Упатства за квалитетно дискутирање на форум

Дискусија во форумот 'Правила и услови за користење' започната од FLEGMA, 16 Септември 2014.

  1. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,756
    9,633
    2 Август 2012
    Машко
    УПАТСВА ЗА КВАЛИТЕТНО ДИСКУТИРАЊЕ НА ФОРУМ​


    ОСНОВНИ НАЧЕЛА ЗА ДИСКУСИЈА

    1. Толеранција и уважување
    При читање и одговарање на постови најбитно од се е да се има на ум дека личноста на која и реплицирате не е никаков фиктивен лик со кој можете да се однесувате како што сакате туку дека е поединец со сопствени ставови и размислувања.
    Ако ви појде од рака ова да го разберете ќе ви стане јасно дека морате да ги толерирате евентуалните различности без разлика колку тој спрема вас изгледа инфериорно и „глупо“

    2. Пристојност и култура
    Многу е важно да бидете одмерен во своите постови при што ќе оставите простор за дискусија и ќе им овозможите на другите несметана комуникација со вас. Баш заради тоа не се препорачува да се напаѓа соговорникот па дури и да не се одговара на нападите упатени на ваша сметка.
    Искључиво од вас зависи како ќе реагирате. Тука нема олеснителни околности!
    Затоа, пробајте да бидете одмерени и кога некој лошо ве третира и со одржување на поголеми нивоа на култура во комуникацијата ќе му дадете до знаење дека немате намера да се спуштате на негово ниво.

    3. Услужливост
    Многу е важно да дадете се од себе и да го олесните учеството на овој форум колку што е можно повеќе. Нека не ве мрзи да им помагате на другите без разлика колку прашањето е општо или n00b. Објаснувјте им ги работите кои не им се јасни и имајте трпение спрема помалку упатените кои сакаат нешто да научат. Не бидете цинични, саркастични и егоистични. Одговорот „барај на Google, нека не те мрзи“ не води никаде. Секој може да бара на Google .....ако знае како.
    Затоа >>услужливост<< е клучниот збор овдека


    *********************************​


    ОСНОВИ ЗА ИСПРАВНА И ДОБРА АРГУМЕНТАЦИЈА​

    1. Конзистентност
    За време на вашата аргументација во некоја дискусија многу е важно да останете конзистентен во своите ставови. Тоа значи дека треба да останете со ладна глава и да се трудите да ја аргументирате својата позиција при што она што сте го тврделе претходно е во склад на она што сега го тврдите.


    2. Јаснотија и артикулираност на аргументите.
    Препорачливо е да се вложи малку поголем труд во составување на чист и прегледен аргумент во својот пост. На некој тоа му поаѓа од рака а на некој не. Поентата е да го дадете својот максимум.
    Во идеален случај вашот почетен пост би требало да има почетна теза и закључок кој произлегува од тезата.
    Понекогаш е нејасно како се дошло до закључокот и затоа е препорачливо јасно да наведете каква метода сте користеле при составувањето на вашите аргументи (линк, цитат..). Некои тоа го прават по достапни податоци, некои по свое мислење, некој строго се држи до логиката а некој по интуиција. Од сето ова зависи квалитетот на вашите аргументи.


    3. Интелектуална поштеност
    Често се случува отпосле да дознаете повеќе отколку иницијално што сте знаеле кога сте влегле во некоја расправа. Во случај некој податок да фрла лошо светло на вашите аргументи а вие тоа го скриете се однесувате непоштено во интелектуална смисла.
    Форумот (форумите) не се за натпревар и не служат за его трип (иако, за жал, во пракса не е така) и затоа темелниот порив на секој форумџија треба да биде насочен кон собирање на што е можно повеќе знаење (со разбирање кон туѓото незнаење!) а не кон „победа“ во дискусијата.
    Исто така интелектуалната непоштеност се манифестира и со намерно провоцирање односно застапување на теза само некој да биде исфрлен од такт и навлечен на кавга. Исто како и кога ќе сфатите дека во одреден дел од вашиот аргумент сте побиени но сеедно.. останувате на него или го занемарувате како да не постоел (одбегнување на одговор, менување на исказот, инсистирање дека „погрешно ве сфатиле“ па и потполно различна интерпретација на своите претходни ставови само за да не испаднете во криво)

    *********************************​

    - ОСНОВНИ ГРЕШКИ ВО АРГУМЕНТАЦИЈАТА - ​

    1. Ad Hominem аргументација („напад“)
    Оваа грешка во аргументацијата ја правите секогаш кога на основ на вашето лошо мислење за некој член вадите закључок дека неговите аргументи се лоши. Класичен пример за Ad Hominem е „ти си глуп/неморален/антипатичен и према тоа не си во право“. Ваквио став не допринесува кон ништо и треба да се одбегнува. Приметете дека во следниот случај (иако не е коректен!!) не се работи за Ad Hominem - „Ти не си во право и према тоа ти си глуп“. Во овој случај сте ја избегнале грешката во аргументацијата, и можеби закључокот ви е исправен, но не е толерантен, културен и срдечен па би требало да се воздржите од негово изнсување.

    2. Лажна Дилема
    Грешка која е продукт на интелектуална непоштеност и кога некој ги намести работите да изгледа дека има само две алтернативи а всушност постојат повеќе. На пример „Или донираш за спас на децата во Африка или сакаш сите деца во Африка да умрат“
    Ова е лажна дилема затоа што едното не имплицира на другото („Или имаш посебна графичка или не си гик“ при што намерно се исклучува можноста за интегрирана графика и сл.)

    3. Аргумент воден од емоции
    Се случува кога некој нешто тврди повикувајќи се на емотивниот ангажман на соговорникот. На пример некој тврди дека нуклеарната енергија е нездрава при што става слики на деформирани деца кои се осакатени од некоја нуклеарна катастрофа. Или пак тврди дека одреден бренд на матични не е добар при што става слики од изгорени и пробиени VRM секции.
    Ова дава само shock value и не допринесува кон здрава расправа.







    Пред да се случи хаварија со базата (на форумов) го имав напишано истото упатство кое сега, се надевам, ќе остане онаму каде што припаѓа и ќе допринесе кон квалитетна дискусија.

    Flegma
    Септември 2014​
     
    На Јас сум желка, DennyMK, LadiC и уште 25 други им се допаѓа ова.
  2. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,567
    4,852
    20 Април 2007
    Машко
    Браво, секоја чест за трудот. Јас само ке додадам неколку работи за развивање на квалитетна дискусија:

    1. Внимавајте на основата на темата. Потрудете се дискусијата да ја водите во рамките на темата.

    2. Доколку поставувате наслов на постот, потрудете се тој да одговара на содржината на истиот. Насловот треба да ја отсликува содржината на постот.

    3. Гуглајте пред да прашате било што. Почесто наоѓање на решението е полесно од што очекувате.

    4. Цитирај го само најпотребното од постот. Цитирањето на долги постови кои содржат и слики, видеа само непотребно ја обременуваат темата и ја отежнуваат навигацијата низ истата. Цитирај ја само суштината, она на кое навистина одговараш, она што сакаш да го коментираш. Потруди се цитатите од пораката на која одговараш да се најдат на логични места во твојата порака. Пример:

    [Цитат на кој одговараш]

    Твојот одговор

    [Друг цитат на кој одговараш]

    Твојот одговор

    Немојте да практикувате цитирање на долги постови само за да одговорите со едно кратко: "Се согласувам", "Така е", "Да", "Не е така", "Супер", и слично. Доколку во постот што го цитирате има слики, видеа и слично, потрудете се да ги одстарните од цитатот за да не се оптеретува непотребано темата со истите слики и видеа. Тоа дополнително го отежнува вчитувањето на страницата.

    5. Форматирај ги пораките така да бидат лесно читливи. Користете интерпункциски знаци (точка, запирка, прашалник и сл.). Не практикувајте претерано и непотребно форматирање на постовите. Текстот кој го постирате потрудете се да биде добро формулиран и да не биде претерано долг. Текст кој ја зафаќа целата ширина на екранот е напорен за читање.

    6. При постирањето, потрудете се копчето Caps Lock на вашата тастатура да биде исклучено. Значи, пишувајте со мали букви, освен кога сакате некој збор или реченица да ја истакнете или нагласите. Постирањето на целосни мислења со големи букви се смета за дерење кон некого и не е културно.

    7. Пожелно е при постирањето да користите кирилица. Доколку не сте во можност, постирајте на латиница.

    8. Доколку постирате содржина која е надвор од темата, тогаш препорачливо е тоа да го нагласите со едно (off topic), кое би го додале на почетокот на постот. Доколку сакате да додадете некоја забелешка која е надвор од темата на разговор, на почетокот на постот ставете Off topic или само ОТ.

    9. При отворање на нова тема, потрудете се што подобро да го конципирате насловот на темата.
    Одберете наслов што најдобро ќе ја одсликува содржината на темата. На пример; доколку имате некој хардверски проблем, немојте насловот да биде само "Проблем", туку нека биде поконкретно: Проблем со графичка картица. Исто така препорачливо е, и практикувајте да ја користите опцијата за "Клучни зборови". Внесете неколку клучни зборови за темата користејќи запирка. На пример: (проблем, nVidia, GeForce, 8800GT). На овој начин ќе биде полесно да се пребаруваат темите низ форумот.

    10. Браво/Фала/Се согласувам... постови се непотребни. Бидете поопширни дури и кога се заблагодарувате. Дајте повеќе детали зашто се согласувате или викате "браво". Исто така доволен начин да се заблагодарите некому е да му доделите репутациски поени.

    11. Форумот постои за споделување на различни идеи и мислења. Одговарајте културно и почитувајте ги другите членови. Избегнувајте кавги. Тука сме да се дружиме и да споделуваме знаења. На форумот има голем број на членови кои не секогаш се согласуваат со вашето мислење. Тоа не е личен напад против вас, туку едноставно истакнување на лично мислење кое треба да го почитувате. Тоа во никој случај не значи дека вашето мислење не е точно и сл., се разбира доколку не е докажано со факти дека сте грешка.

    12. Отварајте теми за вашите проблеми. Доколку имате сличен проблем со друг член кој побарал помош, но неможете да го решите и вашиот, немојте да ја расипувате дискусијата. Отворете си тема во која ќе прашате конкретно она што ви треба.
     
    На Јас сум желка, DennyMK, omegaRED и уште 14 други им се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside Модератор

    21,704
    20,193
    4 Септември 2008
    Важна, браво момци.
     
  4. Gajche-X

    Gajche-X Sensei

    2,854
    4,759
    22 Август 2014
  5. goran_oh

    goran_oh Гик

    907
    715
    26 Април 2013
    Машко
  6. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,756
    9,633
    2 Август 2012
    Машко
    Ова го опишав под точка 3. Услужливост но морам да признам дека Гуглањето е феномен сам по себе. Од една страна имаме навистина мрзливи корисници („Како да инсталирам Windows“ , „Како да флешувам BIOS“, „Како да деинсталирам драјвер“....) а од друга страна имаме корисници кои едноставно не знаат да пребаруваат.
    За нив (ако имаат воља) упатсво за пребарување со BOОLEAN изрази (оператори)
    https://support.google.com/websearch/answer/136861?hl=en

    Еве поттик за такво пребарување нека биде овој пример за пребарување на, погаѓате, порњава:
    insite:"index.of" (jpg|jpeg|tif|tiff|bmp|) име.на.голата.тетка



    Исправното цитирање е првото нешто што секој мора да го научи при конверзација на форум.
    Цитирањето мора да биде направено по „интернет етика“ односно по netiquette. Ние ветераните на News групите, луѓето кои користеле 40Tude Dialog и луѓето што користат POP3 клиенти сме се научиле да го правиме тоа на исправен начин. И вие треба да го следите тој пример.

    Нема ништо понапорно од читање на долг и погрешно цитиран пост. И на долг текст кој не е визуелно „раскршен“ со празни редови.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tomi

    tomi Guru

    3,609
    3,353
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Браво, фала за темава, се согласувам потполно со се што кажавте :)
     
    На DennyMK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica Модератор

    7,013
    7,318
    13 Јуни 2009
    Јас би сакал да ја искористам оваа прилика и да потсетам на темава.

    Веќе извесен период забележуваме употреба на многу вулгарни изрази во постовите.

    Ја почитуваме слободата на изразување но сепак мислам дека на форум составен од авангардата во Македонија и со огромен број на членови интелектуалци не е соодветно да се употребуваат изрази кои не се вкусни за читање.

    Ова е јавен форум и мислам дека целата наша професионалност и достоинство како членови паѓаат во вода со такви изрази во постовите.

    Ретко некогаш како издувен вентил се практикуваше * или астериск како замена на некоја од буквите па ајде проаѓаше. Но веќе се претерува.

    Ве молам да се воздржуваме.
     
    На Јас сум желка, DennyMK, Lokvan и уште 16 други им се допаѓа ова.
  9. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,567
    4,852
    20 Април 2007
    Машко
    Секое непридржување на правилата ке биде соодветно санкционирано.
    Апсолутно го поддржувам @gokica во претходниот пост.
    Темата ке се актуелизира повремено за да може што повеќе членови да се подсетат на кодексот на однесување и постирање во темите.
     
    Јас сум желка, DennyMK, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели