1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Типс за подесување на Apache сервер

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Mao, 19 Мај 2020.

  1. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Здраво на сите,

    Имам dedicated сервер 24 cores / 48 threads, 128 гига рам и nvme storage кој го користам со Cpanel + Cloudlinux за хостирање на веб страни.

    Работам со прилично голем трафик, 5-6 сајта со пикови над 5к активни посетители.

    Ме интересира, некој со искуство со вакви apache конфигурации, да ми препорача кои сетинзи да ставам во Apache Configuration со цел без проблем да се опслужат сите посетители кои влегуваат на сајтот, да не се ствара тесно грло.

    Вчера при 5-6к активни посетители, CPU беше на 15% а рамот некои 6-7 гига исполнет.

    Значи, како да го пуштам серверот на најјако што би се рекло :D
     
  2. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    442
    1,326
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @Mao 15% е прилично висок load за сервер, проблемот не ти лежи во ресурсите туку најверојатно во самата оптимизација на другите вредноси или на сајтовите. Таа конфигурација може комотно да тера над 200 добро оптимизирани сајтови со серверски average load 5-7%.

    Над 20% avg. load корисниците ќе почнат да гледаат успорување на пристапот до страните, на 25% load ќе ти се лимитираат конекциите за датабазите и се што е живо на WordPress/Joomla итн ќе падне и ќе дава информација Error establishing database connection. Над 30% - 35% load веќе и ти самиот ќе имаш проблеми со пристап до WHM.

    Фокусирај се на добра конфигурација на останатите сервиси односно какви пхп верзии се користат, fpm pools, сокети, верзии на бази, firewall сетинизи и слично. Од искуство, тоа дава резултати а не да му бапнеш unlimited можност на користење на ресурсите на серверот.

    Првиот момент кога ќе имаш наплив на реални корисници или уште полошо ddos напад или icmp flood attack серверот сите тие ресурси ќе ги искористи во рок од 10 секунди. Тука се ствара уште поголем проблем затоа што има можност за data loss (it's nvme, ако немаш raid а бекап дискот ти прави само еднаш бекап во денот, може да ти гарантирам на некаков loss). Ќе изгубиш скапоцено време додека да го контактираш датацентарот да се врзат директно преку конзола на rack и да го рестартираат (освен нели ако не е е кај тебе дома), со тоа ќе изгубиш клиенти што очекуваат некаков загарантиран uptime, а тие клиенти може да изгубат корисници.

    Не очекувај да најдеш free конфигурација за цел сервер по форуми или општо на интернет, работата во тој оддел е секојдневна и голем дел објавени работи пред година-две не важат денес, или пак важат но ти немаш исти потреби.

    Секој сервер си бара подесување и константен tuning, затоа постојат систем администраторите и затоа земаат плата. Мора секогаш да си во тек со технологиите односно со сите сервиси што ги користи серверот и константно да пробуваш нови имплементации и да правиш добар мониторинг, доколку увидиш дека нештото што си го имплементирал го подобрува серверот nice, доколку не: продолжуваш напред и продолжуваш да читаш и учиш и пробуваш додека не дојдеш до sweet-spot што потоа треба да го оддржуваш со текот на времето кога ќе ја зголемуваш базата на клиенти или пак твојте клиенти ќе ги зголемат своите барања.

    Се надевам дека ова ти беше барем малце од помош према што да се насочиш :)
     
    На dddragan, igor_xxxx, Avid и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Кога спомнав 15% лоад мислев на CPU лоад, незнам дали ти мислеше на овој лоад како долу на сликата.
    Screenshot (66).png

    Инаку фала ти за исцрпниот одговор. Дали постои алатка или начин, како да проверам, дали имам тесно грло на серверот?
     
  4. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ако ти е на 5~6К јусери овој лоад од горе, 15% CPU usage, не се замарај многу, одлучен си. Оптимизирај и кеширај сајтови, php најверојатно ти е веќе на fpm, ориентирај се на секјурити пошто кај да е ќе дојдат по тебе

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На DynamicMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,336
    639
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Заа таа машина тој трафик е пичкин дим, не се замарај.
     
    На DynamicMK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,624
    161
    11 Април 2007
    Машко
    Да сум на твое место засега не би се оптеретувал со оптимизации. 15% CPU за време на пик е сосема во ред.

