Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

The Coding Whisperer: ASMR и програмирање, видеа за да ја поттикнат вашата креативност!

Здраво пријатели, знајни и незнајни!

Погодете што? Направив мешавина од чиста умешност на мојот нов канал на YouTube и едвај чекам да го споделам со вас!

Замислете го ова: програмирате (или само мислите дека програмирате), учите да програмирате или едноставно сакате полесно да заспиете, а звукот на тастатура и chill музика ве релаксира и опушта. Видета ќе ве втурнат во светот на ASMR задоволство. Звучи интригантно? Тоа е затоа што е така!
На мојот канал, ги спојувам световите на програмирање и ASMR за да создадам уникатно и незаборавно искуство. Ок! не ми беше првичната идеа да бидат ASMR туку само да седнам да кодирам тоа да го снимам,да споделувам знаење и искуства, но не сакав да зборувам и оп! испдна ASMR случано ;)

Значи, ако сте за нешто поразлично од сите други, дојдете придружете ми се на мојот канал. Не заборавајте да го притиснете копчето за претплата и да заѕвонете на ѕвончето за известување за вашиот билет до највозбудливото и најрелаксирачкото патување во вашиот живот!

Истурете го вашиот хејт и вашите фрустрации во коментарите на видета, слободно и така нема да ги читам :)

Моето првенче можете да го погледате и да кажете што имате да кажете или не морате.

Немам некои големи цели од сето ова. Еве на пример да стигнам до 1000 субс. да монетизирам ако успеам, да поставувам барем две видеа месечно, да не бидат предолги макс пола саат и да ми треба макс пола саат да ги изедитирам.

Поздрав на сите се гледаме наоколу.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.094
Мислења
1.005.658
Членови
36.674
Најнов член
Zl4tk0

ит маркет

На врв Дно