигне решение накај септември/октомври 2013 во кое ќе пишува колку данок треба да платиш. Со решението си има прикачено и пополнета уплатница. Данокот е 10%. Персонален данок.
 

sokki

Intern
8 септември 2009
104
15
Ми праќале поголема количина пари, директно на девизна сметка.
УЈП ги оданочува 10%, ама ако кажиш(доволно е со збор) дека имаш трошоци тогаш е 5%.
А ако ги пријавиш како поколон, тогаш не се оданочуваат :)
поклон??? хехе, во оваа наша чудесна држава, се се даночи, вклучувајќи и поклон од странство... Е сега биди маж ти и оди во ујп кажи им дека ти стигнаја пари, па да те режнат. Јас пред 2-3 месеци прашав во УЈП за даночење на пари врз основа на работа преку интернет, и ми рекоја 6,5% било.

Сега да се вратиме на темата.
За другите начини незнам оти ги немам користено, ниту пак сакам да ги користам, затоа што ти вклуче два начини кои работат беспрекорно.

1. Wire Banks - ова ти е девизна сметка во банка која нема проблеми да прима девизи од друга сметка. Јас ко почнав беше само Алфа банка таква, ама сега има и други (Шпаркасе, Охридска ама би ти ја препорачал НЛБ тутунска) иако и преку Алфа сеуште работам понекогаш.
2. MoneyBookers (skrill) - ова ти е интернет страна од која парите можиш да ги подигниш или на картичка (ама процесот за верификување бил тро заебан) или на девизна сметка од банката (т.е. wire banks)

Е сега, ако ти е сигурен чоеко што треба да ти плати, јас би одел преку првиот начин, при што ќе има трошоци околу 40-тина долари. Парите пристигнуваат по неколку дена (3-4 или 5 работни дена).
А ако не ти е сигурен чоеко, тогаш јас би одел преку начин два, при што тој ко ќе ти плати на твојата moneybooker сметка ќе ги има во рок од 5-10 мин (си викам:) ). После то ти можиш да ги повлечиш од таму на девизна смета од банката (ако е на тутунска нема провизија нема нишо трошоци) и ќе ти стигнат пак за 3-4-5 работни дена.

А за даноци за големи пари... хехе :) Лани беше добра година за мене, земав по нешто над илјада долари месечно, неколку месеци :) Ми плаќаја преку Алфа банка, и ко шо прашав таму тие ми велеја (меѓу кои и други) дека интернет услугите се водат како консултански услуги и дека не треба да се даночат. И нормално дека мене ми одговараше нивниот одговор :)

Со среќа во работата, побрзо да ги зграбиш парината и со здравје да си ги трошиш :)
 
4 јуни 2012
4
0
Најдобра опција за Македонија е Solidtrustpay на секои извадени пари провизија ти е 5$ дали ќе вадиш 1000 или 100 исто ти е :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Sokolot

Intern
4 јуни 2012
6
1
Ви благодарам за одговорите се одлучив за следново да пробам. Да отворам девизна и денарска сметка со денарската ке следува и кредитна во Тутунска да ги верифицирам на Moneybookers парите да ги префрлам на Moneybookers и од таму во Тутунска, сега уште еднаш ке прашам што ако пробам кешоут на истата сума да кажеме 1000 долари неколку пати :).Го читам постот на sokki не знам за Алфа банка али на таа сума малце тешко да поминам како консултант :). Проблемот ми е УЈП ке ми лапнат добра сума на пари дека го правам трансферов ко физичко лице а таа сума да се повлече наеднаш нема да остане незабележана дека парите од странство првин стигаат во НВРМ а потоа се пракаат до нашиве банки и малце ке биде деликатно да се објасни или пак едноставно сум параноичен. Мене искрено ми е од коцкање се погодија картите на добар турнир и тоа е, сум вадел некои помали количини но да кажеме до некои си 300$, а со државава шала нема поштени ракетари на се си има данок, некој мора да плака за таа администрација што "работи" по цел ден, за жал тоа не би сакал да бидам јас затоа барам некој начин да се заобиколи целата процедура, така да сум отворен и за други сугестии ама ке пробам да кешоут барем 1000. Кој не пробал тој не знае :)

Поздрав
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Sokolot

Intern
4 јуни 2012
6
1
Александар можеш да објасниш малце повеке за Solidtrustpay сум слушнал за сервисот ама и дека имало скам сега не знам колку е точно сподели некоја твоја импресија :)
 

sokki

Intern
8 септември 2009
104
15
хаха соколе соколе :) епа ако се од коцање тогаш ич не се секирај за ујп - не се тешко заработени пари :) хахаха мајтап прам бе, кој сака да му плаќа на тие старците таму

значи прво и основно, ако не се пријавиш само во УЈП, нема начин да те најдат тие, така да не се секирај за количината (освен ако не фатиш некогаш прво место и да земиш 2-3 милиончиња, е тогаш ќе мораш да бараш чаре.. )

Јас вадев директно (и преку moneybookers) на алфа, ама се до пред некое време ко ми наплатија некоја безпотребна додатна провизија, и зато ги сменав.
Од тогаш користам НЛБ за moneybookers и немало проблеми да примам пари.

Е сега, немам вадено од mb на картичка, така да незнам како оди таа процедура, ама гледајќи дека нивниот wire transfer/bank работи супер, така да не сумљам во нив.

Ако те фаќа паника, префрли си од покеро на МБ некоја стотка, па префрли ги тие на картичка, и тогаш ќе знајш како оди работата :)

поз и кажи шо ќе бидни
 

stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
596
macedonius.com
Кога ќе верификуваш Moneybookers избери дека депозитот ти е gaming причина за да ти дозволи да повлекуваш. ;)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Sokolot

Intern
4 јуни 2012
6
1
Вака за почеток направив whitdraw директно на Visa Internet картичката од Стопанска иако како што велат тие не би требало да се прави кешоут туку само да се плака со тие картички 400$ е сумата што ја повлеков веке ми стигна и нотификација дека парите се пратени и дека треба да пристигнат во рок од 3-5 дена. После ке пробам преку е -банкингот на стопанска да ги префрлам на трансакциона и да ги извадам на картичка. А за другото да средам со НЛБ и moneybookers па ке пишам тука што како сум направил sukki знам дека никој не сака да плака на старците :) затоа и го направив постот само ти напишав погоре дека парите од странство стигаат првин во Народна банка на РМ а од таму се пракаат до нашиве банки значи на секој денар што влегол и излегол од државава они имаат евиденција е сега муабетот е зависи од нив дали ке ти прогледаат низ прсти или ке сакаат да те казнат ама искрено мислам дека за мали количини не би им се исплатело да се замарат додека за поголеми не сум баш сигурен :). Како и да е ке пишам што ке успеам да направам тука.

Поздрав
 
4 јуни 2012
4
0
Страницата не е сцам супер е се вадат пари работат со македонски картички едноставно е само ставиш картичка таму кога ќе верификуваат картичка можеш да вадиш и да ставаш по 150$ а кога ќе ја верификувасш и твојата адреса тогаш можеш по 500 $ да ставаш и да вадиш :) :)
 

stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
596
macedonius.com
Вака за почеток направив whitdraw директно на Visa Internet картичката од Стопанска иако како што велат тие не би требало да се прави кешоут туку само да се плака со тие картички 400$ е сумата што ја повлеков веке ми стигна и нотификација дека парите се пратени и дека треба да пристигнат во рок од 3-5 дена. После ке пробам преку е -банкингот на стопанска да ги префрлам на трансакциона и да ги извадам на картичка. А за другото да средам со НЛБ и moneybookers па ке пишам тука што како сум направил sukki знам дека никој не сака да плака на старците :) затоа и го направив постот само ти напишав погоре дека парите од странство стигаат првин во Народна банка на РМ а од таму се пракаат до нашиве банки значи на секој денар што влегол и излегол од државава они имаат евиденција е сега муабетот е зависи од нив дали ке ти прогледаат низ прсти или ке сакаат да те казнат ама искрено мислам дека за мали количини не би им се исплатело да се замарат додека за поголеми не сум баш сигурен :). Како и да е ке пишам што ке успеам да направам тука.

Поздрав
Значи, кога ти стигаат на трансакциска односно картичка парите ти се достапни и на двете(врзани се). Ако повлечеш на картичка, ќе немаш и на трансакциска, ако повлечеш директно во банка од трансакциска ќе ги повлечеш и од картичка. ;)
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно