ContentBot
Робот (content unit)
Овогодинешното мапирање на ИТ индустријата уште еднаш покажа дека и оваа индустрија има сериозен проблем во поглед на родовата еднаквост. Проблемот е видлив во застапеноста на жените во ИТ индустријата, како и во примањата, a особено очигледни се разликите на сениорските и менаџерските позиции помеѓу жените и мажите. Ова е една од подискутираните статистики, исто како што беше и во 2019-та година при првото мапирање што го направивме, а доколку се анализираат и глобалните мапирања на ИТ индустријата, трендот е сеприсутен.
Инспирирани од горенаведеното, одлучивме да профилираме 10 жени од Македонија кои работат активно во ИТ индустријата, имаат одлични резултати во изминатава 2022 година и кои можат да служат како инспирација и мотивација за сите.
При изборот, покрај нашето истражување во кое дефиниравме потенцијални кандидати, се консултиравме и со Women in Tech Macedonia, Startup Macedonia и GEA и од сите нив дополнително побаравме и добивме листа на номинации. Финалниот изборот на оваа листа е направен исклучиво од страна на редакцијата на IT.mk и резултатите се презентирани без некој посебен редослед.
Целата листа на Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата во 2022 година > Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата во 2022 ⋆ IT.mk
Изменето од модератор: