1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Унапредувања на пазарот на платежни услуги во земјава со промена на регулативата

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Deleted member 37389, 18 Јуни 2019.

  1. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Како што вели насловот, после толку години Народна Банка на РМ конечно решава да го унапреди пазарот на платежни услуги и да ја промени регулативата со која единствено банките беа овластени за давање на платежни услуги.

    Промената на оваа регулатива кај нашите соседи се има случено одамна, на пример Србија ја има направено во 2015-та година.

    Знаејќи дека ПејПал, Пајонир, Трансфервајз и слични провајдери според моменталниот закон на НБРМ не се официјално дозволени за користење, поради што и постојат проблеми да се префрлат парични средства од истите во домашна банка, кое е вашето мислење, дали конечно ќе се решат тие проблеми и ќе се приклучиме кон нормалниот свет, како и дали воведувањето на овој закон ќе значи и официјално влез на ПејПал со опцијата за прием на средства.

    Некој нека ме исправи, но мислам дека во соседна Србија, по носењето на овој закон беше воведена услугата за прием на пари на ПејПал.
     
  2. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,972
    4,205
    28 oктомври 2008
    Секако дека ќе биде голем чекор напред. Но, влезот на небанкарски институции, како што се платежните институции и институциите за електронски пари, нема да се одвива без контрола на Народна банка. Тоа значи дека тие платежни услуги ќе бидат или директно или на некој друг начин поврзани со трансакциска сметка. Што значи дека ќе подложат на ревизија, и плаќање данок на добивка. Јас го поздравувам потегот, но како што пишав еднаш во друга тема, има еден добар дел што ги користат услугите на овие сервиси баш со цел да го избегнат плаќањето данок. Сигурен сум дека ќе има многу подвоени мислења на оваа тема...
     
    На Маша и goce03 им се допаѓа ова.
  3. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Свесен сум и јас дека ќе има поделени мислења, но сепак мислам дека доколку се регулира и повеќе немаме проблеми со банките, ова ќе биде една многу позитивна работа, бидејќи не само што ќе овозможи поевтин трансфер на пари, но истиот ќе биде и полесен.

    Ја отворив темава баш од причина што немаме ПејПал, и истовремено не можеме ниту од Пајонир, Трансфервајз и слични да префрламе средства во банка баш поради недостатокот на регулативата на која и се вадат банките.

    Останува да видиме кога ќе биде усвоен законот, што точно ќе значи и дали следејќи ги постапките на соседната држава Србија ќе бидат информирани граѓаните соодветно за правата и обврските со користењето на истите.

    Воедно бидејќи имаме докази црно на бело дека ПејПал се уште не е влезен во Македонија поради законските регулативи, и дека со години не добиваат зелено светло од банките, мислам дека ПејПал ќе стане достапен за многу краток рок по изгласување на законот.
     
  4. krema

    krema
    Professor

    9,490
    9,186
    24 Јуни 2009
    Машко
    Сфе зависи од масонската ложа, они како ќе пресечат така и ќе биде. :)
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Се согласувам дека зависи од нив за жал, но сепак од една страна сакаат пари во буџет, од друга не овозможуваат нормално користење на работи како ПејПал, што во цела Европа се зема здраво за готово.
     
  6. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Погрешно мислиш.

    Како и кај нас, и таму секоја година зборат, поточно лажат, за некакви подобрувања.

    Физичко лице од Србија да прими пари не може.
    Правно лице од Србија (PayPal сметка за фирма) може да прима само од нерезиденти (т.е странци, а не може од домашни)

    PayPal u Srbiji: Vodič kroz zakonski okvir
     
  7. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Да знам околу ограничувањето за плаќање во границите на Србија, но сепак и физички лица можат да користат ПејПал за прием на средства од странство. Малку му чуди делот дека може да се прима средства само како правно лице, бидејќи со сигурност знам дека физички лица веќе примаат уплати во Србија без никакви проблеми.

    Едит: Можеби се регистрираат како правни лица на ПејПал па примаат пари, не сум користел па не знам дали е тоа можно, но доколку го направат и кај нас истото или доколку не воведат ПејПал одма после носење на законот, навистина ќе биде доста од таквиот однос на државата кон фриленсерите и целата бизнис заедница што има потреба од ПејПал.
     
  8. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Не знам кој и што ти кажал тебе и каде и што прочита и да ли точно разбра што пишува.

    За физички лица не е достапно да примаат пари. И не е со закон дозволено.
    Исто е како кај нас...

    Тоа што напишав еден пост погоре е 100% точно.
     
  9. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Те разбрав дека не е дозволено, но јас знам со сигурност од луѓе во Србија дека без проблем го користат како физички лица за примање на пари (Што значи е достапно), е сега може да не е законски дозволено па они да си го користат, а тоа дали ПејПал им дозволува да се регистрираат како физички лица и покрај ограничувањето искрено не знам како оди, бидејќи не сум користел, но можеби промената да може да се користи и како физички лица е направена скоро.
     
  10. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    752
    804
    9 Декември 2015
    Машко
    Може да примаат.
    PayPal
     
    На Deleted member 37389 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Друштвото во кое сме ставени во листите ептен ни ја опишува државава.

    На српската страница во менито ставено е дека само бизнис корисници можат да примаат Send Money, Pay Online or Set Up a Merchant Account - PayPal, што е чудно бидејќи знам многумина што го користат за примање на пари како физички лица. Додека на оваа страница Find out Why Millions of Shoppers Use PayPal – PayPal UK во опциите стои дека можат да примаат и пари.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    913
    1,392
    6 ноември 2007
    А зошто би сакале парите од странство да ви легинаат на домашни сметки? Толку сте страхопотресни по плаќање даноци?
    Payoneer дава нивна платежна картичка директ до дома на адреса ти ја праќаат.
    Маме им ебаа на банкомативе. Иде хонорарецот од 2000€... на три деноноќија по 40.000денароси се смукнуе.. сега ќе те подизгорат со провизија али исти курац ти е плус можеш да си плаќаш кај сакаш во Северна. Картичката ти се понаша ко странски државјанин да си. Нит те фаќа УЈП нит МВР нит ДБК. Патики, јадење, електроника, бензин само трзај по POS терминали....
     
  13. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,972
    4,205
    28 oктомври 2008
    А зошто да не сакаме? Јас на пример имам тежок фетиш да си платам данок и спијам мирно...;)
     
    igor_xxxx, FLEGMA, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    892
    1,070
    9 Јуни 2011
    Машко
    Уф, тежок фетиш..
    But still, who am I to judge you...
     
  15. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Данокот кој сака може кој не сака не мора да си го плаќа, проблемот е што сме средина на 2019-та а во државата единствен легален начин да ти легнат пари на сметка е директно да ти уплатат клиентите, ПејПал со години пробува да ги прошири услугите, државата го блокира (а не лажат дека не се заинтересирани), Пајонир е второ најмногу користено средство за исплата после ПејПал а во банка не ти дозволуваат да ги префрлиш средствата поради застарените закони, едноставно кажано законот за овие работи е антички и недозволиво неприлагоден.
     
  16. krema

    krema
    Professor

    9,490
    9,186
    24 Јуни 2009
    Машко
    Тука си грешка, секој мора да плаќа данок!
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Се согласувам, но и државата требаше да го реши прашањето со промена на регулативата многу порано. Како ќе плати некој ако не може да ги внесе во банка баш поради недостатокот на регулативата што сега ја носат.
    Додатно некои исплаќаат само на ПејПал, па ќе мораш да користиш услуги други луѓе да ти ги извадат парите, пак немаш начин да платиш. Затоа и ја отворив темата, мое лично убедување е дека премногу касно ја воведуваат регулативата, но сепак подобро нешто него ништо.
     
  18. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Истражував како е спроведен законот во Србија, и едноставно Србите си направиле листа на институции кои се дозволени за користење според законот за платни услуги https://www.nbs.rs/internet/latinica/58/lista_ien_trece_drzave.pdf

    Се надевам дека истото ќе биде и кај нас, дека конечно ќе биде решен проблемот со банките, и ќе ги обучат вработените дека ќе може легално да се примаат пари од тие институции за електронски пари. Државата си касни едно добри 5 години со регулативата зад нашите соседи
     

Сподели

Вчитување...