• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

Статус
Затворена за нови мислења.

A^1^T^E^A^M

Баниран/a
18 април 2007
393
2
brmbrm.blog.com.mk
Тоше друже.
Оди кај си тргнал. Ако така морало.
Ама не е праведно.
Која е таа е*ена рамнотежа.
Со блесок се појави, со блесок не остави.
Без болка. Во мирен сон.
Останаа соништа неотсонувани.
Остана либето, родителите.
Остана тажна Македонија.

Фала ти што постоеше.

R.I.P Тоше Проески
 
30 август 2007
36
1
Bog da im dade sila i da im ja ublazi bolkata na negovite roditeli..Nikogas ja nemav slusano negovata muzika, no negovata iskrenost, negovata harizma i pred se coveckoto vo nego izgradi vo mene edna pretstava kako bi trebalo da izgleda eden patriot...Vecna ti slava
 

Electron

Баниран/a
23 април 2007
53
0
Vo momenti kako ovie se prasuvam dali voopsto ima gospod na neboto, bidejki se veli ako gi sakas lugeto Bog ke te saka tebe....

POCIVAJ VO MIR GOLEM COVEKU, KE TE NOSAM VO MENE ZASEKOGAS!!!!
 

Neptvn

Intern
13 октомври 2007
16
0
Иако не ја слушав неговата музика, засекогаш ќе остане во моето срце како најуспешниот Македонец што направи премногу за Македонија и луѓето во неа.

Почивај во мир.
 

Zokata

Intern
15 октомври 2007
16
0
Еве ја симнав песната казете каде да ја закачам за да ја преземете...
Не мозам да ја пракам на секој посебно
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Изгледа Тоше прерано ја испеа песната на својот живот

Да можам бар да се разбудам
во свет на љубовта
без стари долгови и тие сеништа
во чекор што ме демнеат

Да можам бар да те прегрнам
да не се сеќавам
на студој есенски оние патила
што токму нас не следеа

А мојов живот игри без граници
уморна приказна
скинати страници
празни, неиспишани

А мојов живот е вечно паѓање
се да се собере
пораз ќе остане
навики стари во мене

Вечна ти слава Тоше, секогаш ќе бидеш со нас
Почивај во мир
 
  • Ја почнал/а темата
  • #42

D

Администратор
31 март 2007
3,280
1,942
www.iwmnetwork.com
ТАГА ВО СЕМЕЈСТВОТО ДИМОВИ ОД НЕГОТИНО
Тоше го разубавил краткиот живот на Милена
Големиот пејач откако слушнал дека малечката Милена, која била тешко болна, има желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во Неготино и во болницата во Скопје, раскажуваат нејзините родители

Смртта на Тоше ја доживеавме болно како и смртта на нашата седумгодишна ќерка Милена, на која ангелот од Крушево и' го разубавуваше краткиот живот, со солзи завчера зборуваа неготинците Светлана и Бранко Димови. Тие низ плач раскажуваа за хуманоста на Тоше, кој откако слушнал за тешката болест на малечката Милена и за нејзината желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во нејзиниот дом во Неготино и во болницата во Скопје.

Милена, која починала во 2000 година, уште на тригодишна возраст гледајќи го Тоше на телевизија изразила желба да се сретне со него. Девојчето, поради проблеми со белите дробови, било секогаш поврзано со боца за кислород и немало начин како да и' биде исполнета желбата да отиде на концерт. Тоше дознал за големата желба на малото немоќно девојче и, како во бајките, еден ден се појавил на вратата од нивниот дом во Неготино.

- Се здрвив од возбуда и восхит кога го видов на влезот во нашиот скромен дом. Тоше, извикав, а Милена не внимавајќи на цревото преку кое го вдишуваше кислородот, се стрча за да го прегрне - се сеќава нејзиниот татко Бранко.

Милена за момент била пресреќна. Таа не го симнувала погледот од гостинот, кого толку посакувала да го види. Тоше, раскажуваат Димови, веднаш му понудил помош на семејството. Рекол дека ќе одржи и хуманитарен концерт ако треба.

- Лек за Милена нема во светот, му рековме. Доволно е што дојде, зашто тоа многу и' значи на нашата ќерка - бил одговорот на родителите на болното девојче.

Димови раскажуваат дека ангелот од Крушево, како што го нарекуваат, продолжил да ја посетува својата малечка пријателка секогаш кога можел. Средбите со него, велат тие, и' го продолжувале животот на Милена.

- Душичке, секогаш кога ќе можам, ќе дојдам да те видам. Ќе пораснеш голема, господ ќе ти помогне, ќе оздравиш - ја тешел Тоше, ја гушкал и и' давал сила и оптимизам на Милена.

Димови велат дека познатиот пејач доаѓал секогаш кога можел, макар и на неколку минути. Милена во него го гледала својот принц од бајките. Бил нејзиниот најдобар другар, бидејќи детството и' било украдено и никогаш не си поиграла со другите деца.

- Се сеќавам кога еднаш Милена беше во шок-соба во болницата во Козле во Скопје. Беше во критична состојба. Телото и' беше скоро безживотно. Тоше снимал спот, но нашол време и дојде да ја види. Пред тоа таа не ги отвораше очите и со никого не разговараше. Кога дојде Тоше таа се насмевна. Не можеше да зборува, но на прашањата му одговараше со насмевки и со климање на главата - раскажуваат родителите на Милена.

Тие тагуваа во 2000 година, кога почина нивната ќеркичка, а вчера тагуваа поради смртта на нејзиниот принц.

- Беше хуман и со огромна позитивна енергија. И го продолжи животот на мојата Милена за четири години. Кога доаѓаше носеше чоколадо и една коцка кршеше за нејзе, една за него. Јадеше само од него, од нас не сакаше. Кога слушнав дека загинал, се чувствувам како на денот кога ми умре Милена. Како да изгубив свое дете - со плач зборуваше Светлана.

Родителите велат дека добродетелот сакал да го плати и скапиот апарат што бил неопходен за девојчето, но тие се заблагодариле и го информирале дека тие трошоци ги покрила државата.

- Животот тече понатаму, можеби Милена му била многу мила и на Господ - им рекол Тоше, кога ги сретнал по нејзината смрт во Неготино.

Големиот пејач со хумано срце и по нејзината смрт не ја заборавил својата малечка пријателка. Родителите велат дека тој повеќепати го посетил малечкиот гроб на Милена.
Светлана Дарудова / Дневник 18.10.2007
 
  • Ја почнал/а темата
  • #43

D

Администратор
31 март 2007
3,280
1,942
www.iwmnetwork.com
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Мамо, како сега јас да му помогнам на Тоше?[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше, им велел пред хуманитарниот концерт во Кочани Тоше Проески на родителите на осумгодишното момче кое со шесте илјади марки, кои биле собрани, заминало на операција на тумор на мозок во Ханов[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Мамо, како сега јас да му помогнам. Тој мене ми даде живот, што да направам јас за него". Вака реагирал сега петнаесетгодишниот Тоше Илиев од Кочани, обраќајќи и се на мајка си Евгенија (32), кога слушнал дека Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Во декември 2000 година кај малиот кочанчанец Тоше (тогаш на осум години) бил откриен тумор на мозокот. Операцијата во Скопје била неуспешна. На Илиеви им било кажано да бараат спас во Германија. Операцијата чинела многу пари, кои тие ги немале. Со помош на членовите на кочанската група “Калифорнија”, таткото Миле (36) стапил во контакт со Тоше Проески. Му објаснил за што станува збор. Проески на еден збор прифатил. Пеел на хуманитарен концерт во Кочани и неколку дена потоа биле собрани 6.000 марки.
“Миле му нудеше на Тоше да земе дел од парите да си ги покрие трошоците, ама тој не сакаше да слушне за такво нешто. Дојде пред концертот кај нас дома. Си играше со нашиот Тоше и со неговиот помал брат Симеон. Ни велеше дека се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше”, ни раскажа Невенка, баба на Тоше Илиев, со солзи во очите и не испуштајќи ја сликата на Проески од раце.
Операцијата била извршена во Хановер, Германија. Се поминало во најдобар ред. Проески постојано се јавувал да праша како е неговиот имењак од Кочани.
Тоше Илиев со родителите и едниот брат вчера не беше во својот дом. Уште рано изутрина сите беа тргнати за Крушево, да му оддадат последна почит на Проески, кој со неговото широко срце им помогна пред седум години .
“Што да ви кажам. Тој му помогна на моето дете. Таков човек повторно не се раѓа. Мораме да бидеме во Крушево, потресени сме сите. За нас ова е трагедија која тешко ја доживуваме. Што и да кажам, џабе е”, плачејќи ни рече по телефон Миле Илиев, татко на Тоше од Кочани, кој сега е прва година во Средното економско училиште. Одличен ученик е, иако видот му е значително оштетен од туморот.
Како што ни рече Миле, неговиот син со Проески постојано се слушал на телефон. И кога го менувал бројот, им го давал на Илиеви да го имаат за секој случај, а неговиот штитеник од Кочани го предупредувал да не им го дава на девојчињата.
Семејството Илиеви неколкупати го посетиле домот на Проески во Крушево. Им ги честитале домашните слави и имендени. Тоше од Кочани и Тоше од Крушево имале посебен однос. Последен пат се слушнале пред еден-два месеа. Договарале средба кога македонската мегаsвезда ќе се ослободи од обврските.
За жал, двајцата Тошевци повеќе никогаш нема да се сретнат. Останува помладиот, овде во Кочани, да ги негува спомените за човекот што несебично му помогнал, во кого се колнел и го обожавал.
Илија Стефановски / Вест 18.10.2007
[/FONT]
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Уште колку само вакви случаи има? Стварно хуман човек. Немам повеќе зборови. Што и да се каже повеќе за него - малку е.
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
ТАГА ВО СЕМЕЈСТВОТО ДИМОВИ ОД НЕГОТИНО
Тоше го разубавил краткиот живот на Милена
Ова е жива вистина. Моја пријателка работеше тогаш во Козле и понекогаш идев таму. Го имам видено Тоше, доаѓаше со оној од Авалон со брадичето, не му го знам името. Тогаш сфатив дека човекот има чиста и прекрасна душа. И ве уверувам дека не беше заради публицитет. Јас лично не ја слушав неговата музика, освен тие етно стари македонски, ама од тогаш па натаму МНОГУ повеќе го почитував. Оваа прикаска ја имам кажувано често кога станувало збор за Тоше, а не само сега кога е починат.
 

DoomiX_MDK

Gaining Experience
9 април 2007
174
109
Sto i da napisam, sega vece ne e vazno.....Tose go nema, i taga i bolka ne obvi site nas. Najbolnoto od se e koga ke go vidam na TV i ke svatam deka seta dobrina,siot zivot i energija sto zracese od nego, naednas gi snema i nikoj nemoze da go smeni toa.A toa navistina boli.Zosto dobrite luge stradaat?? Neka ti e lesna zemja i pocivaj vo mir.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,141
Мислења
839,314
Членови
29,054
Најнов член
Bojanco123
На врв Дно