1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

UX/UI Design

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од VMar123, 1 Јуни 2020.

  1. VMar123

    VMar123
    Intern

    2
    0
    29 Мај 2020
    Здраво. Ви пишувам бидејќи се наоѓам пред доста голема дилема. Лани, кога завршував 4 година факултет (филолошки), случајно се сретнав со областа UX/UI и се заљубив во истата. Се обидувам да се едуцирам сам, но се плашам дека кога учам сам не можам да проценам што сум совладал добро, а што не. Видов дека Брејнстер имаат нова програма поврзана со оваа професија и размислувам да се запишам иако немам некое добро мислење за нив. Прашањето ми е следново. Дали мислите дека оваа професија е нешто со кое што би можел да најдам пракса, а подоцна можеби и работа во државава? Некако не можам да најдам многу огласи поврзани со ова. Навистина сум подготвен да учам и да се усовршувам, но се плашам да не ми биде залуден трудот. Ви благодарам :)
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,354
    1,044
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Работам како дизајнер повеќе од 15 години, од кои повеќе од 10 години во Сивус како UI Designer. За разлика од пред 10 години, сега има многу фирми кои имаат и вработуваат UI/UX дизајнери во мк. Плус вратите ти се отворени за работа за која било земја во светот...
    Начинот на образование од тебе зависи, колку време, средства имаш.
    Ама ако почнеш, треба да се посветиш 200% ако сакаш да успееш. Со посветување на нештото, трудот нема да ти биде залуден никогаш.
    За брејнстер како академија немам мислење, ама дел од предавачите ги знам, сум работел со нив и знам дека се професионалци во работата.

    Моја препорака е, ако веќе немаш, да си отвориш dribbble/behance.... акаунт и секојдневно да трошиш минимум по еден саат за разгледување на проекти, решенија, дизајни.... тоа доста ќе ти помогне во учењето и стекнувањето на осет и знаење.....
     
    Последна промена: 2 Јуни 2020
    VMar123, loris, hpetrovski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. SonicMK

    SonicMK
    Intern

    17
    31
    12 Јуни 2012
    Машко
    На VMar123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,177
    759
    5 Јуни 2007
    Машко
    Одлично им изгледа сајтот. Не ги знам, случајно ги видов сега. Кога би учел ја би учел од професионалци кои си ја знаат работата и имаат докажано искуство во областа.
     
    На VMar123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SonicMK

    SonicMK
    Intern

    17
    31
    12 Јуни 2012
    Машко
    Ги следам уште откако почнаа од академијава, дечкото што е одговорен се вика Илија Бојчовиќ и е топ човече со огромно искуство.
    Login • Instagram
    Јас сум потенцијален кандидат да се запишам кај нив :)

    Кога сме веќе на темава, проблемот е што се уште нема академии кај нас што имаат термини за нас што сме вработени во две смени, а сум сигурен дека ги има многу што сакаат да завршат курс и да се надградуваат но не можат баш поради работата. Посебно па ако работиме две смени и викенди...
     
    На VMar123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    За да дознаеш дали си совладал некој матерјал, можеш да го направиш следново:
    - Да отидеш на сајт како Uplabs и да видиш што натпреварувања и предизвици имаат и да се приклучиш во некој таков настан. Истото можеш да го направиш и на други сајтови, најверојатно Dribble и Behance имаат слични настани од дизајн аспект.
    - Да си направиш свој сајт каде што сето тоа знаење ќе го експериментираш, се што учиш со тек на време, користи си го сајтот како глушец за експерименти
    - Да си смислиш свој бренд за одредена апликација која што би можела да ти помогне во секојдневие или нешто што мислиш дека ти фали како проект или би било добро да го има
    - Понуди се како помош на некој бизнис / пријател да му помогнеш да му го средиш сајтот чисто за да учиш и експериментираш
    - Ако немаш воопшто идеи, прашај на форум или побарај идеи за апликации, има милион идеи, почни од нешто што те интересира.

    За вежбање имаш многу опции, тоа нека не те плаши. Заследни неколку дизајн блогови, newsletters и следи луѓе на twitter од областа и ќе научиш многу од самото читање. Исто така и некој популарен форум или пак Slack / Discord чат како Front End Developers или Designer Hangout може да ти помогне при учењето.

    Еве ти дел да те збунам малце со ресурси во случај да ти притребаат некогаш:
    - alexpate/awesome-design-systems
    - akivaron/awesome-design
    - gztchan/awesome-design

    Од курсеви, премум курсеви на платформи како Pluralsight имаш колку сакаш, исто така на youtube сигурно ќе најдеш говори од конференции кои што исто има доста корисни работи поврзано со UI/UX дизајн како на пример овие две презентации што ги имам сретнато:
    -
    View: https://www.youtube.com/watch?v=_kXgWRN7weM

    -
    View: https://www.youtube.com/watch?v=1swHjw5jUZ8


    Генерално не ти треба академија ако ги имаш ресурсите од кај да учиш и идеа што да правиш за да вежбаш. На академија не верувам дека ќе ти дадат некој долгорочен проект кој што ќе го работиш со месеци и ќе имаш шанса да ја учиш реалната слика за секојдневието како UI/UX designer, а ако ти е за вежби, сигурно ќе најдеш нешто од тие ствари што ти ги препорачав погоре.

    А, и уште еден бонус ресурс да не го заборавам, а тоа е Refactoring UI особено книгата Refactoring UI: The Book

    Ако учиш редовно, од сите страни по малце, ќе собереш доста знаење за 1 година и ќе имаш доста искуство за кратко време, ќе напреднеш многу повеќе од било која академија.

    Не дека академијата е лоша во смисла на матерјал, ама е многу лимитирана со време и матерјал кој што го учиш. Ти и онака ќе мора да се снаоѓаш сам додека учиш дома за да ги завршиш вежбите, така да зошто да плаќаш големи суми на пари кога јас ти ги давам сите тајни до успехот на тацна?

    Останува до тебе да се посветиш и да учиш. За работа, не се секирај, откако ќе собереш доволно искуство, направиш CV, и се покажеш како квалитетен, ќе ги зголемиш шансите за наоѓање на работа многу побрзо.

    Мене ова ми помага да напредувам брзо, но во светот на веб развивачите.
     
    На VMar123 и xopermark им се допаѓа ова.
  7. VMar123

    VMar123
    Intern

    2
    0
    29 Мај 2020
    Fala vi mnogu dechki, navistina mi znachat vashite mislenja. :)
     

Сподели

Вчитување...