• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Учење веб дизајн, семос, факултет?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Sad Frog

Intern
29 февруари 2016
19
3
Еј, се интересирам за веб дизајн(плус графички дизајн ама мислам дека е подобро да се фокусирам на веб и после графички да ми е секундарно), можеби ќе се предомислам ама мислам дека не, планирам да почнам да чепкам деновиве па да видам шо како е и како ми се свиѓа, и некој ми препорача Семос(или севус? Ама мислам дека беше семос). Најверојатно дури и да не е веб дизајн ќе биде некаков друг вид на дизајн.
Сеа пошо едино знам фотошоп минимално, дали е океј да идам на академијата нивна? Или некој курс пошо глеам дека има повеќе, дури и за деца? 18 год иам така да не верувам дека треба на тој за деца да одам хахахах ама сепак да прашам да не испадне да идам на академијата и да не знам за што зборат.
Исто така шо ако завршам средно(сеа сум четврта), и следнава учебна година идам на академијава од семос место факс? Ми звучи на не толку лоша идеа искрено, дури и можеби подобра, бидејќи од тоа што иам слушнато за вакви смерови на пример на Европски се 0, а не очекувам да иаме некој добар факс за ова. Доволна е академијава за кариера? Нормално отпосле би се надополнувал ама еве пример завршувам година, ме бива и наоѓам работа/фриленс и после не ми ни треба факс? Првин мислев у странство некако да идам за факс ама сеа не знам дали е потребно. Можеби да напраам година пауза дур идам на академијава и после тоа ако се решам за факс топ ако не пак топ, плус ако најдам добра работа/фриленс можам и да бегам у странство без да одам на факултет.
Мислења/искуства поврзани со ова?
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,648
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
ако најдам добра работа/фриленс можам и да бегам у странство без да одам на факултет.
Мислења/искуства поврзани со ова?
Да ти го скратам постот. Немаш потреба од толку објаснување. Доволно е.
 

alderson

Intern
18 јануари 2018
49
25
Мислење од мене: „Факултетите кај нас е јасно дека се срање, едино ако мислиш со партиска книшка да успеваш во живот оди на факс ќе го завршиш и ќе лепиш плакати за да те пикнат негде во државна фирма и ќе бидиш како човек со факултет и така ќе те претставуваат пред фирмите.. НО тоа што си заинтересиран (посебно веб дизајнот) е една од ретките работи кај нас со кои не ти треба партија или пак факс пошто реално кога ќе одиш да работиш ти бараат знаење, а не партиска книшка или пак диплома од факс ако не знаеш ништо џабе ти е.. Така што почни со учење веб дизајн има одлични материјјали кои се бесплатни на нет.. Имаш и книги и сајтови.. Мој совет прво оди на СЕМОС (има фирми и во други држави шо ти ја признаваат дипломата од семос, а од факс тешко дека ќе ти ја признат во странство) едно е факс диплома друго е сертификат.. Покрај се за тоа што тебе те интересира на факс тешко дека ќе научиш нешто - не чинат факултетите.. И ако имаш 18год не треба да одиш на курсеви за деца тоа ти е до основно.. Ако си средношколец (15год+) можиш слободно да одиш на другите.. И курсевите се наменети за тотални почетници можиш се да сфатиш се е опфатено!! “
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,648
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
Фирмиве во МК постепено почнаа да го превземаат американскиот менталитет во потрага по мозоци. Кога бараш работа, не ги интересира што факс имаш завршено, туку ги интересира што знаеш да работиш. Секако на факс нема да научиш ништо од тоа што тие ке го бараат, бидејки на факс не се посветува време на секого посебно. Џабе ке аплицираш за некоја работа, дури и да имаш диплома, нема да те земат. Бараат мозоци, не дипломи !
 

Hanzo

Gaining Experience
27 септември 2017
66
77
Доволна е академијава за кариера?
Доволно е знаење за кариера.

Во IT водите се по нерелевантна е дипломата/сертификатот. Ако те бива, ако си добар, ако имаш искуство... ништо друго не треба. Проблем е како да дојдеш до тоа знаење и искуство. Најлесниот начин е преку работа. Што повеќе години работно искуство толку подобро и толку полесно ќе биде да наоѓаш друга работа и тн. Сега проблемот е: како до работа? Ако можеш да почнеш било каде за било кои пари, кај некој познат или слично, тоа би било најдобро (ако веќе си решен да не тераш факс). Второ најдобро решение ваљда е некоја академија или курс или слично затоа што фирми често ги земаат завршените да продолжат со пракса во нивната фирма по што следува и редовно вработување и сл. Најтешко е ако почнеш сам да пробаш да научиш затоа што после пак е тешко да дојдеш до првото вработување. Али размисли убаво што ќе правиш и колку си мотивиран да го направиш тоа. Знам за безброј луѓе што решија да не запишат факултет, сами да научат да работат, по што нормално ги фати мрза и им пропаднаа многу години седејќи дома, не правејќи ништо. Ако мислиш дека си од тие луѓе (а повеќето од нас сме) тогаш дефинитивно запиши нешто. Академија, курс па и факултет. Ако како човек ти треба структура за да направиш нешто со слободното време, дефинитивно факултет. Имај на ум дека факултетот е најдолг, ама најголем процент од завршените се вработуваат. Никој будала нема да изгуби 4+ години на факултет за да седи дома невработен. :)

TLDR: Ако си супер мотивиран и вреден човек, пробај сам, Ако си малку мрзлив тогаш курс, Ако си многу мрзлив (како повеќето од нас, без разлика дали си признале или не) тогаш факс.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Sad Frog

Intern
29 февруари 2016
19
3
Тоа и мислев, боље да го научам ко шо треба и да најдам работа па да продолжам да напредувам него да идам на лош факс, затоа муабетот и ми беше дали вреди Семос пример или е исто срање(али очигледно не).
Ќе почнам по дома да учам уше од сеа, сфаќам за мрзеливоста пошо така ми поминаа последниве барем 4 години :) али последниов период сум решен да сум продуктивен така да не би требало да е проблем хах. Единствено нешто е што иако има еден куп туторијали на интернет нема конкретен курикулум со некаква гаранција дека е стварно добар(ако грешам за ова супер би било некој да ме поправи ;) ), и еден графички/веб дизајнер со кој што праев муабет за ова ми кажа дека за повеќето луѓе многу побрзо ќе научат кога некој им предава и помага отколку сами да учат од интернет, пример дека тоа што он го учел 4 години сам(не факс) би го научил во една да имаше некој како професор да му помага.

За работа мислев чим знаењето ми е на доволно ниво да почнам да работам на UpWork, пошо плус би научил и графички дизајн(најверојатно секундарно, освен ако не испадне обратно), некој ми спомна дека учење графички дизајн после веб дизајн е доста поедноставно него обратно.
Можно е да најдам работа преку некој познат/фамилија, ќе се распрашам и за тоа, али мислам дека целта ќе ми биде у странство да идам, дали со фриленс(UpWork+самостоен фриленс?) или некаква интернационална фирма со онлајн работа, или пак нормална фирма негде кај што би се преселил, така да не сакам да заглавам у наша фирма.

Ќе побарам, т.е. веќе побарав нешто малце, ама сепак некој да не има некоја добра препорака од кај да учам сам?
 

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,496
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
Со среќа на матура, особено кога ќе пишуваш есеј.

Завршување на само една академија не е доволно за да најдеш работа. Таа академија ќе ти даде само основни знаења.

Доволно е знаење за кариера.
This.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Sad Frog

Intern
29 февруари 2016
19
3
З'шо?

И да, затоа не пишав „ќе си го ладам па ќе даам 2000 евра за работа“
 

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,496
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
wd.jpg

Ова е едвај доволно за да се вработиш и да правиш статички Landing Pages. Ако збориме за месечна плата, 20-25к денари е највеќе што можеш да очекуваш.

За да почнеш да заработуваш малце повеќе ќе ти треба знаење на NodeJS, знаење на барем неколку JS framework-а од типот на React, Angular, Vue и тн. Исто така ќе треба да знаеш да работиш со бази (ова гледам го има на листа, ама не верувам дека ќе биде доволно). Обавезно е да знаеш и да ја адаптираш веб страната за било која резолуција, девајс и прелистувач. Задачата ќе ти ја олесни Bootstrap, ама не е се така лесно како што изгледа.

Дополнително ќе треба да прочиташ неколку книги за UI/UX, иако го има во програмата, нови и свежи знаења нема да ти сметаат.
Git, Redmine за version control и bug tracking. Sketch, Axure за креирање UI или барем ќе добиваш темплејти од UI дизајнерот за овие апликации.

Можам уште куп други работи да пребројувам што ќе ти требаат, но доколку го имаш освоено ова, понатаму веќе и сам ќе знаеш во кој правец да се развиваш. Програмата според мене е застарена и не е обновена последните 5 години ако не се лажам, затоа реков дека не е доволна.
 

Isak Keyten

Practice makes perfect
25 ноември 2014
1,124
1,259
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 8GB 1600Mhz Single-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Micfosoft IntelliMouse Optical 1.1 Black
OS
macOS Sierra - 10.12.1
Погледнете го атачментот 61561

Ова е едвај доволно за да се вработиш и да правиш статички Landing Pages. Ако збориме за месечна плата, 20-25к денари е највеќе што можеш да очекуваш.

За да почнеш да заработуваш малце повеќе ќе ти треба знаење на NodeJS, знаење на барем неколку JS framework-а од типот на React, Angular, Vue и тн. Исто така ќе треба да знаеш да работиш со бази (ова гледам го има на листа, ама не верувам дека ќе биде доволно). Обавезно е да знаеш и да ја адаптираш веб страната за било која резолуција, девајс и прелистувач. Задачата ќе ти ја олесни Bootstrap, ама не е се така лесно како што изгледа.

Дополнително ќе треба да прочиташ неколку книги за UI/UX, иако го има во програмата, нови и свежи знаења нема да ти сметаат.
Git, Redmine за version control и bug tracking. Sketch, Axure за креирање UI или барем ќе добиваш темплејти од UI дизајнерот за овие апликации.

Можам уште куп други работи да пребројувам што ќе ти требаат, но доколку го имаш освоено ова, понатаму веќе и сам ќе знаеш во кој правец да се развиваш. Програмата според мене е застарена и не е обновена последните 5 години ако не се лажам, затоа реков дека не е доволна.
Затоа ќе си се упише на Јаваскрипт академијата
Оваа година е првата година како стартува
 

steelseries

On your way to fame
20 декември 2015
855
527
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
24 ноември 2017
43
11
Како во предавална со 150 души? 3 часа пред предавање се тепаат за прва клупа... гнездо....
Posledniot mesec nemam ednas otideno na predavanje(pred ng), sam si ucam doma. daleku po-produktivno(dur ne pocnat praksite, posle ke bidam super-active)
 
Последна промена:

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,496
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
Затоа ќе си се упише на Јаваскрипт академијата
Оваа година е првата година како стартува
Ова е многу подобра варијанта, не сум приметил дека ја има.
Академијата за Веб Дизајн е waste of money според мене.
 

Evelynn

Intern
3 февруари 2018
2
4
На финки графички дизајн немаш, веб дизајн да. Во многу земји графички дизајн е ставен како област на учење во ликовните академии, а не во информатичките. За графички дизајн не би знаела да ти препорачам, веројатно Семос и Сивус нудат солидно знаење. За веб дизајн, ако сакаш стрикно само тоа да го работиш не ти е потребна диплома. Факултетите траат подолго од академиите бидејќи ги стекнуваш основите за многу области од кои после можеш да се насочиш, додека академијата се фокусира да те обучи колку што може повеќе во една област.
 

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,496
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10

Sonic.01

Gaining Experience
5 јули 2016
131
313
Еве вака да ти кажам од мое лично искуство, на ФИНКИ тоа што ќе го учиш на веб дизајн се глупости во прва година имаш "Вовед во интернет" (не ми текнува дали беше изборен), на почеток имаш основни работи околу интернетот т.е. непотребни тривијални факти. После имаш интернет протоколи што се корисни, па IP адресирање што е тешка глупост и е работа за која имаш алатки на интернет и нема никаква потреба да ги пресметуваш рачно. Едини барем малку корисни ствари ти се SFTP, HTML и CSS, он нив FTP ќе го учиш на застарен и непотребен начин во ера во која имаш програми со GUI за истата работа кои работат на drag n' drop принципи, а HTML и CSS ќе ги учите во Notepad++ што е донекаде ок за да стекнеш осет и да ти влезат во глава некои од поосновните тагови.
Втор семестар можеш да избереш "Основи на веб дизајн" што јас кога го слушав беше тотален булшит, работевме во Aptana и од дизајн ништо не научивме освен некои глупости за естетиката. Истото тоа продолжува и во "Напреден веб дизајн" и таму нема ништо корисно освен некои технички работи околу мултимедија за кои немаш потреба да се замараш.
Мој совет е да си идеш во Семос, мислам дека таму имаше курс "Веб 360" кај што учиш работа во Photoshop, Dreamweaver и Xampp, на делот за Photoshop учиш градење на дизајн од 0 и како да го сремиш за да можеш да го сечеш и вметнуваш во сајтот. Во делот за Dreamweaver учиш HTML5 и CSS3 и ќе има на кратко за интегрирана опција во Dreamweaver за FTP, па после иде Xampp местење сервер, датабази, поврзување со сајтот, правење custom CMS прикачување ствари на сајтот, се комплет.
Сума сумарум на муабетов на факс ќе добиеш диплома и право да се ку**иш дека имаш завршено факс, додека во некоја од академииве ќе научиш професионално да работиш по најнови стандарди.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,554
Мислења
820,417
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно