• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Трансфер на датотеки од еден на друг компјуер со различен ос...

  • Ја почнал/а темата
  • #1

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Ако може некој да ми каже како најлесно можам да си префрлам датотеки од еден во друг компјутер кои имаат различни ОС-и?
Значи сакам од МАС ОЅ Х Leopard, да префрлам датотеки поголеми од 2гб... Сега, има некој начин да се направи мрежа помеѓу тие два ОС-а со мрежен кабел од нетот? Дали треба да сменам ОС? Како можам да го направам тоа? Ако не може вака, но сепак има друг начин, ве молам кажете ми.
П.С. темава не знаев каде да ја сместам, па затоа овде, оти не гледав соодветна категорија.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Може да се изведе со Samba. Инсталираш на тој од каде што сакаш да земаш фајлови а другите се конектираат на него.

Може и обратно, ако е Windows другата машина, овозможи шерување и преку ОС ИКС от конектирај се преку Samba на него.

http://www.wwu.edu/depts/techserv/java/samba/mac_setup.jsp
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,115
27,380
kalco.ru
1. мислам дека посоодветно место на темава е во оперативни системи во ОПШТО ама нема врска:))
2.А зашто не си земеш едно флешче и да си префрлиш се....2 Гб не се многу.Што се малтретираш џабе
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Може да се изведе со Samba. Инсталираш на тој од каде што сакаш да земаш фајлови а другите се конектираат на него.

Може и обратно, ако е Windows другата машина, овозможи шерување и преку ОС ИКС от конектирај се преку Samba на него.

http://www.wwu.edu/depts/techserv/java/samba/mac_setup.jsp
Aма не ми е нешто јасно со самбава... Ако можеш нешто да ми помогнеш?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Не бе не, неможам со ова чудо самба да се снајдам...:lut2::plachko2:
 

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Прво види дали кабелот ти е cross over, а потоа пробај со самбата, ако не сака види преку ftp.

Јас мислам дека проблемот ти е во кабелот.
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,379
681
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Samba е вградена во Mac OS X и во сите Linux-и ја има .. a протоколот е native Windows протоколот за file-sharing.. така да тоа е најлесната опциjа.

значи ги врзуваш компјутерите со cross-over кабел, правиш share на било кој компјутер, и на другиот одиш во entire-network или network или слично (во секој os е различно) го наоѓаш прво компјутерот, па share-от - и на крај ги копираш фајловите од/во локалниот фолдер во/од share-от.

Најтешкиот дел е веројатно да го направиш share-от, иако во Ubuntu и Windows е десен клик на фолдер и има опција sharing тaму. Не знам во Mac os X како е, али ваљда слично.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,541
Мислења
820,219
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно