1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ubuntu,после инсталација..

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од spoc, 12 Септември 2008.

  1. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Дечки здраво,

    До сега воопшто немам користено Линукс. Инсталирав Ubuntu 8.04 LTS Desktop Edition, инсталацијата помина ок. Тргна работата. Се поврзав на интернет.. полека,ја разгледав работната околина и да, си реков има доста за истражување, ама поради тоа што бев краток со времето, го оставив тоа за после(сега). Палам компјутерот, by the way,имам и WindowsXp-значи дуал боот, си пишувам username и password и чекам да се стартува Ubuntu.За момент се покажуваат неговите елементи (taskbar,harddisk)на десктопот,а потоа останува само wallpaper-от и mouse-ot..Што се има случено!?
     
  2. vik

    vik
    Intern

    1,936
    31
    14 Април 2007
    Пробај уште еднаш, да не се има грешка случено да не се стартова како што треба.
     
  3. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
  4. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Да преинсталирам..Нема смисла..финтата е да се најде финтата ...
     
  5. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    286
    18 Мај 2007
    Преинсталација не е опција овде, кажи ми, имаш овозможено compiz fusion? Дали имаш некои друго адони овозможено како gdesklets етц..
     
  6. Maki

    Maki
    Intern

    135
    3
    29 Февруари 2008
    aj izberi console login, logiraj se vo konzola i pisi rm .gnome2, stisni enter i reboot
     
  7. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    @Alex
    Инсталацијата ја направив по твојот туториал, прикажан овде на it.com.mk. Цд-то за убунто ми дојде по нарачка. Така да од туторијалот твој не излегов на страна за да експериментирам (пошто напомнав-ова ми е првпат со овој ОС) и со тоа не ми се верува да ставив некои addons.
    @Мaki
    Console login!?..знам дека имам "option" пред да се логирам во убунтуто,а во тоа options не забележав console login.
     
  8. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    да не е познатиот bug во 8.04 ти требаат updates или пак да го спуштиш 8.04.1.
    Замрзнува десктопот и мене тоа ми се случуваше со првата инсталација на 8.04 без updates.
     
  9. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Вака пробав да направам update преку терминал:sudo apd-get update и после sudo apt-get upgrade..следното што видов на терминалот беше да напишам -f и install..ок..поминав преку тоа..штом заврши со тоа дојде некое прашање, дали сум јас администраторот..стегнав едно Y(навика од DOS) и тоа Y си се повтори кој знае колку пати,па морав да ресетирам. Дечки некој предлози...
     
  10. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    286
    18 Мај 2007
    spoc, доколку имаш интелова интегрирана графичка, compiz ќе се уклучи автоматски оти убунтуто има подршка за тие графички директно напишана во кернелот.

    Верзијата 8,04 се знае дека е полна су бугови, дури некои мислат дека е тотално промашување од страна на каноникал.

    Точно дека проблемот *можеби* ќе исчезне со апдејт, значи во конзола ќе треба да пишеш тоа што си го пишал, ама пробај сега на update и upgrade да ја додадеш опцијата -y значи :

    sudo apt-get -y update
    sudo apt-get -y upgrade

    Види што ќе направиш и пиши.
     
  11. Maki

    Maki
    Intern

    135
    3
    29 Февруари 2008
    Sorry, заборавив дека гдм ја нема таа опција, можеш со ctrl + alt + Fn(од 1 до 12) да мењаш виртуелна конзола. Пробај така
     
  12. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    @Aleks
    Пробав со командите, вклучително и -y, само постојано ми кажува дека некои lib(сигурно од librieries) не можат да се инсталираат..и ми дава предлог да користам sudo apt-get upgrade -f,само што после пишувањето на таа наредба добивам известување кое ми налекува на format..показател за тоа е дека ќе ми се ослободи толку и толку простор, толку ќе бидат отстранети и сл, а од тоа се тргаме настрана..И изумив да напоменам,немам интегрирана интелова картица
     
  13. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Ок..значи да барам начин сега како да го избришам (unistall) убунтуто, симнувам друга верзија, и почнувам од почеток..
     
  14. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Нема Uninstall, само ќе го форматираш од почеток како што направи и готово
     
  15. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    како да го форматирам!?..на кој почеток!?..при започнување на новата инсталација или!?..што станува со просторот на дискот назначен за користење на Ubuntu-то?
     
  16. stefan007

    stefan007
    Intern

    395
    2
    27 Јуни 2007
    да ви го кажам јас моето искуство со ubuntu. Имав инсталирано XP и направив една партиција за linux (linux ext3) и го ставив цдто од линукс направив рестарт избрав опција за инсталирање и наидов на првиот проблем, несакаше да се инсталира на партицијата ја што ја направив, викам ај нема везе нека си направи нова.
    Се инсталира се вклучи и све беше ок. Викам ај доста беше за денес дај да се вратам на xp. рестарт и избрав xp и се беше ок при вклучувањето.
    Влегувам во my computer и гледам најголемата партиција каде што све ми е снимено ја нема. си помислив ја заебав работата ај ке го вклучам пак linuxот.
    направив рестарт и ми се појави некој error и го нема ни линуксот ни виндовсот само црн екран.
    е сега бев сигурно дека се ова не ми требаше xp е закон не ти треба ништо друго.

    Кога го зарбав пцто морам пак да го направам.
    Преку инсталацијата за xp ги избришав партициите на ubuntu (2 беа) и после се вклучи xp и викам е доста е од линукс го фрлив цдто.

    Од pc што супер си работи да си правиш проблеми ема потреба, што ќе имам повеќе ако користам линукс??? ништо дефинитивно само проблеми

    Се извинувам за offtopic ама морав да кажам кога видов дека и други имале проблеми со ubuntu.

    Windows XP rulezzzzzzz
     
  17. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Не можам да кажам дека XP rulezzz...поради фактот само тој го имам користено, а сум имал доста зафрканции и со XP при инсталации (споредвам со Убунту-само за инсталации,пошто до тука стигнав). Со XP не се предадов, па време е да се увиди што е финтата и со Ubuntu(пред се читајќи рецензии за заштита од вируси, напади на мрежи и доста други позитивни критики до некој степен увидов дека вреди да се проба)..одам да форматирам..;)..и пак ќе се обидам..
     
  18. spoc

    spoc
    Intern

    15
    0
    12 Септември 2008
    Se sredi...preinstalirav,staviv updates i istrazuvam..fala Vi na pomosta..
     
  19. StMartin

    StMartin
    Баниран/a

    172
    3
    24 Февруари 2008
    Мислам дека туториалот за инсталација на ubuntu 8.04 на Aleks, има уште многу работи што фалат. На пр. ако сакаш да го искористиш целиот диск за инсталација зошто воопште да правиш партиции? Друга работа, а што ако имам инсталирано windows xp и сакам да одам на dual-boot опција? Има многу варијанти. Ама ај за тоа на друга тема.
     
  20. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    286
    18 Мај 2007
    Сори за офтопик

    stefan007, ако толку го сакаш XP-то зошто не посетуваш само страни кои се хостирани на windows ? Престани да посетуваш гугл, јаху, форумов етц.

    Доста со ваквите да не речам ГЛУПАВИ критики

    Мартин, туторијалите за инсталација на оперативен систем секогаш ги правам како тој оперативен систем да биде единствениот, има објаснување ако имаш windows што да направиш.
     

Сподели

Вчитување...