1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Upgrade од Haswell на Coffee Lake?

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од G4M3R, 27 Февруари 2019.

  1. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    437
    330
    26 Јуни 2012
    Машко
    Одамна се спремам и рачунам буџет за да ја сменам платформата од haswell/devil's canyon на coffee lake.

    Моментално сум на:
    -i5 4690k
    -Gigabyte Z97 Gaming 3
    -2x 8GB RAM Kingston 1600MHz(low profile)

    Во план ми е да се пребацам на:
    -i5 9600k
    -Gigabyte Z390 Gaming X/Asus Prime Z390-P
    -2x 8GB 3200MHz Kingston HyperX Predator

    Сумата за наведените компоненти е ~36k регулар без дилерски цени. Незнам колку би им извадил на сегашниве мои делови за да ја израчунам разликата што ќе треба да доплатам.
    Дали е добра замена со price/performance, или да чекам нешто поново да излезе?
    Добивам/губам нешто со Z370? Гледам поновава i5-ка е поефтина од „старата“ 8600k во анхоч... go figure...
    Вреди ли да доплатам за i7 9700k? Разликата ми е нереална, енормна, и не е воопшто занемарлива 16.860 vs 27.830 = скоро 11к
    Да одам по NVMe дискови?Is it worth it?

    Рестото компоненти не ги излистав, ако нешто треба додатно пишете.
    Компјутерот грото се користи за гејминг и работа со виртуелки.

    Доколку се одлучам ќе пуштам оглас. Не ми е проблем и користени делови/делови на старо, во спротивно доколку не најдам би ги земал директно од анхоч. Еднаш пуштив оглас ама слабо имаше фидбек и понуди.

    Thanks
     
    На JensenInterceptor и architect им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,474
    2 Август 2012
    Машко
    Ова треба да ти биде главната причина за преоѓање на Coffee Lake
    9600К е побрз во програми кои користат повеќе јадра а single core мислам дека не би бил побрз од 30%
     
    omegaRED, G4M3R, JensenInterceptor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    437
    330
    26 Јуни 2012
    Машко
    Плочите кои ги гледав, имаат m2 слот ама не гледам ништо дека поддржуваат NVME дискови. Предлог за плоча плус што ќе поддржува такви дискови?
     
  4. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    542
    521
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    што плочи гледаш што немаат подршка, поготово Z390 чипсет? мојава у потпис ко што можеш да видиш е ништо посебно, и си подржува nvme уше 7ма генерација.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  5. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    437
    330
    26 Јуни 2012
    Машко
    Тие во првиот пост, вака не видов во specs дека е пишано за NVMe. Или оди по чипсетот па native си поддржуваат?
     
  6. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    542
    521
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Двете имаш по два слота, само пак ѕирни си упатство дали има некој блокови кога се користат, У стил ако ги користиш двата дека еден PCI слот ќе е блокиран и сл. (јес да не би требао на овие плочи)

    GIGABYTE Motherboards are built with dual M.2 slots. With a PCIe NVMe + SATA dual-mode design on both M.2 slots
    ASUS Ultrafast connectivity: Dual native M.2 and NVMe PCIe RAID support for lightning-fast storage speeds
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,416
    10,978
    23 Јануари 2008
    Манга
    Сите 3xx серија на матични плочи работат со NVME SSD-а. Z390 матичните плочи се во принцип Z370 матични со многу подобра VRM секција и направени да се поиздржливи на позахтевни процесори, така да препорачувам Z390 наспроти Z370.

    Што се однесува до 9700K во однос на 9600K, зависи за што ќе се користи процесорот. Ако е за гејминг и нема некоја голема разлика, но за работа со апликации има. Покрај тоа 9700K е изработен на поусовршен процес и е по-оптимизирана ревизија така што се оверклокува(со соодветно ладење се разбира) во просек повеќе од 9600K кој е практично ребрендиран подобар бин на 8600K.

    EDIT: Во однос на надградбата на перформансите:
    4690K @4.5GHz vs 9700K @5GHz од прилика: singlethread = x1.2, multithread = x2.4 peak
     
    Последна промена: 28 Февруари 2019
    G4M3R, gremlin и на GGTT1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...