1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Трансфер од лаптоп на лаптоп

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од kire_33, 12 ноември 2019.

  1. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Здраво, би ве замолил за мала помош.
    Во фирмата имаме постар модел на лаптоп кој во него има инсталирано софтвер за дијагностика на машини. Но животниот век на лаптопот е веќе при крај, и дојде време да се префрли се на нов лаптоп.
    Немам никакво инфо ни за лиценца на моменталниот лаптоп ни за лиценца за програмата од каде е што е.
    Прашањето ми е дали ќе можам тотален трансфер да направам со бекап на виндовс со додатните програми или... ?
    Се работи на ОС вин7 64.

    Однапред благодарам,
     
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,276
    3,384
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Лиценците се врзани за матичната на лаптопот. И да да направеш тотален трансфер или да ги клонираш дисковите исто ти се фаќа.
    Лиценцата на програмите ке познае дека не е тој сериски број и програмата ке бара да се купе наново.
     
    На kire_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Значи да барам историја од каде е што е ... :(:cry: шансите се 0,001% бидејќи е донесен од странство.
     
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,118
    12,617
    23 Јануари 2008
    Манга
    Жити се? Да не гледаш на графчиња? Зошто коментираш нешто кое не го разбираш баш и го наведуваш човекот на погрешни заклучоци!??

    @kire_33 За кои програми станув збор? Каков лаптоп е стариот? а каков новиот?
     
    Gaston, StefAngel, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    За дијагностика од CAT,
    стариот е делл инспирион D830 мислам
    новиот е делл латитуде е7250
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,118
    12,617
    23 Јануари 2008
    Манга
    Можеш малку подетално кој софтвер, која верзија и слично?

    Стариот што конфигурација има, новиот што конфигурација?
     
    На kire_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    336
    407
    10 oктомври 2011
    Машко
    Секој софтвер си има своја логика/правила за лиценците. Зависно од тоа каква лиценца била купена, можеби софтверот има опција за деактивирање на лиценцата на еден компјутер и префрлување на друг. Провери дали можеби е фајл лиценца ... провери во опциите дали имаш можност за деактивирање на лиценцата т.е. пренос на лиценцата.
     
    На ivan88, farkizz, bxxxn и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,118
    12,617
    23 Јануари 2008
    Манга
  9. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Моментално се на терен со лаптопот, се надевам во текот на денов или евентуално утре ќе можам да проверам дали има некоја опција за пренос на лиценцата,
    Затоа и прво прашувам за помош, да соберам неколку алтернативи пред да почнувам со проби,
     
  10. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,037
    1,158
    11 Март 2011
    Како што спомна @NanoCell зависи како е имплементирано:)

    Имаш неколку опции да се обидеш со префрлувањето.

    - да префрлиш само фолдерот од еден на друг компјутер (на вториот исклучи интернет, да не се деактивира лиценцата) и види дали ќе работи
    - доколку не работи обиди се да ги префрлиш и регистрите од HKCU и HKLM за соодветниот програм
    - доколку не работи обиди се да го смениш серискиот на хард дискот со стариот
    - обиди се цел хард диск да преместиш во нов сличен лаптоп со цел да видиш дали активацијата е поврзано со матичната (може да се деактивира лиценцата)
    - клонирај го дискот и експериментирај во виртуелка

    Има големи шанси ништо од погорното да не успее
     
    На gOJDO и kire_33 им се допаѓа ова.
  11. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Фала, :)
    - со клонзила не успеав само тоа ми е пробано до сега, бидејќи немам многу време за пробување :confused:
     
  12. Peceto

    Peceto
    Gaining Experience

    59
    56
    24 Јули 2012
    Машко
    Pravev slichni rokadi so klon od eden na drug hard. I so win soft i so hirens ili ubcd softveri go imav istiot problem-licenciranjeto posle 3-4 podiganja na soft. Posle malku chitanje na nachinot na koj se pravi klonot probav so Acronis true image. Pravam klon od hardot na drug(vtor) hard, posle go raspakuvam na noviot hard disk. Go stavas vo noviot laptop i ti se podiga istiot operativen neli. Najverojatno ke imas nekoja maka so prvoto podiganje ama mozes da go sredish. Taka se sredi so dva do sega softveri za cnc.. Na edeniot duri mu napraviv i apgrejd so win 10 od win 7 . Ne znachi deka i tebe ke ti upomine,razlichen soft e ama mozes da se obidesh.
     
    На kire_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,299
    11,404
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Клонирај ги серискиот број на партицијата на која е инсталиран и MAC адресата на мрежната. Тоа се многу чести (а едноставни) заштити што се користеа пред да почнат со online проверки.

    Од матичната колку што следев на времето ниедна друга компонента нема уникатен сериски број, освен ако не е нешто со TPM или MEI.

    Се разбира, претходно го клонираш цел диск со нешто, најдобро и boot секторите сосе се` друго (може да пишат таму, старите верзии на Фотошоп пишеа).
     
    Последна промена: 12 ноември 2019
    Costigan_Jr, gOJDO и на kire_33 им се допаѓа ова.
  14. Malkovich

    Malkovich
    Intern

    5
    3
    7 Декември 2017
    Машко
    Софтверските лиценци кои се инсталирани независно од ОС немаат врска со матичната плоча на лаптопот.
     
    На gOJDO и kire_33 им се допаѓа ова.
  15. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,276
    3,384
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Имав пробувано во автосервис со клонирање на дисковите од еден на друг. Резултираше со Trial верзии или заклучени на новиот лаптоп.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,481
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ви препорача Гојдо горе да не лупате глупости, не помагате на ниеден начин.

    Секој производител различно ги лиценцира своит производи на различен принцип.
    Очигледно нема никој тука апла практично знаење за овој софтвер. Ако се нафати некој да направи анализа на случајот да се види на кој начин е лиценцирано, можеби и ќе се успее да се проработи.

    Јас би пробал со клон прво, или би побарал постар лаптоп на кој би можело да се проба да се стартува клонот.
     
    ivan88, kire_33 и на gOJDO им се допаѓа ова.
  17. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    527
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Јас би го контактирал произведувачот на софтверот. Сериозна софтверска куќа има решение за пренос на лиценца заради умрен хардвер.
     
    RoninMK, moongose и на kire_33 им се допаѓа ова.
  18. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    590
    762
    25 Февруари 2016
    Машко
    Сакаш искрен одговор, им е гајле дали ти цркнал хардверот, ако не е софтверот на усб ти бараат да си купиш нова лиценца.
     
    На kire_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    772
    709
    27 Април 2010
    Машко
    @kire_33

    Ако е постар софтвер и не му треба интернет за да проверува лиценца цело време дали е можно да се извади серискиот број т.е лиценцата од регистрите преку Registry Editor т.е да се најде да се провери да не е сочуван тамо серискиот број.Јас порано што беше за некои од игрите кои бараа реинсталација на играта на секој реинсталл на windows на тој начин успеав да не правам реинсталл на играта туку во регистрите се наоѓање сериски број правев повеќе бакуп фајлови од регистрите и пробував после секој реинсталл кој фајл од кога ќе го внесам дали ќе ја упали играта.Така открив дека warcraft 3 dota ,
    Command & Conquer: The First Decade и други игри можеа да бидат зачувани да не се прави реинсталл.
    Не ме сваќај погрешно јас да ти помогнам дали си го пробал овој начин...

     
    На kire_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,118
    12,617
    23 Јануари 2008
    Манга
    Јас прво би пробал со клониран хард-диск да бутирам на новиот лаптоп и да го средам драјверски.
     
    Astro, kire_33 и на bxxxn им се допаѓа ова.
  21. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Инсталирав се, но уште онлине најавата не сака да ја прими :angry::angry::angry:
    најдов некој кејгени, со помош на мак од лан моментална пробано, исто така од лиценцата од десниот нотпад макот клониран во сегашниот и никако да прифати.
     

    Прикачени датотеки:

    • cat sis.jpg
      cat sis.jpg
      Големина:
      316.3 KB
      Прегледи:
      42
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,299
    11,404
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ако ја клонираше МАК адресата од стариот компјутер на новиот, само подметни му ја старата лиценца, не дирај ништо во програмот, стартувај си го нормално.

    Ми изгледа дека прави web server или tap/tun/... интерфејс на мрежната карта. Може да има процес/сервис во позадина кој треба да се изгасне пред да ја смениш МАК адресата. Во device manager/properties ја клонираше, така?

    Дали програмов некогаш работел без интернет?
     
  23. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    да пробав да ја клонирам МАК и со лиценцата од стариот ама не прифати
    а дали работел без нет некогаш не знам ..
     
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,299
    11,404
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Е па значи не е само МАК адресата, има и нешто друго (сериски број/проверка на друга компонента, онлајн проверка, нешто снимено во реџистри или на друго место).

    Кога веќе видел дека му е невалидна лиценцата, веројатно обележал некаде дека е така. Треба одново да се клонира (имиџот од) хард дискот и да се почне одново, што е макотрпно... Ако не те мрзи, повтори ја постапката (клонирање на диск + на МАК), не го пуштај на интернет (исклучи кабел), пробај пак на чисто. Или трејсирај старт на програмот со Process Monitor па прати ми го логот, само не знам кога ќе имам време да го разгледам детално. Ако не ти е битно што ќе стои на ачик секој да го види, постирај го во темава.

    Уствари џабе, сега најдов некој крак и е многу интензивна постапка (инсталираш три работи, дисејблуваш интернет, антивирус и UAC, заменуваш фајлови, потеруваш уште едно програмче што ми личи на клонирање или читање на MAC, ја внесуваш во кејгенот, пастираш лиценца, едитираш (додаваш) environment variable)... Со клониран имиџ од ХДД би требало повеќето работи да се средени, само МАК адресата... Односно да се потераат двете компоненти од кејгенот.

    Има интернет проверка и не го пуштај на интернет.
     
    На kire_33 и Ile bocev им се допаѓа ова.
  25. kire_33

    kire_33
    Gaining Experience

    177
    84
    16 Февруари 2012
    Машко
    Мене ми е како што видов работи преку експлорер се најавуваш и го користи интерфејсот од него а ги користи базите локално од пц то ... а за да продолжиш онлајн да помини сертификатот....
    Доста е за неделава од понеделник со нови сили..
     

Сподели

Вчитување...