    Некои идеи за оние кои не се екперти систем администратори

    nginx место apache
    SatelliteWP/rocket-nginx

    ако имате повеќе пари за трошење и LiteSpeed e добра опција

    можете и varnish cache да го разгледате
     
  7. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    442
    1,326
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @DynamicMK дали предложуваш дека било кој може да направи масивна промена од Apache -> NGinx на веќе активна инфраструктура и тоа да не е експерт?

    Да, се согласувам дека nginx е подобра опција од чисто apache, но дали знаеш што би се случило со 80% од permalink-овите на сајтовите што ги хостира, знаеш ли колку клиенти не користат WordPress или било каков CMS? Буквално ќе треба премногу оптимизации да се направат за да профункционираат сите страници што ги хостира како што треба.

    Standalone ngnix =/= apache+ngnix

    Моја препорака е, штом користиш Cloudlinux сите php handlers да ги префрлиш во lsphp/lsapi. Така ќе користиш handler на litespeed (вклучен во цената на cloudlinux) а поврзан со php-fpm pool.

    Тесно грло може да се самите сајтови по себе, доколку имаш PHP 5.6 истиот нема стоп за тоа колку и процеси да му доделиш, додека со над 7.1 тие процеси се врзуваат во еден pool и серверот хендла еден процес по user а не 100-200 процеси.

    @Mao load-от штом е таков е во ред.

    И малце оф-топик:
    За тоа дали треба една сериозна компанија во ИТ да се замара или не со оптимизации и надоградби на core инфраструктура, на крајот од денот кажуваат клиентите преку тикети и повици. За жал од работно искуство знам дека во Македонија има фирми што се занимаваат со девелопинг на тешки апликации и платформи а немаат систем администратори затоа што девелоперите мислат дека знаат се (секоја чест на исклучоците) или фирмата не сака да даде уште една плата плус и обично серверите се поставени со гледање по некој туторијал на howtoforge или пак си поставиле само сервисот што им треба и ги решиле сите проблеми. :)
     
    Последна промена: 19 Мај 2020
    На igor_xxxx и Oktar им се допаѓа ова.
  8. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,624
    161
    11 Април 2007
    Машко
    Муабетот е ако е приватен сервер со 5-6 страници може да се среди и без главоболки. Постојат и алатки и разни тракатанци да го олеснат цел процес. Или за оние кои допрва размислуваат да кренат сопствен сервер.

    Затоа и така општо се изразив, не директно кон членот кој ја почнал темата.

    Во спротивно може да се најми добар сис админ и да го заврши тоа. Еднаш. А ќе добие на перформанси.

    Знам колку клиенти НЕ користат WP затоа и му го предложив.

     
    На ivan1500 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    442
    1,326
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @DynamicMK во ред е, намерно го поставив така прашањето затоа што утре некој што нема појма за што зборуваме тука на темава, ќе земе и ќе направи testing in production а после тоа нема да го опраат ни 100 helping hands од Индија :p

    Ништо намерно, сакав само по-концизно да е дека тоа што го предлагаш воопшто не е за било кој и било кога да проба да го имплементира. Тотално се согласувам дека ако е некој на почетоците треба добро да си направи истражување и да знае дека има многу подобри/поефикасни и побрзи платформи од чисто apache.
     
  10. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Лоадот од горе - сликичката е така по растерено време, до кај 500-1000 актив. Инаку во поглед на безбедност, инсталирав Cloudlinux и активирав cage-fs. Бекап подесен на 1 недела. Сигурен сум дека напаѓаат ама и да влезат, неможат да излезат од shell.
    Денеска ја разгледував опцијата за nginx. Долго време работам со веб сервери, ама не сум експерт. Знам да инсталирам покренам, мини оптимизации да направам во апаче, cloudlinux да го ебавам, едноставно си знам тоа шо ми треба. Е сега кога се доведува во прашање ефикасноста на серверот, барам и други решенија софтверски. Нарачав уште еден сервер со 32cores/64threads/128gb RAM и на него ќе пробам со друг веб сервер, ќе тестирам а потоа ако е подобро ќе го пуштам во продукција.

    Станува збор за приватен сервер, за клиенти имам посебен сервер и таму се си е океј. Овој сервер за кој што зборуваме, е наменет Wordpress сајтови на кој што носиме трафик од социјални мрежи и некад знае да откачи. Максимум до сега на 1 домен сум имал 8000 актив, на други од 1000-3000 истовремено. Уствари целата поента на темава е дали постојат некои оптимални сетинзи кои ќе го максимизираат бројот на опслужени посетители. Дали 8000 е максимумот, или едностанво не сум имал прилика да приберам повеќе :)
     
    На DynamicMK му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...