Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем USB buzzing/background noise на десктоп компјутер со M-Audio AIR HUB и PreSonus Eris E5

GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Здраво дечки,

Само што купив M-Audio AIR HUB аудио интерфејс и PreSonus Eris E5 звучници и забележав дека имам buzzing/background noise проблем со сите можни USB порти од матичната плоча на компјутерот (ASRock B450 Steel Legend).

Звучниците се врзани на интерфејсот со TRS кабли и нивните струјни кабли се приклучени на истиот продолжен кабел кој го користам за компјутерот.
Најпрво што пробав е да ги уклучам струјните кабли од звучниците на друг продолжен кабел и на различен штекер, али не помогна.
Потоа следеше долг troubleshooting.

Buzzing/background звукот се појавува на звучниците:
  • кога ќе го врзам интерфејсот на компјутер на било кој USB порт
  • кога ќе го врзам интерфејсот на powered USB Hub врзан на компјутер на било кој USB порт
  • кога ќе ги врзам мониторите директно на звучната од матичната плоча со TRS to 3.5mm кабел
  • кога ќе ги уклучам струјните кабли од мониторите на друг продолжен кабел, интерфејсот врзан на компјутер на било кој USB порт

Buzzing/background звукот не се појавува на звучниците:
  • кога ќе го извадам USB кабелот од интерфејсот што оди во компјутер
  • кога ќе го врзам интерфејсот на лаптоп на било кој USB порт
  • кога ќе ги врзам звучниците на телефон (Samsung M31) со TRS to 3.5mm кабел
  • кога ќе го врзам интерфејсот на powered USB Hub врзан на лаптоп на било кој USB порт
  • кога ќе ги уклучам струјните кабли од мониторите на друг продолжен кабел, интерфејсот врзан на лаптоп на било кој USB порт

Исто така, бидејќи имам PCI Wi-Fi карта, пробав да ги извадам антените али ни тоа не помогна.

Како шлаг на сето ова, M-Audio BX4 звучници кои ги користев претходно, врзани на компјутер преку истиот аудио интерфејс со истите TRS кабли немаат никаков проблем.

Дали постои некое чаре за да се елиминира USB buzzing/background звукот?
Гуглав и прочитав дека USB изолатор може да го реши проблемот. Се јавив во неколку продавници но никој немаат.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
И јас барав USB изолатор но не најдов. Мора да се нарача. Но квалитетните се скапи (iFi audio на пример). Има дакови/интерфејси кои имаат имплементирано USB изолација. Но ти веќе си купил.

Во голем број случаеви проблемот може да доаѓа од мониторот врзан за компјутерот. Пробај да го исклучиш при работа па да видиш дали е до него.

Случајно интерфејсот или звучниците да не имаат заземјување на утикачот за во струја?
 
GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
И јас барав USB изолатор но не најдов. Мора да се нарача. Но квалитетните се скапи (iFi audio на пример). Има дакови/интерфејси кои имаат имплементирано USB изолација. Но ти веќе си купил.

Во голем број случаеви проблемот може да доаѓа од мониторот врзан за компјутерот. Пробај да го исклучиш при работа па да видиш дали е до него.

Случајно интерфејсот или звучниците да не имаат заземјување на утикачот за во струја?

Само што ги исклучив мониторите директно од струја на некое време, пак го има звукот.

Звучниците имаат AC Select свич до струјниот утикач, 115 и 230 волти.
Се мислев да ги ставам на 115 волти чисто да видам дали ќе има разлика али ми беше страв да не ги заебам нешто.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
Само што ги исклучив мониторите директно од струја на некое време, пак го има звукот.

Звучниците имаат AC Select свич до струјниот утикач, 115 и 230 волти.
Се мислев да ги ставам на 115 волти чисто да видам дали ќе има разлика али ми беше страв да не ги заебам нешто.

Ако мониторот на кој гледаш слика од компјутерот го исклучуваш од струја додека свират звучниците и пак има интерефернци, тогаш изворот е во ПЦ-то. Може да е некоја компонента а може и напојувањето.

Не ставај 115 волти.

Утикачот од напојувањето од Маудио интерфејсот или од звучниците дали е вакво:

Euro-Flachstecker_2.jpg

Или вакво:

2-pin-european-power-cord.jpg

Првиот нема заземјување. Вториот има.
 
Последна промена:

GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Ако мониторот на кој гледаш слика од компјутерот го исклучуваш од струја додека свират звучниците и пак има интерефернци, тогаш изворот е во ПЦ-то. Може да е некоја компонента а може и напојувањето.

Не ставај 115 волти.

Утикачот од напојувањето од Маудио интерфејсот или од звучниците дали е вакво:

Euro-Flachstecker_2.jpg

Или вакво:

2-pin-european-power-cord.jpg

Првиот нема заземјување. Вториот има.

На M-Audio им е како првото, на PreSonus како второто.

Не верувам дека е до напојувањето, имам ASUS ROG STRIX 850W. Сите волтажи како шо гледам си се океј.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
На M-Audio им е како првото, на PreSonus како второто.

Не верувам дека е до напојувањето, имам ASUS ROG STRIX 850W. Сите волтажи како шо гледам си се океј.
Пресонус дали кутиите се метал, дрво или пластика?

Ако не се метал, тогаш пробај да го покриеш заземјувањето на утикачот. Може со хартија или лепило:

1692359743153.png

Значи тие две плехчиња да немаат допир со лимчиња или кукачки во штекерот што се. Така уштекај па види резултат.

Ова се вика ground lift:

Понекогаш дома имаме штекери кои не се со заземјување (не е вдлабнатина него е испакнат од ѕидот). Може и во таков да пробаш ако имаш воопшто во близина за да не покриваш плехчиња.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.707
1.568
Скопје
ако се уклучено изгасиш ХДМИ што се случува?
Мислењето е автоматски споено:

Behringer HD400 инаку ова користам јас .. прошлиот стан имав проблем, изолациско трафо .. цел сигнал нели иде од трафо на трафо и се чисти се по пут (потенцијално и нешто од нормалниото рејнџ ама тоа е некој мал процент иф ени) ... вакви има и за во автомобил (во логинг поефтини) ама тие немам искуство колку пример тие трафа се на ист ранк и сл и дал би имало разлика

п.с. ова горе го имаше во Артист
 
GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Пресонус дали кутиите се метал, дрво или пластика?

Ако не се метал, тогаш пробај да го покриеш заземјувањето на утикачот. Може со хартија или лепило:

Погледнете го атачментот 128755

Кутиите се дрво, и PreSonus и M-Audio.

Ова малце не ми е поврзано пошто истиот сетап, истите звучници со истиот интефејс нема проблем на лаптоп.

Ако беше нешто до ова, ќе покажеше и на лаптоп.

DisplayPort користам за двата монитори, се извадив што имам од I/O назад, не прави разлика, звукот го има.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
Кутиите се дрво, и PreSonus и M-Audio.

Ова малце не ми е поврзано пошто истиот сетап, истите звучници со истиот интефејс нема проблем на лаптоп.

Ако беше нешто до ова, ќе покажеше и на лаптоп.
Мислењето е автоматски споено:

DisplayPort користам за двата монитори, се извадив што имам од I/O назад, не прави разлика, звукот го има.

Или ќе го елиминираш лупот од компјутер или кај звучниците. Исто е. Компјутерот ти создава шум ама ако звучниците не се врзани на заземјување нема да го репродуцираат.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.707
1.568
Скопје
да допунам ја кај мене имав исто само на десктоп и тоа кога е поврзан мониторот на графичка .. ако го исклучев пример кабелот од мониторот од гграфичка тогаш се губеше .. исто ако графичката беше под терет појак шум (нешто со напајањето може кога влече графичката) .. на лаптоп и сл исто немаше шум (лаптопот нели на батерија е веќе) .. гасев дома уреди по дома се :)

се се сведе само на графичката кога влече стурја у систем повеќе
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
ако се уклучено изгасиш ХДМИ што се случува?
Мислењето е автоматски споено:

Behringer HD400 инаку ова користам јас .. прошлиот стан имав проблем, изолациско трафо .. цел сигнал нели иде од трафо на трафо и се чисти се по пут (потенцијално и нешто од нормалниото рејнџ ама тоа е некој мал процент иф ени) ... вакви има и за во автомобил (во логинг поефтини) ама тие немам искуство колку пример тие трафа се на ист ранк и сл и дал би имало разлика

п.с. ова горе го имаше во Артист

Сите овие намалуваат фреквенциски опсег на звукот. Басот и високите се кастрирани. Ако не ти пречи тоа тогаш е супер лесно решение. Но не е аудиофилско.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.707
1.568
Скопје
Сите овие намалуваат фреквенциски опсег на звукот. Басот и високите се кастрирани. Ако не ти пречи тоа тогаш е супер лесно решение. Но не е аудиофилско.
далеку од тоа дека се кастрирани :) дека имаат некој ефект можда ама секој редуктор, филтер и сл ќе го има .. исто и усб изолатори и тн
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
далеку од тоа дека се кастрирани :) дека имаат некој ефект можда ама секој редуктор, филтер и сл ќе го има .. исто и усб изолатори и тн

Не. УСБ изолатор ја отсранува „масата“ од портот. Но не влијае тоа на звукот. За разлика од него овие филтри работат на база на два трансформатори. Еве DYI но и товоето е на ист принцип:

View: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=6Gc8nZG_-F8

Пробај на слушалки да го врзеш ќе забележиш разлика сигурно.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.707
1.568
Скопје
Не. УСБ изолатор ја отсранува „масата“ од портот. Но не влијае тоа на звукот. За разлика од него овие филтри работат на база на два трансформатори. Еве DYI но и товоето е на ист принцип:

View: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=6Gc8nZG_-F8

Пробај на слушалки да го врзеш ќе забележиш разлика сигурно.
да беше така едноставно дека узб изолатор трга маса .. немаше да има разлика у компоненти во самите уреди и да требаа да имаат толку електроника внатре и се тоа

знам како работи пишав и погоре во првиот пост
Мислењето е автоматски споено:

Пресонус дали кутиите се метал, дрво или пластика?

Ако не се метал, тогаш пробај да го покриеш заземјувањето на утикачот. Може со хартија или лепило:

Погледнете го атачментот 128755

Значи тие две плехчиња да немаат допир со лимчиња или кукачки во штекерот што се. Така уштекај па види резултат.

Ова се вика ground lift:

Понекогаш дома имаме штекери кои не се со заземјување (не е вдлабнатина него е испакнат од ѕидот). Може и во таков да пробаш ако имаш воопшто во близина за да не покриваш плехчиња.
јас не би препорачал тргање на заземнување на појачало на висока струја :) освен за тест дал е тоа проблемот
 
Соодветен USB изолатор има свое напојување и не го користи тоа од портот на компјутерот. Сигналот т.е. податоците кои се пренесуваат остануваат исти.

Заземјување е ставено со цел. Меѓутоа ваков граунд лифт користат многу музичари кога нема друго чаре. Сепак се сложувам дека безбедноста е намалена.

Инаку јас дома имам филтер за во кола. Ако сака можам да му го позајмам па нека проба.
 
GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје

Соодветен USB изолатор има свое напојување и не го користи тоа од портот на компјутерот. Сигналот т.е. податоците кои се пренесуваат остануваат исти.

Заземјување е ставено со цел. Меѓутоа ваков граунд лифт користат многу музичари кога нема друго чаре. Сепак се сложувам дека безбедноста е намалена.

Инаку јас дома имам филтер за во кола. Ако сака можам да му го позајмам па нека проба.

Од кај може да се нарача чудово?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
Од кај може да се нарача чудово?

Сигурно има на ибеј или некоја онлајн продавница за аудио опрема што доставува кај нас. Меѓутоа е скапо решение. Пе-чеесет евра сигурно ако не и повеќе.
 
GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Сигурно има на ибеј или некоја онлајн продавница за аудио опрема што доставува кај нас. Меѓутоа е скапо решение. Пе-чеесет евра сигурно ако не и повеќе.

Колку сака нека е скапо, ако ми го реши проблемот ќе бидам ептен среќен.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702

Провери дали има скем фејк производи што се продаваат. Пиши им на ifi.

Води сметка дека треба и напојување. 5v адаптер.

Јас лично би пробал друг пар на звучници прво за секој случај.
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.707
1.568
Скопје

Соодветен USB изолатор има свое напојување и не го користи тоа од портот на компјутерот. Сигналот т.е. податоците кои се пренесуваат остануваат исти.

Заземјување е ставено со цел. Меѓутоа ваков граунд лифт користат многу музичари кога нема друго чаре. Сепак се сложувам дека безбедноста е намалена.

Инаку јас дома имам филтер за во кола. Ако сака можам да му го позајмам па нека проба.
Изолатор | CAR-NF01 | ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС ако си пробувал со вакво верувам дека си осетил поголема разлика во сигналот :) ако сакаш може да ти го позајмам моево па да споредиш
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.420
12.702
Изолатор | CAR-NF01 | ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС ако си пробувал со вакво верувам дека си осетил поголема разлика во сигналот :) ако сакаш може да ти го позајмам моево па да споредиш

Да некое такво слично имам јас. Пробав и со едно скапо од зец електроникс. Не ми текнува моделот но може да го најдам зашто го имаше и на амазон. Пак имаше загуба. Тоа го потврдуваа и корисници во коментарите на амазон.

Од анализа која ја правев на интернет наидов на низа информации кои го потврдија фактот дека има загуба со било кое од овие решенија. На звучници можеби и не се забележува страшно. Инаку бев решен да купам асално независно од парите.

Но ако тебе ти одговара супер. Ајде некој ден ако најдам време ќе поминам да го слушнам.

Edit: еве гледам на амазон има одлични ривјуа. Има само едно кое некако ми наликува на мојата констатација:

„Absolutely does remove ground noise, down to the smallest audible of hums through a system. The bad news... it does remove a small amount of presence from your instruments tone, only in the upper frequency range though.“

Четврто ривју
 
Agreed реков и ја на почеток дека сигурно не е 1:1 сма коментарот ми беше за забелешката дека ќе е кастриран скроз сигналот :)

Треба да пробам и јас до дупа без него во новиобжв стан (ако било проблем со инсталаџжција у стариот место со компјутерот) не ми е преместено пошто ми треба други кабли
 
GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Пресонус дали кутиите се метал, дрво или пластика?

Ако не се метал, тогаш пробај да го покриеш заземјувањето на утикачот. Може со хартија или лепило:

Погледнете го атачментот 128755

Значи тие две плехчиња да немаат допир со лимчиња или кукачки во штекерот што се. Така уштекај па види резултат.

Ова се вика ground lift:

Понекогаш дома имаме штекери кои не се со заземјување (не е вдлабнатина него е испакнат од ѕидот). Може и во таков да пробаш ако имаш воопшто во близина за да не покриваш плехчиња.

Го пробав ова и го снема зуењето.

Ова би било како скроз последна опција, најпрво сакам да пробам со USB изолатор.
 
Daniel86

Epic
28 мај 2013
3.737
10.160
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Едноставно звучниците не се изведени како што треба и точка. Јас или би ги вратил или би правел DIY решение со 600:600 аудио трафо со цел галвански да се одвои се и да се реши проблемот. Ама пре би ги вратил. На лаптоп немаш проблем затоа што работи на DC напон, десктопот е нешто сосема друго, може и самото напојување да е проблем, може на таа фаза да имаш некој мотор или штотијазнам нешто што ствара брум, а звучниците не се во можност да го покријат затоа што не се галвански изолирани.

GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
287
601
Скопје
Едноставно звучниците не се изведени како што треба и точка. Јас или би ги вратил или би правел DIY решение со 600:600 аудио трафо со цел галвански да се одвои се и да се реши проблемот. Ама пре би ги вратил. На лаптоп немаш проблем затоа што работи на DC напон, десктопот е нешто сосема друго, може и самото напојување да е проблем, може на таа фаза да имаш некој мотор или штотијазнам нешто што ствара брум, а звучниците не се во можност да го покријат затоа што не се галвански изолирани.

Мислам дека е до мојот компјутер. Звучниците не зујат кога не се поврзани на него. Ако беа нешто проблематични ќе имаше зуење и така?

Али за секој случај, ќе ги пробам и на друго PC.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.827
Мислења
969.871
Членови
35.199
Огласи
2.824
Најнов член
ivanmfs
На врв Дно