1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Туторијал за кодирање на Ардуино чип, да чита шифра пред влез/излез од работа?

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од JensenInterceptor, 9 Јули 2019.

Тагови:
  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Имам домашна работа. Треба да искодирам Ардуино чип така што ќе чита кодови од каква таква тастатура која во замислен свет стои пред влезна врата од фирмата каде работиш.

    Прво идејата беше со уред со магнетна картичка, но излеа може и со Ардуино чип со тастатура.

    Врска неам од кодирање Ардуино и затоа туторијал добро ќе дојде.

    Ми требаат 10 шифри што јас си ги бележам вака:

    1-почеток со работа
    2-завршување со работа, после работно време
    3-почеток на пауза
    4-крај на пауза
    5-службен излез
    6-службен влез
    7-излез на цигара
    8-влез од пауза за цигара
    9-болнички излез
    10-болнички влез.

    Потребно е, кога чипот ќе се прикачи на Виндоус, да се детектира од апликацијата и да може апликацијата да прочита која шифра е внесена.

    Хмм, само не знам како би одело со идентификација на „вработениот“. Може ли и ова некако со тастатурче на Ардуиното, или ќе треба додатен уред за читање магнетна картичка?

    Или можеби друга фора ове две функционалности, идентификација на вработен и шифра во исто време да се пренесат на апликацијата.

    Белешка: Апликацијата ќе биде во WPF со C# и .NET 4.5 или некој понов.
     
  2. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    511
    409
    20 ноември 2013
    Машко
    ова не е домашна, проект и тоа озбилен..

    ардуино+рфид+10 диџит пад

    корисникот внесува шифра и проаѓа со рфид картичката од која читаш ид и споредуваш во датабаза кој е и исто така запишуваш што прави..(одивна пауза итд..)

    ардуино и цшарп комуницираат преку сериска порта.

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На Zippo и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  3. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм, ако е ова голем проект, да си направам посебен симулатор кој ќе ја заличува функцијата на уредот за шифри и идентификација во WPF и C#?

    Пошто другиот дел од домашната е многу побитен. Ова со Ардуиното беше предлог што падна од тепка.

    Има ли некој туторијал што ги опфаќа и двете нешта, рфид, и тастатура со шифри?
    Немој само Лет Ми Гугл Ит Фор Ју :)
    Пиши ако има да си барам сам.
     
  4. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    511
    409
    20 ноември 2013
    Машко
    не ја знам целата :задача но би требало да прочешлаш
    Arduino Language Reference
    Arduino Playground : Keypad
    Arduino Playground : MFRC522 Tags
    M$ Serial Port C#

    исто така планирај што кијпад ќе земеш и читачот за картички по колку пина ќе ти заземат (мислам ќе ти треба мега2560)

    цшарп страната е едноставна.. но и тука ќе ти треба уште еден уно и читач за картички со кој пред да ја дадеш на корисникот ја отчитуваш и додаваш во датабаза заедно со име, презиме етц.... па потоа кога ќе се отчита со ардуиното ќе пратиш шифра+ид на картичката

    пс. оваа е само сугестија
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    А ќе треба да правам лемење? Или се може да уштека едно во друго, пред се деловите кои се спомнати?

    УСБ порта можеби?
     
    Последна промена: 12 Јули 2019
  6. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    511
    409
    20 ноември 2013
    Машко
    имаш Ардуино со и без "headers" а другите делови обично може да ги поврзеш со кабли, ардуиното и пц со усб кабел

    пример

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Ок. По претпоставка дека се ова ќе можам да го изработам, каква би била врската со база на податоци преку локална мрежа(LAN)?
    Хмм, пошто кога се внесува „ИД“ на вработен и шифра, истите ќе треба да се запишат во база.
    Дали ова значи дека самиот Ардуино чип ќе треба да е врзан на сервер компјутер со Линукс или Видоус сервер на него?

    Или сега тука доаѓа во игра некаков додатен уред што ќе се уштека на Ардуиното за да пренесе податоци преку Етернет кабел и можеби додатна Це Шарп апликација која ќе соработува со Ардуиното за да запише податоци во базата?

    Што мислите?

    Белешка: Не додадов порано, домашната е да се напише документација за софтвер за бележење влез/излез на вработени и пресметување плати. Главниот дел е документацијата, уредот беше второстепен, но изгледа исто така значаен. Сега чипот треба да го додадам како надворешен интерфејс на двослојна архитектура.

    1) ГКП(Графички Кориснички Посредник(GUI interface)) и апликациска логика на еден слој и

    2) база на податоци на друг слој.

    Апликацијата ќе биде десктоп и нема да има пристап до Интернет.
     
  8. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    511
    409
    20 ноември 2013
    Машко
    Со усб кабел директно ќе поврзеш пц и ардуино, ардуиното ќе ти пушта ид+шифра а апликацијата на тој пц потоа ќе бара и додаде нов внес за корисникот во датабаза а исто може да го апдејтира и гуито.



    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм која плочка би ја користел од овие?
    Arduino - Compare

    Ардунино Уно? Или можеби некоја од тие појачаните, за да работат и додатните уредчиња?
     
  10. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    511
    409
    20 ноември 2013
    Машко
    пак треба да појдеш од тоа кој модел на кијпад ќе користиш а исто и рфид читач.. т.е. по колку пина имаат за комуникација со ардуиното, моја претпоставка е дека ќе ти врши работа мега2560 бидејќи има бајаги пинови

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...