1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Тевенинов напон на отворено коло задача?

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од vlatkorun, 18 Јуни 2010.

  1. vlatkorun

    vlatkorun
    Intern

    633
    14
    8 Јуни 2007
    Ќе ми објасне ли некој од каде доаѓа формулата на сликата обележана со црвено?

    [​IMG]
     
  2. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Таа равенка е равенка за одредување на напон после напонски делител.

    Напонски делител претставуваат 2 отпорника каде на нивните најдалечни краеви се врзува влезниот напон а на едниот краи и нивната точка на спојување се добива излезниот напон.

    Формулата е :

    Vout = ((Rg/(Rv+Rg))*Vin

    Каде Rg е отпорникот од кој се зема излезниот напон а Rv е другиот отпорник.

    Еве повеќе :

    http://en.wikipedia.org/wiki/Voltage_divider
     
  3. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Сакаш да израчунаш Тевенинов напон, односно напонот меѓу А и Б. Десниот отпорник не го гледаш зашто гледаш лево према изворот, односно према делот од мрежата кој сакаш да го надоместиш. Кога ке го тргнеш тој отпорник (ZL) добиваш мрежа со еден извор и 2 отпорника споени во серија. Напон меѓу точките А и Б е всушност напон на отпорникот Z2.

    Е сега ако баш формулата не ти е јасна можеш да ја изведеш вака.
    Општо земено струја = напон / отпор. Рековме дека ни останува еден извор со 2 отпорника врзани во серија. Од тука струјата = напон од изворот / (отпорник 1 + отпорник 2). Напонот на вториот отпорник е вкупната струја * вредноста на отпорникот.
    Се во едно: напонот на вториот отпорник = отпорник 2 * напон од изворот / (отпорник 1 + отпорник 2)

    Ако не ти е јасно како се наоѓа Тевенинов отпор може и тоа да ти објаснам.
     
  4. vlatkorun

    vlatkorun
    Intern

    633
    14
    8 Јуни 2007
    Знаќи така било :). Фала ви на доброто објаснување, се друго ми е јасно и Тевениново коло и останати закони само шо вчера заглави на оваа едноставна равенка.
     
  5. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    @Petkovsky

    Немора да се тргне Rl, тоа е Rload т.е. потрошувач. Ништо не игра улога во равенките. Како што реков, равенка на најпрост напонски делител.
     

Сподели

Вчитување...