GameRetro
Баниран/a
- 2 март 2022
- 2
- 3
Здраво дечки. Како прво 20 пати од прееска убаво ги прочитав СИТЕ правила и услови за користење на ИТ.мк и форумот.
Во правилата не е забрането креирање на повеќе од една корисничка сметка па го користам тоа за да направам втора сметка чисто за да го искажам револтот по основа на администрација/модерација во последно време и особено денес.
Денес бев баниран на цела недела за не ни знам шо. Претпоставувам за еден шеговит коментар кој се надоврзуваше на друг во темата за жирафа кои РЕАЛНО не беа уопште лоши коментари, а под мојот имав јасно напишано дека се шалам.
Но бидејќи ко шо кажав ги читав правилата 20 пати откако се деси тоа јасно ми е дека, според правило 8:
Сосема е во јурисдикција на било кој модератор да си одлучува и проценува сам што е во рамки на тема а што не. Секако ако гледаме назад низ годините секогаш било дозволено доза скршнување од тема и тоа ја прави дискусијата и со тоа форумот поинтерактивен но сфаќам дека дури и ако лично моите коментари треба да бидат кај ќе се повлече линијата или пак едноставно може на одреден модератор баш такви коментари највеќе го иритираат - тоа е сепак дозволено во правилата и како дел од моќта на модераторите.
Океј викам ајде нема зошто да бидам револтиран кога нормално ако веќе се оди во техникалности јас сум го прекршил тоа правило. Коментарот е нормално да биде избришан.
Но сепак одиме натака, револтиран сум и повеќе пати имам пишувано за нетранспарентноста и „лаичкото“ пишување на причини за бришење мислења а еве и вакви (ќе ги наречам) смешни причини за банирање:
Како прво - стојам на тој став дека треба покултурни да се поракиве. На пример: „Го прекршивте правилото број 8 и затоа добивате бан.“ Дополнително што никогаш не се знае кој модератор преземал акција па за да се види дали одреден модератор пречесто прави вакви акции или не, и слично. Пошо стварно сметам дека одлика на добар форум е тоа да има транспарентност а и модераторите да може да подлежат на ревизија пошо не се светци нели.
Но ко шо кажав ги читав правилата најдетално и најмногу пати до сега и според правило број:
Особено внимание на делот:
Значи сума сумарум администратори и модератори се изземени од било какво докажување и објаснување и се уствари level god на форумот. И тоа е океј, дефинирано е значи и треба да се очекува... но ме револтира. Ме револтира затоа што не е океј таква заедница каде што обични членови немаат ФОРУМ за да се пожалат, каде што нивните поплаки се можда регистрирани ама на крај сепак акциите на модераторите се финални и секогаш оправдани.
Значи член сум на форумов предолго време и сум имал шанса да се пријавам за модератор дури и јас повеќе пати но никогаш се немам пријавено бидејќи знам и ценам и почитувам дека тоа е голема одговорност и треба добро непристрасно и смирено работење во рамки на дефинирани правила.
Но сепак и покрај се ова имам револт затоа што:
1. Правилата дефинитивно не се применуваат непристрасно - ако веќе е дозволено доза скршнување и шегување, зошто тогаш да има толкаво недефинирано применување на правила.
2. Зошто едноставно не биле избришани тие мислења кои пак ќе кажам беа тотално безопасни значи најобична безопасна шега (не беше ни црн хумор ни некој хард кор нешто) - туку веднаш се избрзало до банирање на подолг период?
3. Зошто нема правила за како модератори и админи одлучуваат, зошто нема транспарентност? Зошто нема механизми за пријава на лоши модератори?
Револтиран сум значи затоа што на неколку наврати веќе морам вака со критики да потенцирам дека само си ја рушите дискусијата на форумот. Што ми остава мене ваквите акции? Како платен член - дефинитивно неам веќе надеж дека на добро терате и немам намера да продолжувам членство.
Како учесник во дискусии - ми се гаси желбата да се трудам активно да отварам нови теми и дискусии - и да помагам во постоечки.
Од денес, поточно откако ќе ми истече банот - дефинитивно сметам дека само за огласи треба да се врткам пошо има добра заедница и ми е најверодостојно место за купување на половни ствари... и за ништо повеќе.
И криво ми е и затоа сум револтиран. Пошо сакам да учествувам во дискусии ама не можам да дефинирам и покрај толку внимателно прочитани правила што смее а што не смее човек да напише значи веќе.
И покрај се недефиниран е форумот и премногу ингеренции имаат админите без никаква транспарентност.
Планирав да барам да модераторот кој ме банирал каже кој е и зашто ме банирал (место пример опомена пошо неам направено посериозни прекршувања до сеа, нека избрише мислење се тоа ајде до некаде) и да се расправаме - ама нема поента - пошо откако прочитав убаво - му се може, не е битно дали и колку е во право - му се може, одлучил така и тоа е валидно и таа е одлуката. И океј, ама на таков форум јас не можам да бидам опуштен и да дискутирам. Дури пишав прво пораки преку контакт форма со таква цел... ама не можам.
Разочаран и револтиран сум. Толку.
