1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Unreal Engine 4

Дискусија во форумот 'Дизајн и графика' започната од FreakyDroid, 21 oктомври 2018.

  1. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    394
    370
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ја отварам темава зошто гледам се повеќе и повеќе 3Д артисти го ставаат UE4 во нивниот toolset без разлика од која специфична гранка на дизајн/графика доаѓаат. Па еве викам ајде една тема каде што ќе може да продискутираме околу програмот, да споделиме искуства, да си помогнеме и да покажеме некои изработки.

    Почнав да го учам пред неколку месеци, кога имам слободно време експериментирам по 1-2 саати на ден. Има еден куп работи што треба да ги научам, посебно во делот на Sequencer, Blueprints, UI, оптимизација итн. Сега за сега фокус ми е на светла и материјали, и иако сум задоволен од прогресот, има уште многу детали да совладам за да ми изгледаат изработките на највисоко ниво.

    _______________________________________

    Подоле ставам линк до еден мал ентериер што го склопував во последните 3-4 дена. Нема колизии на многу објекти (што значи ке поминувате низ некои од објектите "noclip" стил), уште не знам да подесам асално скокање и клечење, ни пак знам како да се направи да смени movement mode од одење во летање на пример што ќе даде подобар начин на разгледување на просторот. Затоа камерата е прилично ниска (средина на соба) за да може да се разгледува сцената поубаво.

    Кога ќе го стартувате Interior03.exe фајлот може ќе ви се стартува еден мал инсталационен фајл UE4PrereqSetup_x86.exe, колку што разбирам има нешто врска со DirectX и C++ Redistributable што овозможува "играње" на фајлот. Може да добиете Security Alert, дајте allow на firewall, EpicGames тракува кој со каков хардвер ги гледа нивните фајлови. Aко ви се појави црн екран почекајте малце додека лоадира сцената. Aко излетате од собата стискајте Alt+F4 и стартувајте на ново. Ќе приметите движењето на камерата е малце чудно/флуидно/не респонзивно но тоа намерно го направив за да изгледа некако по филмски ... дали успеав во тоа не знам. Максимален FPS е ставен 125, ако имате некој програм што мери FPS баш ме интересира дали ќе имате FPS проблеми, ако имате кажете ми кој CPU/GPU па да знам како да оптимизирам за во иднина. Фајлот е 1.5 GB, распакуван околу 4.5GB.

    Interior03.rar

    upload_2018-10-21_2-12-51.png upload_2018-10-21_2-14-38.png
     
    На fuUuUzZzZy, Yoshimitsu, Costigan_Jr и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,825
    807
    14 Декември 2007
    Машко
    Топ е. Браво. На работа сум, неам можност да го спуштам фајлов. Соред сликиве, одлично изгледа. Ме интерасираат две работи:

    - Текстури: Дали се твој сликани? Дали се од substance/мари, спакувани со Roughness, Metallic, AO..? Или правиш кастом шејдери? Исто така, 4к/8к?
    - Осветлувањето претпоставувам е бејк? Поради недостаток на некој сенки, би рекол дека е индиректно осветлување? Или..?

    Инаку работам UE 2-3 години на своја игра ( покрај работа ко VFX артист ). Годинава би требало да излезе играта. Име - Alan Sharp, семи open world, хорор, веројатно ќе е 16+.
     
    Последна промена: 9 Јануари 2019
Слични теми
  1. bl0ck
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    918
  2. OldSchoolPvP
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,645
  3. xhktw
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,203
  4. Sta4z
    Одговори:
    37
    Прегледи:
    3,991
  5. NecrotoX
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    617
Вчитување...

Сподели

Вчитување...