1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

TP-Link WR740N рутер проблем

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од cogscape, 18 Август 2016.

  1. cogscape

    cogscape
    Intern

    18
    21
    28 Јуни 2016
    Машко
    Неодамна го купив рутерчево од бувљак (цигански пазар) за 200 денари со надеж дека ке можам да експериментирам со dd-wrt но по моја претпоставка рутерот е заглавен во bootloop.

    Кога го уклучувам светнуваат сите диоди освен таа до power и после приближно 2 секунди одново светнуваат. Ако уклучам LAN кабел го цита и мозам преку Linux (ifconfig) да ја потврдам конекцијата но тоа трае само момент и се рестартира.

    Се обидував да се поврзам преку UART односно сериал и да добијам конзола (поврзано преку Raspberry Pi) но нити тоа нити Arduino-то не добиваат никаков сигнал (проверени се сите конекции со жичките - во ред се).

    Конечна претпоставка е дека можеби сум го изгорел UART-тот со 5V (работи на 3.3V) или пак рутерот е мртов (можеби од UV зрачење - иако беше купен заедно со оклопот).

    Сакав да прашам дали можеби (според овие тестирања што ги споделив) рутерот е лост цаусе или можеби само треба да се флешне нов фирмвер (во тој случај, како?).

    Инаку рутерот е верзија 3, за жал (нема JTAG хедери и по све изгледа нема anti-bricking механизам како v4.23). Повеке информации за моделот тука: https://wiki.openwrt.org/pl/toh/tp-link/tl-wr740n#uart_on_v30
     
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,049
    3,000
    2 Септември 2012
    Машко
    Постои уште бувљакот ?
     
  3. cogscape

    cogscape
    Intern

    18
    21
    28 Јуни 2016
    Машко
    Да, постои. Секое вторниче и петоче стандардно. Најлесно се стига со 23ка (таа те остава на најблиската автобуска) а незнам кои други броеви носат.

    Инаку, гледам некој и го одбелезал на Google Maps: https://goo.gl/maps/xU1v8He5HMK2
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,283
    6,394
    27 Март 2014
    Фрли го, не вреди да се замараш за рутер од 200 денари. Повеќе време ке изгубиш во оправање, отколку што навистина вреди.
     
    На Daniel86 и Oktar им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Требало да знаеш дека 740n не трпи DD-WRT.
    Јас сум успеал еднаш, откако го брикнав првиот и работеше ама лед сијаличките светеа цело време и повремено се рестартираше. Нема тој сила за DD-WRT, остај што има фирмвер на сајтот.
     
  6. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Дали на мене ми се погодил не знам, ама јас користев година и нешо вакво рутерче со ддврт.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,346
    348
    5 Јули 2009
    Ако ова не ти помогне, неисплатлива е поправката :

    Код:
    http://www.trishtech.com/2015/06/unbrick-tplink-wr740n-wifi-router/
     
    На cogscape му/ѝ се допаѓа ова.
  8. genius

    genius
    Gaining Experience

    360
    238
    6 ноември 2007
    Кај мене 4 години е со dd-wrt, неколку пати го имам флешнувано и upgrade на firmware му правев. Еднаш ми се има избагирано само кога снемуваше струја нешто ама го вратив пак на dd-wrt и супер си функционира, многу подобро од stock.
     
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Da ne si imal 841n?

    Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
     
  10. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,678
    6,920
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ја оваквиот го утепав од флешување чисто ради заебанција со триста фирмвери и го користев околу 3 години, па на крај го шитнав за 1500. Јебига, некој сакаше итно да има интернет у 1 сабајле. :)
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,107
    4,388
    4 ноември 2013
    Машко
    Брате господ грев ке ти пишит за ова :oh:
     
    На the_maker, farkizz, Banjifiko и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,283
    6,394
    27 Март 2014
    740, 840, 841N, 841ND, 703, 3020 се сите тие со 32мб рам и 400mhz процесорче. Така да не очекувајте којзнае какви резултати со ддврт. јас би рекол дека Gargoyle е доста подобар фирмвер џа овие рутери отколку ддврт.
     
    На cogscape му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,678
    6,920
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Епа брате, кога некој ќе те разбуди и ќе инсистира да му донесеш рутер дома и да му го сетираш во 1 сабајле, таа е цената :oh:
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Си му го дал џабе... Или можда дала шлива? :D

    Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
     
    the_maker, Daniel86 и на borcep им се допаѓа ова.
  15. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,107
    4,388
    4 ноември 2013
    Машко
    Аааа, епа извини брат, во тој случај ефтино си го дал рутерот :oh:
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    861
    885
    24 Февруари 2008
    Ко за рутер од 1000 ден. нов е супер. За 841N правам муабет. Кај мене тера 50/50mbps оптика со NAT/QoS еве го 3 месеци од сетапот нема ни еден проблем направено. Сите сакаме Mikrotik ама јбг, сад су скупе паре. :D

    [​IMG]
     
    Oktar, DrMTR и на krema им се допаѓа ова.
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,283
    6,394
    27 Март 2014
    На Luidgi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    861
    885
    24 Февруари 2008
    Тој е, прв што го штракнав, немам експериментирано со други фирмвери. Си има некои багови со зачувување на конфигурација и слично, ама ги знам кои се и како да ги избегнам и немам проблеми.

    И овие команди обавезно на стартап инаку уредите врзани преку LAN не се гледаат меѓусебно:

    Код:
    swconfig dev eth0 set enable_vlan 1
    swconfig dev eth0 set apply
     
  19. cogscape

    cogscape
    Intern

    18
    21
    28 Јуни 2016
    Машко
    Точно е дека не се исплати да се замарам со рутер од 200 денари но сепак го земав за да научам нешто ново - иако под тоа првин подразбирав општо за нетворкинг и ддврт.

    Инаку си имам перфектно функционален хјуавеј рутер со оптика и беспрекорна конекција и брзина. Можеби ке ги искористев тплинк-от како рипитер и ке го ставев серверот позади него за подобра заштита.

    Што се однесува до подршката за ддврт - овој рутер е популарен токму поради тоа што е најефтин кој го подржува тој софтвер (нагоре некои дечки и се пофалија со својот успех).

    Ке се обидам со водичот што го предложи @masterficx па ке ви пренесам дали сум успеал утре.

    П.С. Јас го купив рутерот во ваква состојба. Не сум се обидел да инсталирам ддврт нити пак сум се обидел (првично би инсталирал сток фирмвер па подоцна преку веб интерфејсот би се обидел со ддврт).
     
  20. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    779
    664
    27 Јуни 2012
    Овие рутери ги мислев имаат некаков квалитет, не издржува ни една година. Пред некој ден цркна вториот таков. Другите 841 со две антени мислам дека се друго и многу поквалитетни
     
  21. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,283
    6,394
    27 Март 2014
    исто пакување се сите тие..
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  22. cogscape

    cogscape
    Intern

    18
    21
    28 Јуни 2016
    Машко
    После многу маки дојдов до сознание дека проблемот сепак бил хардверски - некои од кондензаторите на плочката не беа исправни (поточно 2 од 3). За срека имав плочки од некои стари модеми и матични плочки и не беше тешко да се сменат. За оние што ги интересира, кондензаторите се со вредност од 470 микрофаради и 16 волти но ги заменив со 25 волтни.

    По замена само ја поврзав плочката и откако се активираше Wi-Fi мрежата имав веднаш пристап до stock firmware web GUI-то. Тоа изгледаше вака:

    [​IMG]

    Откако го разгледав, направив factory reset а потоа и web-flash на dd-wrt. Севкупниот труд беше поздравен со наредново:

    [​IMG]
     
    На Oktar, Luidgi, bokiscout и уште 3 други им се допаѓа ова.
  23. risto traktoristo

    risto traktoristo
    Gaining Experience

    210
    153
    21 Август 2016
    Машко
    стави му openwrt, dd-wrt е ретардиран
     
    На DrMTR и gdamjan им се допаѓа ова.
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,283
    6,394
    27 Март 2014
    DD-WRT е продукт од OpenWRT.
     
Слични теми
  1. petar.bt
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    2,153
  2. D3N1EL
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,035
  3. tomi
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    2,595
  4. Pilsator
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,906
  5. RFox
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,069
Вчитување...

Сподели

Вчитување...