1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Unifi AP AC LR - одличен WiFi

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од gokica, 16 Јуни 2019.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    Многу сакав да направам потемелна рецензија но со оглед на тоа што немам ронка време дури ни за викенд, си реков бар да почнам со нешто.

    По препораки на ентузијасти на форумов но и од четива на нет земав Unifi AP AC LR.

    Од можни три варијанти Lite, Long Range и Pro јас си земав златна средина т.е. тањирот со подолг опсег.

    Станува збор за вајфај Аксес поинт. Или на нашки кажано ова не е рутер. Туку само антена за вајфај.

    Немам време за автентични фотографии (освен една подоле) па затоа на кратко за пакувањето преку фотки од нет:

    Културно пакување со основните ознаки:

    pack.jpg

    При отворање на виделина се појавува уредот:

    open box.jpg

    Во пакувањето доаѓа уште адаптер, упатство и кит за монтирање на ѕид/таван.

    all items.jpg

    Лан/печ кабел не доаѓа во пакувањето.

    Има само еден приклучок на него и тоа е за ЛАН кабел (од долната страна). Се напојува со струја преку ЛАН кабелот. За да се поврзе потребни се два ЛАН кабли. Еден од рутерот / свичот до адаптерот со кој доаѓа уредот, а вториот кабел од адаптерот до унифи тањирот.

    Се што Ви треба е рутер со слободна порта, два ЛАН кабли и штекер во кој ќе го приклучите адаптерот. До сега не сум се бавел со поставување на таван како би било и најидеално поставен. Можам слободно да кажам дека за стан од 100 квадрати нема воопшто потреба да го обесувам никаде. Еве автентична фотографија како е кај мене. Фрлен е во еден ќош и сече.

    20190616_202329-01.jpeg

    Постојат два начини како да се сетира за прв пат. Со даунлоад на Андроид апликација или преку инсталирање на софтвер на било кој компјутер. Се разбира унифи треба да е поврзан со кабелот на домашната мрежа за да може да му пристапите. За да се користи андроид апликацијата преку телефон на мрежата веќе треба да имате рутер кој емитува вајфај. Само на почеток колку да му пристапи на тањирот.

    На почеток си играв со многу сетинзи, се обидував да пронајдам што е најдобро и како фунцкионира. После долго време сватив дека се на ауто, со избор на земја УСА, нема потреба од никакви дополнителни подесувања.

    Андроид контролерот дава можност за промена на канали, опсег, сетирање на име на мрежа, дали да емитува 2.4 и/или 5 гигахерци мрежата.

    А јава контролерот на ПЦ дава многу повеќе опции и податоци.



    Нема да се задржувам но навистина е опсежно.

    За крај: се додека не го имав не знаев што сум пропуштал. Мислев дека стариот TP Link е одличен и доволен за сите потреби.

    Играње на било кои игри на вифи во стан, каде се распеани и вајфај мрежите на комшиите знае да биде ужас. Мислев дека кога некои андроид игрици лагуваат и снемува нет, дека е тоа од кај нив проблем со нивните сервери. Колку нервози само сум кркал со Clash Royale :)

    Со овој уред сите тие проблеми ги нема. Интернетот буквално сече низ етерот. На било која локација од станот имам брз и непрекинат вајфај. Од оператор договорот ми е 60/60. Во просторијата каде е поставен тањирот е буквално исто како со жица. Не му пречи густина на сообраќај и колку други уреди се на ист канал во мојава зграда. Во најоддалечената просторија во станов (читај преку 3 ѕида) нетот е 30/30 во најлошо сценарио (попладне/навечер). Но повторно и таму да играм нема лег и губење на конекција во компетитивни андроид игрици. Вајфај е многу постабилен кај мене дома. Многу подобро од претходно во секој случај.

    Се заблагодарувам на сите кои помогнаа во изборот и во сетирањето на уредот.

    Ако има интерес и како има време ќе пишам и нешто повеќе се надевам.
     
    На shifty, RoninMK, Necromancer и уште 21 други им се допаѓа ова.
  2. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Intern

    309
    44
    10 ноември 2017
    Машко
    Друже која цена го купи и едно ли само зема?
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    Го купив од овернет:

    UAP AC LR – ALL4NET

    Едно парче.

    Цената која ја платив со ДДВ ближи 9,000 денари.

    Кај нас ги има уште на најбрзо. Ама кај нив доаѓа без адаптер и без пакување/кутија. А таков адаптер тешко се наоѓа.

    UNIFI UAP-AC-LR - NajBrzo

    Од странство најдобро е да се нарача од:

    Ubiquiti UniFi AC Long Range (UAP-AC-LR) - Indoor 2.4GHz 450Mbps & 5GHz 867Mbps, 1xGLAN, 802.11ac | EuroDK

    Само што може да подлежи на царина и данок вака.

    Lite варијантата од овој уред е поефтина. Исто го препорачувам.
     
  4. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,533
    2,300
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Најбитно за мене кај ова чудо е, дали ја оправдува назнаката LR?
    Ако зрачи квалитетен сигнал до кај 50 метри тогаш ја оправдува цената, покрај стабилната брзина..
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    Не сум пробал надвор од станов. Не ми текнало. Меѓутоа и да пробам нема да биде никакво мерило зашто секоја средина е различна. Кај мене може да фаќа 100 метри а кај тебе 40 зависно од инфраструктура, ѕидови, стакла, мрежи од комшии и јачина на нивен сигнал итн.

    А и зависи колку му е силата на телефонот со кој се конектираш. Оти вајфај е комуникација во две насоки нели.
     
  6. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Intern

    309
    44
    10 ноември 2017
    Машко
    Супер ти е,dual band е и 2.4ghz може.
    А го тестира на далечина колку има range опсег за сигнал?
     
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,053
    4,203
    4 ноември 2013
    Машко
    Одлично!
    Со здравје да се користи и долго да те служи. Комбинацијата MikroTik + UniFi е ВРВ!
     
    На DrMTR и gokica им се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,199
    9,054
    23 oктомври 2012
    Машко
    Уредов не е наменет за домашна употреба, ознаката ЛР знали дека е наменет за големи објекти како стадиони, аеродроми, хали и слично. 5ГХз не трпи многу препреки, како што посочи и гокица преку две соби сигналот му е на пола а растојанието е најверојатно помалку од 10м. Дополнително, за да се искористи дометот на уредот потребно е и уредот кој се поврзува на него да може да емитира сигнал на голема далечина, така да не е така едноставно тоа со дометот.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,533
    2,300
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Поентата ми беше за 2Г мрежата, јасно ми е колку јака е 5Г.
    Сакам вакво нешто да зрачи барем 40 метри, во маало со куќи и макс 3 ѕида пречки и железна ограда евентуално.
    Ми рутерот со падаван, 2Г стига 20 и некој метар, а мене ми треба 35 до 40+ да стига до улица.
    Живеам во куќа на втори спрат така да нема многу пречки, освен набројаните.

    Sent from my OnePlus 6T using Tapatalk
     
  10. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,141
    692
    8 Мај 2010
    Машко
    Вакви уреди има во Спортлајф кладилниците, доста корисници издржуваат приклучени на нив. БТЊ немам искуство со овие уреди.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    Да не заборавиме дека мене тањиров ми е поставен надвор од стандардот на Убикјути. На биро во еден ќош. И повторно интернетот е како извор.

    Овој уред е дизајниран да биде поставен на плафон, централно во просторот кој треба да го покрива со сигнал. Верувам дека ако го поставам соодветно брзината и далечината ќе се подобрат уште позначајно.

    Наскоро се селам па ќе го средам како треба.

    Дали ќе постигнува надвор од куќата на @Astraion и колку, стварно не знам. Мора да се проба на лице место.
     
    На BlackOuttheWoRlD и Astraion им се допаѓа ова.
  12. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,864
    2,801
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Ај па сеа не бил за дома, да ми се даваат пари, и те како би забодел 3 вакви тањири на 3 те спрата про модело, m m m лепота


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На gokica и Oktar им се допаѓа ова.
  13. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,199
    9,054
    23 oктомври 2012
    Машко
    За дома мислам дека лајтот се одлични прајс/перформанс. ЛР се за отворени простори, а ПРО се многу корисници и се по-адвенсед. Не е дека ке се зезнеш со било кој, туку од аспект на цена и примена треба да го најдеш оптимумот. Од друга страна па... јас дома имам ПРО, а имам и хАП АЦ2... и РБ2011, али се е тоа for science!
    @gokica зеде ли hAP AC2? Според мене тоа е одличен уред, брз 5Г и продорен 2Г. Ги задоволува најголемиот дел од потребите. Инаку пак би кажал дека најдобра покриеност и досег сум имал со РБ951, ама за жал нема проток тоа 2Г-то.
     
    Последна промена: 17 Јуни 2019
    Sukhoi, gokica и на vlavot им се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    Те прочитав и претходно за 951. Го мислев да го земам ама сепак се одлучив за тањирот. А кога него го имам се што ми требаше е добар рутер.

    Дилемата беше меѓу новиот HAP S и AC2 т.е. да има PoE или да има вифи како резерва.

    На крај сепак се решив за Mikrotik AC2. Радиото го исклучив од старт и не сум го пробал неговиот вифи. Знам само дека функционира зашто ги видов двете микротик дефаулт безжични мрежи при прво пуштање.

    Инаку бев тргнал да го земам убикјути лајт. По консултација со дечките од овернет сепак решив да играм понасигурно. Кад је бал нек је маскембал. Сепак за стан од 100 квадрати со само еден тањир мислам дека е подобро.

    Pro го гледав и сеуште го гледам. Aма мислам дека за мојот интернет бендвајд 60/60 (наскоро 100/100) е оверкил. Компјутерите се врзани со лан кабли. A дома немам мекбук про или било кој друг уред со три антени за да ги ползувам неговите можности на 5 гига бендот.

    Плус од информации на форумите на убикјути, LR варијантата најдобро комуницира со мобилни уреди заради конфигурацијата на антените. Колку е навистина така немам поим.

    Сега за сега завршив со купување. Про можеби во иднина зашто стварно и не гледам потреба. Едноставно вака функционира перфектно.
     
    Astraion, Sukhoi, DrMTR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Јас користам комбинација hAP AC2 со Unify AC PRO и сметам дека подобра комбинација неможе да се направи. Некоја слика попосле. Стандардно радиото на hap ac2 е исклучено од сам почеток и служи само како рутер. Перформансите на оваа комбинација се перверзија !

    [​IMG]
    [​IMG]

    P.S: Посмешно неможе да биде со врвката. За мене работи перфектно.
     
    Последна промена: 17 Јуни 2019
    На Astraion, krema, Sukhoi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Intern

    309
    44
    10 ноември 2017
    Машко
    И колку опсег на сигналот имаш?
    Дали имаш 1 км сигнал?
     
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Не немам. Живеам во густа населба со многу бетон и куќи околу. За мене е прифатливо да ми ја покрива целата куќа и дворот. Толку
     
    На Astraion и gokica им се допаѓа ова.
  18. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,673
    1,116
    16 Јуни 2010
    Машко
    Ајде со здравје да си го користиш аксес поинтот @gokica.
    И да си имал време за тестирање повеќе, Wifi е релативна ствар. Сигурен сум кај американците ова твоето AP и кај комшиите ке фаќа, ама нормално кога ѕидовите им се као стиропор по куќите. Кај нас по домовите Wifi е изложено на вистински тест :D
    Најважно е да си ти задоволен, бројките се на втора место. У иднина твојата или комбинација на DrMTR би сакал да ја имам и да ги директно споредам чисто онака со Xiaomi Mini Wifi-то чисто у домет само, не у перформанси.
     
    На gokica и Astraion им се допаѓа ова.
  19. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    45
    56
    20 Април 2016
    Машко
    Одличен уред... со здравје да си го користиш.
    Од искуство, за тие што прашуваат, ги имаме монтирано во големи маркети над 400 метри квадратни кои се во приземје на повеќекатни згради и го покриваат цел простор задоволително со можеби мали мртви точки во некои ќошиња.
    Се на се покриваат најмалку 2 поквалитетни рутери без паѓање на конекција и слично.
    Имаме монтирано и други поефтини уреди со ист облик или форма наменети повеќе за домашна употреба со задоволителен сигнал на помали пространства до 200 метри квадратни.
     
    Astraion, gokica и на Sukhoi им се допаѓа ова.
  20. 123456

    123456
    Gaining Experience

    717
    336
    12 Април 2013
    Машко
    Ти не беше од К Паланка?
     
  21. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Бев и сеуште сум.
     

Сподели

Вчитување...