Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

tldr агрегатор на вести

userx

Intern
21 август 2022
6
29
Здраво на сите!
Јас и колеги на факултет работиме на малку поинаков агрегатор на вести. Се работи за вебсајт каде се прикажуваат вестите според популарност и од нив се извлекуваат најбитните 3 реченици со помош на разни алгоритми на машинско учење. Се работи за react.js фронтенд со flask бекенд. Сајтот може да го пристапите на овој линк.
Проектот ни е сеуште во прототип фаза и секоја забелешка е добродојдена!
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.272
785
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
лоад тајм латенција, процесирачка моќ...како сакаш наречи... со ова темпо нема да имате верна публика
 
20 јуни 2008
573
613
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X & Noctua NH-D15 chromax.black
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 980 Pro 1 TB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL16
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
Почекав 20тина секунди, само loading гледам и изгубив интерес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marv

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
894
1.201
на дечките им е работа да програмираат, а не граматички точни реченици да пишуваат
 
userx

Intern
21 август 2022
6
29
Проблемот со loading е преголем број на requests со што ни е исполнета quota-та на Azure, не очекувавме толку многу кликови од еден форум пост. Ќе го решиме во најскоро време.

Фала ви на забелешките!

Update: Работи сега
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.833
5.741
Многу монотоно некако, се за вести кои рецимо мене воопшто не би ме занимале. Може за пензионери е, не знам. Битиќи, Бесими, Ахмети, Мицкоски, Ковачевски, сериозно ова се првите 6 статии што ги гледам. :) :) :) Комедија! :) :) :)
Наука, ИТ, Физика, Сцена, Култура, некако овие категории да може да ги штиклирам, а да отштиклирам ова горново треба да може. Рецимо. Уствари ми текна, кога веќе сакате алгоритам да пробува да пронаоѓа битности и да извлекува содржина, корисно е исто така да може да детектира политички постови и да ги тагира. А корисниците да може да ги исклучат тие тагови на пример. Ете.
 
Се согласувам, многу луѓе не ги интересира политика и нема потреба да им се прикажува. Моментално први се прикажуваат вестите што се најпопуларни (најмногу објавувани во Македонија од порталите) а тоа е најчесто политика. Во иднина планираме да додадеме портали што објавуваат и по научни/спортски вести и да има можност за филтрирање по категорија.
Фала ти за feedback!
 
Faktorium

Gaining Experience
19 јули 2013
82
69
Здраво на сите!
Јас и колеги на факултет работиме на малку поинаков агрегатор на вести. Се работи за вебсајт каде се прикажуваат вестите според популарност и од нив се извлекуваат најбитните 3 реченици со помош на разни алгоритми на машинско учење. Се работи за react.js фронтенд со flask бекенд. Сајтот може да го пристапите на овој линк.
Проектот ни е сеуште во прототип фаза и секоја забелешка е добродојдена!
Колку и да е ок идејата и back-end да е топ. Треба да обрнете внимание и на front-end. Ако ви е само тест и вака е ок за валидација на идејата. За ваков тип UX е многу битен и треба и таму да се посвети доста внимание.
 
Psycore

Practice makes perfect
12 ноември 2013
1.002
1.337
Скопје
Пред се, одлична идеја. Начинот на генерирање на популарност не ми се допаѓа бидејќи е збир од една статија на колку различни портали е објавена. Кај нас новинарството е на најниско ниво и сите од сите копираат само. За секоја вест дали има 2 или 3 оргинални извори, другото е или 100% исто или 90% исто со мал едит. А да не зборам дека има и повеќе различни медиуми/портали под ист сопственик/parent.
Како што забележаа и погоре, UI-от е најголем проблем. Доколку не планирате скроз да го преработувате (а треба), подобрете ги барем следниве 2 работи.
1) Фиксирајте ги box-овите на сите вести да се иста големина.
2) Тргнете го грдиот side-scroll механизам. Сменето го со click-expand/shrink. Нека се прикажуваат 2-3, па доколку некој сака сите извори да ги види, нека кликне expand. Премногу лошо изгледа 8 скрол барови на home screen, и тоа хоризонтални.
Од loading аспект, немав никакви пролбеми јас. Околу 1 секунда е load.

Еdit: За во иднина би ставил "View" опција, со која ќе се менува начинот на прикажување на вестите. Нешто налик на ова:
1664274858979.png
Мислам дека океј ќе изгледа да има по 1 вест во 1 ред (нешто како на time.mk, многу поприроден ми е тој формат за читање). Таман секоја сумаризирана точка ќе ја собира во 1 ред (барем на Desktop).

Edit2: Идејата со тагови на @mdeni е одлична. Не знам каков ви е односот/мислењето за time.mk и дали сакате соработка со нив, но они имаат спремни тагови/категоризација за секоја вест.
 
Погледнете го атачментот 117240

Фала ти за feedback! Дефинитивно најслаба страна ни е UI и ќе ги имплементираме твоите забелешки во следната верзија
 
userx

Intern
21 август 2022
6
29
Здраво на сите,
После колку-толку успешно поминати колоквиуми, имавме време да ги имплементираме вашите сугестии и извадивме нова верзија.

Промени:
  • Имплементиран masonry layout за подобар изглед на десктоп
  • Заменети хоризонтални скрол-барови со по UI friendly опција
  • Подобрување во бекенд алгоритмите за кластерирање и сумаризација
  • Сменети боите и логото на сајтот

Премногу сме благодарни на сите што ни оставија feedback и се надеваме дека ќе ви се свиѓа!

Исто така променета е и url адресата на сајтот, Читај - Сѐ ново на едно место, бидејќи мислиме дека е посоодветна додека не најдеме top-level domain.

Поздрав!
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
894
1.201
добро ти е друже, само вестиве ти се расфрлани. Може ја сакам сцена да отворам, да прочитам која нова беља направил Дарко Лазиќ, не можам лесно да се навигирам према жута штампа. Башка немаш никакво мени човек да се информира за страната.
 
gego

Gaining Experience
6 декември 2009
329
351
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600 & stock cooler
Motherboard
MSI B450 TOMAHAWK
Storage
SSD 500GB & WD 2TB
PSU
Chiftech 750W
RAM
16GB
Video card
AMD RX 580 8GB
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Asus VA24EHE
OS
WIN10
Обавезно! да има датум на вестите. Затоа што насловите што ги има од типот: "Од денес нови цени на нафтените деривати" и "од полноќ нови цени на нафтените деривати" без датум, се нон-сенс.
 
userx

Intern
21 август 2022
6
29
Здраво на сите,
Повторно сме тука за да ви ја прикажеме новата верзија на Читај!, во која ги имплементиравме вашите забелешки и повеќе!

  • redesign на целиот вебсајт за полесен преглед
  • нов модел со кој што се одредува политичката пристрасност на локални вести(сеуште е во рана фаза и прави грешки но може да помогнете и вие да го направиме подобар на овој линк)
  • избор на вести по категории
  • подетални информации за секоја од вестите

Ова би бил воедно и последниот update од нас. Беше навистина интересно да се работи на ваков проект, но имаме и други работи и проекти на кои што треба да работиме. Вебсајтот ќе остане без реклами и ќе го одржуваме колку што и ние и azure free tier ни овозможува :D

Поздрав
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.093
Мислења
974.349
Членови
35.396
Најнов член
AceOFspades
На врв Дно