1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ubuntu 14.04 (Unity) - совршена работа околина

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од bokiscout, 31 Август 2014.

  1. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    За да го претвориме Ubuntu во совршена работа околина за нашиот desktop PC потребно е да направиме неколку подесувања а и да ги научиме да го користиме Unity односно да го искористиме во целост неговите можности. Потребно ни е:



    1) Да активираме неколку PPA преку кои ке превземе proprietary софтвер (Flash, Skype...). Кликнете на:
    - system settings > Software & Updates > Other Software
    И активирајте ги неколку-те PPA кои се неактивни односно на крајот треба да изгледа вака:
    software_and_updates.jpg

    Ке добиете ваков прозорец во кој треба да го внесете password-од на вашиот User Account (или root password-от доколку вашиот User Acount нема root привилегии). Кликнете "Authenticate"
    sofware_and_updates2.jpg

    Кликнете на Close и ке бидете пречекани со ваква порака:
    sofware_and_updates3.jpg

    Кликнете "Reload" по што листата со листата со достапни пакети (софтвер) ке биде ажурирана.
    sofware_and_updates4.jpg



    2. Вградената алатка за превземање софтвер "Ubuntu Software Centre" е бавна, крашнува и генерално лошо се снаоѓа при инсталирање на повеке програми истовремено. Ке ја за мениме со "Synaptic Package Manager".

    - За да инсталираме "Synaptic Package Manager" ке отвориме Terminal (Ctrl + Alt + T) synaptic1.jpg

    Ке напишеме:
    Код:
    sudo apt-get install synaptic
    Ке бидеме прашани за password, ке го внесеме и ке притиснеме "Enter". Напомена: при внесувањето password во терминал не се прикажуваат карактери на екран од причина што сакаме да ја сокриеме должината и содржината на истиот! Внесете го внимателно и притиснете "Enter".

    Ако ги следите досегашните упатства Synaptic Package Manaager ке биде успешно инсталиран.



    3. Инсталираме:
    - flashplugin-installer (Addobe Flash Player)
    -
    Кодеци за секаква намена... аудио, видео, encrypted DVD...

    Можеме да го инсталираме преку терминал со пишување (copy-paste) на:
    Код:
    sudo apt-get install flashplugin-installer libxine1-ffmpeg mencoder flac faac faad sox ffmpeg2theora libmpeg2-4 uudeview libmpeg3-1 mpeg3-utils mpegdemux liba52-dev mpeg2dec vorbis-tools id3v2 mpg321 mpg123 libflac++6 totem-mozilla icedax lame libmad0 libjpeg-progs libdvdcss2 libdvdread4 libdvdnav4 libswscale-extra-2 ubuntu-restricted-extras
    во терминал или можеме да ги бараме еден по еден сите пакети во Synaptic Package Manager (ако ви е до толку досадно пробајте преку Ubuntu Software centar).



    4. Инсталираме рproprietary драјвери
    - System Settings > Software & updates > Aditional Drivers
    drivers.jpg

    Одбираме 331.хх (proprietery tested), обрнете внимание да биде proprietery tested, има два различни драјвери со слично име, овие се постабилни (најстабилни). Притискаме "Apply Changes"

    Ке внесеме password и ке кликнеме "Authenticate"
    drivers2.jpg

    Ке почекаме дури се превземат и иснталираат соодветните драјвери и потоа кликаме на "Close"
    drivers3.png



    5. Инсталираме "Compiz Config Manager" и "Unity Tweak Tool", GUI алатки кои ке ни помогнат да направиме дополнител подесувања. Овојпат ке користиме "Synaptic Package Manager" наместо терминал.

    Отвораме "Synaptic Package Menager" преку Dashboard (старт мени), ке бидеме пречекани со порака да внесеме poassword:
    tweak1.jpg

    Потоа кликаме на "search" и го пишуваме името на она што сакаме да го иснталираме:
    tweak2.jpg

    Десен клик на пакетот "Compiz Config Settings Manager" > Mark For Instalation.

    Потоа на зелената штикла "Apply" на горното мени.

    Истово го повторуваме и за пакетот "Unity Tweak Tool"

    Бонус, го маркираме прво едниот пакет за иснталација, го маркираме вториот пакет за иснталација... ги маркираме сите посакувани пакети еден по еден за иснталација и кликаме "Apply".

    (to be continued... максимум 10 слики во пост. Нека бидат споени како едно заедно со следниот)
     
    Последна промена: 31 Август 2014
    На Fatal1ty_, JensenInterceptor, gokica и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Ке бидеме пречекани со
    tweak3.jpg

    Кликаме на "Apply", чекаме да заврши инсталацијата и кликаме "Close"
    tweak4.jpg

    Дополнително можеме да одбереме "Automaticaly close after the changes have been successfylly applied" со што не би морале да кликаме "Close" секој пат кога инталираме софтвер.

    6. Правиме напредни подесувања во "Compiz Config Settings Manager"
    - Compiz за жал е мртов проект, девелоперите се откажаа од него уште во 2012 поради тешкотии во развојот, софтверот не бил доволно стабилен. По нивното откажување девелопери од Canonical (Ubuntu) го одржуваат самостојно (сите други се насочија кон други решенија) колку толку ама не го усовршија/поправија бидејки е невозможно. Потребно е нов еквивалентен софтвер напишан од почеток. Со default подесувањата е стабилен но секоја промена носи можност да крашне, а при секој краш или се рестартира и продолжува нормално или ке осатнете со нефункционална работна околина. Во вториов случај треба рачно да ги избришете custom подесувањата na gconf и compiz. Како се прави тоа ке објасниме понатаму.

    - Како да минимизираме апликација со клик на нејзината икона на левиот панел (и сеуште ова не е вклучено по default!):
    Отвораме Compiz Config Settings Manager > Ubuntu Unity Compiz Plugin > Louncher

    tweak5.jpg
    И ја штиклираме опцијата "Minimize Single Window Applications".



    7. Менуваме тема/кожа (skin) и икони и walpaper:
    - Бараме PPA со икони и теми на Google (Не го сакам убунту заради ова, Arch + yaourt = полесно наоѓање на неофицијални пакети)

    - Ke покажеме преку инсталирање на "Numix" тема и "Numix Circle Icons", моите омилени :cool::
    - Додаваме PPA со Numix содржини:
    Во терминал пишуваме
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:numix/ppa
    tweak6.jpg

    Ке ни побара password, ке ог внесеме (запамтивме од претходно дека не ни пкажува карактери на екран додека куцаме password)

    Не прашува дали сакаме да ја додадеме оваа PPA му одговараме со "да" преку притискање "Ентер"

    Добиваме повратна информација за тоа што се случило, не ни треба скриншот за тоа.

    Правиме апдејт на листата на достапни пакети (софтвер) преку извршување во терминал на:
    Код:
    sudo apt-get update
    Откога нашиот OS стана свесен за новите пакети ке иснталираме икони:
    Код:
    sudo apt-get install numix-icon-theme
    и тема:
    Код:
    sudo apt-get install numix-gtk-theme
    или едноставно ке ги извршиме двете команди одеднаш:
    Код:
    sudo apt-get install numix-gtk-theme numix-icon-theme
    - Отвораме "Unity Tweak Tool"
    Unity Tweak Tool > Appearance > Theme > Numix Theme

    tweak7.jpg

    Селектираме "Numix" и промената станува веднаш видлива, можно е да има неколку секунди каснење проследено со замрзната слика, ова значи дека некој од сервисите на unity се рестартира.

    - Unity Tweak Tool > Appearance > Icons за да промениме икони, скрин-шот сметам дека не е потребен.

    - Менуваме walpaper>
    System Settings > Appearance или
    десен клик на позадината и "change background" или
    десен клик на .ххх (.jpg .било каков формат на слика) и "set as desktop background"
    tweak8.jpg

    кликаме на "+" за да го додадеме фолдерот каде чуваме слики за walpaper, дополнително можеме да ја примениме големината на панелот на левата страна со движење на точката по слајдерот лево или десно.


    Пред и потоа:
    Screenshot from 2014-08-31 05:39:36.png Screenshot from 2014-08-31 05:40:09.png


    Толку од подесување за денес, утре преку видео ке презентираме индикатори, ке покажеме некои cool шорткати и можности на Unoty.
     
    На Fatal1ty_, JensenInterceptor, Krkac и уште 11 други им се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,878
    23 oктомври 2012
    Машко
    Одлична тема, досега се од ова применив. Дополнително ме интересираат и подесувања кои ги користиш кои не се само шминка. Деновиве и јас би споделил нешто (ако остане), а за сега еве еден параметар кој го практикувам на скоро сите линукс платформи кајшто има доволно рам на располагање.

    Едит: И секогаш го гасам онлајн срчот
    [​IMG]
     
    На gokica и bokiscout им се допаѓа ова.
  4. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    8. Сетинзи на Compiz кои може да доведат до нестабилност:
    - Менуваме времетраење на специјалните ефекти (стапува на сила по рестарт на compiz/PC)
    - Compiz Config Manager > Effects > Animations > Minimize Animation

    tweak8.jpg
    И променете "Duration" на 100.

    Ова е најспората и најлоша/иритирачка анимација во Unity затоа ја менуваме неа. Постапката е иста и за "Open Animation", "Close Animation" и "Unminimize Animation". Разликата е во тоа што ове другиве ефекти се постигнати со комбинација на повеке ефекти истовремено, па следува дека е потешко да дозирате вредности за да добиете посакуван ефект.

    - Window Snapping (Grid):
    Compiz > Window Management > Grid > Corners/Edges

    tweak9.jpg
    Поставете ги овие опции, ке добиете window snapping на половина екран со движење на прозорецот кон левиот или десниот крај на екранот, максимизирање ако го движите прозорецот кон горниот крај, како и поставвање на прозорот да зафака точнно 1/4 од големината на екранот ако го движите кон ќошевите.

    - Window Snapping (Grid) colour preview:
    Compiz > Window Management > Grid > Appearance

    tweak10.jpg
    Prewiev outline color = боја на рамката (ивицата)
    Preview fill color = боја во внатрешноста

    Одберете ja вашата омилена боја, но внимавајте да додатете транспарентност (opacity).


    - Сите овие сетинзи во 8, носат одредена доза на нестабилност (можност да крашне compiz) но во зависност од други параметри, ако имате default параметри и ги промените како горенаведените compiz нема да крашне. За сите други категории како "Desktop wall", "Expo" веројатноста дека ке крашне и нема да се опорави е 50-50.

    - Што да правиме ако крашне Compiz и не се опоравува ни после рестарт на системот?
    File Manager > Home > .config > compiz1 >

    И избришете го документот со име "compiz config"

    Ако не гледате некој документ вклучете "view hiden files" преку притискање на "Ctrl + H" или преку Viev > Show Hiden Files од главното мени.

    По извршување на оваа команда сите претходни подесувања ке бидат избришани :(.



    9. Indicators
    - Индикатори се алатки/икони кои седат во горниот десен кош од мониторот веднаш до саатот.
    [​IMG]


    Еве неколку кои сметам дека мора да ги има скеој PC:
    - Weather Indicator

    [​IMG]

    За да го превземете ке додаете PPA, ке обновите листа за достапни пакети и ке инсталирате:
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:atareao/atareao
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install my-weather-indicator
    - Diodin Indicator aka Clipboard Manager
    - Алатка која ги памти последните Х копирани содржини (copy/paste)

    diodon.jpg
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:diodon-team/stable
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install diodon
    - Тouchpad indicatr
    - го вклучума или исклучува touchpad-от

    [​IMG]
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:atareao/atareao
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install touchpad-indicator
    - System Monitor Indicator

    [​IMG]
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:fossfreedom/indicator-sysmonitor
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install indicator-sysmonitor
    - Sensors indicator

    sensors.jpg
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:alexmurray/indicator-sensors-daily
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install indicator-sensors lm-sensors
    - Sound Switcher Indicator

    [​IMG]
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:yktooo/ppa
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install indicator-sound-switcher

    - Push Bulet Indicator
    - Пренесува нотификации од Android smartphone на PC, смс, телефонски повик...
    - Прака и прима документи од PC на Андроид и обратно

    [​IMG]
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:atareao/atareao
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install pushbullet-indicator


    10. Hot Corners
    - извршување на команда секојпат кога маусот ке се најде во точно определен ќош од мониторот.
    - Unity tweak tool > Hot corners

    tweak13.jpg
    Одберете што ке се случува за секој кош (богами и средина на страна)
    Јас сум heavy keyboar shortcut зависник и ова го исклучувам.



    11. Подесувања за приватнос и гасење досадни popup-и
    - System settings > Security and privacy > Search
    Disable online results (како што наведе @Oktar)

    - Unity tweak tool > Search >

    tweak11.jpg
    Oдштиклирајте "Search Online Sources"
    Oдштиклирајте "Show More Sugestions

    - Unity tweak tool > Web Apps >
    дискутабуилно!, не е неопходно.

    tweak12.jpg "Integration prompts" = OFF
    одштилирајте "Amazon" и "Ubuntu One"

    Со ова ке ги исклучите поп-ап нотифиакциите кога посетувате страни кои поддржуваат интеграција со WebApp. WebApp уствари e feature (not!) која ти дозволува да пинуваш web strani или web апликација во Dash (старт мени) за брз пристап. Јас ова не го сакам и го гасам.



    12. Tips and Tricks за Unity
    - Windows (Super) key = open Dash (старт мени)
    Ubuntu_Unity_Dash.jpg
    . притиснете на квадратчето (maximize) за да смените мод, full screen vs 1/4 of a screen size
    . притиснете Filter results за да додаете група резултати или за да сокриете резултати од некоја група
    . притиснете на иконите со кукичка(home aka show everything), буквата А (applications), листот (files and folders)... за да пребраувате во соодветна категорија на документи

    - Win + A = open Dash directly in Appplications
    - Win + M = open Dash directly in Music
    - Win + F = open dash directly in Files & Folders
    - Win + C = open dash directly in Photos (би заменил C -> P)
    - Win + V = open dash directly in Video

    - Alt key = Open HUD - алатка која пребарува елементи од мениата на активната приграма
    tweak14.jpg
    Во случајов пишувам "Book" и како резултати добивам "bookmark this page".
    Ова е добро затоа што не треба да памтам која алатка во кое мени/под мени се наоѓа, доволно е да знам што сакам да направам, притискам "Alt" куцам неколку букви и го добивам тоа што го сакам. Практично е ако не ги знаете шорткатите на програта која ја користите.

    - Win key + S = how workSpaces
    [​IMG]
     
    На Fatal1ty_, gokica, dachosd и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    - Win key + W = show Windows

    tweak15.jpg
    Слично како Alt + Tab, но наместо мали икони ги прикажува прозорците од сите отворени програми распрорстранети низ цел екран. Ова е практично кога имате едек куп програми во еднен Work Space. Во случајов имам пет.

    - Win key + Shift + W = show Windows from courent and all other workspaces

    - Ctrl + Alt + Number = постави го активниот прозорец во соодветна состојба според шемава:
    number_position.jpg

    - Alt + лев клик + движење = го движиш прозорот без разлика каде покажува стерлката на маусот

    - Alt + клик на тркалце + движење = промени големина на прозорец во насока на движење на стрелката

    Еве и кусо видо на кое ке прикажеме какво workflow имаме во Ubuntu со Unity:

     
    На Fatal1ty_, gokica, dachosd и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Уште едно кусо видео затоа што некои можности не беа прикажани на претходните 2:


    ...да не биде после овој не ни кажа :p.
     
    gokica, DarkEnchanter и на Oktar им се допаѓа ова.
  7. krema

    krema
    Professor

    8,618
    8,363
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не работи последното видео :D
     
  8. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Не работи... па и ја не работам во 7 наутро па никому ништо :p.

    Fixed.
     
    bogoevski, goranzoran и на krema им се допаѓа ова.
  9. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    - За да не ве прашува дали сакате да го исклучите или рестартирате компјутерот туку веднаш да ја изврши посакуваната акција:
    Код:
    gsettings set com.canonical.indicator.session suppress-logout-restart-shutdown true

    Рапорт за едномесечно користење:
    1. Лошо дизајнисрани зависности, неможеш да избришеш обичен калкулатор зашто ја брише целата работа околина, ова важи за сите програми кои се дел од ubunut-desktop пакетот, recommended и optional packages го немаат овој проблем.

    2. Еден куп багови:
    - Наместо да се максимизира минимизираниот прозорецот, се отвора нова инстанца од Nautilus File Manager. Ова се случува ако вашиот диск е монторан со:
    Код:
    UUID=24b841f4-9144-44cc-b637-2a3b5c71394b /media/borche/Linux_Games               ext4    defaults 0       0
    решението е:
    Код:
    /dev/disk/by-uuid/24b841f4-9144-44cc-b637-2a3b5c71394b /mnt/24b841f4-9144-44cc-b637-2a3b5c71394b auto nosuid,nodev,nofail,x-gvfs-show 0 0
    Причина за овој баг е тоа што за различни акции се користат различни .desktop објекти реименување на истите и менување на нови mime асоцијации го решаваат проблемот но предизвикуваат нов, со монторање на надворешни USB стикови. Повеке за ова може да прочитате тука и решението.

    - Expo плагинот за compiz се багнува од време на време и тогаш нема сенка околу активниот WorkSpace:
    Screenshot_from_2014_09_24_13_15_12.jpg Screenshot_from_2014_09_24_21_07_00.jpg

    Решението е рестарт на compiz. Бидејки незнаеме кога ке се багне, кога ке работи правилно ке ја направиме bash скрипта која ке го рестаритра compiz:
    Код:
    #!/bin/bash
    # wait 3 seconds then kill compiz
    
    sleep 2 && killall -9 compiz &
    
    killall -9 е единствената метода која успешно го гаси и стартува compiz, killall -15, killall -2 и setsid unity го гасат но не го стартуваат секојпат.

    Потоа истата ке ја повикаме да се извршува по секое стартување на ситемот:
    Во dash пишуваме startup:
    Screenshot from 2014-09-27 19:06:01.png

    Кликаме на Add:
    Screenshot from 2014-09-27 19:06:29.png

    Притискаме Browse:
    Screenshot from 2014-09-27 19:06:43.png

    И го одбираме претходно зачуваната скрипта.

    3. Градење на минимален Unity од net_CD.iso ке ви заштеди мал просотр на дискот но воопштп нема да биде полесен од стандардна инсталација:
    first-boot-nvidia.png full-setup-nogadgets.png

    Доколку ви се битни тие 20ина процеси и 50ина Mb RAM ке почнете од тука:
    Код:
    sudo apt-get install --no-install-recommends ubuntu-desktop
    ке си потрошпите дел од времето и нема да добиете помал и полесен систем.


    Волку багови багови несмеат да постојат во една LTS верзија!
     

    Прикачени датотеки:

    gokica, Oktar и на bogoevski им се допаѓа ова.
  10. alekcackko

    alekcackko
    Gaining Experience

    438
    68
    10 Август 2012
    Машко
    Играње Half life 1 и 2,CS 1.6 и програмирање
    Волци да те јадат. Кое волку хах.
    Инаку сега ти ќе ме натераш да си го симнам убунтуво и да ги применам сите овие работи.
    Одлични ти се :D
     
  11. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Волку вакви багови багови несмеат да постојат во една LTS верзија!

    fixed.
    Немој.

    Сериозно, несмее да има вакви багови не поради бројот туку поради фактот што ниту еден од нив нема да биде поправен од причина што canonical ги троши ресурсите за unitu 8, mir и ubuntu phone па ние обичните смртници на десктоп ке патиме и самите ке бараме закрпи. Багот со наутилус веке година дена не е поправен, багови за compiz има уште неколку стотици, сите се confirm а ниту еден assigned за да биде поправен( разгледајте го нивниот форум и unity github, стандарден одговор confirmet wont be fixed). Разбирам вакви багови да има во некоја алфа-бета верзија ама во LTS која треба да се користи во наредните 4-5 години несмеат да псотојат.

    Покрај Gnome, Kde, Xfce, Cinnamon кои работат беспрекорно на Ubuntu не гледам причина за некој да користи багнат Unity.

    Капак на се за Ubuntu 14.04 доаѓа со 3.13 non LTS кернел наместо 3.14 LTS кернел. Од една страна немаат доволно ресурси за да ги одржувааат веке постоечките проекти (нели тоа е нивниот одговор за сите багови) од друга страна па свесно си даваат нов беспотребен проект односно треба да се грижат за кернелот во наредните 4-5 години наместо да почекаат месец дена и да бидат растеретени од таа обврска во наредните две години... Навистина неможам да ги разберам canonical со нивната политика за алокација на човечки ресурси. Што се однесува до баговите Unity всушност е плагин за compoz window manager, проект кој е откажан од вистинските девелопери поради големиот број на багови, Ubuntu е единствената дистрибуција која сеуште го користи како и тоа како примана алатка.

    Јас конкретно користам OpenBox + Xfce-4 панели на Manjaro linux како примарна работна околина и до сега не сум сретнал ниту еден баг. Исто добра и лесна варијанта е lxqt (DE) + Kwin (WM), комбинација пробана на виртуелна машина која чека да биде инсталирана како примарна кога ке имам слободно време.

    Unity ставив на неколку десктоп pc-a за трети лица пошто нели убунту е била дефакто "најдобра" дистрибуција аут оф д бокс ама оваа верзија 14.04 не ја препорачувам. Ке видам како ке се однесуваат следните non-LTS, полесно ми е да преинсталирам OS на 6 месеци одколку секојдевно да поправам глупави багови.
     
    На gokica и Oktar им се допаѓа ова.
  12. alekcackko

    alekcackko
    Gaining Experience

    438
    68
    10 Август 2012
    Машко
    Играње Half life 1 и 2,CS 1.6 и програмирање
    Во право си. И оној баг го има во боот груб на прво кога ќе го бутираш ти излегува она скип моунтинг нешто така? Тебе ти излезе тоа? Мене да ама го решив, уше августо имав најдено како зашто го клавав на едно лаптопче.
     
  13. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,878
    23 oктомври 2012
    Машко
    Тоа мислам дека ми се јавуваше на секој боот кога имав енкриптиран хоме фолдер и рамдиск за кеш за хромот... не се трудев многу, за кратко беше сетапот, али мислам дека уствари неможеше да го моунтира рамдискот пошто уште не ти е декриптиран хоме фолдерот.
     
  14. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    И тој баг го видов ама не сум го напишал.

    - Пробав да монтирам дискови и партиции преку вградената алатка Disks, и неможев да монторам една ext4 партиција на секундарен диск кој е со MBR шема за партиционизирање. Добивав ерор скип маунт. Добро е барем прпозанва што е проблемот, зане и да застане на бут.

    Го решив со мануелно монтирање преку /etc/fstab.

    Ама тогаш ми се појави следниот баг, кога ке кликнам на иконата од Nautilus File Manger наместо да ми се максимизира Nautilus се отвора нова инстанца ако претходно сум отворил некоја папка која се наоѓ во гореспоменатата партиција.

    Па пак рачно менував /etc/fstab и тоа го опишав 2 во последниот пост:
    Код:
    /dev/disk/by-uuid/24b841f4-9144-44cc-b637-2a3b5c71394b /mnt/24b841f4-9144-44cc-b637-2a3b5c71394b auto nosuid,nodev,nofail,x-gvfs-show 0 0
     
  15. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    1. Ако сакате да го намалите бројот на активни сервиси, сосема безбедно е да го сопрете/избришете "evolution-data-server" освен ако не ја корситите апликацијата "evolution" тако звана календарче.
    Код:
    sudo apt-get purge evolution-data-serve

    2. Имате ружна тема (скин) на Skype, CopyAgent...
    Код:
    udo apt-get install gtk2-engines-murrine:i386 gtk2-engines-pixbuf:i386

    3. Користите бела/светла тема и имате бела steam икона во try?
    Код:
    cd && wget https://www.dropbox.com/s/zygq15nfa11epdu/steam48.png
    sudo mv ./steam48.png /usr/share/icons/ubuntu-mono-light/apps/48/steam_tray.png
    sudo gtk-update-icon-cache --ignore-theme-index -f /usr/share/icons/ubuntu-mono-light

    4. Ако сакте црна steam икона во try
    Код:
    cd && wget https://www.dropbox.com/s/vzve0qrugp2mf5c/steam48.png
    sudo mv ./steam48.png /usr/share/icons/ubuntu-mono-dark/apps/48/steam_tray.png
    sudo gtk-update-icon-cache --ignore-theme-index -f /usr/share/icons/ubuntu-mono-dark

    5. Ако користите тема различна од monochrome-light или monochrome-dark ископирајте ја staem иконата од "/usr/share/icons/ubuntu-mono-dark/apps/48/steam_tray.png" во "/usr/share/icons/<your_icon_theme>/<48pxIcons>"


    Напомена, структирата на податоците во секој фолдер со икони може да биде различна, битно вие ке барате икона во папката кде стојат тие си 48px големина и папката каде стојат апликации.


    6. Сакате да го минимизаре steam во try?
    Код:
    echo 'STEAM_FRAME_FORCE_CLOSE DEFAULT=1' >> ~/.pam_environment

    Ова ке има ефект само по log-out.


    7. Сакате да го промените редоследот на индикаторите (try иконите)?

    - За тоа ке мора рачно да едитираме еден документ, нјапрво треба да го дознаеме ID-то на скеој индикатр:
    Код:
    dbus-send --type=method_call --print-reply \
    --dest=com.canonical.indicator.application \
    /com/canonical/indicator/application/service \
    com.canonical.indicator.application.service.GetApplications | grep "object path"

    ке добиеме нешто слично на ова:
    Код:
    object path "/org/ayatana/NotificationItem/Diodon/Menu"
             object path "/org/ayatana/NotificationItem/Copy/Menu"
             object path "/org/ayatana/NotificationItem/indicator_weather/Menu"
             object path "/org/ayatana/NotificationItem/nm_applet/Menu"
    
    ID-то всушност е она што се наога десно од последнот "/" знак.

    Напомена indicator_name е исто со inddicator-name. Ако не работи како оригиналниот аутпут пробајте заменте ја цртата со долна црта или обратно.

    - Одкога ги занема ID-ата го едитираме "/home/<yout_username_here>/.local/share/indicators/application/ordering-override.keyfile"

    Напомена ова е скриена патека, за да ги видите скриените патеки прттиснете "ctrl+h"

    - Најлевата икона треба да има највисок реден број, и неможете да користите реден број 6 пред да дефинирате индикатор со реден број 5... Останува само да ги подредите индикаторите по ваш избор, пример:
    Код:
    [Ordering Index Overrides]
    nm-applet=1
    gnome-power-manager=2
    ibus=3
    gst-keyboard-xkb=4
    gsd-keyboard-xkb=5
    indicator-weather=6
    Copy=7
    Diodon=8

    8. Ви фали "open terminal here" на десен клик во Nautilus File Manager?
    Код:
    sudo add-apt-repository universe
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install nautilus-open-terminal
    sudo apt-get install nautilus-actions
    nautilus -q

    Уште багови.
    - Rhythmbox после притискање на пауза се замрзнува ако слушате .m4a. Се замрзнува интерфејсот сам по себе. Нема фикс.

    - Ако максимизирате минимизирана програма и видите црн прозорец, ова е баг со nVidia драјверите, нема фикс.
     
    На kirev и krema им се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,878
    23 oктомври 2012
    Машко
    Еве да придонесам со еден додаток кој мене лично ми го олесни преминот од Виндовс кон Убунту...колку и да звучи тоа безвезно, ама десен клик -> рифреш е топ опција

     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Лошa гиковскa навикa од која сите патиме :D не сум исклучок.

    А чудна работа, на Windowds до ден денес рефреширам онака... на Linux не ми ни текнало.


    едит: А ако почнам ти си крив :p!
     
    Последна промена: 12 Декември 2014
    На prosko и Oktar им се допаѓа ова.
  18. krema

    krema
    Professor

    8,618
    8,363
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај Линукс воопшто нема потреба од тоа ! Самиот оперативен работи сосема поинаку за разлика од Windows !
     
    На bokiscout и alekcackko им се допаѓа ова.
  19. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Aко вашиот ALT + Tab изгледа вака:
    alt_tab_original.jpg

    не ви е прегледен и сакте да изгледа вака:
    alt_tab_modified.jpg
    (иконите на првата слика се default ubuntu, на втората се Faianze)

    Се што треба и да модифицирате неколку .svg слики односно од обоени да ги направите транспаренти и тоа:
    - louncher_icon_back150.svg
    - louncher_icon_edge150.svg
    - louncher_icon_glow200.svg
    - louncher_icon_shadow_200.svg
    - louncher_icon_shine_150.svg
    - louncher_icon_selected_back (ке ја замените со: оваа)

    Mодифицирајте поинаку доколку не сте задоволни од овој изглед, или превземете го овој готов fix.

    Иконите се наоѓаат на локација:
    Код:
    usr/share/unity/icons/
    Доколку го превземавте готовиот fix само заменете го вашиот фолдер "icons" со новиот.

    Доколку неможете да ги ископирате, ви требаат root привилегии:
    - отворете терминал и напишете:

    Код:
    gksu nautilus
    или

    Код:
    sudo nautilus
    внесете пасворд и обидете се да ја копирате содржината користејки го новоотворениот root File Manager, овојпат ке биде успешано.
     
    Последна промена: 15 Декември 2014
    На gokica, SaleSk, Avid и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,865
    2,431
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
  21. Koen

    Koen
    Gaining Experience

    238
    81
    14 Април 2010
    Машко
    Старо видео.
     
  22. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Корисни твикови за корисниците на Thunderbird:

    1. Препорачувам бришење на default/вгаредениот индикатор за mail client и/или останати chat програми:
    mail-client_indicator.jpg
    Код:
    sudo apt-get remove indicator-messages
    2. Доколку сакаме (а најверојатно сакаме) Thunderbird да биде активен но минмизиран (сокриен) во "tray" го додаваме addon-от firetray.


    Бенифитот се состои од следниве можности:
    Screenshot from 2015-01-02 04:57:58.png

    Screenshot from 2015-01-02 04:58:24.png

    Screenshot from 2015-01-02 04:58:14.png

    • Односно избор за тоа кога да добиеме нотификација (обоена окона)
    - веднаш по прием (изветувањето по прием трае до моментот на гасење на Thunderbird, на следното стартување нема да бидеме известени за непрочитаниот e-mail во претходната сесија) на секој е-mail или
    - веднаш по прием на mail кој е forword-иран во точно определен фолдер или
    - кога имаме непрочитан e-mail (известувањето за непрочитан e-mail трае и по гасење односно повторно вклучување на Thunderbird) во било кој фолдер или
    - кога имаме непрочитан e-mail во точно определен фолдер или
    - воопшто да не добиваме нотификација.
    Притоа сите овие можности можеме да ги дуплираме и взаемно комбинираме за секој акаунт поединечно. Default однесувањето на индикаторот е известување секогаш кога ке добиеме нов e-mail на било кој акаунт. Едноставно многу повеке множности за тоа да не бидеме известувани за неприоритетни e-mail пораки.​
    • По default за да го отвориме Thunderbird мораме да кликнеме на индикаторот, а за да го сокриеме во tray моравме да притиснеме X (кој се наоѓа на соседниот ќош од екрнаот) додека со firetray можеме еднставно да го коритеме тркалцето од мауот т.е. скролни нагоре за да го отвориш Thunderbird, скролни надоле да го сокриеш Thunderbird. Многу побрз начин на интеракција, особено корисен ако сакаш да провериш дали стигнал некој e-mail кој спага во оние за кои си одбрал да не бидеш благовремено известуван.
    • По default со индикаторот гледаме бело (кога не сме известувани) и црвено плико (кога добиваме известување), додека со firetray имаме избор и за тоа каква икона да гледаме кога несакаме да бидеме известувани и каква икона да гледаме кога сакаме да бидеме известени.

    Се на се губиме ја губиме интеграцијата на останатите chat програми кои го користат индикаторот но затоа добиваме дополнителна функционалност на Thunderbird што е особено корисно доколку користиме повеке e-mail адреси и приота добиваме e-mail пораки за кои сметаме дека имаат различни приоритети.


    Бонус, на firetray иконата можеме да и ја промениме локацијата/позицијата/редоследнот на лево или на десно додека defailt индикаторот е со фиксна позиција. Редоследот може да се промени како што е опишано тука под точка 7.
     
    Последна промена: 2 Јануари 2015
    На gokica, DarkEnchanter, Koen и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. opas3n

    opas3n
    Intern

    1
    1
    21 Јануари 2015
    Машко



    Прво сакам да ти го пофалам guide-ot бидејки е одличен, истестиран и работи беспрекорно. Јас имам 14.04 Ubuntu исто на лаптопот и мака мачев да го средам срањето со compiz (не би го препорачал на никого иако опцијата е топ). На крај си го вратив Unity ко што треба и ги користам повеќето ствари без compiz подесувањето.

    Сакав само да придонесам со мала корекција околу горенаведените команди. Како што приметив, и ти исто како и мене користиш numix-icon-theme-circle (колку што можев да воочам од screenshot-от). Те цитирав погоре, бидејќи во горните чекори тоа е изоставено(package-от не е вклучен во командата), јас сам се снајдов да направам да изледа идентично пошто ми се свиѓаше али добро би било да направиш update за во случај некој друг ако сака да го следи упатството :)

    Уште еднаш пофални зборови за целиот guide,
    Поздрав
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  24. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Некогаш сакаме да отвориме нов прозорец од Files (Nautilus) но со root (администраторски) привилегии ама таква лесно/брзо достапна опција нема.

    Ова можеме да го имплементираме на два начина:
    1. Додаваме Open as root во Louncher-от:

    Nautilus_louncher_open_new_root_window.png
    - Го едитираме nautilus.desktop документот
    Код:
    gksu gedit /usr/share/applications/nautilus.desktop

    Допишуваме:
    Код:
    Actions=Window;RootWindow
    за да дадеме до знаење дека имаме повеке од една costom actions, по дефолт веке псотои "Window" actions односно "Open a New Window".

    Допишуваме:
    Код:
    [Desktop Action RootWindow]
    Name=Open a New Root Window
    Exec=gksu nautilus
    OnlyShowIn=Unity;
    Каде што "Exec= gksu nautilus" всушност ни ја извршува отворање Files (Nautilus) со root привилегии.

    Целиот документ треба да изгледа вака:
    Код:
    [Desktop Entry]
    Name=Files
    Comment=Access and organize files
    Keywords=folder;manager;explore;disk;filesystem;
    Exec=nautilus --new-window %U
    Icon=system-file-manager
    Terminal=false
    Type=Application
    StartupNotify=true
    OnlyShowIn=GNOME;Unity;
    Categories=GNOME;GTK;Utility;Core;FileManager;
    MimeType=inode/directory;application/x-gnome-saved-search;
    X-GNOME-Bugzilla-Bugzilla=GNOME
    X-GNOME-Bugzilla-Product=nautilus
    X-GNOME-Bugzilla-Component=general
    X-GNOME-Bugzilla-Version=3.10.1
    X-GNOME-UsesNotifications=true
    Actions=Window;
    X-Unity-IconBackgroundColor=#af4853
    X-Ubuntu-Gettext-Domain=nautilus
    
    Actions=Window;RootWindow
    
    [Desktop Action Window]
    Name=Open a New Window
    Exec=nautilus --new-window
    OnlyShowIn=Unity;
    
    [Desktop Action RootWindow]
    Name=Open a New Root Window
    Exec=gksu nautilus
    OnlyShowIn=Unity;


    2. Додаваме Open as root при десен клик на фолдер:
    Open_as_administraor_folder_actions.png

    - За ова можеме да користиме готова скрипта од noobslab:
    Код:
    sudo add-apt-repository ppa:noobslab/apps
    sudo apt-get update
    sudo apt-get install open-as-administrator
    или

    - Правиме своја .bash скрипта:
    Код:
    gedit ~/.local/share/nautilus/scripts/Open_As_Administrator.sh
    Со следнава содржина:
    Код:
    #!/bin/bash
    #
    # this code will determine exactly the path and the type of object,
    # then it will decide use gedit or nautilus to open it by ROOT permission
    #
    # Determine the path
    if [ -e -n $1 ]; then
    obj="$NAUTILUS_SCRIPT_SELECTED_FILE_PATHS"
    else
    base="`echo $NAUTILUS_SCRIPT_CURRENT_URI | cut -d'/' -f3- | sed 's/%20/ /g'`"
    obj="$base/${1##*/}"
    fi
    # Determine the type and run as ROOT
    if [ -f "$obj" ]; then
    gksu gedit "$obj"
    elif [ -d "$obj" ]; then
    gksu nautilus "$obj"
    fi
    
    exit 0

    - Додаваме соодветни пермисии:
    Код:
    cd .local/share/nautilus/scripts/ && chmod 0755 Open_As_Administrator.sh
     
    На chemicalx, alekcackko, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  25. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Да ја вартиме темата во живот, денес ке напишеме уште неколку твикови за побро пребарување и полесно работење со dash (старт мени). За почеток ке ни треба алатката dconf-editor:

    Код:
    sudo apt-get isntall dconf-editor

    1. Сакаме да ги избришеме непотребните scopes, односно да ги оставиме само оние кои ги корситиме.
    - Јас ке ги оставам files scope кој пребраува за документи и aplication scopes кој пребарува за инсталирани апликации.
    - Музиката, сликите и видеата ке бидат пронајдени од files scope, поа затоа music scopes, videso scopes ке ги отстранам

    1.1 dconf -> com -> canonical -> unity -> dash
    во полето scopes ја пишуваме следната содржина:
    Код:
    ['home.scope', 'applications.scope', 'files.scope']
    Screenshot from 2015-10-10 17:06:28.png

    1.2 dconf -> com -> canonical -> lenses:
    always-search:
    Код:
    ['applications.scope', 'files.scope']
    ги бришеме scopes во кои што не сакаме да пребаруваме, идентично како и погоре.
    Screenshot from 2015-10-10 17:07:42.png

    1.3 dconf -> com -> canonical -> lenses:
    home-lens-priority:
    Код:
    ['files.scope']
    одосно да го тргнеме music scopes ако не го корситиме, како и погоре.
    Screenshot from 2015-10-10 17:08:27.png

    3. За да отвораме документи од dash со единчен клик (исто како апликации) наместо со двоен:
    dconf -> com -> canoncial -> unity
    doublle-click-activate = одштиклирано
    Screenshot from 2015-10-10 17:20:08.png

    Бонус:
    До скоро форсирав анимациите да траат покусовреме но по извесно време поминато со KDE добив впечаток дека подолгото траење на анимацијата изгледа поубаво па ке го промениме времетраењето на анимацијата за минимизарање на 500ms:

    dconf -> canonical -> unity:
    minimize-fast-duration = 500
    Screenshot from 2015-10-10 17:06:44.png
     
    На Koen, Oktar, alekcackko и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...