1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    100% сум искрен, зар сум будала јас после 5 години на апворк и преку 200 завршени работи да правам измами?

    Не се така лесно докажува. Ап Ворк повеќе им веруваат на клиентите него на фриленсерите.
    Порано имав една случка, си ја завршив работата како што сакаше клиентот, му текна го прекина договорот и требаше да наравам рефунд на парите што беа во ескроу, се работеше за 20 долари, но ме фати инат пошто бев 100% у право и отворив диспјут.
    Се убив од докажување и на крај Апворк се одлучија јас да направам рефунд, а парите што требаше да ми ги плати клиентот ми ги плати Апворк.
    Јас бев платен од Апворк, а фактички копилете си доби бесплатно завршена работа.
    Секогаш клените се во право и кога не се.
     
    На FreakyDroid и NecrotoX им се допаѓа ова.
  2. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    544
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ми се чини дека со последното мислење сам си одговори на прашањето за како да постапиш :)
     
    На The-spiki и artweb им се допаѓа ова.
  3. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Да, но не вреди за мала сум да се објаснувам со Апворк.
     
  4. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    143
    264
    6 Мај 2019
    Женско
    Здраво и од мене, да се придружам во темава :)

    Скоро отворив профил на Upwork, ми го одобрија, на мое лично изненадување, за неполни 2 часа. Насока - Data Analyst. Чисто поради тоа што и на работа секојдневно ми е обврска обработка и визуелизација на поголеми количини на податоци, исто што беше наведено како критериум за насоката. И плус, си велам да се пробам, не губам ништо, бидејќи сум на породилно отсуство со мало дете и доста слободно време за личен skills upgrade.

    Е сега, let the fun begin...

    Како што ги листам постираните работи, забележувам дека има доста комбинирани, во смисла да мораш да имаш познавања од извесни програмски јазици, плус и дизајнерски алатки, за да би се склопил тој продукт кој го замислил клиентот. Не сите, но има доста такви. Јас лично имам некакви познавања, знам за што служи HTML, за што CSS, да искористам Bootstrap да кренам некој едноставен сајт (онака за пример наведувам), знам да користам Photoshop, и такви некакви ситници, ама ни оддалеку не можам да се наречам професионалец во тие полиња. Да се снајдам да (long live Google Search), ама професионалец не сум. Ваму бараат да си професионалец ама баш на секое поле за еден проект.

    За 2 проекти имам досега аплицирано, од кои за еден ме контактираа, но сеуште е отворен, веќе недела дена, а другата апликација стои само submitted веќе неколку дена. Гледам Jobs кои се листани од поодамна, и сеуште активни. Нема ли некаков deadline за овие работи? Или, буквално како му одговара на клиентот?

    За non-US citizen, во W-8BEN формата ми бара да пополнам поле за Legal name of Business, as shown on tax return. (?!?) Немам фирма, и си го оставив полето празно, не знам дали би имала во иднина проблем?

    Би сакала доколку има некој од поле ко моето да сподели некое искуство, некаков совет, бидејќи во целиов thread не најдов, можеби сум промашила некоја страна, се извинувам доколку е таков случај.:carefree:
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,931
    2,781
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Јас можам да ти одговорам само за ова, да, може така да си стои огласот отворен долго време. Јас така имам аплицирано на многу работи и не ми стигнало известување ни дека клиентот одбрал некој а ни дека е затворен огласот па по некое време јас сам си ја повлекувам апликацијата. Значи отвараат оглас, гледаат, не одбираат никого и го оставаат така огласот да си седи.
     
    На artweb и Futurelakimens им се допаѓа ова.
  6. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Тоа е нормално на апворк, аплицираш работата стои отворена долго време (и со месеци), а клиентот никого нема интервјуирано.
    Тоа могу ме нервира на апворк.

    Јас би те советувал, како за почетник да аплицираш за работи кои сметаш дека можеш да ги завршиш. Како што кажа дека немаш напредни познавања од наведнеите работи, ќе аплицираш за помали и поевтини работи, но со тек на време ќе се усовришуваш и ќе можеш да аплицираш на поголеми проекти кои, нормално, носат поголеми пари.
    Јас на почетокот така правев, ако видам некоја работа што ми изгледа комплицирана не аплицирав, тоагш за работа која не сум смеел да аплицирам сега без проблем го правам тоа.

    Најважно е да бидеш искрена со клиентите, ако сметаш дека некоја задача не можеш да ја завршиш кажи му го тоа на клиентот, а не да го маткаш.

    Со тек на време се ќе си дојде на свое место.
     
  7. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    143
    264
    6 Мај 2019
    Женско
    Се тоа во ред, но да разграничиме: за Data Analyst потребно е напредно познавање на Excel, кое не ми е проблем. Но имам забележано работи кои бараат да си и програмер, и дизајнер и аналитичар сето заедно. За еден човек сметам дека да биде експерт на сите тие три полиња одеднаш не е невозможно, но е премногу. Секако дека не би се нафатила да сработам нешто за што не сум стручна и да се "удавам" самата, едноставно барав мислење дали истите овие работи е во ред да се класифицираат под една категорија, и дали некој оттука се има соочени со такви.
     
  8. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    143
    264
    6 Мај 2019
    Женско
    Е да, и дали постои опција, на пример, за ваков тип на задачи да се изработат од повеќемина, да речеме како групен проект? Немам видено таква опција на сајтот.
     
  9. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    544
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Дали знаеш зошто бараат да ги имаш сите тие познавања? Ако познавање во сите тие сфери што ги спомна се клучни за изработка на проектот, тогаш една опција ти е да исконтактираш луѓе што имаат познавање од тие работи и групно да си одредите цена. Не мораш преку апворк да бараш луѓе, можеш и тука на форумот ако се договорите, освен нели ако немаш веќе лични контакти од луѓе што ги знаат тие работи.

    Ти го поставив прашањето зошто го бараат тоа знаење од причини што и ја кога добивам понуди од апворк и бараат да знам еден куп работи кои не ги знам, а самиот проект не зависи од познавањето на тие работи, едноставно ги игнорирам нивните барања, зошто 95% од клиентите поима немаат што бараат и што совтвер/знаење треба да се заврши успешно проектот. Дали се работи за истиот случај кај тебе не знам да ти кажам, затоа што не знам ништо околу Data Analysys, затоа мислам дека треба да знаеш зошто бараат познавање од толку многу работи. А ако стварно ми треба пример архитект, ентериор дизајнер или било што, си имам луѓе на кои ќе им свртам телефон и ќе ги прашам дали се расположени за соработка, колку ќе ги чини нивниот дел од работата и ставам соодветна цена.
     
    На Melisandre и NecrotoX им се допаѓа ова.
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,397
    2,252
    13 Јануари 2014
    Машко
    Освен ако не ти потенцирал работодавецот, обично не бараат да си професионалец на секое поле. Пример, како content writer, во неколку наврати се барало HTML/CSS или WordPress. Иако имам вистина скромни познавања, испадна дека и во едниот и во другиот случај работодавецот само барал да знаеш да си ја објавиш содржината на сајтот, што не е воопшто тешко ни со WordPress ни со статичка страна.

    Ако за основата на проектот имаш солидно познавање, не е лошо да го исконтактираш работодавецот и да прашаш за што поточно би ти биле корисни останатите познавања.
     
    На artweb и Melisandre им се допаѓа ова.
  11. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,424
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Јас работам content-writing моментално и ми бараат познавање од Web Devlopment/ WordPress и hosting, затоа што за тие работи пишувам.

    Најчесто кога ти бараат повеќе сфери, не бараат да си експерт во сите. Во ваков случај Google е доволно за да те спаси, али ако ти бараат да си експерт тоа е најчесто знак за лош клиент.
     
    Последна промена: 16 Јуни 2019
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    817
    2,808
    27 Јануари 2014
    Машко
    Па добро, ако се планира да работи долгорочно на апворк ќе и биде потребно да се надградува во полиња што често и се бараат. И јас почнав со фотографија, па фото едитирање, па видео едитинг, па анимација.
    У принцип точно е дека клиентите бараат да си експерт во се, ама тоа е само затоа што не знаат што точно им треба. А, има и такви што знаат па затоа си оформуваш тим и ќе работите групно.
    Јас имам и илустратор ставено, а имам само основни познавања да не речам 2-3 саати туторијали изгледани. Ама за анимација ако ми бараат нешто илустратор имам другар кој работи дизајн, се јавувам договараме цена и си работам јас, па на крај го исплаќам во кеш најчесто.
    Поентата е што на платформа како апворк не смееш да стагнираш као јас ова знам и толку, секогаш треба да се трудиш да се издвоиш од останатите, а воедно да не се трудиш да станеш експерт за се.
     
    BEST, artweb и на Arabian им се допаѓа ова.
  13. Makedonec^

    Makedonec^
    Gaining Experience

    167
    124
    21 ноември 2012
    Машко
    Ве читам и на човек да му е мака како мене после 200 аплицирања не ми е одобрен профилот и неможам да влезам на UpWork. Познавања ми се wordpress,html, css, bootstrap, hosting, angular, javascript, typescript, webdesign, photoshop,corel ... ама џабе ...
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xristijanGTI

    xristijanGTI
    Gaining Experience

    290
    303
    7 Март 2011
    Машко
    Студенат
    И да ти го одобрат профилот без добар рејтинг ништо од апворк, со среќа во одобрувањето и во фаќањето на проект. Го имам креирано профилот пред 4 месеци, аплицирам на џоб офери ама џабе никој не сака некој што е со 0 рејтинг на проект....мн тешко ќе биде качувањето, иначе работам asp.net mvc, web forms, databases, html, css, bootstrap, scss.
     
    На Makedonec^ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    1,003
    1,084
    9 Декември 2015
    Машко
    Па спреми убава порака кога аплицираш.
     
  16. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    277
    10 Јуни 2011
    Машко
    со апворк до пред овие 0.15 долара што треба да ги плаќаме ние како фриленсери, беше исклучиво тешко да се дојде до асален проект воопшто (бар така кажува статистиката, јас не сум многу активен таму така што неморате да го сваќате ова мое МИСЛЕЊЕ многу здраво за готово).
    Вкупно еден проект имам извршено преку тој сервис, од аплицирања преку 60 (генерално на мали проектчиња) е сеа тој еден фактички се решив да пристапам поинаку, јас буквално „му го решив проблемот на човекот“ во мојот „proposal“ :)
    после тоа се што требаше беше да се уклучам преку teamviewer и да го направам потполно истото што го напишав во пораката :)

    Во тие 60+ аплицирања имам пробано многу варијанти како да се дојде до проект, и со лажењем и со увеличување работи, и со искреност и краток опис, и со помош на гугл...
    факт е дека повеќето нема ни да ве погледнат кога ке видат 0 проекти од минатото! сега се надеваме дека работите ке се сменат одкако го воведоа тоа 0.15$ да плакаме за апликација, ке се намалат оние од најевтината работна сила (кинези/индијци воглавно) и така ке дојде ред и на нас „средната класа“ веројатно :) во секој случај, ако сте нови на апворк, мора да сте многу упорни за да успеете... тоа е све што би рекол јас
     
    На xristijanGTI и artweb им се допаѓа ова.
  17. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Ќе видиме, јас мислам нема да има разлика.
     
  18. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    44
    16
    4 Август 2017
    Јас не видов разлика 30+ аплицирања. Обично таргетирам работи кои се 30+ раб.часови неделно и 6+ месеци (долгорочни). Можеби потешко се добиваат. Инаку профилот ми е со одлична историја и 100% Top Rated.
     
    На BEST и artweb им се допаѓа ова.
  19. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Само екстра профит за апворк, се друго е тресење празна слама.
     
  20. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    44
    16
    4 Август 2017
    20% провизија, 5% провизија за долар/денар и др трошоци е мн 1/4 од заработката. Само со висока сатница, долгорочен клиент за брзо дс направиш заработка и да падне до 5%.... Инаку е ШИТ
     
  21. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,424
    872
    12 Април 2017
    Машко
    + 12% персонален + 18% ДДВ ако правиш на 1 милион :D

    Цитирано од Reddit:
     
    Последна промена: 21 Јуни 2019
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  22. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Прашањево не е поврзано со Апворк, но ке пишам тука.

    Треба да примам пари преку Wire Transfer (на трансакциска). Дали би ми имала некаков проблем пошто парите се во USD?
     
  23. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,116
    989
    4 Февруари 2014
    Машко
    Ќе си отвориш во банка на твоја сметка USD девизна, и ќе ти стигнат во USD директно на сметка
     
  24. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Морам? Или може автоматски да се конвертираат во МКД?
     
  25. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,931
    2,781
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Од Пејпал имам праќано и евра и долари на обична трансакциска во НЛБ, стигале во денари.. Е сега за Wire Transfer не знам дали е исто. Сврти бројче, прашај си, за најсигурно.
     
    На DonFrozex и BadGirl007 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...