Сакав само да го произнесам се ова и се надевам дека можда некој ден ќе се сврти на подобро заедницава пак. Вака многу мерење моќ станува, многу маркетинг, многу фокус на вести и форсирање на коментари... и за све шо е лоша одлука треба човек да се замара да пишува реферати а на крај гелдам дека не е битно не допира.

8. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.
Сосема е во јурисдикција на било кој модератор да си одлучува и проценува сам што е во рамки на тема а што не. Секако ако гледаме назад низ годините секогаш било дозволено доза скршнување од тема и тоа ја прави дискусијата и со тоа форумот поинтерактивен но сфаќам дека дури и ако лично моите коментари треба да бидат кај ќе се повлече линијата или пак едноставно може на одреден модератор баш такви коментари највеќе го иритираат - тоа е сепак дозволено во правилата и како дел од моќта на модераторите.
Океј викам ајде нема зошто да бидам револтиран кога нормално ако веќе се оди во техникалности јас сум го прекршил тоа правило. Коментарот е нормално да биде избришан.
Но сепак одиме натака, револтиран сум и повеќе пати имам пишувано за нетранспарентноста и „лаичкото“ пишување на причини за бришење мислења а еве и вакви (ќе ги наречам) смешни причини за банирање:
Како прво - стојам на тој став дека треба покултурни да се поракиве. На пример: „Го прекршивте правилото број 8 и затоа добивате бан.“ Дополнително што никогаш не се знае кој модератор преземал акција па за да се види дали одреден модератор пречесто прави вакви акции или не, и слично. Пошо стварно сметам дека одлика на добар форум е тоа да има транспарентност а и модераторите да може да подлежат на ревизија пошо не се светци нели.
Но ко шо кажав ги читав правилата најдетално и најмногу пати до сега и според правило број:
12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Админите/модераторите на ИТ форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на ИТ форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.
Особено внимание на делот:
На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.
Значи сума сумарум администратори и модератори се изземени од било какво докажување и објаснување и се уствари level god на форумот. И тоа е океј, дефинирано е значи и треба да се очекува... но ме револтира. Ме револтира затоа што не е океј таква заедница каде што обични членови немаат ФОРУМ за да се пожалат, каде што нивните поплаки се можда регистрирани ама на крај сепак акциите на модераторите се финални и секогаш оправдани.
Значи член сум на форумов предолго време и сум имал шанса да се пријавам за модератор дури и јас повеќе пати но никогаш се немам пријавено бидејќи знам и ценам и почитувам дека тоа е голема одговорност и треба добро непристрасно и смирено работење во рамки на дефинирани правила.
Но сепак и покрај се ова имам револт затоа што:
1. Правилата дефинитивно не се применуваат непристрасно - ако веќе е дозволено доза скршнување и шегување, зошто тогаш да има толкаво недефинирано применување на правила.
2. Зошто едноставно не биле избришани тие мислења кои пак ќе кажам беа тотално безопасни значи најобична безопасна шега (не беше ни црн хумор ни некој хард кор нешто) - туку веднаш се избрзало до банирање на подолг период?
3. Зошто нема правила за како модератори и админи одлучуваат, зошто нема транспарентност? Зошто нема механизми за пријава на лоши модератори?
Револтиран сум значи затоа што на неколку наврати веќе морам вака со критики да потенцирам дека само си ја рушите дискусијата на форумот. Што ми остава мене ваквите акции? Како платен член - дефинитивно неам веќе надеж дека на добро терате и немам намера да продолжувам членство.
Како учесник во дискусии - ми се гаси желбата да се трудам активно да отварам нови теми и дискусии - и да помагам во постоечки.
Од денес, поточно откако ќе ми истече банот - дефинитивно сметам дека само за огласи треба да се врткам пошо има добра заедница и ми е најверодостојно место за купување на половни ствари... и за ништо повеќе.
И криво ми е и затоа сум револтиран. Пошо сакам да учествувам во дискусии ама не можам да дефинирам и покрај толку внимателно прочитани правила што смее а што не смее човек да напише значи веќе.
И покрај се недефиниран е форумот и премногу ингеренции имаат админите без никаква транспарентност.
Планирав да барам да модераторот кој ме банирал каже кој е и зашто ме банирал (место пример опомена пошо неам направено посериозни прекршувања до сеа, нека избрише мислење се тоа ајде до некаде) и да се расправаме - ама нема поента - пошо откако прочитав убаво - му се може, не е битно дали и колку е во право - му се може, одлучил така и тоа е валидно и таа е одлуката. И океј, ама на таков форум јас не можам да бидам опуштен и да дискутирам. Дури пишав прво пораки преку контакт форма со таква цел... ама не можам.
Разочаран и револтиран сум. Толку.
Сакав само да го произнесам се ова и се надевам дека можда некој ден ќе се сврти на подобро заедницава пак. Вака многу мерење моќ станува, многу маркетинг, многу фокус на вести и форсирање на коментари... и за све шо е лоша одлука треба човек да се замара да пишува реферати а на крај гелдам дека не е битно не допира.
Последна промена: