• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија TP-Link 703N 3G Mini Wireless Router Review

  • Ја почнал/а темата
  • #1

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Денеска го добив "ѓаџетов" и си велам ај да фрлам една рецензија специјално за ИТ Форумот. :)
Уредов ми беше потребен, најповеќе затоа што имам уште една Wireless мрежа во близина, па сакав да ги става во една врска во комбинација со Микротик-от што го земав пред неколку месеци.

Чекор 1: Распакување на уредот

Уредот го нарачав преку eBay со оглед на тоа дека се работи за уред, кој што не е конструиран за нашото пазарно подрачје. Неговиот двојник TP-Link 702N е послабата варијанта, која што може да се купи и кај нас, но поради некое подолунаведени причини јас ја одбрав оваа верзија која што неможе да се купи кај нас. Уредот стигна уредно спакуван во фина картонска кутија:



од задната страна..



и од страната..



Се на се фино спакувано во убава картонска кутија.

Чекор 2: Прв Поглед и Импресии

Искрено, кога ја отварав кутијата, не мислев дека уредот ке биде навистина толку мал, колку што беше прикажан на сликите кога го нарачував. Уредот буквално можеш да го земеш и да го ставш во џеб. :)



Изработен од фина и доста квалитетна пластика со стаклен ефект, и веднаш ти станува збор дека Кинезите за уредите за свој пазар, посветуваат доста внимание на изработката. Посебно ова ми падна во очи, кога ги допрев и прегледав усб кабелчето и полначот кои се вклучени во пакувањето, бидејки изработката и кај нив беше на доста високо ниво. Истите се брендирани со логото TP-Link на нив. Еве што беше вклучено во пакувањето:

- Еден Mini 3G Wireless Router 703N
- Еден USB to Micro USB кабел
- Еден полнач 220V to 5V за напојување директно од штекер.

Како и технички информации за уредот.

Код:
Hardware Specifications
Protocol StandardIEEE 802.11n
IEEE 802.11g, IEEE 802.11b
IEEE 802.3, IEEE 802.3u
Transmission Rate150Mbps
Interface1 X 10/100M self-adaption LAN/WAN interface, support Auto MDI/MDIX
Micro USB charging interface
KeyReset
LEDStatus indication
AntennasBuilt-in smart omnidirectional antennas
Size57mm x 57mm x 18mm(L x W x H)
Wireless Parameters
Basic FunctionsWireless Switch
SSID Broadcast Switch
Channel selection: 1-13
Optional frequency bandwidth: 20MHz, 40MHz, AUTO
Optional Wireless Modes: 11n only, 11 bgn mixed, 11 bg mixed, 11g only, 11b only
Work ModesAP (Wireless AP)
3G Router
Wireless Router
Wireless Security The wireless MAC address filtering
The wireless security function switch
64/128/152 WEP encryption
WPA-PSK/WPA2-PSK, WPA/WPA2
Wired Functions
Practical FunctionIP Bandwidth control function(not support under Wireless AP mode)
PeanutHull DDNS (not supported under AP mode)
Network Settings (support under Wireless Router mode)WAN support: PPPoE, Dynamic IP, static IP
Dial-up Type: Automatic dialing, on-demand dialing, manual dialing, timing function
MAC address modification and cloning
VPN Pass-through
Static routing
DHCP Settings (not support under Wireless AP mode)DHCP server
Client list
Static address allocation
Port Forwarding (not support under Wireless AP mode)Virtual server
Special application
DMZ host
UpnP
Security Setting (not support under Wireless AP mode)The IP and MAC address binding for ARP attack prevention
IP address filtering
Domain filtering
MAC address filtering
System ToolsTraffic statistics
System log
Remote Web management
The configuration file import and export
WEB software upgrade
Others
Operating EnvironmentWork Temperature: 0℃ to 40℃
Storage Temperature: -40℃ to 70℃
Work Humidity: 10% to 90%RH No condensation
Storage Humidity: 5% to 90%RH No condensation


Чекор 4: Преглед на приклучоците и напојувањето

На самиот уред странично е видлива 1-та WAN/LAN порта, потоа MicroUSB приклучокот, како и копчето Reset.



додека пак од другата страна е сместена USB портата, која што служи за конвертирање на 3G сигналите од 3G модем во интернет врска.



Толку. Овие погоре наведени експанзии е сето она што можете да најдете кај овој уред. :D

Или сето ова на едно место



Морам да напоменам дека во пакувањето, беше вклучен и конвертор од CH во EU конвертор за струјата., но бидејки тој фабрички не е вклучен во пакувањето, нема да биде земен во обзир.

Чекор 5: Напојување на уредот со струја

Морам да кажам дека бев навистина љубопитен дали рутерчево може да работи на сите начина на напојувањењ кои што беа наведени во декларацијата на eBay.

- Напојување преку вклучениот адаптер.
- Напојување преку УСБ порта од компјутер

Ги испробав и двете варијанти и со двете уредот работи одлично.

Чекор 6: Тестирање



Како што кажав и претходно примарната намена на рутеров зошто го купив е да работи во Client мод, затоа што планирав да го додадам кон постоечката интернет конекција во комбинација со Микротик-от, кој што дозволува додавање на 2 или повеќе интернет конекции во еден рутер со што се добива на брзина а воедно се обезбедува и бекап врска во случај на пад на една од нив.

Бидејки рутерот не е за наш пазар дојде со кинески firmware, и бидејки беше невозможно како таков да се користи/сетира го флешував со англиски firmware за TP-Link 3020 бидејки како што кажав уредот е наменет за кинескиот пазар, па кинезите не се замараат да направат англиски firmware за овој уред. Флешувањето на уредот траеше некое си 2-4 минути по што добив англиски firmware. Единствена "мана" после флешувањето е што ЛЕД диодата што трепкаше сино сега не трепка воопшто бидејки 3020 има повеќе ЛЕД диоди. Воглавно кој гледа дали диодата трепка или нетрепка цело време.?



Една од поинтересните можности е што со флешувањето добиваш "се во еден уред" т.е Wireless AP/Router/Repeater/Bridge/Client/3G.



Рутеров го приклучив директно на усб портата од лаптопот, го сетирав во Client мод, и направив еден брз SpeedTest.



Со што добив солиден резултат во клиент мод. т.е приближно толку колку мојата интернет конекција.

Заклучок

Солиден уред, со многу мала потрошувачка на енергија (~5V) мал и компактен. Мислам дека за цената за која што го земав не згрешив и го постигнав тоа што го планирав. Доколку напоменам дека истиов уред е компатибилен со DD-WRT и OpenWRT се добива многу повеќе за парите.

Прашања.?
 
Последна промена:

borcep

Practice makes perfect
12 септември 2013
964
1,483
Скопје
Интересен уред, компактно и солидно. Ме интересира цената и каков 3G модем препознава на усб портата?
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3,558
4,184
Јас го имам TL-MR3040 што е сличен со овој + има своја батерија.

Ок е, врши работа. Не очекував мега брзи резултати - не ги ни добив.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
703-кава е ептен мала, дури изгледа како играчка кога го држиш во рака. Истотака ептен малата потрошувачка на енергија го прават одлична зделка. Кога сме кај брзината , еве како Спидпортот во комшии го гледа TP-Link-ов. :)



Солидно нели, како за таков Мини уред. :)
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,621
5,206
Секоја чест, одлична рецензија и нешто што навистина фалеше да се има како податок за оваков уред.
Претпоставувам дека пред да го порачаш, проверуваше дали може да се флешува со друг фирмвер, бидејќи доколку тоа не успее, парите ке бидат залудно потрошени.
Тоа го сметам како најдобар податок во моментот :)
 

donis992

Intern
28 март 2012
16
1
Одлична е рецензијава, и рутерчево е модерно, помодерно ќе било доколку се ставало сим во него за 3Г а не надворешен усб стик, искрено само заради тоа не го земав инаку едно време му се врткав му се туфкав, сакав да го нарачуам ама ме предомисли тоа со стиковите...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Секоја чест, одлична рецензија и нешто што навистина фалеше да се има како податок за оваков уред.
Претпоставувам дека пред да го порачаш, проверуваше дали може да се флешува со друг фирмвер, бидејќи доколку тоа не успее, парите ке бидат залудно потрошени.
Тоа го сметам како најдобар податок во моментот :)
Да Сале детално се информирав за уредот пред да го нарачам. Сеа ме мрзи да си играм со DD-WRT и OpenWRT ама добро е да се знае дека уредов е целосно компатибилен со овие фирмвери.

Многу јасно, еден е МикроТик. :) Моментално УСБ портата на микротик-от го напојува со струја ТП-Линков, со што сум го решил проблемот со напојување на тп-линков. Ценава на Микротик-ов е 40-тина долари или двојно од ТП-Линков. Секако дека во перформанси и во софтвер Микротик нема рамен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Денес ги флешнав DDWRT како и OPENWRT.. DDWRT е набилдан со милион сетинзи, ама поради тоа што требаше да се одвојат LAN и WAN интерфејсите од бриџот, го баталив, и се префрлив на отворениов WRT. :)

Прв поглед на OpenWRT



Да не ви е чудно што пишува Router Name TP-Link 3020v1. Така е бидејки веднаш по земањето го флешнав со англиски фирмвер за 3020, па така сега "in fact" имам 3020 само без хардверското копче и лед диодите. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Update...

Само што го brick- нав рутерчево обидувајки се да го флешнам на фабричкиот фирмвер. Иако фирмверот немаше никаде во името "boot" , сепак пробав да го отстранам bootloader-от од фирмверот. После отстранувањето, го флешував и остана мртов.. Лед диодата трепка споро, воопшто не доделува ИП адреса од рутерот (испробано и со статичка ИП), failsafe mode не функционира истотака..

Решение: Нарачав сериски адаптер и кабли, со што ке го вратам во живот после 30-тина дена сон. До следното видување, се одјавувам. :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Изгледа дека сеуште има спас за моето рутерче. Член на форумов, успеа да ги премости оштетените SMD компоненти, и да направи нови водови за Rx и Tx на самата плоча. Еве како успеал:



Останува да се тестира, и да го вратиме во живот. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Само што го тестирав Barrier Breaker фирмверот 14.07 и сум разочаран. Wifi перформансите се значително послаби од 12.09 Atlitude Adjustment. Значи верувам дека 14.07 ке има проблеми кај сите ТП-Линк рутери со Wifi-то. Разликата ја воочив, преку пуштање на HD видео на Youtube. Со 14.07 (BB) видеото имаше мака со читањето, едвај го читаше. Се вратив на AA 12.09 се е во ред. Информацијава е чисто информативно, доколку некој сака да ја проба.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,805
6,840
www.mikrotikmacedonia.net
Сепак досега од се што пробав, Gargoyle испадна како најстабилен фирмвер за рутерчево. :) 24 дена досега откако не е исклучен од струја, и сеуште работи стабилно, и без лагови.



Со DDWRT и OpenWRT имав одредени проблеми (кај DDWRT со DHCP серверот) а кај OpenWRT имав проблеми со "Resolving Host" одвреме навреме. Така да верувам дека фирмверот би работел стабилно и на други TP-Link low-end рутери. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,728
Мислења
856,129
Членови
29,737
Најнов член
M123xyz
На врв Дно