1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. lumibi

    lumibi
    Intern

    123
    21
    5 Јуни 2008
    Wire transfer парите ке ти стигнуваат во валута на која ке ти пуштаат и тоа на девизна сметка, и ти, после можеш да ги земаш од благајна во валута во која се пуштени или во денари зависи од твоја воља. Можеш да ги конвертираш во денари и од мобилно банкарство (нормално ако имаш активирано за трансакции од мобилен) и да ги повлекуваш од банкомат.

    Самото "Wire transfer" подразбира дека треба да му даваш податоци и тоа IBAN и SWIFT CODE кои ги добиваш од банката каде имаш девизна сметка. Би ти препорачувал да прашуваш по банки, која, колку ке ти зема провизија за приливот што ке го добиеш, има разни провизии!
     
    Последна промена: 24 Јуни 2019
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,260
    2,757
    21 Јануари 2011
    Машко
    Треба да отвориш usd сметка во тутунска и да ги прашаш кои податоци се потребни да ти префрлат долари преку wire transfer. Wire transfer трае со денови. Потоа може да те прашаат за потеклото на парите. Треба да ги пријавиш и платиш данок. Доколку не ги пријавиш и платиш данок може да ти одземат 70% од заработката.
    Порано за да ти ги дадат во долари требаше да помине одреден период. Доколу сакаш веднаш кога ќе стигнат да ги добиеш тогаш ги исплаќаа во денари по куповен курс на НЛБ банка. Овој е далеку најскап, временски најдолг и нај макотрпен метод.
    Ако сакаш може да направиш wire transfer на сметка во америчка банка. Оваа опција е со само 6% провизија и стандардно фи од 45$ независно од висината на трансакцијата(дали се 1000$ или 20 000$). Исплата во денари, во кеш на рака, по куповен курс на НЛБ банка.
    Постојат и побрзи опции ако банката што ги праќа парите е исто америчка.
    Постои и опцијата пејпал. Исплата нареден работен ден со само 6% провизија, во денари, во кеш на рака, по куповен курс на НЛБ банка.
    За повеќе информации пиши ПП.
     
    Последна промена: 25 Јуни 2019
    На BEST и BadGirl007 им се допаѓа ова.
  3. Beetle

    Beetle
    Intern

    7
    0
    6 Март 2019
    Сакам да почнам малце по малце на UpWork, насоката мене ми е сметководство. Има некој искуство од ова поле, дали вреди барем малце, дали може реално да се реализира и слично? Фала ви :)
     
  4. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    356
    239
    24 oктомври 2010
    Машко
    Мое мислење е дека тешко ќе најдеш соодветна работа за сметководство на Апворк, првично пошо сметководството е тесно врзано со закони, даночни стапки, даночни олеснувања итн од државата каде си го изучувал, најверојатно во твојов случај Македонија.
    Кредит/Дебит 120/220 тоа е лесно, меѓутоа ако се работи за нешо посериозно како пополнување на даночни образци итн ќе треба да читаш малце US сметководство. Пишав US пошо јас да сум прво тоа би учел.
    Иначе бараат сметководители со познавања на Xero, Quickbooks.. You can give it a try.
    Со среќа.
     
  5. Beetle

    Beetle
    Intern

    7
    0
    6 Март 2019
    Така и си мислев, ама сепак реков да си прашам. Реално, тешко би одело сметководството тука да се работи, сепак си има пречки. Можда ќе пробам али тешко. Фала ти многу за советот :)
     
  6. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    upload_2019-7-1_16-35-28.png

    Треба да го пополнам овој дел или не? o_O (не ми е за Апворк).
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,471
    11,751
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Ако најдеш тука или тука или на друго место договор за избегнување двојно оданочување со United States, пополнувај. :)
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Ја нема Америка на листава...
    Да го оставам празно? Ќе ми го прифатат?
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,471
    11,751
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Прифаќаат, зошто да не прифатат. Јас мојот W-8BEN го пополнив само до првите неколку ставки од Part I (име, основни податоци, адреса). Кога нема друго што, не дираш.
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,771
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    [​IMG]via Imgflip Meme Generator
     
    На Makedonec^ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    816
    2,785
    27 Јануари 2014
    Машко
    Случајно налетав на ова. Upwork ќе ги тргнат skill tests на 16ти Јули. Наводно не биле одлучувачки при вработување, а и често сите одговори се на нет.
     
  12. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    433
    358
    4 oктомври 2011
    Машко
    Реално кажано, и не е одлучувачки заради тоа што сите знаеме дека ова е за мали деца. Имаше голема дебата околу ова на нивниот форум и скоро сите го делеа истото мислење дека не е пресудно. А имало и случаи каде што фриленсерот тврди дека знае (положување на тестот со 5ка) а уствари тој дрво невидено. Одговорите ги има на интернет. Без разлика колку пати им се сменети прашањата одговорите се насекаде, дури има и сервиси каде можеш да платиш а во спротивно ти гарантираат положување.

    Во моето 6годишно искуство како фриленсер, ретко кој клиент гледа какви тестови имаш положено, сите ги интересира како ти умееш да ја да завршиш работата. И при интервју за работа сите ги интересира како изгледа твоето портфолио а не колку тестови имаш положено. Така да конечно ке се отарасиме од индиските гниди кои што имаат по 20-30 теста на нивните профили со 100/100 поени :)
     
    Tommy P, BEST, Маша и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Кај мене пишуваше на 9-ти Јули...:monster:
     
  14. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    816
    2,785
    27 Јануари 2014
    Машко
    На 9ти беше првично па го одложија за 16ти.
     
  15. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    277
    10 Јуни 2011
    Машко
    Јас ги забаталив апворк најмногу ради тие глупи тестови... Конечно слушаат што кажуваат фриленсерите
     
  16. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Може помош околу В-8 БЕН.. Ја пополнав, симнав, и кога ја отворив празна беше.. Пробав повеќе пати. :eek:
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,471
    11,751
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Јас мојата ја пополнував многу одамна, по старински: Симнав ПДФ (или ми пратија), го отпечатив, го пополнив на рака, па го скенирав. Не знам како е сега.
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    277
    10 Јуни 2011
    Машко
    [​IMG]
    Еве како изгледа мојот В-8БЕН лол...
    не знам што толку се замарате околу него.. и да, со ваков добивам исплати
    (од целиот, едитирано ми е само АДРЕСА поради приватност, се друго е буквално како што го гледате)
     
    Маша, BadGirl007 и на artweb им се допаѓа ова.
  19. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Средив! :inlove:
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,390
    2,244
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ај едно прашање до поискусните, пошто досега сум немал ваков проблематичен клиент. Работам како content writer, и со клиентот сме договорени да ми плаќа колку што ќе напишам, со претходно договорена цена за секои 1,000 збора.

    Пред некое време приметив дека ако пуштам milestone request за (пример) 2,000 збора, тој ми плаќа (пример) 1,900 и ми вели дека не му се допаднале тие 100 збора, ги избришал, и не ми ги плаќа. Ова ми беше прв red flag ама ми требаше работа, каква таква, и прифатив да работам и така, под услов да е разумен со содржината што е избришана и да имам објаснување зошто е избришана.

    Последниов milestone ми плати пак помалку од договореното (околу 200 збора помалку), со објаснување дека, цитирам, "I've removed some words and lines and rewrite by myself.". Го проверив артиклот што го има објавено, и го проверив она што му го пратив, разликата се 16 збора, една реченица. Му побарав да видам што има избришано/сменето, ми вика "that can't be described, it's just way I want to express some things/words. small adjustments always happen". Сума сумарум, тој си го објавил цел артикл, без таа една реченица, а вели дека избришал 200 збора. 99% сум сигурен дека нема појма дека знам на која страна ги објавува, и мисли дека не можам да ги споредам/проверам.

    Договорот ќе го завршам, и во review-то ќе напишам точно што е проблемот. Разликата во пари не е битна, битен е принципот, етиката и професионалноста.

    Прашањето ми е дали освен лошо review/feedback можам некаде да го пријавам клиентот на Upwork?
     
  21. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    816
    2,785
    27 Јануари 2014
    Машко
    Можеш да им пишеш на upwork и ако докажеш ќе добиеш исплата од нив за тоа што не сака он да ти го исплати. Секако ова само ако можеш да го докажеш. Да му дадеш лоша оценка и тоа е тоа. Ама рачунај он и да добие лоша оценка голема е веројатноста дека ќе продолжи да вработува, а ако ти добиеш лоша оценка ќе те бутне многу.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  22. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Бидејќи клиентот го користи твојот текст во целост (со само една реченица променета), тоа се подразбира под користењене на твојот труд без ти да бидеш компензиран. А користење на нечија интелектуална сопственост без компензација би требало да е против ToS на Upwork. Би ти препорачал да видиш дали стои таа ставка во ToS. Ако ја има, тогаш пријави го на customer support.

    Мислам дека и во овој случај тие можат да избришат и феедбек од клиентот бидејќи он постапил спортивно од terms of service. Но, ако си top rater, искористи го правото да ти го тргнат фидбекот од него (ако ти остави негативен).

    Јас прво би постапил со контактирање на customer support, би почекал на нивниот одговор. Можеби они ќе бидат во можност и да го прекинат договорот. Само како што е напишано на постот над мене, обавезно стави ги сите принтскирни, споредбата на твојот текст и текстот што го искористил твојот клиент итн.
     
    На artweb и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  23. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,390
    2,244
    13 Јануари 2014
    Машко
    @M.Pix @TheMarshal фала ви на двајцата.

    Ги контактирав од customer support, ми рекоа дека не може да се доплати остатокот. Нивниот предлог беше да продолжам да комуницирам со клиентот и да го натерам да го плати остатокот, што од моево искуство со него е невозможно. Не се замараа многу со исплатата. На крај ми рекоа дека можам да го пријавам ако одам на job posting-от, и да му направам flag as inappropriate, што не е возможно зошто е одамна.

    Како и да е, го завршив договорот, му оставив лош feedback и review, и му пишав дека е крајно неетички и непрофесионално ова. Ја зачував во целост страната кај што е објавен артиклот, а го имам и мојот. Ќе направам screenshots и од разговориве, за секој случај.

    Инаку сум top rated, така да можам да го избришам неговиот feedback, ама ако е негативен, прво ќе ги контактирам пак од customer support. По некоја логика би требало да има тежина (во моја полза) ова што веќе им пишав и го објаснив проблемот.

    Уште еднаш фала ви на двајцата за советите.
     
    На NecrotoX, BEST, artweb и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    upload_2019-7-19_18-38-26.png

    Каде да го барам Bank Acc. Number? IBAN и SWIFT имам...Морален е?
     
  25. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,471
    11,751
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не е морален туку е задолжителен. :) Во банка ќе ти го кажат, тоа е бројот на кој ќе праќаат.

    Сега гледам кај мене, во Тутунска е ист како бројот на трансаксционата (со додадена цифра напред, односно тоа ми го кажале дека е IBAN-от), во Комерцијална не е, таму знам дека отворав посебна девизна сметка. Одамна беше, можеби е сменто, но сепак е најдобро да прашаш.

    И на двете места сум им досаѓал и ми дале отпечатено ливче со INSTRUCTIONS OF PERSONAL WIRE TRANSFER, односно Foreign Export Earning Instructions.
     

Сподели

Вчитување...