1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Толку ли е добар тачпадот на МакБук?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Futurelakimens, 2 Јануари 2020.

  1. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,178
    643
    12 Април 2017
    Машко
    Видов едно видео, едитинг компетиција - девојчето (iJustine) преферира да користи тачпад наместо маус за ВИДЕО ЕДИТИНГ.

    Знам дека сите зборат дека тачпадот на макбук е подобар, но се запрашав дали е стварно толку подобар или чисто е нејзина преференца тоа.

     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,091
    976
    4 Февруари 2014
    Машко
    Не е нормално колку е подобро од Windows лаптопи, а одкако ја зголемија површината после 2015 моделите п*рнич е.
     
    DonFrozex, loris, Psycore и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    348
    293
    21 Мај 2017
    Машко
    Луѓе што знам и го користат ептен им е погоден, јас имам користено неколку пати за да го пробам и не ми беше нешто по кејф, најверојатно до навика и до преференца е.
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,528
    10,544
    23 oктомври 2012
    Машко
    Предобар е, јас го користам доста за лајтрум, ама генерално е многу добар и функционален. Сега веќе неможам да користам тачпад на друг лаптоп.
     
    На Psycore и Aowek им се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,350
    7,321
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Верувам дека е добар, ама зошто некој би се замарал да користи тачпад покрај толкав избор на безжични мауси?

    Или портовите се проблем на епл? Има и блутут добри мауси.
     
    DonFrozex, Скоти, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    452
    12 ноември 2013
    Стварно е предобар. И јас исто како @Oktar делам мислење. Ниту еден Windows тач пад не е ни приближно добар колку MacBook, дури и на посериозни лаптоп серии како ThinkPad T580. Не сум работел видео и фото, но за кодирање мислам подеднакво ефикасни се MacBook тач падот и маус. (за мене)

    Испратено од SM-N975F преку IT.mk форум апликација
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,042
    566
    5 Јуни 2007
    Машко
    Тачот на епл е совршенство од друга планета уште од времето


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,596
    13,842
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Најдобар е, но за разлика од минатото кога беше без конкуренција сега има "Windiws" лаптопи со еквивалентно добри тачпади. Од лично искуство ќе ги издвојам задња генерација на Asus хај-енд лаптопи/ноутбуци/ултрабуци.
     
    На Скоти и mdeni им се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,366
    27,062
    4 Септември 2008
    Tи не знаеш, ама си има луѓе од Apple кои знааат подобро од нас зошто.
     
    Скоти, farkizz, ARMac и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,469
    3,189
    24 Септември 2012
    Дека е добар тачпадот е добар. Ете и најдобар нека е тачпадот. Има и за виндоус веќе доста добри тачпади.

    Од маус може да е подобар само ако си некаде кај што неможеш или е отежнато да користиш маус.

    Ајџастин видео едитингот и е сечење и лепење ( ) видео материјал. Нема некоја разлика. Поготово што е најчесто 10-20 минути работа да сплескаш некое видевце преку сила, да не ни седнуваш на маса - ќе го сплескаш дур се возиш некаде или леташ. Места каде маус не постои.

    Поентата на тачпадот е тоа што се користи секаде, за разлика од маус кој му треба рамна подлога која често ја нема. За некои луѓе ќе е подобар, за мене е океј за такви услови и на мек и на виндовс поасалниве, а повеќете се веќе поасални.
     
    На Скоти, gOJDO, Futurelakimens и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,350
    7,321
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Клечам со лаптоп под рек, конектиран на com-aux со лаптоп и користам маус на бутот од ногата. Сетиран на max dpi нема проблема. Имаме ласери на секоја можна подлога работат.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,178
    643
    12 Април 2017
    Машко
    Времетраењето на едитирањето е 4 часа (не 20 минути), така да не е исто да користиш тачпад 20 минути за едитинг ин 4 часа.

    Е сеа дали портови има? Има портови, има безжични, и слично... Нејзин избор е да користи тачпад.

    А за Виндоус тачпади, никогаш не сум слушнал некој да каже дека има еднаков на Макбук - еве се рекле дека ХПС серијата на Дел иммат добри тачпади - но никој не рекол дека се еднакви со макбук.

    Не велам дека е подобар од маус, ама за да го користиш 4 часа во едитинг натпревар ( кај шо треба брзина и прецизност ) - требе стварно да ти прилега.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,528
    10,544
    23 oктомври 2012
    Машко
    Имам Делл...имам и Мек...на делот не седнувам без глушец (дополнително, клиторисот што го има деллот е комплетно јуслес, за разлика од кај ИБМ). Кога го користам мекот, не ни размислувам за глушец, ако ми е при рака ке го користам, ако не, не гледам причина да си уништам комфорот со станување и потрага по мишко. Патем, мишко е од сортата Logitech MX Master 2S, кој е исклучително добар мишко.
     
    На DonFrozex и TylerMkD им се допаѓа ова.
  14. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,375
    19 Јули 2013
    Без да навлегувам во војната епл vs останатите.
    Со тачпадот на мек, чии уникатни функционалности се крајно поддржани во нивните софтвери (во случајов фајнал кат), „шетањето“ низ материјалот е многу поедноставно, побрзо и попрецизно отколку на било кој друг начин, дали тастатура, глушец, таблет што и дае. Единствено специјализиранине конзоли за монтажа може да се поефикасни.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,366
    27,062
    4 Септември 2008
    Нема шанси нити еден тачпад да се спореди со маус, да не претеруваме. Од злато да е пак ќе биде и инфериорен.
     
    На Скоти и mdeni им се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,528
    10,544
    23 oктомври 2012
    Машко
    Конкретно, не гледам како златото како материјал ма изработка би влијаел на функционалноста на еден тачпад или маус. Се сложувам дека маус си е маус, ама конкретно кај тачпадов не чувствувам големо уназадување ако не користам маус. Плус, како што напоменаа, вградените дополнителни функции и гешчри и мултитач и незнам што се одлично интегрирани со голем број апликации па така на моменти дури и е предност да користиш тачпад. Такво нешто сеуште не сум доживеал на друг лаптоп и ос.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gamon

    gamon
    On your way to fame

    506
    506
    15 Септември 2014
    bekrija
    Јас го гористам нон стоп најак е, сега сакам и за гејмање да го користам, правам напор да го поврзам мекот со пц на видновсот зошто игрите се само за пц а наместо маус да го користам тачпадот од мекот.
     
    На Ceco и krema им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,366
    27,062
    4 Септември 2008
    Израз е не дека има врска, можда има некои функции -твикови али сметам дека многу поприродно и ергономско е движењето на маусот.
     
    Скоти, Oktar и на mdeni им се допаѓа ова.
  19. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,375
    19 Јули 2013
    За конкретнава намена не е, напротив, многу е поедноставна и попродуктивна работата со тачпадот.
    Но во виндоус околина е обратно, може затоа така ти изгледа.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    106
    127
    4 oктомври 2015
    Машко
    Скоро 2 години без маус за web development со Macbook Air 2015. Одличен е, се имам многу навикнато и немам помислено за маус да користам.

    Имав колега кој прв пат кога ме виде ме праша како работам без маус, па после некое време проба и тој исто и еве ден денес си работи само на тачпадот иако не се работи за Macbook лаптоп.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,350
    7,321
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И сега пак доаѓа до тоа тачпад вс маус. Колку и да сакаш да ја оправдаш корисноста на тачпадот, не е поедноставен за користење од маус. Ни на мек ни на виндовс ни во биос.

    Ај веб девелопмент, најкористена алатка ти е скролот. Скролнуваш со два прста горе доле, додека на маус со еден прст на тркалцето го правиш истото, а лев и десен клик ти се инстантно достапни во исто време. Врти сучи како сакаш пак е повеќе потези да завршиш работа на тачпад одошто на маус.

    Ако збориме за фајнл кат епл оптимизација за тач пад итн. Да ви го викнам колегата со макроа (само на тастатура) во премер про за глава да се фатите што се прави со неколку комбинации од тастатура.

    Муабетов е апла FPS игри на конзоли. Ма колку сака нека е оптимизиран контролерот стално ама стално ќе биде инфериорен дури и во споредба со deluxe keyboard & mouse combo.
     
    На Frozen., Скоти, CBB_6 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    106
    127
    4 oктомври 2015
    Машко
    Потполно се согласувам со тебе ама затоа напоменав web development. Тачпадот во одредени ситуации е подобра опција, а во истите тачпадот на Macbook-от е одличен.
     
  23. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,375
    19 Јули 2013
    Не е повеќе. За со глувче да скролнеш, треба едната рака да ја тргнеш од тастатура, да го фатиш глувчето и да скролнеш и да ја вратиш назад. Со тачпадот можеш да скролаш додека куцаш. И да треба да ја поместиш раката, растојанието е минимално.
    Плус прецизноста на скролањето е многу поголема со тачпадот отколку со тркалцето. Аналогно наспроти дигитално е разликата, овојпат во корист на аналогното.
    Забележуваш дека макроата му се на тастатура, не на глушецот? А муабетот е за тачпадот. Истите макроа може да ги има и во комбинација со тачпадот, никој не брани.
    И не е оптимизиран за конкретната апликација, туку апликацијата ги поддржува сите видови на гестикулации кои се стандардизирани.
    Повторно ќе нагласам, муабетов е за тачпадот на мекбук, за виндоус не важи :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    Јас терам девелопмент со маус и малку веројатно дека би се свитчнал на тачпад. Прецизноста на слетување на курсорот со маус ми е далеку подобра од таа на тачпад (Спореди со гејминг ете, речиси нема шанси head shot со тачпад да направиш).

    А муабетот дека е добар тачпадот, стварно е. За општо користење, сурфање по веб и слично не ни помислувам на маус пошто тачпадов е одличен, прецизен и супер голем. Не вреди да се замарам со маус воопшто. Гестикулации не користам баш редовно...
     
    На mdeni и Скоти им се допаѓа ова.
  25. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    969
    393
    17 Јуни 2008
    Ај и од моја гледна точка, за сурфање, скролање, префрлување од една во друга апликација е одличен.
    Е сега имам проблем кога работам во Excel/Word, ми треба повеќе прецизност, побрз сум со глушец (можеби навика од работа).
    Дополнителен проблем, кој нема врска со touchpad-од, е тоа што ми фали нумеричка тастатура на мекот.
     
    На Скоти му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...