• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Tерористите и интернет

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Владата на САД започна проект за развивање на начини да се лоцираат терористи кои го користат виртуелниот простор.

Постојат начини како службите за разузнавање можат да ги уловат терористите кои се на нет или во виртуелниот простор.



Codenamed Reynard е проектот поздравен од експертите кои се занимаваат со лоцирање на терористи насекаде во светот.

Кратки детали беа откриени во Конгресот на САД од директорот на националната разузнавачка служба (ODNI) која е во координација со работата на сите интернационални служби.

Во извештајот е наведено дека Reynard е богата студија каде што се гледа напорот да се лоцира динамиката на терористите во виртуелниот свет.

Користејќи јавно достапни податоци, истражувачите во Reynard ќе продолжат со опсервација за да се утврди дали постои одредени однесувања кои не се соодветни за просторот на мрежата.

Откако ќе се идентификуваат вакви однесувања Reynard ќе ги аплицира сите изводливи акции за автоматско детектирање на осомничените во виртуелниот свет.

“Ова е позитивен чекор” – вели Ендру Кохран, основач на против терористичката Фондација. Според потпретседателот на Concentric Solutions ова е најсензибилниот чекор на службата за разузнавање бидејќи не мора да се употребуваат традиционални правни методи на принуда.

Терористите го користат интернетот исто како и сите други луѓе, токму затоа заканата е многу поголема бидејќи тие имаат можност лесно да се најдат, да комуницираат и да се организираат.

Визуелно богатиот простор на интернет им помага на терористите да најдат добри места каде што би можеле да ги едуцираат своите регрути околу техниките на војување, сметаат експертите. Терористите може комплетно да се организираат и да се радикализираат во виртуелниот простор без да зачекорат во реалниот свет, тие напаѓаат сервери кои се дел од инфраструктурата.

Со овој проект ќе бидат заштитени многу страници а терористите ќе бидат детектирани, сметаат одговорните на проектот.

Извор: ИДИВИДИ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,546
Мислења
822,976
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно