1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Тивки дијалози при репродукција на Dolby 5.1 на стерео рисивер

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од Oktar, 2 oктомври 2015.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,302
    9,536
    23 oктомври 2012
    Машко
    Здраво!
    Имам една мака со која верувам дека и други од тука се сретнале, па ајде малку помош. Значи сетапот ми се состои од RPi2 со OSMC на него и Denon AVR X2100W на кој имам поврзано два звучника и сабвуфер. Е сега, сето тоа си функционира супер, за музика и видеа се додека сигналот е стерео, а доста често и кога е 5.1. Со музички фајлови, јутуб нема проблем, сите се слушаат доволно гласно при нормална позиција на волумето.
    Проблемот ми се јавува, кај филмови кои се долби 5.1 и треба да ги рокнам на многу погласно за да нешто се чуе, а тоа нешто најчесто се дијалозите од филмот. Пробував со некои од сетинзите на КОДИ, од типот на dowmixing и upmixing и boost center и незнам уште што, ама пак ништо, се добива некоја нијанса разлика во јачината ама далеку од спектакл. Исто пробував и со процесирањето на аудио траката да ја прави коди или авр-от, ама пак, тука се некаде.
    Има ли некој начин да се среди ова, верувам дека има тука и други си ист или сличен сетап и ист или сличен проблем, па ми треба совет. Од тоа што читнав на интернет, препорачуваат централен звучник кој велат дека ги репродуцира до 60% од дијалозите во филмовите, па дали тое е единственото убаво решение кое патем кошта 300-400 евра.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    Сите се сретнале. Зошто за инает ги прават преслаби дијалозите заради ефект постигнување.

    А ти сега немаш централен звучник? Мора да имаш ако имаш 5.1.
     
    Necromancer, Mar tiN и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,030
    3,340
    7 ноември 2014
    Машко
    И со централен ќе ти бидат тивки, иако мора да го имаш, како и да е 99% од дијалозите се преку него.

    Колку пати сум будел комшии кога од никаде ќе рокне некој јак ефект, 7-8 пати погласен од дијалозиве...
     
    На Costigan_Jr и Oktar им се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,302
    9,536
    23 oктомври 2012
    Машко
    Немам централен, никад не планирав дека ке биде неопходен, ама ако е тоа единственото решение, ке земам, ако тоа ми ги реши сите проблеми. Мислав да не има некоја друга опција, пошто центар сега ке ми го порамети и рааспоредот на елементите кај ТеВето.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smole

    smole
    Unstoppable

    2,950
    3,290
    18 Април 2007
    Убаво си прочитал, највеќе од разговорите на 5.1 се слушаат на центарот.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    Чекајте малце другари.

    Значи ти треба да го дистрибуираш звукот на 2 звучника кои ги имаш. А не само да ги ставиш двата, и центарот да оди јабана. Затоа може и ти е тивко. Дали стави да е стерео снимката и излезите?

    Јас би препорачал да ПОЗАЈМИШ центар било каков и да пробаш. Не да купуваш одма.
     
    На igor_xxxx и Oktar им се допаѓа ова.
  7. PandaBomber

    PandaBomber
    Gaining Experience

    363
    457
    13 Јуни 2012
    Машко
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,302
    9,536
    23 oктомври 2012
    Машко
    @mdeni, ставив да биде стерео, ама пак резултатот не беше спектакуларен. Да имав од кого ке зајмев ама немам. Планирам викендов да прочепкам уште низ опциите и да видам со различни извори, т.е. да споредам исто видео пуштено на рпи, на пц, на двд и да видам (чујам) како ке се понаша. @PandaBomber, ке го пробам ова на ПЦ, а и ке побарам нешто слично на КОДИ.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    Другар директор, како тоа немаш? Било каков звучник да позајмиш за централен немаш? Сигурно и дома имаш било каков звучник колку да чуеш што излага од тој канал!

    или крај краева! Еден страничен звучник врзи го на централниот канал чисто да чуеш што излага од него. И дали воопшто излага нешто! Може и да е за џабе затоа викам. Ете ова ти е најпросто решение за тест.
     
    Necromancer, igor_xxxx и на Oktar им се допаѓа ова.
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Пуштај сабтитли, гаси тон е моето решение
     
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,302
    9,536
    23 oктомври 2012
    Машко
    Абе ке пребацам ја еден звучник, ке го врзам како центар ама пак нема да биде комплетен звукот, нешто друго ке фали :) ке биде ситуација како имам греда, немам јаже, кога имам јаже немам греда и никако човек да се обеси :D али секако е опција која треба да се проба викендов. Данке!

