• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Услови за користење на ИТ форум

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Со користењето на IT.mk, ИТ Форум, ИТ Маркет, ИТ Кариера или било кој друг сервис на IT.mk вие се согласувате со општите услови за користење истакнати на следниов линк. Дел од понудените сервиси и услуги, како што е ИТ Форум се достапни под дополнителни услови (наведени во продолжение) и доколку условите на сервисот се во директен конфликт со општите услови за користење, во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.

Услови за користење на сервисот ИТ Форум

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови. Регистрирање со вулгарно корисничко име е забрането и корисникот ќе биде баниран веднаш.

4. Во форумот "Боречки Клуб" иакo толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.

5. Стриктно зборување за ИКТ и работи поврзани со ИКТ (освен во Оф-Топик секцијата.)

6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.

7. Потписите можат да содржат сликa не поголемa од 475х85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст. Максималната големина на фонтот во потписите е 3.

8. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

10. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оригиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.

11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

13. ИТ форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "Форум вести".

14. Сите теми кои имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани, истото важи и за постовите.

15. На ИТ Форум се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност. Ниту за огласувачите со статус на проверен огласувач (
) IT.mk не гарантира делумно или во целост.


Објаснување на правилата

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
ИТ форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате вашиот вебсајт, компанија и др. Секое истакнување на друг форум поврзан со ИКТ во потписите или во постовите, ќе се смета исто така како СПАМ.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета на ИТ форум. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го вашето мислење.

4. Во форумот "Боречки Клуб" иако толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.
Иако постои форум "Боречки Клуб" каде што критериумите за изразување се пониски, сепак нема да толерираме никакви грубости или навреди спрема други членови. Дури и таму однесувајте се примерно и почитувајте ги останатите членови.

5. Стриктно зборување за ИКТ и работи поврзани со ИКТ (освен во Оф-Топик секцијата.)
Ова е форум наменет за ИКТ дискусии. Дозволено е постирање на работи кои се поврзани на било каков начин со ИКТ, но стриктно е забрането постирање работи надвор од тој контекст освен во Оф-топик форумот.

6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

7. Потписите можат да содржат слика не поголема од 475x85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст. Максималната големина на фонтот во потписите е 3.
Потписот треба да е лично нешто кое ќе Ве претставува Вас или Вашата идеологија. Не ги користите потписите за бесплатно рекламирање. Дозволено е истакнување на линк до Вашиот личен блог, но не и до веб сајтот на Вашата компанија, во спротивно тоа се смета како СПАМ. Потписот одржувајте ги во нормални граници посочени во ова правило. Секој потпис кој не ги исполнува критериумите ке биде изменет од страна на администраторите.
8. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како ваше.

10. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оргиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.
Доколку постирате нешто кое не е дел од Вашиот труд, едноставно објаснете од каде доаѓа тоа, каде сте го пронашле или пак доколку не Ви е јасен или не го знаете изворот истакнете дека трудот не е Ваш и дека не го знаете авторот. Сето она што ќе биде објавено а нема да е Ваш труд, и притоа не ги истакнете вистинските автори ќе се смета за прекршување на авторски права и интелектуална сопственост.

11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата. Ова важи и за оф-топик секцијата од форумот.

12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Админите/модераторите на ИТ форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на ИТ форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

13. ИТ форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "IT.mk известувања".
Кратко и јасно, го задржуваме правото за промена на овие услови за праивла и користење, но за истите се обврзуваме при нивна промена да известиме јавно.

14. Сите теми кој имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани.
Пишувањето со сите големи букви делува како да викате кон членовите, сите вакви теми ќе бидат избришани.

15. На ИТ Форум се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност. Ниту за огласувачите со статус на проверен огласувач (
) IT.mk не гарантира делумно или во целост.

Огласите се дозволени, согласно правилата наведени на следниов линк. Пред објавување на огласите потребно е да се задоволат одредени критериуми (50 мислења, 50 допаднати мислења и 6 месеци да сте член на форумот) со цел да се избегне СПАМ. Администратори и модератори имаат право да постираат во оваа и други секции на форумот и во случаи каде што немаат 50 мислења, 50 допаднати мислења или 6 месеци членство на форумот.
 
Последна промена:
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,566
Мислења
823,496
Членови
28,073
Најнов член
Death Markk
На врв Дно