1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. ayahuasca

    ayahuasca
    Gaining Experience

    62
    62
    14 Април 2013
    Машко
    Мислам околу 48 часа треба, а имаш опција за инстант со додатен трошок од $2.50
     
    На 223-305 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 223-305

    223-305
    Intern

    24
    8
    2 Август 2017
    Машко
  3. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    981
    1,190
    9 Јуни 2011
    Машко
    Со мало задоцнување (ахем, 3 месеци) одговарам на темава, но боље икад него никад. Верувам ќе му се најде на некој информацијата.

    Пред некој ден бев во горе-наведената банка, на локација позади Сити Мол.
    Станува збор за седиште на Про-Кредит банка, и имаш 24ч. отворен дел за подигање пари (се влага внатре во самата зграда, осветлено со автоматски светла).

    Имаше 6 или 8 банкомати, од кои на 2 имаше назнака дека "пљукаат" и Евро банкноти.
    (Тоа се двата најдесно до влезната врата).

    Пробав со 3 картички, сите Европски и со различни валути ( УСД и ЕУР).
    Банкоматот во никој случај ни ми даде опција да ги повлечам парите во Евра, иако картичката ми беше ЕУР и ми е врзана со таков акаунт (имам вадено од други странски банкомати евра без проблем).
    Пробав и со други две картички, ни со една не ми даде опција за евра, туку даваше опција за исплата строго во МКД.
    И тоа со провизија фиксна од 300МКД (ова провизијава од банкоматот).

    На крај, изреволтиран, се јавив во call-центарот и разговаравме 10-на минути, каде што во кратки црти сфатив дека банкоматот веројатно дава евра само за нивни корисници, односно за картички издадени од ПроКредит банка.
    И тоа ти функцонира по принцип на обична менувачница. Доколку имаш денари а сакаш да извадеш евра - ќе ти ги конвертира по курсот на банката и ќе ти ги даде во евра.

    Другиот начин за нас со странски картички и вадење директно од иста валута пари - не може сеуште. Додуша и дечкото од кол-центарот звучеше малце збунет, но дојдовме до тој заклучок дека нема опција за вадење евра од тие банкомати иако пишува дека исплаќа во Евра, ако не си нивни корисник.
     
    На bxxxn, tupacan, draganamon и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Uber-

    Uber-
    Gaining Experience

    158
    150
    23 Август 2017
    Машко
    Занаетчија
    Фала ти за информацијата
     
  5. 223-305

    223-305
    Intern

    24
    8
    2 Август 2017
    Машко
    Yup, корисник сум на Прокредит, за да повлекуваш евра треба да имаш девизна сметка која е поврзана со денарската, односно само за клиенти.
     
  6. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Вчера добив нов проект, денес уште не почната со работа ми стига известување дека го завршил контрактот, да оставам фидбек.

    Ќе има ова некое лошо влијание? И дали ќе ми стои на профилот?

    Заработка имав 0, не бев ни почната да работам...
    Од клиентов не добив никакво образлошување.

    upload_2019-4-23_16-33-53.png
    Вака пишува, а на други ова
    upload_2019-4-23_16-34-3.png
     
  7. Professor

    Professor
    Intern

    52
    31
    2 Јануари 2013
    Машко
    Контактирај го клиентот, види што е работата. Можеш да пишеш и на сапорт за да те поучат како да постапиш.
     
  8. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Сум налетала на лош клиент. Причината најверојатно е што се уште не бев почната со работа.
    Најважно ми е да нема лош исход на Job Score.

    А редовно го читам фидбекот од клиентот пред да аплицирам. :cry:
    upload_2019-4-23_20-35-35.png

     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,910
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    АКо немаш земено пари нема да ти се појави фидбек у никој сллучај.


    Не се замарај сум работел за еден со 2.0 фидбек, на сите ставал 2-3 ѕвезди мене 5... лабаво само...
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miki stojanov

    Miki stojanov
    Intern

    2
    1
    26 Јануари 2018
    Машко
    Здраво!
    Сакам да прашам, планирам да започнам со freelancer на Upwork, некои искуства парите за колку време стигнуваат??
    За картичката ми е јасно како се порачува и за данокот што одбиваат знам околу 27 долари годишно, а дали провизијата при повлекување е повеќе од 3 долари?
    Дали ако не завршам некоја работа нешто ќе се случи, ако не продолжам со работа што ќе се случи???
    Ви благодарам однапред!
     
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    817
    2,808
    27 Јануари 2014
    Машко
    Парите ако работиш на саатница ти стигнуваат на секои 7 дена мислам. Работиш од понеделник до недела, веќе во четврток ти се легнати. Ако работиш фиксно зависи како ти е договорот, дали на крај или според milestone. Имаш од upwork према payoneer 1 долар кога ги повлекуваш + 2 долари ако сакаш инстантно да ти легнат. При вадење од банкомат мислам дека е 3.5 долари + конверзијата од долар/евро во денар.
    Ако не завршиш работа, голема е веројатноста да добиеш негативен рејтинг од клиентот па за следно вработување ќе биде проблем. Затоа аплицирај на она што си сигурен дека го знаеш и можеш да го завршиш.
     
    На Miki stojanov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Не е точно. Работиш од пон-пет, а парите може да ги повлечеш наредната среда, т.е. после 15-тина дена. А фиксен проект после 5 дена од одобрувањето.
     
  13. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    802
    699
    27 Јуни 2012
    Нема дефинирано работно време кај фриленс. Кога сакаш и од кај сакаш работиш, целта е да е завршиш работата.
     
    На Miki stojanov му/ѝ се допаѓа ова.
  14. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    817
    2,808
    27 Јануари 2014
    Машко
    Мене тајмерот ми се ресетира во недела, не во петок. А, за парите можно е да си во право скроз изгубив осет од недела за недела.
     
  15. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,424
    872
    12 Април 2017
    Машко
    #1: Најарно ти е да си отвориш тука, се ти пишува. $1 земаат за повлекување на Пејонир
    #2: Ако не завршиш работа може да си поминеш лесно, или може да добиеш лош рејтинг, се зависи до клиентот. Имаш опција да не му наплатиш или да направиш рефунд.

    Пример јас закаснав неколку дена и на клиентот му наплатив на половина од првичната цена. Сеуште ми е клиент.
     
  16. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    И мене. Па 10 дена чекаш парите да ти се достапни - среда.
     
  17. Miki stojanov

    Miki stojanov
    Intern

    2
    1
    26 Јануари 2018
    Машко
    Здраво!
    Сакам да прашам дали да чекам да ми понуди некој работа, или може и јас да пишувам на работодавач?
     
  18. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,397
    2,252
    13 Јануари 2014
    Машко
    Дури ти е тазе профилот, никој нема да ти понуди работа. Ти аплицираш на огласи, така функционира. Ако работиш добро, после некое време ќе почнат talent specialists да ти праќаат предлози за работа кои се соодветни со твоето знаење, ама на почеток аплицираш ти на проекти.
     
    На artweb и Miki stojanov им се допаѓа ова.
  19. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,424
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Не ми е јасно, оти вакво прашање поставуваш тука? Сигурен сум дека ако побараш на Гугл, ќе најдеш дека ова прашање е одговорено 1000 пати.

    Прочитај си "how to guide" за Upwork..

    Не ме сваќај погрешно, среќен сум да ти помогнам, али мора да се снаогаш сам, иначе ќе си имаш проблеми со некои работи/клиенти. Прашањево ти е за ептен основно знаење.
     
    На The-spiki и artweb им се допаѓа ова.
  20. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Здраво,

    Имам ново непријатно искуство со клиент од UpWork.

    Ми праќа линк од github од opensource кодо скриптаи бараше да ја претворам во плагин, го направив плагинот му го праќам се ОК, задоволен.
    Го затвара договорот, парите во пендинг, после 2 дена ми пишува сум го излажал сум ми продал готов плагин, проверив и навистина веќе имало таков готов плагин од истиот девелопер што ја ставил скриптата на github, јас поима немав дека имало таков готов плагин.
    Сега ме обвинува за фрауд и бара рефунд.

    Не знам што да правам, дали да го рефундирам.
    Криво за времето што го изгубив, испаѓа рмбање за ништо.

    Во недоумица сум што да правам.

    Порано ретко имаше вакви клиенти, задниве години како да се накотија неквалитетните клиенти.

    Мислење некое?
     
    Последна промена: 15 Јуни 2019
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,910
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ако не се големи пари врати му ги. Ќе го наплатиш изгубеното време на следниот клиент и готово
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    1,003
    1,084
    9 Декември 2015
    Машко
    И гледајте со кого си фаќате работа - верификуван клиент, со 1000+ потрошени долари, неколку позитивни reviews...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  23. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    100% си у право.
    Ретко се случило да прифатам работа од нов клиент, а да немам проблеми покасно со истиот.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,358
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Му ги вратив, нека се носи.
    Не вреди нервирањето.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  25. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    544
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ако постои начин да се докаже дека не си му продал готов плагин, дали по кодот или по што ти ја знам што, ја да бев на твое место немаше да му ги вратам парите. Многу ми е гајле дали постоело друг таков плагин, ти си ги сработил своето и за тоа треба да си платен точка. Ова не значи дека си идиот или нефлексибилен, туку се работи за став и принципиелност. Но како што реков, се зависи од тоа колку си ти искрен во ова што го кажуваш и дали постои начин да се докаже дека си во право.
     
    На BEST и NecrotoX им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...