1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

UACS или сепак некој друг факс?

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Nikola.lovecraft, 11 Април 2020.

  1. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Здраво, не сум чест корисник на форумов, само од време на време кога баш ме интересира нешто.
    За контекст, имам 19 години и сум од Куманово.

    Во септември ('19) запишав SEEU (Штулов), ми дадоа и онаа 40% стипендија или како и да би се тоа нарекло. Бев баш ентузијастичен што запишав факултет, мислев дека правата одлука сум ја направил во однос на студиите (имено, запишав Business Informatics, во Скопје).
    Тоа се' беше кул додека не отидов на презентација за силабус/курикулум. Ми кажаа да одам во таа и таа училница (посебна за македонски ученици), отидов и после половина час бев и понатаму единствениот присутен.

    За среќа, дојде професорка една и ми кажа да одам во друга училница (за 'сите'). Отидов и само јас бев македонец, останатото беа албански ученици. Презентацијата се одвиваше 95% на албански, само кратко резиме на крај дадоа на македонски. Отидов дома, им пренесов на моите и тие веднаш велеа да одам и да се испишам зашто нема смисла да сум единствен македонец таму (лично не ми беше толку антипатична ситуацијата, ама не плаќав јас, у секој случај). Дури и други генерации што имам прашувано, ми кажаа дека има посебни групи од македонски студенти, микс групи со кои и да се етнички групи, итн.

    Отидов, ми кажаа во Тетово да одам по документите или да чекам 1-2 недели. Земав документите зашто веќе беше први октомври. Немајќи кај, се слушнав со другар кој запишал сообраќај (или нешто во таа сфера) на Мајка Тереза. Тој ме информираше дека кај него имало на англиски/македонски ИТ учење, и ајде отидов таму. Ми кажаа дека има и на мк/анг групи, предадов документите, запишав се', и платив семестар.
    Утредента, одам на предавање и тоа беше како бледа копија од презентацијата на Штулов. Повторно бев единствениот македонски ученик и, уште позезнато во моментот ми беше тоа што предавањето беше скроз на албански. Отидов до деканот, ми кажа дека немале доволно ученици да се пријават и само на албански можеле (дури ми сугерираше да останам, а да преведувам скрипти од албански), иако претходниот ден ми беше јасно кажано дека има и на македонски и на англиски групи.
    Тука поднесов барање за испишување, за да ми вратат пари, итн.

    Пак, немав каде, и (видете ми го паметот) наместо да останам една година без факс, ја запишав МСУ. МСУ првиот семестар го посетував, положив по колоквиуми се'. Во декември почнав на Upwork да заработувам и планирав сам да си ја платам школарината. Меѓутоа, сепак одлучив да престанам пред да започне вториот семестар зашто знаев дека нема да ми е признаена дипломата. Уште подобро што се испишав и не платив втор семестар со тековната ситуација со COVID-19.

    TLDR; Запишав три факултети, ниеден не ми се погоди.

    Сега имам интенција да се запишам на UACS (Американ Колеџ) зашто на повеќе места ми кажаа дека диплома ми е (нај)признаена или UACS или ФИНКИ ако планирам да работам во странство. За Software Engineering програмата сум заинтересиран при UACS, на англиски.
    Секако не би се оставил да знаењето или вештините ми доаѓаат исклучиво од факултетите; имам симнато неколку курсеви од Udemy, од други сајтови, и така.
    Веројатно (80% се шансите, барем во моментов) ќе се преселам во Србија или Германија откако ги завршам студиите, така што би било пожелно да дипломата ми е признаена во истите.
    Можете од претходниве генерации кои имаат студирано да ми кажат дали UACS би бил океј избор?

    Благодарам на секој што ќе одвои време да го прочита горенаведеното и што ќе ме советува. Имајте пријатен ден!
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  2. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    369
    363
    17 Март 2010
    Машко
    А зошто го избегнуваш ФИНКИ?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Страв?

