D
Администратор
Еден холански тинејџер е уапсен поради наводна кражба на виртуелен мебел од собите на Хабо Хотел, тродимензионална мрежа за дружење, социјализација и игри.
17 годишниот е обвинет за крадење на виртуелен мебел купен со вистински пари во вредност од 4000 евра. Полицијата испрашува и неколку момчиња од 15 години кои ги посочил сопственикот на вебсајтот. Се мисли дека овие тинејџери пренеле украден мебел во нивните Хабо соби. Претставникот за јавност на компанијата Сулаке која го води Хабо хотелот изјавил: "Обвинетите преку лажни Хабо сајтови ги наведувале своите жртви да им ги предадат своите лозинки. Во Хабо како и во многу други виртуелни светови измамување туѓи лични информации како што се лозинките е проблем веќе подолго време. Вакви измами се случувале во многу земји но ова е прв случај кога полицијата преземала акција".
Хабо корисниците може да креираат свои ликови, да ги декорираат своите соби и да играа голем број различни игри. Сето ова се прави со помош на Хабо кредити кои се купуваат со вистниски пари.
Ваквите постапки се сметаат за кражба бидејќи мебелот е платен со вистински пари. Едниствен начин да се биде крадец во Хабо е да се дознаат корисничките имиња и лозинките на други луѓе. Со туѓи информации крадецот може да се логира и да земе мебел што не е во негова сопственост.
6 милиони луѓе месечно низ 30 земји ја играат Хабо Хотел. Виртуелните кражби се загрижувачки во виртуелните светови. Во 2005 година еден Кинез беше избоден до смрт поради украден меч во виртуелна игра. Неговиот соиграч го убил одкако дознал дека го продал мечот што овој му го позајмил.
Извор: ИдиВиди