1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Тест фаза: Верификувани компании

Дискусија во форумот 'IT.mk известувања' започната од D, 13 Јануари 2018.

  1. D

    D
    Администратор

    3,204
    1,513
    31 Март 2007
    Разглас: Во следниов период, зависно од интересот на компаниите, ќе понудиме модел на соработка со компаниите каде што заинтересираните фирми ќе имаат Верификувани профили на ИТ форумот кои ќе можат да се вклучат директно и без промовирање на своите производи во одредени теми со цел давање мислење, одговарање на критика/пофалба и сл., додека ако се согласат на соодветен надоместок ќе имаат и свои форуми (кои секој ќе може да ги исклучи од следење) каде што ќе можат да поставуваат и свои промоции и попусти итн итн.

    Условот за имање на верификуван профил на компанија ќе биде компанијата да се согласи, да плати одреден надоместок и да потпише договор доколку има свој подфорум. Во пакет на тоа ќе имаат и одреден CPM број импресии на банери на IT.mk.

    Моделов е нов, има многу сиви зони (најголемата од тоа да компаниите спамираат и сл., но ќе се обидеме ако е успешно ова да му најдеме модел на соработка во која што повеќе страни ќе бидат задоволни)

    Бенефитот е дека корисници од прва рака ќе имаат информации, промоции, попусти, прашања, можност за пофалби/критики. Ризикот е дека компаниите ќе претеруваат и ќе спамираат. Но го ставаме овој модел во тестна соработка, како што го ставивме и тој за Групер (кој се покажа неуспешен) и тој за Ваурон (кој се покажа успешен).

    Први соработници кои пројавија интерес за ова се: GREEMAK GROUP

    за да се олесни:
    • Сите овие профили ќе имаат зелен чекмарк за Верификувана компанија (@Fatal1ty_ ќе го имплементира кога ќе може) и ќе припаѓаат на група Верификувани компании
    • Во потписот задолжително ќе им стои: Профилот на оваа компанија на ИТ Форум припаѓа на [XXXX] и е верификуван од страна на администрацијата.
    • Ќе се бара од нив да почитуваат правила (ќе биде тешко да не звучат субјективно и промотивно, ама да видиме како ќе оди тоа),
    • Ќе можат да нудат директни попусти и сл - само во свои подфоруми, во другите ќе се вклучуваат да споделат информации или сл.

    Споделете мислење, корисни идеи и критики, а што помалку хејт плс. Да концепираме нешто кое ќе биде за општо добро на сите. :)
     
    На The GameMAster94, gOJDO, Oliver! и уште 33 други им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,931
    2,702
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Треба да даваат и дилерски цени на членови на форумов а не само на поединци .
     
    На Speedster и Psycore им се допаѓа ова.
  3. D

    D
    Администратор

    3,204
    1,513
    31 Март 2007
    Профилот на @Anhoch е верификуван од страна на администрацијата како легитимен (согласно е-маилот искористен при креирање на акаунтот) и е означен со беџ Верификувана компанија.

    Ова ке помогне за избегнување на лажни преставувања како фирми.

    Ставот на администрацијата е дека ке дозволиме бесплатни профили на верификувани компании кои сакаат да се вклучат во одговарање на конкретни теми каде што истите се спомнуваат или темите се конкретно за нив. Со цел да може и фирмите да си ја кажат својата страна. IT.mk нема да изиграва судија и да пресекува кој е во право или не во темите каде што има обвинувања, ке оставиме тоа јавно и транспарентно да си се разберат самите учесници.

    За учество во други теми, како и постирање на промоции и реклами дури и во самите теми, ќе мора да имаат претходна согласност од администрацијата и соодветна компензација.
     
    На goce03, SaleSk, philldm и уште 12 други им се допаѓа ова.
  4. The GameMAster94

    The GameMAster94
    Intern

    9
    4
    26 ноември 2018
    Машко
    Freelance Game Development, QA
    Мислам дека ова ќе биде многу корисно, компаниите да имаат некој кој што ќе ги претставува на најголемиот ИТ форум во земјава, да биде во тек со корисниците и тоа што се бара на пазарот и што може да се подобри во компанијата. Се надевам дека може да бидеме сите поотворени, да комуницираме и да оставаме предлози, поплаки и пофалби. Добра е идејата, се надевам дека ќе испадне се супер. Поздрав и имајте убав ден :)
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  5. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    112
    88
    13 Март 2017
    Машко
    Како член на тимот од Визард Системи (Wizard Systems) би сакал ако е возможно понуда да ми пуштиш (доколку постои) па да ја разгледаат колегите. Или пак пиши ми пораче да ми објасниш поише елементи.

    Како што кажа и @Pane24 погоре, ќе има и дилерски цени за тие што би биле заинтересирани.

    Накратко, Визард Системи е компанија која се занимава со продажба и монтажа на безбедносни системи (видео надзор, алармни системи, детектори за пожар, мрежна опрема, мониторинг станици, банкарска опрема, контрола на пристап итн итн.).
     
    На D, Speedster, gOJDO и уште 7 други им се допаѓа ова.
  6. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    400
    280
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Јако! :)

    Баш ќе ми треба нешто за видео надзор наскоро.

    Админи, прајте тоа профилот! :D
     
  7. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    112
    88
    13 Март 2017
    Машко
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,006
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Пиши порака на D
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,796
    9,753
    23 Јануари 2008
    Манга
    Свашта...
    1. Членовите не се дилери.
    2. По која логика да се дадат исти цени на клиент кој прави промет од 300 евра годишно и клиент кој прави промет од 30000 евра годишно?
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    400
    280
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Нека дадат барем еднократно од Визард, де! :D
     
  11. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    112
    88
    13 Март 2017
    Машко
    Сеа незнам како го толкувате „дилери“ али има јаки поединци што прават секојдневни нарачки со добар промет. Ако постојат и тука такви, сигурно дека нема да бидат исти продажни цени за тие луѓе. Ваљда се сфативме..


    Ироничен нешо или?
     
  12. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    400
    280
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Не воопшто, баш ќе ми треба во блиска иднина цел систем со 3-4 камери...
    Гојдо мислам дека ме сфати дека се зезам, ама не се зезам за идејата - секогаш е одлично да се добие попуст на суми над 20-30.000
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,796
    9,753
    23 Јануари 2008
    Манга
    Обично за дилерски статус се бара да се има одреден обрт во зависност од кој се одредува факторот, т.е. попустот.
     
  14. Zippo

    Zippo
    Gaining Experience

    552
    498
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Или се бара да биде пријател, а станува пријател на форумот, а форумот се членовите и така во круг.
     
  15. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    336
    411
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Или пример сакаш да склопиш звер од конфигурација исклучиво од анхоч. Одиш лично со кола, прво сити мол, па дирекција, па буњаковец, па веро центар. Оставаш 130 000 низ 4 маркети, кеш, за на крај да се истресеш и да си мањак илјадарче за м2, и мораш да земеш 2.5 сата. И ти пука филмот им викаш, добро бе луѓе, им вадиш фактури од претходни три продавници, им викаш, на толку пари не сакате попуст од 0.7 проценти да дадете. Ти одговараат, тоа се други три продавници, не е во оваа направена толкава сума, тука имаш 20к, да беше над 40 ќе направевме нешто.

    Да јас сакам да го шетам цело скопје, од продавница во продавница. Не дека вие имате една графичка во една, куќиште во друга, напојање во трета.
    Утредента одам со другар, кој е другар на вработен, за микрофонче натек од 480 денари му дава 50че попуст. Нема купено ништо годиништа наназад.

    ТЛДР, не е се до сумата, и до врските е.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    400
    280
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Синка, па оти толку си изгинал?
    Мислев дека даваат барем 5% попуст за кеш (не сум сигурен дали е сè уште така).

    Потем, штом ќе платиш еднаш во една продавница, на твое име треба да постои кориснички профил за следен пат кога ќе купиш нешто на истиот профил евентуално ти даваат додатен попуст. Ова мислам барем за продукти за кои е предвидено тоа.

    130 илјади не се заебанција, иако дадени во еден ист ден.
    Бори се за своите права.
     
  17. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    336
    411
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Било минало, поминаа 4 месеци. Не беше за мене, за пријател кој толку не се разбира во конфигурации. Вработените толку се разбираа, тие повеќе ме изнервираа него тоа што немаше попуст. Им велам имам претходно купувано и многу поситни работи и сте давале. Таа едната вработена вика; кај си го видел тоа, го има некаде пишано во дуќанов ?
    Затоа наредната конфигурација ја зедов во СЕТ, иако не ги обожавам толку.
    B450, ryzen 2600, 16 gb 3000mhz, коштаа околу 24к, ми ги дадоа за околу 21к, т.е си ќарив еден хдд поклон, кои и него од 3000 ми го спуштија на 2700.
     
  18. D

    D
    Администратор

    3,204
    1,513
    31 Март 2007
    Sry за задоцнет одговор, на пат сум со малце отежнат пристап до нет.
    Има дефинирано бесплатна и комерцијална понуда во оваа "тест фаза" за фирми кои сакаат да учествуваат...

    Генерално:
    Ставот на администрацијата е дека ке дозволиме бесплатни профили на верификувани компании кои сакаат да се вклучат во одговарање на конкретни теми каде што истите се спомнуваат или темите се конкретно за нив. Со цел да може и фирмите да си ја кажат својата страна. IT.mk нема да изиграва судија и да пресекува кој е во право или не во темите каде што има обвинувања, ке оставиме тоа јавно и транспарентно да си се разберат самите учесници.

    За учество во други теми, како и постирање на промоции и реклами дури и во самите теми, ќе мора да имаат претходна согласност од администрацијата и соодветна компензација.

    Бидејќи имам ПП од тебе, ќе ја продолжиме комуникацијата таму.
     
    На Sludge.Factory и gOJDO им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...