• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Тестирајте ги Вашите анти-вирусни софтвери

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Значи да не дискутираме и да не забегуваме во друга тема кога ќе кажам дека Анти-вирусен софтвер далеку од тоа дека не е потребен во компјутерскиот свет, овозможувајќи некое ниво на сигурност (подобро некаква отколку никаква сигурност).

Откако сте завршиле со инсталација на анти-вирусен софтвер (антивирус) или пак имате инсталирано а не сте сигурни дали софтверот работи како што треба (за да немате лажно чувство дека сте осигурани/безбедни од AV софтвери, а тие воопшто да не работат :p), тогаш ни треба некаков тест за да видиме дали правилно работи истиот. Значи не зборувам да земеме сега и намерно да си преземаме вируси, тројнаци, малвери, спајвери и т.н. туку постојат такви фајлови кои се наменети стриктно само за овој вид на тест а да не се малициозни.


Користејќи податок (фајл) по име eicar (European Institute for Computer Antivirus Research), е најдобриот начин да ги тестирате вашите AV софтвери. Тест фајл што е детектиран од страна на сите AV софтвери.

Превземање на Eicar: http://eicar.org/anti_virus_test_file.htm

Фајлот е достапен во 4 формати:
* eicar.com [68 бајти] (.com се извршувачки фајлови за Windows)
* eicar.com.txt [68 бајти] (текст фајловите често не се скенирани против вируси затоа што никогаш не се извршуваат, проверете дали Вашиот AV ги скенира сите фајлови без разлика која е екстензијата)
* eicar_com.zip [184 бајти] (ова е компресирана архива што го содржи eicar.com фајлот, корисен за проверка дали анти-вирусната програма скенира фајлови во архивите)
* eicarcom2.zip [308 бајти] (ова е компресирана архива која содржи уште една компресирана архива со eicar.com фајлот внатре. Анти-вирусот треба да ги декомпресира архивите рекурзивно)

Со Eicar ги проверувате неколкуте методи за детекција кои ги користат анти-вирусните софтвери:
- Browser integration
- On-access scanning
- E-mail integration
- Instant messenger integration

Благодарам и размислувајте сигурно :rolleyes::))

Important note: EICAR cannot be held responsible when these files or your AV scanner in combination with these files cause any damage to your computer. YOU DOWNLOAD THESE FILES AT YOUR OWN RISK. Download these files only if you are sufficiently secure in the usage of your AV scanner. EICAR cannot and will not provide any help to remove these files from your computer. Please contact the manufacturer/vendor of your AV scanner to seek such help.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Само внимавај, некои AV не дозволуваат после да ги избришеш фајловите откако ги префрлаат во карантин, јас со NOD32 тестирав и се е ок, ги детектира и блокира и после си ги избришав :bravo:
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
M

Mr.Alien

Гостин
Исто и кај мене. NOD32 2.7. Детектира и дозволува бришење, нема проблеми.:bravo:
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Има некој кој успеа да ги отвори овие датотеки? Мене ми изгледа дека кај никого не поминале.
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Kaspersky for Windows Workstations 6.0.
Web Anti-Virujs Alert:
Virus: EICAR-Test-File
File:http://www.eicar.org/download/eicar.com

јас ова го пробував одамна, се надевам дека не е истиот фајл за тест.
Треба да вадат нови. Ова и на баба ми антивирусот ќе го фати
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,606
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно