• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

[ТУТ] Како да го најдете моделот на вашата PCI картица (Windows)

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

eldiablo

Баниран/a
21 октомври 2008
820
48
Дали некогаш ви се случило да не можете да го најдете моделот на вашата мрежна, звучна, графичка картица или модем?

Епа сега има и за тоа решение. Проблемот е што многу често ми се случило кога ќе отидам кај некој пријател да му го преинсталирам оперативниот систем, често после инсталацијата многу драјвери фалат, но притоа многу често се случува да не ги запишам истите модели пред да преинсталирам.

Во овој случај пред да ги најдеме драјверите, мора да го најдеме моделот на картицата.

Ќе посочам еден поедноставен пример. Не го знам моделот на мрежната картица и неможам да најдам драјвери. Без никаков дополнителен софтвер, можете да одредите кој е моделот на вашата PCI картица.


  1. Отворете го Control Panel, а потоа отворете го System. Од System, одберете го табот Hardware (горе десно), а потоа Device Manager (или Shift+D).
  2. Проверете кои работи недостасуваат (во случајов мрежна картица):
  3. Десен клик (во случајов Ethernet Controller) и Properties
  4. Ова е најбитната точка. Значи после сето ова одите на табот Details (како на сликата) и ги гледате деловите обележани со синиот правоаголник. Значи од целиот дел:
    PCI\VEN_10EC&DEV_8136&SUBSYS_81361849&REV_01\4&38D2602C&0&00E1
    битен е болдираниот дел.
    Vendor ID: 10EC
    Device ID: 8136
    Првиот дел т.е VEN_10EC го означува серискиот код на произведувачот, а додека пак вториот дел DEV_8136 серискиот код на картицата.
  5. Следно што правите е отворате http://www.pcidatabase.com и во полето Device ID внесувате 0x8136, и стискате на Search. Притоа ги добивате резултатите:

Со ова успешно го најдовте моделот на вашата картица, а тоа е:
Realtek 8139/810x Family Fast Ethernet NIC
Сега многу лесно можеме да најдеме драјвери.

Забелешки. Screenshot-овите се правени на лиценциран Windows Xp. Истиов процес ќе можете да го извршите и на останатите оперативни системи Windows (NT, 2000, 98, 95) на сличен начин.
Со малку умешност можете да ги најдете и моделите на останатит уреди кој не одат на PCI bus.

Сите коментари и забелешки се добредојдени. Ве молам да ми пишете доколку имам некакви грешки при пишувањето или било какви други грешки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,522
Мислења
822,551
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно