• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Три прашања кои треба да се запрашате при развивање на бизнис идеја

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Ова ми се има случено неодамна, кога презентирав еден проект на кој работам. Го презентирав кај луѓе со огромно искуство и големи имиња.

Првин што бев запрашан по презентацијата е:

1. На кого му е гајле!?
Доколку развивате бизнис идеја, колку и да е добра таа за вас, запрашајте се на кого му е гајле за Вашата идеја... дали некој воопшто и зошто би одвоил време за неа?

2. Дали е технологија или е компанија?
Тоа што го развивате, дали е технологија, или дали е компанија. Има разлика и знам дека не звучи многу логично на почетокот но подразмислете го.

Пример, Гугл претстави технологија околу која успеа да изгради компанија, многу успешна компанија.

Треба да сфатите дека доколу имате технологија, тогаш Ви е потребна компанија позади таа технологија, и обратно.

3. Дали е пазарот спремен?
Многу важна работа. И покрај тоа што Вашата идеја е феноменална, имате осмислено прекрасни начини за профитирање и регулирање на се` и сешто... и на хартија се звучи добро, потребно е да се запрашате дали пазарот е спремен за Вашата добра идеја. Дали е доволно голем пазарот каде што ке ја претставите идејата, како и кои се околностите. Во минатото имаше преголем број на феноменални идеи - но претставени во погрешно време и на погрешно место.
Доколку се сеќавате, Гугл не беше првиот Интернет пребарувач. ;-)
 
Wizardion

Intern
2 март 2008
111
1
Супер пост. Многу ти фала D. Многумина луѓе би требало да го прочитаат овој пост пред да започнат со некој Бизнис. Браво!
 
paneval

Intern
2 март 2008
178
1
Верувајте ми работам за друг (а.д.). Работете си самите за себе, се разбира сепак добро размислете пред да почнете, но секако би ви било подобро.
 
GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
D, овој пост да ти кажам би ги потсетил сите пред да започнат каков бил бизнис ...
 
finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
so ovoj post D go potvrduva mojot stav: IT ne postoi vo vakum!!!
osnovni principi na managment i pretpriemastvo se potrebni vo obrazovanieto na sekoj IT professional!

$0.02
 
StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
so ovoj post D go potvrduva mojot stav: IT ne postoi vo vakum!!!
osnovni principi na managment i pretpriemastvo se potrebni vo obrazovanieto na sekoj IT professional!

$0.02
Да беее... сеа ми текна дека у втора имате со дебелиот и со овие двајцава луди innovation бла бла... Ти испрале мозок а? :))
 
M

Mr.Alien

Гостин
Особено третата точка.
Според онаа народната - домашниот есап на пазар не се продава!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Добро е што некој реагираше на постов после 3-4 месеци... :))

Секој ден слушам од некого дека ќе започнува бизнис на интернет бидејќи е полесно овака било онака било, а воопшто не размислува за главните работи... во умот му се врти: па ако тој можел да направи така, зошто да неможам и јас тоа?

Епа за жал неможете... како што Гоце го сфаќал светот како поле... ја го сфаќам како океан ....

да образложам да не остане како смешка... океан каде што има бранови и кој знае да сурфа ќе се качи на бран и ќе успее, кој не знае ќе треба да се подави малце па да поднаучи.... бран нека претставува реакции и климата на пазарот на потрошувачите/клиентите... сега да ја продолжам мојата филозофија... зависно од климата може да има големи и мали бранови, а може и да нема бранови во моментот... и секогаш ќе ги имате оние луѓе кои сакат да научат да "сурфаат" но не им се влага во океанот, од "страв" или сл.

Знам дека исфилозофирав, но јас така го сфаќам светот/бизнисот...кој сака повише објаснување нека ме рчне на оваа тематика.. :)
 
Banzai

Intern
3 март 2008
637
8

Епа за жал неможете... како што Крсте го сфаќал светот како поле... ја го сфаќам како океан ....

да образложам да не остане како смешка... океан каде што има бранови и кој знае да сурфа ќе се качи на бран и ќе успее, кој не знае ќе треба да се подави малце па да поднаучи.... бран нека претставува реакции и климата на пазарот на потрошувачите/клиентите... сега да ја продолжам мојата филозофија... зависно од климата може да има големи и мали бранови, а може и да нема бранови во моментот... и секогаш ќе ги имате оние луѓе кои сакат да научат да "сурфаат" но не им се влага во океанот, од "страв" или сл.

Знам дека исфилозофирав, но јас така го сфаќам светот/бизнисот... :)
:)):)) Колку поетски кажано, одлична метафора.

Сепак мислам дека од аспект на хедонистичкото шаржирање нашата фабула е толку афирмативна што во крајна консеквенца е крајно апсурдно да се говори за нашата психодијалектика :LOL:

Во секој случај во право си, и шала на страна добра ти е компарацијава и сваќањево на бизнис светот :bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
:)):)) Колку поетски кажано, одлична метафора.
Па само Гоце ли може да кажуе такви кул работи... :)

Сепак мислам дека од аспект на хедонистичкото шаржирање нашата фабула е толку афирмативна што во крајна консеквенца е крајно апсурдно да се говори за нашата психодијалектика :LOL:
Правен беше ти така? :))))

Во секој случај во право си, и шала на страна добра ти е компарацијава и сваќањево на бизнис светот :bravo:
Искрено ова размислување ми има многу помогнато за некои работи... знам дека можеби не го напишав и објаснив јасно, но штом добијам некоја слободна минутка повеќе ќе ја објаснам во детали мојата филозофија... :muahaha:
 
Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Искрено ова размислување ми има многу помогнато за некои работи... знам дека можеби не го напишав и објаснив јасно, но штом добијам некоја слободна минутка повеќе ќе ја објаснам во детали мојата филозофија... :muahaha:
Убаво си објасни ти, мислам дека те сватив што сакаш да кажеш ;)
 
finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
Да беее... сеа ми текна дека у втора имате со дебелиот и со овие двајцава луди innovation бла бла... Ти испрале мозок а? :))
manjovich, mn se u pravo ama najseriozno ... i kehagias i ketikidis mi predavaa do sea i mn im se na mesto site stvari sto gi kazuvaat, mora da mislime 'outside of the box' samo taka neso ke postigneme inace cel zivot ke bideme low life koderi sto rabotat za ichPari i nemaat respekt vo organizacijata.
ima puno super programeri sto imaat ludilo idei i super skill-ovi ama nikako da se probijat...i wonder why? :D
 
Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Мислам дека немаат страв, имаат техничко знаење (нели се програмери) и може да си дозволат домеин и хостинг (нема голем ризик за вложени пари)...но потребно е ВРЕМЕ ( дали потрошеното/вложеното време ќе им се исплати).

До тука обично сите одат со филозофијата - можам јас се не ми треба ништо од никој. Најевтина варијанта све правам сам не плаќам ништо наоколу.

Кога ќе заглават временски со проектот што то замислиле и го реализираат почнуваат да се преиспитуваат за целата идеја, сомнежи дали ќе испадне како треба. Обично повторно вложуваат во истата работа со време или идат на план Б, да се скрпи нешто и да се објави , па за другото отом-потом.

Вакви се 90% од пливањата во океанот и обично се како олупини после бродолом.

Заборавив, дека од друга страна пак истите овие програмери/бизнисмени имаат високо чувство на слобода преку која многу тешко поминуваат за да работат за плата во туѓа фирма и стално роковите им се проблем, па макар било и платени рокови.

ПС: Важи за веб програмери.
 
taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
A dali moze tuka kaj nas vo Makedonijava nekade da se zastiti ideja? Konkretno za web e. E sea jas ako ja predlozam idejata na nekoj kako moze da bidam siguren deka toj nema da ja ukrade mojata ideja i da ja iskoristi za negovo ili drugo dobro?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
A dali moze tuka kaj nas vo Makedonijava nekade da se zastiti ideja? Konkretno za web e. E sea jas ako ja predlozam idejata na nekoj kako moze da bidam siguren deka toj nema da ja ukrade mojata ideja i da ja iskoristi za negovo ili drugo dobro?
Ideja nemozhesh da patentirash ili zashtitish so zakon. Mozhesh konkretno delo ili nachin na rabota.

Samo po sebe, sekoe sozdadeno delo (vkluchuvajki i web) avtomatski poseduva avtorski prava, znachi nemora nikade da bide registrirano. No ako sakash pomosh od drzhavata pri nesporazumi i dr. togash e dobro da se obidesh da go registrirash.

Agencija za avtorski prava i za industriska sopstvenost pri ministerstvoto za kultura ke mozhat da ti odgovorat pokonkretno na prashanjata za zashtituvanje na delo so avtorski prava.
 
ajvar

Intern
19 август 2008
297
6
Добро е што некој реагираше на постов после 3-4 месеци... :))

Секој ден слушам од некого дека ќе започнува бизнис на интернет бидејќи е полесно овака било онака било, а воопшто не размислува за главните работи... во умот му се врти: па ако тој можел да направи така, зошто да неможам и јас тоа?

Епа за жал неможете... како што Гоце го сфаќал светот како поле... ја го сфаќам како океан ....

да образложам да не остане како смешка... океан каде што има бранови и кој знае да сурфа ќе се качи на бран и ќе успее, кој не знае ќе треба да се подави малце па да поднаучи.... бран нека претставува реакции и климата на пазарот на потрошувачите/клиентите... сега да ја продолжам мојата филозофија... зависно од климата може да има големи и мали бранови, а може и да нема бранови во моментот... и секогаш ќе ги имате оние луѓе кои сакат да научат да "сурфаат" но не им се влага во океанот, од "страв" или сл.

Знам дека исфилозофирав, но јас така го сфаќам светот/бизнисот...кој сака повише објаснување нека ме рчне на оваа тематика.. :)
ova e tocno ama ima i nekoi sto pred da vlezat vo moreto namesto daski poseduvaat brodovi i jahti pa ne im e tesko da se prilagodat na klimata
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,560
Мислења
823,349
Членови
28,067
Најнов член
Dacmac92
На врв Дно