    Не знам, од искуства што имам слушано за луѓе што запишале ФИНКИ и кои оделе, ми изгледа пренапорно. Секако тоа е “рекол-чул“ вид на изговор, ама тоа ми е единствената допирна точка со ФИНКИ.
    Знам дека има повеќе математика одошто сметам дека би бил способен да одговорам, а во однос на тоа што имам намера да работам (Front-End Developer), мислам дека нема да ми е толку нужна.

    Исто така, имам желба и намера да учам на англиски јазик.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  4. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    620
    613
    26 Јуни 2012
    Машко
    Имам слушано позитивни мислења за американ колеџ и студиите за компјутерски науки, достапност на професори, програма, настава на англиски.. Е сега имаш и таму математика плус и американ ти е најскап, околу 2000евра e година доколку можеш таа сума да ја одвојуваш. Мислам беа 3годишни студии, а на финки се 4.
    Незнам сега со целава ситуација, но можеби најдобро е да стапиш во контакт со нив и да направиш муабет околу твојата цел и очекувања.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    На нивниот сајт стои дека само College Mathematics/Calculus имаат во прва година. Тоа не мислам дека ќе е толку напорно да научам. Сепак, полесно ќе ми е со по една математика во семестар одошто со по две-три-четири.
     
  6. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    432
    116
    15 Мај 2012
    Машко
    Имаш насоки на кои нема толку многу математика. Во прва година имаш само математика како предмет и тоа дискретна, калкулус, веројатност (2 год) и уште еден предмет што е всушност веројатност со друго име ( се разликува смерот). Ако не сакаш математика најмногу што можеш е да поминиш со дискретна 1 и 2 што и не се тешки. 1 год горе долу се исти предмети на сите насоки. Од 2 год веќе почнуваш со изборни. Има доста проф. и асистенти кои не работат повеќе а имаа големо значење за софт. инженер. Како и да е за фронт енд имаш асистенти и проф. но не очекувај премногу зошто за најнови тех. и нема квалитетни вежби и не се многу во тек. Во кратки црти, ќе имаш основа, ќе треба многу да работиш самиот И ИМАШ МЕНТОРИ КОИ МОЖЕ ДА ТЕ НАСОЧАТ И ДА ТИ ПОМОГНАТ доколку се потрудиш самиот. Најчесто обемот на материјалот е преголем за времето и на голем дел од предметите не се навлегува во детали. Конкретно, за некое адванс ниво на андроид(материјал) имаш 3 месеци што е премногу материјал за по 90мин еднаш неделно во група од 60 + луѓе и лаб. вежби од дома да ги решаваш самиот и имаш еднаш неделно можност за консултации и да не заборавиме имаш уште 4 други предмети од кои ти би сакал 2 да бидат од некоја корист (бази, бекенд етц.) и на кои треба да посветиш време.
     
  7. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Баш поради оваа најдолу и сум колеблив околу ФИНКИ. Премногу материјал, премалку време.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    196
    158
    20 Јуни 2009
    Твојата состојба има два правци а ќе пробам да ти дадам совети на кратко.

    1. Запиши ФИНКИ, посвети се на факултетот и дури студираш заработувај 20% од тоа што би го заработувал сега без воопшто да студираш.
    Тоа што не си го заработил сега, ќе го заработиш многу кратно откако ќе завршиш.

    2. Кога ќе завршиш факултет или ако сега воопшто не запишиш, апсолутно на никој нема да му е гајле каква диплома имаш туку колку можи да те продај (а по тоа и колку ќе те плати). Оваа е област каде дипломите не значат ништо, но тоа што си го научил до дипломата значи СЕ.
     
  9. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    432
    116
    15 Мај 2012
    Машко
    Можеби е подобро од премалку. Ако имаш основни познавања можеби и ќе можеш да останиш во тек со материјалот и интензитетот. На крај најверојатно ќе имаш проект кој ќе го правиш самиот или во тим каде што реално ќе примениш се што си учел и ќе има одредени барања кои треба да ги исполнува така да нема да можеш да истуркаш со нешто многу едноставно.
     
  10. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Има и на финки 3 годишни студии.

    @Nikola.lovecraft ти на факултет идеш за да научиш или за да ти е лесно? Ако материјалот на финки бил преобемен, немаше да има толку студенти што дипломираат. Боље финки да го учиш 5 или 6 години отколку некој приватен да си го прелеташ на време, за 4 години, со никакво знаење.

    Најголем проблем е шо на финки се запишуе секоја будала чијашто мамичка сака да има синче/
    ќеркича програмерче (или компјутерџии они ко шо ги викаат :)). Мислејќи дека финки ќе го пројдат како средното - со врски, после прва година, завршуваат веројатно со 2/3 положени предмети од 10 и све живо и диво им е криво. Финки не чини, најлош факултет е, професорите се такви, вакви, онакви, финки е многу тешко итд итд.

    У една позната фирма у Ск, се запознав со дечки шо се примени горе долу истовремено на работа (пред околу 3 години), едните од нив беа од финки (од кои дел уште немаа дипломирано), а другите беа од приватни факултети. По муабетот за работа делуваше дека овие од финки можат професори да им бидат на тие шо доаѓаа од приватни ;) Нивоата и платите исто доста се разликуваа за само 3 години работа. Ми остави впечаток еден од тие шо доаѓаше од приватен (мислам дека беше SEEU), ми вика: коа се запишав на магистерски на финки, осетив шо е стварно студирање. Дополнување на ова... имав еден колега-другар, 1 година повозрасен од мене, беше на финки мислам дека 2 години али нишо не напраи. Така разочаран, се запиша на ФОН. Лани у октомври пак го глеам на предавања на финки и го прашуем шо е работата, ми вика: брат тоа не е факултет, тоа е заебанција.

    Што се тиче финки, нема зашо да се плашиш, остај ги другите шо зборат, секој за себе може само да си збори, не дозволувај некој друг да те убеди дека тебе ќе ти е тешко. Нив им е тешко зашо мислат само на платата шо потенцијално ќе ја земаат од коа ќе дипломираат. Тебе ќе ти е лесно ако стварно го сакаш тоа. На финки има смер/ови кајшто нема многу математика т.е. имаш 2/3 предмети. Дури и овие математики не се тешки математики и не се за да те научат колку е 2+3 туку за да ти го развијат логичкото размислуење.

    У однос на тоа шо сакаш ти да се определиш т.е. фронтенд, на финки има доста предмети шо го опфаќаат ова на еден или друг начин. Некои од нив имаа застарени програми заради што јас ги избегнував на почеток на студии но во последните година-две се апдејтирани и се користат најактуелни технологии. Има професори и асистенти кои се стварно спремни и со големо искуство во сферата. Скоро сите професори ти се достапни да ги најдеш на консултации во канцеларија/после предавање/пауза меѓу предавања/мејл и да разговараш со нив дури и за теми што не се толку поврзани со факултет или нивниот предмет.

    Да не биде дека само го фалам финки, пошо лично мене има неколку работи што ме разочараа во тек на студии. Еден од најголемите проблеми е (не)организираноста на факултетот. Премногу студенти, премалку простории и професори. Се случува на предавање да има по 300 луѓе у предавални шо се предвидени за 150 или 200. Распоред за колоквиумска/испитна сесија добиваш неколку дена пред истата. Распоред на часови ти се мења у првите 3 недели од секој колоквиум. Исто заради големиот број на студенти кои слушаат одредени предмети, неретко се случува целосно да крахира системот за време на полагање и едноставно да не можеш да полагаш ко шо треба. Среќа што скоро секогаш професорите имаат разбирање и ти продолжуваат време соодветно на тоа шо си изгубил, али нервозата останува и на крај тој шо требало да полага у последен термин пример ќе чека уште 3 саати на факултет за да полага :(
    Друг огромен проблем е тоа што дел од професорите стварно не чинат и не знам по кој основ се уште се професори на факултетов. Пример, ако на предмет Х има професори А, Б, Ц и Д, и кај А, Б и Ц на предавање има просек по 150 студенти, а кај Д има просек по 10/15 студенти, тоа многу кажува за квалитетот на тој професор. Добрата страна е што кај задолжителните предмети има многу професори шо ги држат па можеш да бираш кај кој ќе слушаш. Лошата страна е шо изборните предмети треба да ги бираш не на основ на тоа дали ти се свиѓа материјалот којшто се изучува, туку дали ти е океј професорот.

    На крајот на денот, целосно се согласувам со @cyberbaze дека од факултетот не е важна дипломата, туку знаењето шо ќе го добиеш.

    Ако имаш било какви дополнтелни прашања/дилеми за финки, стојам на располагање за прашања тука или у пп.
     
    Маша, Astro и на Lokvan им се допаѓа ова.
  11. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Па, не кажав дека сакам да ми се лесни студиите. Впрочем, затоа и се испишав од МСУ. Повеќе од час-два у недела не ми требаше за да ја пројдам материјата која ни е предадена.
    Кажав дека мислам дека е пренапорно на финки.

    Фала што се понуди, еве што можеш да ми кажеш за програмата на англиски на финки?
     
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,783
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    На сите искрени и супер-корисни информации кои опширно се потрудил да ти ги понуди дечкото... Ти сериозно не прашуваш ништо друго туку за „програмата на англиски на финки“?

    Пар моменти кои јас ги гледам како релевантни:
    - Не гледам дека лошо го владееш македонскиот
    - Никаде нема споредливо квалитетна образовна програма на англиски во државава, барем не на нивото на ФИНКИ


    Што всушност ти е приоритетот, квалитетно да се едуцираш - или да студираш на англиски јазик?

    Се плашам дека ќе мораш да одбереш едно од двете, очигледна реалност која не би требало да има потреба да се објаснува.
     
    mdeni, Маша и на Filipovski им се допаѓа ова.
  13. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Кога некој ќе ми каже да прашам ако имам некои дилеми/прашања, а јас ќе го сторам баш тоа, не гледам никаков проблем. Очигледни се сите топ совети што ми ги понуди, сепак кажав и благодарам при крајот.

    Во однос на моите приоритети, цел живот имам желба да се едуцирам на англиски. Првин сакав да одам во странство, но и тоа пропадна - нерелевантни се случувањата за разговоров.
    Секако дека сакам да научам се' што можам во поглед на кариерата, да сум способен за работа, ама не гледам зошто истото не би можел да го стекнам учејќи на англиски.

    Со оглед на тоа што ја изјави дека кај нас нема квалитетна програма на англиски, тоа е познат факт или твое мислење? Ја имаш разгледано и споредено програмата со македонскиот еквивалент или ти пренеле искуство луѓе кои оделе на истата?
     
  14. Filipovski

    Filipovski
    Intern

    3
    4
    8 Април 2018
    Машко
    На ФИНКИ си избираш смер кој ти одговара, бидејќи книгите секако ти се на англиски, па и повеќето од презентациите. На крајот од денот студираш на англиски.
     
    mdeni, NikolovskiM и на bxxxn им се допаѓа ова.
  15. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,783
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    Oпшто познатите факти се општо познати факти.
    Овде не се проблематични фактите, туку твојот однос со реалноста... Без навреда (барем нема имплицирана), ама кога некој има можност да оди на ФИНКИ ама се запишува на Штулов со очекување дека ќе учи на македонски/англиски јазик - тоа не зборува многу добро за неговото разбирање на реалноста во која живее.

    Сега ете повторно ја заобиколуваш реалноста и повеќе те интересира медиумот отколку содржината и квалитетот на содржината.

    Реалноста ти удрила заушка на Штулов, не дозволувај сега следно и да ти удри шамар заради романтични фантазии. На крај јас само кoнструктивно ти забележувам, и после ова дефинитивно се одјавувам од дискусијава.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Не сум запишал на Штулов мислејќи дека ќе учам на македонски, туку на англиски. Мислам дека јасно го опишав истово, погоре.

