Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

To Chain The Beast

Статус
Затворена за нови мислења.

DF-1

Intern
13 септември 2007
98
2
Здраво, не сум сигурен, можеби некој веќе има пишувано за ова на форумов, не прегледав се, или можеби на админите им смета ваква тема, во обата случаи се извинувам.

Епа Македонци и Македонки, еве ви можност да си го кажете својот глас:
Имено, Micro$oft од неодамна предложи нивниот новодефиниран стандард за XML, наречен ООXML, да биде признаен како ISO* стандард. Со тоа компанијата сака да го наметне својот стандард како меѓународен, исфрлувајќи го од употреба сегашниот ODF стандард. Колку да напоменеме, Micro$oft со ова ќе добие уште поголема контрола врз корисниците, поголеми можности за манипулација со нив, а се разбира ќе добие и повеќе основи за тужби (propriate software ??). Уште повеќе, пронајдени се неправилности и грешки во овој стандард кој сега го применува М$ Office 2007, со кои дефинитивно не може да се цели кон меѓународен стандард за текстуални податоци.
За ООXML да стане ISO стандард, потребно е во седиштето на оваа организација, најмалку 60 % од членовите да бидат ЗА, а најмногу 25 % да бидат ПРОТИВ. Во последното гласање, понудата беше одбиена, со резултати 51 % ЗА, 26 % ПРОТИВ.
Република Македонија нема официјален став во врска со ова прашање, но и нема свој претставник во одборот на ISO. Но сепак има нешто што Македонија може да го направи, а тоа е да ја потпише електронската петиција против ограничувањето на овој штетен стандард:

http://www.noooxml.org/petition-mk

Доколку сакате да ја поддржите петицијата, а и да придонесете за нејзин успех - можете да го ставите нејзиниот банер на својот сајт, блог...

http://www.noooxml.org/banners

Немојте да се плашите да се потпишете, не ни морате да ставате вистинско име или презиме, а можете да оставите и коментар. Моментално има 51893 потписници, од кои само 5 - 6 Македонци... Да не останеме само на нив. Да направиме избор, додека имаме можност!

Колку за илустрација, замислете си еден убав сончев ден, премиерот да излезе во јавност и најкултурно да ги замоли сите кои користат нелегален софтвер да се ослободат од него, оти ќе има ригорозни мерки за оние кои тоа нема да го почитуваат, а дотогаш М$ да се има целосно наметнато во сите сфери на ИТ ... Не кажувајте колку е ова (не)веројатно, туку само замислете си ... Ни треба слобода, а не затвори ... Изборот е ваш ...

Следното гласање е во Февруари 2008.


* ISO - International Standard Organization
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.371
Мислења
1.010.420
Членови
36.676
Најнов член
Kazanizam
На врв Дно