1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем Усул при бришење на мислења во темите за продавање

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од Oktar, 8 Јули 2019.

Коментриање во огласи ДА или НЕ?

  1. Да, Да може да се коментира (конструктивно)

    87.0%
  2. Не, Да не може да се коментира ништо

    13.0%
  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,313
    9,575
    23 oктомври 2012
    Машко
    Чекајте другари, мислам дека тука малку накај средно се претерува со бришењето на мислења во темите со продажба. Мислам дека треба да се прави дистинкција на спам и непотребни мислења и корисни мислења. Тука имам два примери кои ке ги наведам.
    Во темата за продажба на DJI Tello дронот некој имаше поставено валидно прашање дали дронот треба да се регистрира, а имаше и две-три други мислења кои буквално беа поврзани со уредот на продажба и беа корисни но беа избришани. Дајте малку усул, ако дискусијата која ке се развие е во прилог на продажбата не гледам причина да се бришат тие мислења. Нема зошто продавачот на сите во приватни пораки да им пишува некои генерички информации.
    Втор пример е едно куќиште кое го продаваше Гојдо, а јас во темата му пишав дека ќе земам мерки дома и ке му кажам дали го земам, т.е. го резервирам. Кога дојдов дома, земам метрото мерам, барам на нет димензии за тоа куќиште трошам еден саат и викам ај да му пишам дека ке го земам, гледам гојдо пишал продадено. Некој админ го забришал моето мислење, гојдо не го видел, и лазарко си го пазарил. Ова не е кул, а притоа ни гојдо ни лазарко се криви. Целосно е уништена транспарентоста во продажбата. Само да напоменам дека после ова бев тажен а инаку и едно 20-30 мин се туфкав дали сум пишал, да не не се пратило, да не сум шизо, да не сум грешка нешто... скроз не кул.

    Значи повик до администрација, дајте малку логика, немора да биде иф ден елс работава, демек мислење кое не е од аФторот и ајде бриши го. Едно што во одредени случаеви е нарушена транспарентноста при продажбата, пошто нели, продажбата иде кај првиот пријавен и тоа треба да е јавно за да нема малверзации со пораки а воедно и е усложнета работата за сите, 5мина може да постават исто прашање во ПП и тоа да биде неврендинг пинг-понг од пораки на продавачот со заинтересираните.
    Во ред е да се санкционираат вишок мислења, ама треба да се земе во предвид дека има и голем дел на конструктивни муабети.
     
    На Jovan2389, Sharlovski, Balanar и уште 46 други им се допаѓа ова.
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,574
    11,356
    23 Јануари 2008
    Манга
    Се слагам! Предлог, авторот на темата во продавам да може да брише туѓи мислења кои смета дека не се во функција на темата. Со ова би се олеснила работата на модераторите кои треба да се замараат со читање на постови за да можат да оценат дали тоа мислење треба да се брише или не.
     
    На mkd, Dinamit, xenon и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Супер е ако не брише и конструктивни одговори кои не му одговараат...
     
    На JasSum, damil, Astro и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,574
    11,356
    23 Јануари 2008
    Манга
    во моментов се бришат сите и коструктивните и деструктивните одговори.
     
    zipi123, Gaston и на Oktar им се допаѓа ова.
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Според правилата, во моментов се бришат сите мислења кои се во огласи, а нема префикс проценка. Делумно се сложувам со Октар, и навистина ми е криво што така искочило, знам колку е грдо кога пред нос ќе ти купат нешто а си го резервирал.

    Но ако си ми пишал приватна порака на Гојдо, или си му се јавил, барем тој остава број во секој оглас ќе ти го чувал без проблем. Јас така правам кај што има телефон, кај што нема пишувам инстант порака.

    Во случјајот со дронот исто, Како прво огласот е не целосен па затоа излагаат дополнителни прашања, како второ @Astro можеше да пише порака и да праша за гаранција а членот јавно да каже дека нема гаранција и @Banjifiko да праша за регитрација а продавачот истите работи да ги сподели јавно. Не гледам што е толку комплицирано тоа.
    Дајте да не бидеме како државава, правилата да важат за сите или за никој, пошто одма демнат оние што едвај чекаат да го хејтаат форумот а поготово администрацијата.... а тоа и те како ствара лоша адмосфера.
    Ако не да изменам правила и да оставам да си коментирате.

    Не знаете со какви пријави се справуваме секојдневно... се плаче мене не ме сакате а гојдо го сакате, ете ти му го *** на гојдо па ти дава компјутер гратис, ете Октар ти е другар па него не му бришеш мислење, а мене ми бришеш....ова го читам секојдневно.

    Со такви глави треба да се објснувам дека неговиот коментар е конструктивен а твојот не е... тие не го разбирааат тоа...
     
    На omegaRED, gOJDO, Banjifiko и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    806
    1,688
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Каков компјутер ти даде Гојдо? :D
     
    JasSum, zdravkovskii и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  7. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    767
    1,232
    12 Септември 2013
    Машко
    Овој Усул е Пол Муад Диб или друг?
    Онтопик, би го направил само проверените огласувачи да можат да бришат, не дека би било идеално и тоа.
     
    На Jedah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас мислам дека бришење на постови во темите со огласи не е во ред. Никогаш не сум се бунел кога во мои огласи се дискутирало, па поради тоа и ссите огласи пред тоа ми биле со проценка (не дека јас не знам колку е реалната цена, туку поради ова подолу).

    А и друга работа се случува, секој ден добивам приватни пораки каде членови ми пишуваат директно и бараат мислење, па ми препраќаат цитати од меѓусебни муабети со продавачите по ПП и некогаш навистина ми се ежи кожава кога гледам какви превари се пробуваат да се пикнат на помалку искусни членови од страна на некои преваранти. А како што и претходно сме имале муабети, имаме многу преваранти кои се со стаж и број на мислења тука на форумот. Јас некогаш глумам глуп, прашувам други членови листо од причина што сакам да си ја проверам валидноста и солидноста на моето лично мислење преку барање на второ мислење.

    Епа јас се извинувам на администрацијата што им го трошам времето да ми ги бришат некои постови, ама ова сметам дека е форум и дека тука сме за да си помагаме меѓусебно. Барем помеѓу оние луѓе кои лично ги познавам и имам мислење дека се чесни и вистински форумџии нема такви работи да еден пробува да јебе друг. Затоа не ви се бунам, ама велам дека не е во ред кога бришете пораки од типот дали има гаранција, дали е копана, цената не е океј и слично нешто што ми е сумјиво, пошто ако не прашам во темата, секако некој ќе ме праша па ќе морам да одбијам да му одговорам, а не сакам. Тоа правило дека дискусии во огласи не се дозволени мислам дека треба да се укине. Такво правило веќе има на пазар 3 а таму има игнорамуси па преварантиве можат да мотаат колку сакаат. Ама овде на форум, баш ме интересира дали мислите дека треба да биде така или треба да биде поинаку...
     
    На Rukfash, Multipass, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @Astro Ти благодрам за фидбекот,
    Ajде ќе го продискутираме укинувањето на кометарите во огласи. Еве ќе ставам анкета во темава и кажете си го вашето мислење во неа.
     
    Последна промена: 8 Јули 2019
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    409
    12 ноември 2013
    Тешко е еден чекбокс дали смее други да коментираат или не?
     
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    a?
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    8,987
    8,742
    24 Јуни 2009
    Машко
    ^Мисли на тоа да креаторот на огласот има можност да дозволи коментари или не преку чекбокс.
     
    На Psycore и Astro им се допаѓа ова.
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Аха не го разбрав прашањето се извинувам.
    Па тешко е пошо треба да се прави add-on кој одзема ресурси.
     
  14. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,082
    543
    9 Мај 2012
    Машко
    И јас се согласувам дека мислењето и прашањето поврзани со продажен предмет не треба да се бришат освен ако не е поврзан за темата и мојот ми избриша и ми банира на што личи ова бре,а според правилата на форумот за огласот и не гледам таква штета


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мое мислење е дека е во ред да се дозволат коментарите кои не се тролање, офтопик, или не се однесуваат на цената (освен ако не се работи за проценка). Резервации, купувања (потранспарентно отколку ПП). Прашања за тоа што се продава, за состојбата, за начинот/времето на користење, барање лесно достапни информации како скриншоти од дијагностички софтвери, итн.

    Понатаму, за да се намали непотребен лоад врз модерирање - да се модерираат огласите после пријава (од ОП, или други). Да нема потреба да се читаат сите огласи заради контрола, ако на некој му смета нешто ќе си го пријави.
     
    На Sharlovski, Astro, smole и уште 4 други им се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Мене ми е жал што вакво нешто се случило на еден од најконструктивните членови на форумот.

    Но и јас ќе додадам дека некогаш е тешко да се разграничи што е конструктивно а што не. Мора да има едно и единствено правило. Ако некој проценува што е конструктивно а што не, од искуство ќе се создадат караници.

    Јас гласав да нема коментари. За нас администрацијата е милион пати полесно да има коментари. Па ако некој пријавил ќе реагираме. Ако не, ќе си оди караванот. Само ќе биде каша попара. Ќе се туркаат цени, ќе се омаловажуваат некои производи и сл. Па ако не си онлајн и си стои непожелната содржина во огласот, ќе ти ги избрка заинтетесираните. А па ако некој е наивен и наседне на некој оглас со висока цена, искрено никој не му е крив на купувачот зашто негово е да се информира пред да носи одлука. Исто како и на секој пазар. На крај на краиштата огласите се за оваа заедница (читај информирани членови) а не за падобранци кои идат да купат или протнат нешто тука.
     
    Sharlovski, Astro и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008
    Да нема НИКАКВИ комeнтари, ама да биде задолжително да се даде целосен опис на продуктот.

    1. Granciaa?

    2. Ceeena?

    3. Спецификации

    4. Состојба на продуктот, сочуван, колку користен, оштетувања или не итн

    5. Контакт строго пп или телефон

    Вака нема никој да биде butthurt
     
    На Speedster, borcep, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  18. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    651
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    This.

    Само одредени продавачи даваат целосно инфо. А, малку се таквите и често има огласи кои не се ни половични.
    90% од огласите завршуваат со: Ke postiram slika koa ke dojdam doma.
    Океј, не дека мора да се отвори темата одма и дека производот ќе се продаде инстантно. Дојди дома постирај слика, цена, гаранција, состојба па тогаш нека се објави огласот.
    И јас сум за да се оставаат коментари, ако се во интерес на огласот. Еве конкретно јас го видов огласот за дронот што го спомна Октар и ги оставив мислењата, сметав дека се многу битни за таков продукт.
    Со 2 реченици плус дали има гаранција и дали треба да се регистрира продуктот ќе беше во интерес на сите, и побрзо да се продаде дронот. Значи во интерес на сите е да се даде целосно инфо при огласување.
     
    На Sharlovski, Avid, Маша и уште 6 други им се допаѓа ова.
  19. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,554
    4,361
    23 Јуни 2015
    Машко
    Јас сум за да се оставаат коментари кои се уљудни, а не провоцирачки. Убаво е да се знае за одреден продукт некоја специфичност...ПР.: „Дали може да работи со *инсерт продукт хиер ор намена*?“ Сепак сме на ИТ Форум, каде е одбрано друштвото, ако не ете им таму Реклама5 и остали.

    Многу добри дечки имам запознато на форумов, ден денес си пијам понекое кафенце со нив. Има златни членови, а има и копита ако бидеме искрени.
     
    На omegaRED, Astro, borcep и уште 5 други им се допаѓа ова.
  20. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,545
    20 Јануари 2015
    Машко
    Да се направи ,,образец,, формулар за пополнување пред да се објави оглас, кој ќе ги содржи миниум потребни податоци, (ова од погоре +/-). Ако не се пополнети задолжителните полиња да неможе да се објави оглас.
    Јебига, некако, бирократизација само по себе се налага.
    Знам дека став на одговорниве е дека не сакаме да се замараме со огласи пошто тоа е споредна работа, ова не реклама 5 итн... што е ОК ама ете гледаме сакаме нејќеме се појавуваат проблеми.
    Ако нејќете огласи едноставно укините ги, ако одлучите да постојат, средите ги.
     
    На JasSum, fuzzjaw, Astro и уште 3 други им се допаѓа ова.
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ќе ги средиме мора...
     
    На Маша, Astro, Pane-G и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    797
    718
    27 Април 2010
    Машко
    Јас мислам дека треба да се достават повеќе модератори за темата огласи.Значи стрикно да модерираат само во таа област.Така ќе се знае одма што е продадено, а не повеќе од огласите се оставени така незаклучени , а продадено е се.Воедно мислам дека треба после извесно време да се бришат старите теми т.е постови или да ги наречам огласи кои се заклучени т.е се е продадено за да се расчисти се и полесно да се стига до другите огласи кои сеуште се валидни.Значи доволно е 1 недела темата да седи заклучена и после модераторот да ја избрише нема потреба тие да седат како ПРОДАДЕНО и заклучена за џабе.Е сега јас давам само мислење а други ќе одлучат.
     
  23. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    651
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ако темата е заклучена автоматски нема опција да се пишува и да излага пред новите огласи кои сеуште се валидни. Така што бришењето нема ништо да придонесе, посебно не дека полесно ќе се пристапува до новите огласи.
     
    На Mao и Oktar им се допаѓа ова.
  24. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    225
    199
    25 Април 2011
    Да се додаде опција креаторот на огласот да ги пријавува мислењата кои мисли дека не треба да бидат во огласот до администрација.
    Потоа администраторите да бришат доколку го делат истото мислење со огласувачот.
    Вака се олеснува работата на администрацијата и спречува злоупотреба на права за менување и бришење доделени на огласувачот.
     
  25. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,141
    4,361
    4 ноември 2013
    Машко
    Постои опција пријави.
     
    На DareDevil му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...