    Те прашав за 'општопознатите' факти зашто вистина ме интересира дали е тоа општопознато. Јас што имам прашувано, ми имаат кажано дека на ФИНКИ и на UACS англиските програми се квалитетни. Можеби ме имаш сфатено злонамерно или како да те напаѓам, но само сакав да чујам што имаш да кажеш за програмите како програми, поподробно. Тоа беше се'.

    Во однос на тоа дека се одјавуваш од дискусијава, фала секако за твојот допринес. Имај пријатен ден.
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,783
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    Имај и ти пријатен ден, и со среќа во изборот.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Ај вака од почеток. Ти ја разбирам желбата за учење на англиски, ја учев средно на англиски.

    Е сеа, што се тиче финки, имаш еден англиски смер која е еквивалентен на еден македонски. Проблемот е шо на овој смер имаш задолжителни математички предмети Калкулус 1 и Веројатност и статистика, шо се едни од предметите на кои најчесто заглавуваат лошите математичари на финки. Од тој аспект, не би ти го препорачал овој смер. Имено, се знам со неколку колеги од англискиот смер, вклучувајќи ја и сестра ми. Реалноста е дека предметите на овој смер се учат на англиски само у прва година и делумно у втора, т.е. на англиски ги слушаш само задолжителните предмети кои се помалку од половина, дури и некои од нив не беа на англиски.

    Друго нешто шо веројатно би те израдувало, а целосно би се сложил со @Filipovski. Реалноста е дека ти најголем дел од предметите ќе ги учиш на англиски, без разлика на кој смер си. Да, професорите ќе ти зборат на македонски, ама голем дел од презентациите ќе ти се на англиски. Книгите ќе ти се сите на англиски, ќе гледаш видео туторијали на англиски и сл. За скоро сите предмети имаш опција да правиш семинарски на англиски или македонски јазик.

    Друга негативна ствар за англискиот смер според мене, што сепак е субјективно и за некој може ова да е позитивно, е тоа шо англискиот смер у главно секоја година се група околу 40тина студенти и малце се како секта. Се понашаат уште како да се у средно, шо на факултет може да има негативни последици. Супер им беше у прва година, се дружеа заедно, собиранки итд. Ама после некое време, почнаа да прават поделби меѓу себе, едни групи со други да се хејтаат, да не си праат муабет и сл. Некои колеги дојдоа у ситуација да немаат со кој да праат муабет. Коа дојдоа трета година и почнаа да се мешаат со сите смерови на изборните предмети, беа како изгубени, не се знаеја со никој друг освен со англиската паралелка. За разлика од ова, на другите смерови у главно си поделен у групи по презиме, но у многу поголеми групи и овие групи постојано се мењаат. Башка шо ако не ти се свиѓа професорот шо предава пример Структурно програмирање на твојата група, слободно можеш да идеш у друга група. Ова е исто огромна негативна страна на англиската група пошо немаш избор на професори.

    Да не должам многу, на твое место би избрал македонски смер, Примена на информациски технологии у твојов случај пошо таму имаш најмалку математика. Доколку планираш на магистерски студии во странство, најдобро ти е да идеш на тригодишни студии, а после ќе си продужиш уште две у странство. Со англискиот не се замарај пошо секако го имаш у голема доза на сите смерови, ќе го имаш и кога ќе работиш. Големи се шансите дека ќе соработуваш со колеги од други држави, се уште ќе учиш од туторијали на англиски и така.. :)
     
  19. Nikola.lovecraft

    Nikola.lovecraft
    Intern

    29
    3
    13 Август 2019
    Машко
    Ова не ми ни помина низ паметот, а има смисла. Како некој што учел средно во клас од 15, такви поделби и хејтања се нормата.

    И тоа сум во план.

    Ова не сум го знаел, искрено. Мислев дека се целосно екслузивни, односно ако учиш на македонски, се' е целосно македонски, и обратно, ако учиш англиски, се' ти е на англиски.

    Ќе го земам во разгледување смеров.

    Фала ти за долгава елаборација.
     
  20. andrejpopo

    andrejpopo
    Intern

    2
    8
    9 oктомври 2018
    Машко
    Здраво
    Моментално сум втора година во американ смер софтверско инжинерство и сум презадоволен. Условите во американ се искрено супер. Во група сме одприлика по 15 студенти, имаме по секој предмет еднаш неделно предавања при што се одвиваат 2 часа теорија 2 часа практичен дел. За секој предмет имаш професор што ти ја предава теоријата и уште еден до два асистенти што го предаваат практичниот дел. Инструкторите се во глобала океј имаш некои предобри што можеш премногу да научиш а имаш и некои што не знаат да ти го пренесат знаењето до крај но се трудат. Мене најдобар дел ми е што имаме прилично доста млади асистенти што се амбициозни и мотивирани да те научат ептен. Исто така добра работа е што можеш да прашуваш колку сакаш прашања доколку со нешто заглавиш и се разбира можноста да идеш на консултации. Имаш јаки припреми пред секој испит што помага премногу.
    Но да знаеш безразлика на се ако не се трудиш сам и додатно не истражуваш џабе ќе идеш во IT индустријата.
    Ако те интересира повеќе пиши ми можам се да ти кажам како и за американ така и за финки.

    Ps. Мој совет ако можеш да си дозволиш финансиски во американ воопшто не му ја мисли


    Испратено од ANE-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  21. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    За front end не ти треба факултет. За web / mobile development / design нема потреба.

    Американ колеџ е супер факултет како факултет и професорите се супер (или барем беа пред 8-10 години) но како што спомнаа и други луѓе, дипломата не значи ништо во индустријава. Од кај знам? Ретко кој ми побарал диплома од тие што стварно се разбирале и го ценеле моето знаење и труд. Тие што ми побарале, не ми делувале на озбилни луѓе што се разбираат во индустријата, најчесто ми збореле “Зошто бе не отиде на ФИНКИ?” демек ја глуп сум и ништо не знам, воопшто не го испочитувале моето знаење, автоматски ме понижиле.

    Ако јас како клиент би те вработил како фронтендер, очекувам да знаеш да се снаоѓаш во секојдневие, да се едуцираш редовно и да инвестираш во себе, нормално да имаш техничко познавање на технолошкиот стак и да имаш изработено неколку свои проекти со тие технологии / алатки / јазици.

    Тоа што ти знаеш Java, C++, C# и што уште не, е бонус ама не е релевантно.

    луѓе можат да ти зборат за факултети колку сакаат ама факултетите никогаш нема да ти го дадат тоа знаење што можат премиум курсеви од платформи како Pluralsight да ти дадат. На факултет нема да учиш Javascript повеќе од еден семестар.

    И тоа не е се! Доколку не знаеш да се продадеш на интервју, џабе ти се 10 финки факултети.

    Нормално дека и самите интервјуа се различни. На некои од нив ќе ти дадат реални задачи во реално сценарио да решиш, други ќе ти дадат алгоритми и тестови на лист, зависи тој што те интервјуира дали е факултетџија или самоук и колку ги разбира работите и колку го цени твоето знаење.

    Сепак до тебе останува да одлучиш што ќе правиш, но запомни дека ако ги имаш ресурсите што ти требаат и редовно инвестираш во себе, ќе бидеш незапирлив.

    Return of Investment.
     
  22. Dark Knight 876

    Dark Knight 876
    Intern

    3
    1
    12 Август 2017
    Машко
    И јас сум во иста кошничка како тебе, само што завршив средно и се двоумам дали да се запишам на ФИНКИ (Примена на ИТ) или па на UACS (IT Management или Software Engineering).
    Сон ми било отсекогаш да студирам на англиски, планирав да заминам во странство ама поради финансиски причини не успеав. Како што гледам има поларизирани мислења и за двата, некои се за, некои против.
     

Сподели

Вчитување...