Mechanic
Gaining Experience
- 2 мај 2016
- 326
- 235
Имам пријател што работат со снимање (дронови, инспекција на објекти и тн.) и имаат доста возила на терен (20+), но и доста мака со бекап на податоците на клауд.
Софтверот кој го користат креира цела структура на фолдери од кои 4 ги содржат податоците (извештај за направената инспекција во пдф, слики, видеа, и sqlite база со сите потребни информации кои се собрани со снимањето и се поврзано со тој проект, плус уште неколку други кои содржат други помошни податоци. Идејата е комплет цел мастер фолдер да оди на клауд.
Во моментов користат софтвер AOMEI Backuper, кој ги мрда податоците од мастер фолдерот со проекти, во фолдер кој е синхронизиран со one.drive и така им се прикачуваат на SharePoint, но покрај SharePoint сакаат да бегаат кон S3.
Тековниот процес им прави дуплирање на податоците, со што за брзо време им се полнат дисковите, втор проблем е што често се случува да мора да се вратат назад во софтверот и да направат преименување на податоците по барање на клиентот (самиот менува во базата, плус ги преименува извештаите, сликите, видеата во нивнтие папки), со што не им се проследува промената на клауд и имаат дуплирање на податоците и на клауд.
Трет проблем е ако имаат апдејт на некој од лаптопите, или при долги падови на интернет, софтверот не се подига и прекинува да прикачува, а немаат никакво известување, често знаат да фактурираат помалку од тоа што треба затоа што финансии влечат извештаи од клауд.
Четврта работа маки мачат кај нив да најдат луѓе што ќе им направат алатки за power automate, па ако треба да се направи нешто што ќе им прави анализа/пакување и преместување на податоците во посебни локации некогаш губат и недели.
Дечкото ми бара да им направам некаква апликација што ќе:
Некоја идеја, препорака? (само мора да биде нешто што ќе биде тотално независно од „операторот“ на лаптопот, затоа што се максимално неодговорни и забораваат да направат синхронизација).

- врши прикачување и бекап на клауд (истовремено на S3, и на SharePoint), контрола на прикачувањето дали е се како што треба.
- rename ако истите претрпат измена во име, т.е само insert/update кон клаудот, не и delete ако се избрише од лаптоп.
- да испрати маил ако нешто не се прикачило, е прикачено парцијално.
- проверка и маркирање на стари податоци (постари од 6 месеци, нивно архивирање, компресирање и прикачување на посебен bucket), автоматско бришење од лаптоп.
- проверка дали се што е на лаптопите е и горе на клауд
- ламбда скрипти горе на с3 кои ќе кверираат во секоја база и ќе им експортираат во ексел, вклучително со линкови до секој од извештаите и како такво им го праќаат со фактурите.
- ламбда што ќе ги дели по клиенти и проекти (првично ќе им правам скрипти за именување затоа што и тоа им е хаос, па во однос на проектите дефинирани таму ќе им креира bucket-i и ќе ги мрда таму за достава).
- автоматизирано архивирање на поефтин storage (Glacier) за старите податоци, имаат проекти кон државата каде мора да ги чуваат податоците и до 10 години.