    @kirev, ако е така ке ја читав книгата, немаше да го чекам филмот да искочи :D

    I was elected to lead, not to read.
     
  12. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,228
    1,288
    10 Септември 2010
    И јас истава мака си ја имам со оригиналните Star Wars што си ги купив на Blu Ray, во стерео говорот е неколку децибели потивок од ефектите, ужасно нервира за навечер гледање.Не знам дали Сони-то при конверзија од 5.1 во 2.0 праќа нешто на централен канал или едноставно така е.

    За жал немам можност да проверам со централен звучник, па кажи ти што ќе направиш.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Тоа е. Јас пред да ставам центар го имав истиот проблем. Тркнав до зец земав еден центар, го појачав тој излез за +20db на ресиверот и сега е топ. Иначе предходно пробав со обичен збучник (тро системски) како центар, не е тоа тоа. Треба добри среднотонци и добар висок за центар, без бас.
     
    omegaRED, igor_xxxx и на Oktar им се допаѓа ова.
  14. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,584
    6,437
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Истиов проблем го имам одамна и не е лесно решлив освен со некоја Normalise функција, било на пц, тв или рисивер, пошто мене ми е врзано појачалото преку излезот за слушалки од телевизорот, имам опција на телевизорот за Auto Volume, таа ги нормализира испадите до одредена мера, меѓутоа не целосно, тоа праиме муабет за снимки со послаб квалитет, рецимо 10-15 гига рипови. Целосно се елиминира проблемот кога ќе пуштам оригинал Bluray снимка и нема потреба од normalise функции и слични тракатанци. Инаку за репродукцијата преку компјутер можеш да пробаш да си поиграш со K-lite codec pack-от, поточно со вградениот codec tweak tool
    [​IMG]

    И во LAV Audio декодерот
    [​IMG]
    Имаш милион опции таму, треба само да експериментираш ако не ти се фрлаат пари за централен.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Некој си night mode можеби ќе заврши работа
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,810
    2,047
    19 Јули 2013
    На филмовите посебно се прави микс за стерео, посебно за сараунд. Ќе си симнуваш филмови со оригинален стерео звук. Сите софтверски варијанти за даунмикс на сараунд во стерео се крпена работа и затоа сите овие проблеми. Дијалогот во сараунд сетапот е на централниот канал. На левиот, десниот и задните се само ефектите. А нормално е дијалогот да е многу потивок од некоја експлозија или гласна музика.
     
    kirev, Daniel86 и на Oktar им се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Или да пребаци на друга аудио трака ако фајлот содржи на пр. 5.1 и 2 посебни траки...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,184
    3,476
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    "појаки" рипови многу ретко имаат стерео аудио трака, ако бара таква ќе жртвува на квалитет на видео.

    На мојот Денон и со 5.1 сетап ми е океј дијалогот, нормално потивок од гласни ефекти, но се слуша. Калибриран е со Audissey и мислам малку зголемен децибелот на центарот.
     
  19. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,302
    9,536
    23 oктомври 2012
    Машко
    Update: Пробав многу варијанти и подесувања што на рисиверот, што на коди-то, ама не успеав да најдам доволно добро и универзално решение. Кај некои филмови со гасење на пастру на коди и даунмикс на сигналот успева да се добие солиден звук на дијалози, ама обавезно нешто друго ке се сјебе или па скроз ке го снема. Ми се деси на филм, скроз да ја снема музиката од позадина :) Како и да е, делуваше безизлезно и си купив центар, од истата серија и класа од монитор аудио, поточно RX Center Black Oak, за среќа имаа уште еден останат, стара серија на попуст и некако се убедив.
    Сега филмовите звучат како што треба.

    [​IMG]
     
    На moongose, borcep, Triology и уште 6 други им се допаѓа ова.
  20. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,591
    5,110
    20 Април 2007
    Машко
    Cista rabota i pameten poteg od tvoja strana.
     
    На igor_xxxx и Oktar им се допаѓа ова.
  21. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,810
    2,047
    19 Јули 2013
    Кога ќе ставиш уште два звучника од зади, тогаш ќе звучат како што треба. ;)
     
  22. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    И уште два од страните после...




    ...и втор сабвуфер...
     

Сподели

Вчитување...