• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Ученички тимови обучени за одржување на училишните компјутери

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Во рамки на проектот за поддршка на основното образование, што го спроведува Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), во 164 основни училишта во Македонија се формирани ученички тимови за техничка поддршка, каде што учениците практично се обучуваат да ги користат и сами да ги одржуваат компјутерите. Тимовите од денеска имаат и свое лого, креирано од Филип Велков, ученик во ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, победник на натпреварот за избор на лого, на кој конкурираа 168 кандидати. Втора и трета награда добија Кристијан Лахтов од Скопје и Ангела Зафировска од Куманово, кои заедно со првонаградениот Велков од Он.нет, партнерот на проектот, добија една година бесплатен интернет.

- Учениците ќе се погрижат 6.000 компјутери донирани од УСАИД преку проектот Е-школо да бидат исправни и функционални. Ова ќе помогне иницијативата на Владата за компјутери во училиштата да биде успешна, истакна Двејн Ли, директор на Канцеларијата на УСАИД за образование.

Министерот за образование и наука Сулејман Рушити посочи дека акцијата „Компјутер за секое дете“ се реализира со брзо темпо и дека оттаму произлегува потребата за формирање на тимовите.
- Со ангажирањето на учениците склони кон информатиката се надеваме дека успешно ќе биде надградено нивното знаење од областа на информатичката технологија, но истовремено во соработка со проектот за основно образование ќе успееме да создадеме кадри кои ги бара пазарот на современиот труд, рече Рушити.

Во изјава за медиумите тој соопшти дека се реализирани околу 60 отсто од првата фаза на проектот „Компјутер за секое дете“ и дека сите компјутери ќе бидат инсталирани според предвидената динамика. Во првата фаза, до крајот на 2007 и почетокот на 2008, се планирани 100.000 компјутери, и уште 50.000 компјутери до 2009 година, кога ќе заврши акцијата за компјутеризација на училиштата.

Рушити информираше дека се работи и на надворешната инсталација за училиштата да имаат подобро напојување со електрична енергија за што Министерството за образование и наука има поддршка од ЕВН и таму е доставена листа на училишта каде што е потребна интервенција.

Вирна Манасиева-Герасимова, менаџер за обуки во Проектот на УСАИД за основно образование, во одговор на новинарско прашање дали се распределени средствата од последниот хуманитарен концерт на Тоше Проески што УСАИД го организираше за помош на основните училишта, рече дека е формиран комитет кој ќе обезбеди транспарентност на нивното трошење според одредени критериуми.

- За жал, поради ситуацијата што настана има доцнење на состанување на комитетот, а сакаме и сите наши идеи да кореспондираат со идеите што ќе ги има и националното координативно тело за заштита на споменот на Тоше, рече Манасиева-Герасимова. Таа, како што додаде, се уште нема конкретна информација за собраните пари од концертот на Тоше, но дека се работи за околу сто илјади долари.

Vlada.mk
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Во гимназија јас сам ги одржував сите компјутери. Конечно им текна дека и ученици можат да ја работаат оваа работа.
 

petar.bt

Intern
12 август 2007
731
20
за техничките тимови

арно му текна на владата да направи нешто што одамна требаше да го направи
јас спаѓам во тој тим и е супер
компјутерите сега се во добра состојба отколку кога немаше училиштен тим
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Fala bogu da vovedat takvo nesto.Dodeka ucev vo osmoletka imase donirano kompjuteri od kineska ambasada ili japonska nemozam tocno da se setam ali znam deka kompjuterite bea Hiense i stvarno bea super.Ali deca bezobrazni gi ispokradoa tastaturite,mausite slusalkite i ostanaa samo monitorite i kukistata bidejki nemozat da gi dignat.Edvaj se sobraa pari za edni mizerni tastaturi i gluvcinja i povtorno bese ok.Ali pak odrzuvanjeto na Windows bese uzas.Nitu kompjuterite se skeniraa od virusi(imase symantec antivirus i mislam deka bese setiran da skenira 1 mesecno ali nekoi bezobrazni vednas gi prekinuvaa skeniranjata)imase i Microsoft Anti Spyware ali nikoj ne pravese update i se bese haos.Da ne zboruvam za Disk Defragment i Clean up.horor,site sistemski folderi bea strogo krieni,mislam nemozam da vo opisam so zborovi,abe zlobni deca zeme i vleguva vo Windows folederot i brise fajlovi.sistemite edvaj se podigaa ali koga gi skrija togas bese podobro.Imase mnogu losi nastani koi ne bi gi spomenuval.Se nadevam deka svesta ke se podigne kaj site i deka so ova odrzuvanje ke se prodolzi vekot na traenje na kompjuterite.Bravo
 

MARTIN_MKD

Intern
27 ноември 2007
419
2
Со ти значи да имаш добра владааа. Како порано не се најдоа вакви? Ту јазк!!!:LOL::LOL::LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,550
Мислења
823,141
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно