1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Топ 6 Freelance Сервиси

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Fatal1ty_, 13 Јануари 2014.

Дали работите на некој од freelance сервисите?

  1. oDesk

    28 глас/а
    60.9%
  2. Elance

    9 глас/а
    19.6%
  3. Fiverr

    9 глас/а
    19.6%
  4. 99Designs

    3 глас/а
    6.5%
  5. Freelancer.com

    9 глас/а
    19.6%
  6. Envato

    3 глас/а
    6.5%
Дозволени се повеќе гласови.
  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На твитер го видов текстов и инфографикот и се замислив колкав процент од Макекдонците работат како фрилнесери на некој од овие сервиси? Дали има серизни заработувачи...
    Очекувам една фина дискусија и размена на искуства.

    [​IMG]

    Извор
     
    На Nikola Sone, Necromancer, Zimrie и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    864
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Работев порано 9 месеци на фивер и имав солидна заработка, додека не се десија некои гомненици што поради нивниот глупав систем и моја „грешка“. Уште жалам за тоа, сепак можев да продолжам но изгубив доста пари и ја загубив мотивацијата. Али то е то.

    Сега го разгледав графиконов, и се одлучив за elance, направив профил го средив аплицирав па ќе видиме како ќе биде. Никогаш не сум работел на вакви страни со аплицирање, па секој совет е добредојден.
    Треба пара а ја без работа, не се издржва појче ова:p
     
  3. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    332
    8 Мај 2007
    Пред некое време решив да се пробам на freelancer иако немав баш некоја самодоверба. Запнав и се пријавував на се што се осеќав способен да го завршам. Првиот месец беше потежок и плус бидејќи беше прв пат да се испробувм во професионални води(сеуште сум студент и преферирам да бидам сконцентриран на тоа) и плус недостаток на портфолио. Вториот месец веќе влегов во колосек и сосема добро ми одеше. Извадов повеќе од просечна македонска плата, со помалце работно време од 2 недели. Навистина бев задоволен, но дојдоја колоквиумски и обврски и морав да го ставам бизнисот на пауза.
    Дефинитивно се живее сосема солидно од фриленсерска работа, но проблем е што нема „сигурен“ доход и треба да се мисли на црните денови кога едноставно ќе има суша. Искрено, не разбирам зошто професионалците покрај редовната работа не чепкаат фриленс на страна кога ќе им притреба дополнителен доход.
     
  4. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    повеќето од одеск понудите бараат веќе да имаш искуство на одеск (што е нелогично). како започна?
     
  5. Roncic

    Roncic
    Гостин

    На самиот почеток некаде 2008/9 почнав на 99designs. Пред се за самонадоградба + се фаќаа добри пари. Сеуште ги следам контестите кои ги организираат, само да бидам во тек со модата ништо повеќе. Денес сум далеку од тие денови, имам постојани клиенти претежно од јужна америка и Англија.
    Сметам дека фреелансингот бара премногу посветеност за добра заработка.
     
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Мене ме интересира искуство се envato (codecanyon,themeforest). Дали вреди да се Постават сопствени скрипти/темплејти на овој сервис?
     
  7. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,359
    1,443
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Да, ако имаш квалитетна презентација за таа сопстена скрипта/темплејт и ако ти е креативна тогаш како алва ќе ти пројде.

    Не размуслувај многу ако имаш нешто креативно што мислеш дека ќе пројде тогаш оди регистирај се, реши ги прашањата за станување автор и стави(после 24 саати ќе ти стигне известување дали ги задовлуваш потребите за да ти биде одобрен темпјетот/скриптата) потоа сконцентрирај се на квалитетен "support" доколку сакаш добра продажба.
     
  8. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    349
    238
    24 oктомври 2010
    Машко
    Работам на оДеск од август 2013, и за моја среќа многу добро ми тргна. Исто така работам и на Еланце али послабо бидејќи ме нервира тоа со мембершип. Иначе неодамна се споија оДеск и Еланце, и сега за сега условите се исти како што беа, а ќе видиме понатака. Иначе треба МНОГУ упорност и ниска цена за да ја добиеш првата, па и втората работа за позитивен фидбек. После е доста полесно. Сега ретко и да аплицирам, иам редовни муштерии на Скајп и ми пишуваат кога треба нешто и ми плаќаат исклучиво преку оДеск. Иначе имам редовна работа како Офис Менаџер, а фрилејсингот ми е дополнителна работа. За фамилијарен човек како мене, екстра е заработката од оДеск сега за сега..
     
    На Nikola Sone, Oktar, prichina и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,284
    2,649
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Мислам дека не е лошо да се дополни и кој што работи - веб, лого/графички дизајн, програмирање/скрипти...
     
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па еве може тоа во коментар. Секој нека каже кај работи какво искуство има и што работи...Па утре ако му затреба на некој помош да има кај да се обрати.
     
  11. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    349
    238
    24 oктомври 2010
    Машко
    Јас работам исклучиво WordPress веб дизајн, одржување, CSS/HTML/PHP ситни модификации. Али ми се десило и да правам voice-over на македонски јазик :)
    П.С. Мразам parallax темплејти...
     
  12. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    847
    1,117
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Јас досега само на freelancer имам работено како работодавач, а како работник до сега немам искуство со фрилансање :D
     
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Јас како фриленсер работам неколку години уназат. На одеск започнав Април 2013 година. Почетокот беше тежок но со време се фаќаат добри клиенти за кои работиш на подолг период. Јас сум задоволен од работат како фриленсер, но сепак имам повисоки зацртани цели кои сакаам оваа година да ги достигнам. Иначе на одеск работам web designer/developer на сите платформи...преферирам џумла и вордпресс.
     
  14. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко


    Можам да ти кажам јас како започнав - ме најдоа двајца Амери преку Behancē, од кои едниот после првата завршена работа почна редовно да ми дава ситници за дел од сајтовите кои го поседува. Бидејќи не можеше да избрка администрација да ми плаќа преку Skrill, се договоривме плаќањето да оди преку oDesk, и го замолив ако не му е тешко за секоја нова услуга која му треба да отвара нов проект на oDesk.

    Друга опција која ја практикуваше еден другар кога почнуваше да работи е да прифаќаш се живо и диво на почетокот по апсурдни цени - ќе имаш многу промашени тезги ама после некое време ќе испливаш на површина (јас тотално не сакав да почнам вака и долго време иако имав oDesk акаунт не го користев).
     
  15. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Вреди! Ама ако планираш да ставаш нешто, мноооогу добро прочитај ги правилата за submissions, прилично се строги и захтевни.
     
  16. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,359
    1,443
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    И јас имам некој си зацртани цели, со среќа да ни е.

    Инаку вака ќе ти кажам што е најдобро.

    Земи регистрирај се на Envato преку Xplos1ve Studio(значи со вакво име) и со тоа ќе направеш една добра оптимизација. Значи не само што ќе продаваш темплејти/сккрипти туки и ќе добиеш повеќе клиенти се на се тоа ти е еден вид искуство.
     
  17. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,359
    1,443
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Не прилично, многу се. Ама мора тоа да е така пошто да дадеш 30/40/50 долари за темплејт не е заебанција.
     
  18. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Не викам дека не треба :) Само предупредувам, еден пријател правеше тема долго време, на крај го одбија заради технички причини и се демотивира човекот и не проба пак
     
  19. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,359
    1,443
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Пријателот ти нема упорност. :D
     
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    ДА ги знам правилата ги имам прочитано, имам и акаунт само неам ништо ставено. Пушти еден проект не ми го одобрија и не пробав повторно со друг.
    Имам акаунт направено.
     
  21. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Ако се бавите и со графика покрај код, најтопло ви препорачувам да си направите портфолио на Behance, вложениот труд и-те-како се исплати. Има ненормално многу луѓе таму што бараат фриленсери. Не поминува недела да не ме бараат по 1 - 2ца за проекти.
     
    На Fatal1ty_ и Harrabed им се допаѓа ова.
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,591
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Почнувам да правам :)
     
    На Harrabed и dangthe им се допаѓа ова.
  23. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Нема да зажалиш. Јас го правев своето кога бев ептен загреан само за дизајни правење и го правев чисто онака колку да го имам за покажување кога би аплицирал на проекти на Одеск на пример. Не ни претпоставував дека таму има клиенти кои бараат дизајнери. I was wrong :suprised:
     
  24. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,817
    1,654
    22 oктомври 2012
    Машко
  25. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,966
    2,942
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Работев поодамна на odesk имаше одлични понуди за работа, добро платено. Се вадеше некоја пара, денес ич не знам како стоат работите на одеск.
     
Слични теми
  1. elvie
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,164
  2. Real
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,590
  3. Marouuu
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    3,524
  4. quizmaker
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    639
  5. marv
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    2,516
Вчитување...

Сподели

Вчитување...